Искрено, воопшто не нè интересира веста за Родри и неговиот нов дрон. Но, бидејќи очигледно тоа е она што го бараат алгоритмите на агрегаторите и што ја привлекува публиката, моравме да го искористиме овој наслов за да го привлечеме вашето внимание за нешто што е навистина ВАЖНО. Додека светот дебатира за „играчките“ на ѕвездите на Сити, ние сакаме да ве потсетиме: Македонија за само две недели игра историски бараж за Светско првенство! Дали ...

Нешто повеќе од две недели, поточно две недели и два дена, Македонија ќе излезе на мегдан со силната Данска во обид да дојде чекор поблиску до остварување на сонот не само на фудбалерите, туку на целата нација – сонот за Македонија на Светско првенство. И иако ние сметаме дека целиот фокус требаше да биде насочен кон овој дуел уште од објавувањето на ждрепката, некако тивко поминуваа деновите и месеците и еве сме сега, на две недели до ...

Светскиот број еден, Карлос Алкараз, ја продолжи својата импресивна серија од 14 победи без пораз во 2026 година, но патот до четвртата рунда на Мастерсот во Индијан Велс беше неговиот најтежок испит сезонава. Шпанецот го совлада Артур Риндеркнеч со 6-7(6), 6-3, 6-2, во меч кој траеше два часа и 18 минути и понуди сериозна тактичка битка. Француски сервис-волеј притисок и загубен прв сет Артур Риндеркнеш влезе во мечот со јасна стратегија – ...

Дека индивидуалниот квалитет често може да го надвладее воиграниот дубл-систем, видовме синоќа на Индијан Велс. Спектакуларниот тандем составен од Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас приреди вистинска сензација, елиминирајќи ги третите носители и актуелни шампиони, Марсело Аревало и Мате Павиќ, со убедливи 6-3, 6-2. Лекција по сервис и концентрација во 53 минути Иако досега беа лути ривали на АТП турнејата (се имаат соочено дури 14 пати во ...

Изминатата ноќ во НБА донесе неколку неверојатни завршници и историски достигнувања, а во центарот на вниманието беше директниот дуел на двајцата кандидати за МВП признанието. Оклахома Сити Тандер 129 – 126 Денвер Нагетс Шеј Гилџус-Александер одигра натпревар за историја, постигнувајќи 35 поени со 15 асистенции и нула загубени топки, со што стана само втор играч во историјата со ваква статистика. Но, најважниот момент беше неговата тројка на ...

Фудбалерите на Лацио стигнаа до драматична победа од 2-1 против жилавиот Сасуоло, но триумфот остана во сенка на тажната слика на стадионот „Олимпико“. Иако „небесно-сините“ со овие три бода конечно пробија во топ 10 во Серија А, славјето беше тивко, бидејќи најверните навивачи продолжија со својот бојкот. Фудбал во „театарска“ атмосфера Највпечатливиот момент од натпреварот не беше голот во финишот, туку ехото кое се слушаше низ празниот ...

Најстарото фудбалско натпреварување во светот, англискиот ФА Куп, влегува во својата највозбудлива фаза. По комплетирањето на петтата рунда и победата на Вест Хем над Брентфорд вечерва, познати се сите парови за четвртфиналето. Среќата (или несреќата) сакаше двата најголеми фаворити за трофејот да ги „вкрстат копјата“ уште пред „Вембли“. Предвремено финале: Сити против Ливерпул! Апсолутниот блокбастер на оваа рунда ќе се игра на „Етихад“. ...

Додека автобусот на Челси се паркираше пред „Сток Кае Рас“ оваа сабота, сликата беше симбол на два спротивставени света во модерниот фудбал. Од едната страна, преплатените ѕвезди од Лондон со слушалки на ушите маршираа кон соблекувалната како роботи низ шпалир од навивачи. Од другата страна, играчите на Рексам, оние истите кои пред само неколку години играа во калта на петтата лига, стоеја меѓу толпата, потпишувајќи дресови и се ...

Попладневното соопштение на ФК Шкендија, во кое тетовскиот клуб изрази незадоволство од судењето, се закани со повлекување и обвини за фаворизирање на Вардар, експресно доби официјален одговор. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со остра реакција, отфрлајќи ги обвинувањата како обид за создавање теории на заговор и барање алиби за загубените бодови. „Барање алиби кога резултатите не одат во прилог“ Од ФФМ истакнуваат дека ...

Во светот на фудбалот ретко кога се случува легендите на еден клуб толку јавно и брутално да се пресметаат како што тоа го направија Чави Ернандез и Жоан Лапорта изминативе денови. Она што започна како обично интервју на поранешниот тренер, се претвори во „нуклеарна бомба“ која го откри гнилежот во односите меѓу најважните фигури во поновата историја на Барселона. Во центарот на овој судир не е само минатото, туку и иднината на клубот, со ...

Драматичните настани во 22-то коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) предизвикаа бура од реакции. Откако Шкендија одигра реми со АП Брера (1-1) на домашен терен, а Вардар славеше над Силекс во Кратово (0-1), тетовскиот клуб излезе со жестоко соопштение во кое отворено се сомнева во регуларноста на првенството и директно ја обвинува Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за фаворизирање на скопскиот ривал. Спортска Станица, во ...

Петкратниот шампион Новак Ѓоковиќ продолжува да чекори низ „рајот во пустината“, иако патот е сè само не рајски. Србинот во третото коло на Мастерсот во Индијан Велс го совлада Американецот со српско потекло, Александар Ковачевиќ, со 6-4, 1-6, 6-4, обезбедувајќи пласман во четвртата рунда за првпат по далечната 2017 година. Победа „на мускули“ и искуство Ова беше втор меч по ред во кој Ѓоковиќ мораше да игра три сета. По мачењето во првото ...

Лидерот во ПМФЛ, тимот на Вардар, се врати на победничките патеки по триумфот од 1:0 над Силекс во рамките на 22. коло. Во натпревар полн со тензија, пречки, стативи и црвени картони, избраниците на Гоце Седлоски успеаја да ги освојат трите бода кои ги гарантираат лидерската позиција пред влезот во клучниот трет круг од шампионатот. Доминација на Вардар и „солзите“ на Додев Натпреварот започна со иницијатива на Вардар, кој уште во раната фаза ...

Наместо планирано преземање на врвот, Шкендија доживеа студен туш на домашен терен. Во натпревар кој понуди сè, од рани црвени картони до гол во последната секунда, АП Брера успеа да извлече реми (1:1) и да му направи огромна услуга на Вардар. ВАР го „поцрвене“ Фетаи, но Красниќи погоди за надеж Натпреварот започна катастрофално за тетовци. Уште во 16-та минута, Имран Фетаи направи невнимателен прекршок на работ од шеснаесетникот. По долга ...

Ако мислевте дека нашите општински лиги се врвот на фудбалскиот хаос, Бразилците тукушто ни порачаа: „Држете ми го пивото“. Финалниот натпревар од шампионатот Минеиро помеѓу вечните ривали Крузеиро и Атлетико Минеиро заврши со сцена која повеќе личеше на „Крај на светот“ отколку на фудбалски меч. Резултатот? Крузеиро победи со 1-0, а судијата Матеус Делгадо Канданкан постави нов светски рекорд делејќи неверојатни 23 црвени картони! Massive ...

Победата над Вардар во минатото коло ја запали искрата кај тетовските „црвено-црни“. Шкендија сега заостанува само еден бод зад лидерот и денешниот натпревар против АП Брера (14:00 часот) е идеална прилика за продолжување на страшната пролетна серија. Гаје: „Немаме право на грешка, научивме од лекциите во минатото“ Иако важат за големи фаворити, во Тетово нема место за опуштање. Чуварот на мрежата на Шкендија, Бабукар Гаје, потенцира дека ...

Навивачите на Атлетико Мадрид можат да здивнат. Иако Орландо Сити направи сè што е во нивна моќ за да го донесе Антоан Гризман во САД, спортскиот директор на „јорганџиите“, Матеу Алемани, ги прекина сите шпекулации. „Тој е легенда и останува со нас“ По победата над Реал Сосиедад (3-2), Алемани беше дециден во изјавата за шпанскиот „Мовистар“. „Гризман е легенда. Тој има договор со нас и ќе остане со нас. Нема ништо ново, се вративме на ...

Лидерот во ПМФЛ, тимот на Вардар, неочекувано влезе во турбулентен период кој ги загрижи навивачите. По елиминацијата од Купот на Македонија (каде „црвено-црните“ ја бранеа титулата), ремито во Струга и болниот пораз од Шкендија на домашен терен, избраниците на Гоце Седлоски денеска (14:00 часот) имаат само една мисија: победа против Силекс. Притисокот е кај лидерот, Шкендија „дише во врат“ Ситуацијата на табелата е повеќе од напната. Вардар ...

Фудбалерите на Силекс попладнево (14:00 часот) го пречекуваат лидерот Вардар во рамките на 22. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Овој дуел има огромно резултатско значење и за двете екипи – на скопските „црвено-црни“ им се неопходни бодови за да ја задржат првата позиција, додека кратовчани се во потрага по својата прва пролетна победа пред домашната публика. Иако Силекс игра одлично на гостински терен (две победи и едно реми ...

Во градот под Пелистер, околу 50 девојчиња на возраст од 8 до 12 години викендов ги направија своите први фудбалски чекори. Како дел од заедничкиот проект на ФФМ и ФИФА за развој на женскиот фудбал, Битола беше домаќин на првиот од предвидените десет фестивали кои во следните две години ќе се одржат низ цела Македонија. Насмевки, едукација и први голови Учениците од битолските основни училишта, заедно со локалните женски клубови и тренерите ...

Дека Мајкл Џордан е најголемиот бренд во историјата на спортот не е никаква новост, но сумите кои колекционерите се подготвени да ги платат за дел од неговата историја продолжуваат да ја шокираат јавноста. Изминатиот викенд, копија од магазинот „Sports Illustrated“ од 28 ноември 1983 година беше продадена за неверојатни 229.360 долари. Зошто овој примерок вреди колку луксузен стан? Ова не е само обично списание. Станува збор за изданието ...

Изминатата ноќ во НБА лигата донесе вистински кошаркарски земјотрес. Додека „новите“ Лејкерси на крилјата на Дончиќ газат сè пред себе, Расел Вестбрук уште еднаш докажа дека е „крал на трипл-даблот“. ЛА Лејкерс – Њујорк Никс 110:97 Иако Леброн Џејмс беше отсутен поради повреди на лактот и стапалото, Лука Дончиќ ја презеде одговорноста и покажа зошто е лидер. Словенецот постигна 35 поени и 8 скокови, предводејќи ги Лејкерс до четвртата победа ...

Новата ера на Формула 1 е тука! Со новите регулативи за 2026 година, возбудата на патеката е на врвот, а вие имате шанса да бидете повеќе од обичен гледач. Време е за F1 Fantasy – игра каде вие сте шеф на тимот, вие ги бирате возачите и вие одлучувате за стратегијата. Иако првата трка можеби помина, сезоната е долга, а вистинските шампиони се препознаваат на долги патеки. Еве сè што треба да знаете за да почнете! Како се игра? (Основи за ...

Македонската скијачка надеж, Јана Атанасовска, продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. На последната ноќна FIS трка одржана во Тесидо, Италија, нашата репрезентативка покажа карактер и врвен квалитет, успевајќи да се избори за висок пласман во исклучително силна конкуренција. Херојско второ возење за голем скок на табелата Трката започна во тешки услови. Во првото возење, патеката беше значително оштетена со неповолна снежна ...

Второто коло на Мастерсот во Индијан Велс донесе дијаметрално спротивни натпревари за двајцата најголеми фаворити. Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, продолжи со својата застрашувачка форма во 2026 година, додека Новак Ѓоковиќ покажа дека петнеделната пауза по финалето во Мелбурн оставила трага врз неговата игра. Алкараз е „машина“: 13-0 во 2026 година! Шпанецот Карлос Алкараз изгледаше недопирливо во дуелот против поранешниот број ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа ги затвори квалификациите за Европското првенство 2026. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски славеа над Белгија со 33-28, успех со кој го обезбедија третото место во групата и останаа во игра за пласман на шампионатот како една од најдобрите третопласирани селекции. Сигурен старт и контрола на резултатот Натпреварот во салата во Куманово започна во брз ритам, со ефикасна игра ...

Екипата на Вардар 1961 е вториот патник на „Фајнал-фор“ турнирот во Купот на Македонија, откако во финалниот натпревар од својата четвртфинална група славеше над Еурофарм Пелистер 2 со 27-22. Избраниците на Иван Чупиќ успешно ја завршија задачата во Скопје и им се придружија на битолските „зелено-бели“ во борбата за трофејот. Младите битолчани „покажаа заби“ во првиот дел Вардар силно го отвори натпреварот и по само 15 минути игра веќе имаше ...

Оклахома Сити Тандер – Голден Стејт Вориорс 104:97 Оклахома Сити стана првиот тим во лигата со 50 победи оваа сезона, совладувајќи го Голден Стејт за петти триумф по ред. Шеј Гилџус-Александер постигна 27 поени и го продолжи својот неверојатен низа на 125 последователни натпревари со најмалку 20 поени. Тој е на само еден натпревар до израмнување на рекордот на легендарниот Вилт Чемберлен. Кај Вориорс, Гуи Сантос беше најефикасен со 22 поени. ...

Вистински кошаркарски празник имаа можност да проследат љубителите на играта под обрачите во СЦ „Јане Сандански“. Во рамките на 17. коло од МТЕЛ Супер лигата, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го совлада битолски Пелистер со 87:73, крунисувајќи ја на најдобар можен начин прославата за својот 60-годишен јубилеј. Овој натпревар означи почеток на серијата настани со кои клубот ќе го одбележи своето шестдецениско постоење. Натпреварот беше ...

Четвртфиналето на Шкотскиот куп меѓу Ренџерс и Селтик ќе остане запаметено по срамните сцени кои го засенија пласманот на „Детелините“ во полуфиналето. По драматичната победа на Селтик на пенали, илјадници навивачи влегоа на теренот, предизвикувајќи физички пресметки и судири со полицијата. “It is an ugly, ugly end to what has been a superb game of football” Chaos breaks out on the pitch at Ibrox as both sets of fans end up on the pitch ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.89
71%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
76%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.65
71%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.66
66%
1022
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.99
87%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.15
91%
1022
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.3
66%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.35
62%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
0.89
94%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
81%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.74
100%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Бакар

12.52

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Калај

51.97

Рутениум

48965.59

Сребро

2072.63

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42