Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, одржа прес-конференција во Даблин пред утрешниот дуел против Република Ирска. По болниот пораз од Данска во баражот за СП 2026, Седлоски испрати јасна порака до сите фудбалери, но и ги најави првите чекори за „ремонтот“ на националниот тим. Крај за импровизациите на десната бековска позиција? Една од главните теми беше отсуството на искусните Стефан Ристовски и Аријан Адеми, ...
Дека Килијан Мбапе е еден од најдобрите фудбалери на денешницата е веќе добро познато, но изгледа дека француската суперѕвезда не е „скарана“ ниту со кошарката. На официјалниот профил на француската репрезентација се појави видео од соблекувалната на „триколорите“, каде Мбапе ги покажува своите кошаркарски вештини. Иако во рацете ја имаше официјалната Адидас топка за Светското првенство, тоа не го спречи со неверојатна прецизност да погоди ...
Борбата за шампионската титула во македонскиот ракомет влегува во својата најдраматична фаза, а најтрофејниот клуб РК Вардар не препушта ништо на случајноста. Пред тимот е уште еден голем предизвик – пресметката против незгодниот состав на Охрид, натпревар кој може да биде одлучувачки во трката за враќање на трофејот во Скопје. Свесни за тежината на задачата и значењето на поддршката од трибините, од таборот на „црвено-црните“ донесоа одлука ...
Фудбалскиот свет го задржува здивот. Утре, на 31 март, ќе бидат познати последните патници за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде за жал Македонија нема да учествува. По драматичните полуфинални пресметки кои понудија сè, од хет-трикови и евроголови, до пенал-драми и солзи кај фаворитите, останаа уште само шест празни места во авионот за Северна Америка. Еве како изгледаше патот на финалистите и што нè очекува во овој ...
Бурното дерби меѓу Охрид и Алкалоид (27-27) во рамките на второто коло од плеј-офот во Суперлигата доби своја официјална разрешница во просториите на Ракометната федерација на Македонија. По разгледувањето на записниците и официјалната жалба поднесена од скопскиот клуб, Дисциплинската комисија одлучи да изрече сериозни санкции за арбитрите на овој натпревар. Месец дена „на ладење“ за судиската двојка Судиската двојка Даниело Божиновски и ...
Го започнуваме новиот серијал на Спортска Станица, каде што ќе ги претставиме сите 16 храмови на фудбалот кои ќе го гостат Мундијалот во 2026 година. Започнуваме од Градот на ангелите и неговото архитектонско чудо. Футуристичкиот храм од 5 милијарди долари Во Лос Анџелес, големите сцени се дел од секојдневието. Ова е градот на ѕвездите, каде најголемите светски приказни се одвиваат под знакот на Холивуд и долж патеката на славните. Но, додека ...
Младинската екипа на Еурофарм Пелистер продолжува да испишува прекрасна европска приказна! Младите битолски ракометари извојуваа огромна победа над врсниците од реномираниот дански Алборг со 24:23 во полуфиналето од квалификацискиот турнир за пласман на Ф4 во младинската Лига на шампиони, кој се одржува во Пореч (Хрватска). Овој триумф значи дека „пелистерци“ се на само еден чекор од повторување на ланскиот историски успех, кога се пласираа ...
Ах, таа модерна фудбалска генерација… Да ја имавме ние барем половина од самодовербата на бразилските таленти денес, веројатно сите ќе бевме милионери до сега. Во нашата денешна епизода на „Изјави кои ќе ве насмеат до солзи“, главен лик е Жоао Педро од Челси. Младиот фудбалер даде интервју за ESPN Brasil кое за рекордно време стана апсолутен хит на социјалните мрежи. Причината? Момчето сосема ладнокрвно се стави во иста реченица со ...
Утревечер на стадионот „Билино Поље“ во Зеница, Босна и Херцеговина и Италија ќе се соочат во директна пресметка за пласман на Светското првенство. Влогот е огромен, притисокот е максимален, но додека светот очекува „фудбалска војна“, историјата нè потсетува на еден момент кој засекогаш ги поврза овие две нации. Пред да започне битката на теренот, вреди да се навратиме на 6 ноември 1996 година – денот кога Италија стана многу повеќе од обичен ...
Поминаа седум години откако ВАР технологијата беше воведена во Премиер лигата, но наместо да донесе мир и праведност, таа предизвика вистински револт кај оние кои се најважни – навивачите. Најновата анкета спроведена од Здружението на фудбалски навивачи (FSA), открива фрапантни податоци: три четвртини од фановите сакаат ВАР да замине во историјата. Во истражувањето учествувале речиси 8.000 поддржувачи на сите 20 клубови од англиската елита, а ...
Додека навивачите ширум светот се подготвуваат за големите фудбалски натпреварувања, јазот меѓу УЕФА и ФИФА во однос на цените на билетите никогаш не бил поголем. Според најновите информации објавени од „The Athletic“, УЕФА планира „народен“ пристап за Европското првенство во 2028 година, додека ФИФА се соочува со тужби поради астрономските цени за претстојниот Мундијал. УЕФА: Европското првенство достапно за секого УЕФА донесе одлука која ќе ...
Изминатата ноќ во НБА лигата помина во знакот на канадските кошаркари кои доминираа на терените ширум Америка. Додека Клиперси ја продолжуваат победничката серија, Торонто Репторс го забележаа својот најубедлив триумф во сезоната. Матурин ја предводеше „петорката“ на Клиперс во Милвоки Лос Анџелес Клиперс стигнаа до петтата победа по ред откако славеа на гостувањето кај десеткуваниот Милвоки со 127-113. Канаѓанецот Бенедикт Матурин беше ...
Ниту дождот, ниту прекините, ниту големата желба на противникот не можеа да го сопрат Јаник Синер. Италијанскиот тенисер ја круниса својата доминација во САД со триумф на Мастерсот во Мајами, совладувајќи го изненадувањето на турнирот, Јиржи Лехечка, со 6-4, 6-3. Со оваа победа, Синер влезе во елитното друштво на освојувачи на „Sunshine Double“ (Индијан Велс и Мајами во иста година), но со еден неверојатен рекорд: тој е првиот тенисер во ...
Сезоната во ски скокови за 2025/26 заврши со вистински спектакл и море од емоции пред повеќе од 26.000 фанови на култната леталница во Планица. Норвежанецот Мариус Линдвик се погрижи за мало изненадување на самиот крај, освојувајќи ја првата победа за машкиот тим на Норвешка оваа сезона. Со феноменални летови од 238.5 и 231 метар (вклучувајќи и совршени оценки од 20-ки од сите пет судии за стил), тој стигна до вкупно 459.5 поени и му ја ...
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Доломити Енерџија Тренто приредија вистинско кошаркарско шоу во 24. коло од италијанската Серија А! Избраниците на Паоло Канчелиери го демолираа амбициозниот тим на Рејер Венеција на гостувањето во култната сала „Талиерчио“ со убедливи 106:87. Оваа победа има огромно значење за Тренто бидејќи со неа се прекина непријатната серија од четири последователни порази во домашното првенство и ...
„Како да носи бел, а не црвен дрес Костоски…“ – со оваа реченица коментаторот на МТВ на најдобар можен начин ја опиша ситуацијата во завршницата од синоќешното вечно дерби во „Јане Сандански“. Во натпревар кој донесе вистинска промоција на македонската кошарка, актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром славеше над лутиот ривал Работнички со 97:93, но дури по продолжение од пет минути и вистинска драма на паркетот! Работнички покажа заби, МЗТ се ...
Македонскиот ракометен бренд ГРК Охрид е на чекор до испишување на нова златна страница во својата историја. Во првиот натпревар од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп, избраниците на Борис Ројевиќ одиграа беспрекорен меч во Пиреја и славеа над грчкиот гигант Олимпијакос со убедливи 31-26. Овој триумф не е само обична победа, туку сериозна најава дека Охрид има капацитет да го повтори успехот на Алкалоид од минатата година и да го задржи ...
Фудбалскиот клуб Тотенхем официјално потврди дека Игор Тудор повеќе не е нивни главен тренер. Хрватскиот стратег го напушта клубот со заеднички договор по само 44 дена поминати на клупата, оставајќи го тимот во длабока резултатска криза и на раб на испаѓање. Заедно со Тудор, клубот го напуштаат и тренерот на голмани Томислав Рогиќ, како и кондициониот тренер Рикардо Рањачи. Клубот исто така изрази сочувство и поддршка до Тудор, кој веднаш по ...
Еден од најголемите македонски фудбалски таленти во изминатата деценија, Давид Бабунски, зад себе има животна и спортска приказна која наликува на филмско сценарио. Детето кое мина цела деценија во славната „Ла Масија“ на Барселона, по долгогодишно лутање низ фудбалскиот свет, летово се врати во својата татковина и потпиша за најтрофејниот македонски клуб, Вардар. Во ексклузивно интервју за реномираниот спортски портал Flashscore (направено ...
Македонскиот фудбал денес остана без еден од своите најпрепознатливи симболи. Човекот кој го приреди најголемиот шок во поновата фудбалска историја, стрелецот на култниот гол во Палермо со кој ја клекнавме Италија на колена, Александар Трајковски, официјално стави крај на својата репрезентативна кариера. Преку емотивно обраќање до јавноста, Трајковски порача дека се повлекува со „крената глава и полно срце“, но не криеше дека одредени работи ...
Најдобриот стрелец во НБА лигата и првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, нема да настапи на следниот натпревар против Вашингтон Визардс. Лигата официјално го суспендираше Словенецот на еден натпревар поради насобрани 16 технички грешки во тековната сезона. Оваа автоматска суспензија доаѓа по инцидентот на натпреварот против Бруклин Нетс, каде Дончиќ ја заработи кобната 16-та „техничка“ по еден дуел со Зиаер Вилијамс. Инцидентот ...
Наполи се соочува со сериозна криза во соблекувалната која се заканува да ја уништи сезоната. Главниот протагонист е Ромелу Лукаку, кој по којзнае кој пат во кариерата влегува во отворен конфликт со својот клуб. Белгискиот напаѓач одби да се врати во Неапол по репрезентативната пауза и остана во Антверпен на индивидуални тренинзи без дозвола од клубот, што предизвика бес кај управата и тренерот Антонио Конте. Ситуацијата ја коментираше и ...
Изминатата ноќ во НБА лигата донесе разврска која малкумина ја очекуваа пред почетокот на сезоната. Додека Детроит ја зацврстува својата лидерска позиција, Милвоки Бакс и официјално ги загубија сите шанси за доигрување, ставајќи крај на долгата низа настапи во пост-сезоната. Детроит пресилен за десеткуваната Минесота Детроит Пистонс ја потврдија својата кандидатура за првото место на Истокот со убедлива победа над Минесота Тимбервулфс од ...
Арина Сабаленка е на врвот на Флорида! Најдобрата светска тенисерка ја круниса својата неверојатна форма со триумф на Мастерсот во Мајами, совладувајќи ја миленичката на домашната публика, Коко Гоф, во три сета со 6-2, 4-6, 6-3. Со оваа победа, Белорусинката стана само петтата жена во историјата која го постигнала престижниот „Sunshine Double“, освојување на Индијан Велс и Мајами во иста календарска година. Пред преполните трибини на „Хард ...
Левиот бек на италијанската репрезентација, Федерико Димарко, се најде во центарот на неочекуван скандал пред одлучувачкиот бараж-меч за пласман на Светското првенство против Босна и Херцеговина. По победата над Северна Ирска, во јавноста протече видео на кое Димарко и голманот Викарио бурно слават откако БиХ го елиминираше Велс на пенали. Многумина во Босна, но и во светските медиуми, ова го протлкуваа како потценување на противникот, ...
Барселона на Ханси Флик во 2026 година продолжува да се потпира на својата славна академија. Гледаме како Ламин Јамал соборува рекорди, како Пау Кубарси командува со одбраната, а Марк Касадо го држи средниот ред. Ако погледнете во стартниот состав на Барселона во поголемиот дел од мечевите во Ла Лига, ќе видите неверојатна бројка: дури седум првотимци се „производ“ на славната академија Ла Масија. Од бедемот во одбраната со Кубарси и Ерик ...
Сонот за нов, супермодерен стадион со капацитет од 100.000 седишта на Манчестер Јунајтед почна да се соочува со реалноста на комплексните градежни зафати. Иако првичниот план предвидуваше „црвените ѓаволи“ да се преселат во својот нов дом пред почетокот на сезоната 2030/31, најновите информации од клубот сугерираат дека овој рок е речиси невозможно да се исполни. Колет Рош, извршната директорка за развој на новиот стадион, во последното ...
Македонската одбојка доби нов владетел во женска конкуренција, а приказната е достојна за холивудско сценарио. Екипата на Вардар ЕМ, во својот дебитантски настап во завршницата, стигна до историскиот пехар во 33. издание на Купот на ОФМ, откако во големото финале со максимални 3:0 (25:22, 25:12, 25:22) го совлада бранителот на титулата, Наковски Волеј. Пат поплочен со сензации Тимот предводен од стратегот Јован Шапе покажа челична волја и ...
РК Алкалоид продолжува со сигурни чекори во плејоф-разигрувањето на Суперлигата, откако попладнево на домашен терен запиша убедлива победа над тимот на ГРК Тиквеш со 40-25. Избраниците на Кирил Лазаров одиграа натпревар во висок ритам, не дозволувајќи му на противникот ниту за момент да се надева на изненадување во Скопје. Браќата Костески незапирливи за кавадарчани Натпреварот започна со целосна доминација на домашниот состав. Уште во првите ...
Македонската кошаркарска јавност со нетрпение го очекува утрешниот ден (недела, 29 март). Во рамките на 21. коло од Првата лига, салата „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на 164-тото издание на најголемото кошаркарско ривалство во Македонија, вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички (почеток: 19:00 часот, пренос: МТВ-3). Иако разликата на табелата и ростерите на двете екипи ветуваат натпревар во кој домаќинот е апсолутен фаворит, ...