Кога заврши натпреварот на „Емирати“, на лицата на фудбалерите на Арсенал не видовме еуфорија, туку чиста исцрпеност. Вилијам Салиба и неговите колеги не скокаа од радост – тие се срушија на тревата. Ова беа 90 минути во кои Арсенал не „играше“ фудбал, туку „работеше“ за пласман во полуфиналето. По разочарувањето против Борнмут, „Топчиите“ покажаа дека во нивниот ДНК сега е впишана една нова особина: способноста да се извлече резултат и кога ...

Македонската „Куќа на фудбалот“ денеска е центар на европскиот фудбал. На покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во официјална посета на Скопје престојува претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. Оваа посета не е само протоколарна, туку претставува моќна потврда за одличните односи меѓу ФФМ и европската куќа на фудбалот, како и за личната поддршка која Чеферин ја дава за развојните процеси во нашата земја. Дипломатска офанзива: ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не го криеше огромното разочарување по завршувањето на спектакуларниот реванш во Минхен. Иако неговиот тим покажа карактер и се бореше до последен здив, елиминацијата од Баерн (4-3) остави горчлив вкус кај младиот стратег, кој по натпреварот прстот го впери кон судењето. За Арбелоа, клучниот момент кој го скршил отпорот на неговиот тим бил црвениот картон на Едуардо Камавинга во финишот на средбата. ...

Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид започна со визуелно ремек-дело на трибините на „Алијанц Арената“. Навивачите на германскиот гигант уште еднаш докажаа зошто важат за едни од најкреативните во Европа, приредувајќи кореографија која го одзема здивот. Пред самиот почеток на четвртфиналниот реванш, преку трите нивоа на славната јужна трибина (Südkurve), се појави огромно црвено-бело знаме во форма на легендарниот дрес на Баерн. Unreal ...

Постојат натпревари кои завршуваат со последниот свиреж на судијата, а постојат и такви кои остануваат да „живеат“ во мислите на навивачите со денови. Тоа што синоќа го приредија Баерн Минхен и Реал Мадрид на „Алијанц Арената“ беше потсетник зошто овој спорт е планетарен феномен. Во ера на досадни тактички надмудрувања и претерана контрола, добивме натпревар со „одвртени потенциометри“ до максимум. Ако некогаш сте се запрашале зошто сè уште ...

Највозбудливиот дел од кошаркарската сезона само што не започна. НБА лигата официјално го објави распоредот за првата рунда од плејофот, каде нè очекуваат епски пресметки на Исток и на Запад. Првите натпревари започнуваат в сабота, на 18 април. ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА: Филаделфија закажа пресметка со Бостон! На Истокот, најголемо изненадување се Детроит Пистонс кои влегуваат како број 1 и го чекаат победникот од последната плеј-ин битка меѓу ...

Легендарниот хрватски борец Мирко Филиповиќ, попознат како Кро Кап повторно ги вжешти социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, Кро Кап објави фотографија од својата приватна теретана во загрепски Борчец која никого не остави рамнодушен. На 51-годишна возраст, Мирко изведува беспрекорна шпага, докажувајќи дека неговата флексибилност и физичка подготвеност се на истото ниво како во неговите најславни тинејџерски денови. Фановите буквално ...

Ракометниот свет повторно го има вперено погледот во Берлин. Матијас Гидсел продолжува да игра во вонземски ритам, а неговата последна статистика предизвикува еуфорија меѓу фановите: дали оваа сезона ќе биде запишана како најдобра во неговата кариера? Матијас Гидсел повторно е во голгетерски транс. Додека најсилната лига во светот, германската Бундеслига, влегува во својот епски финиш, данскиот „волшебник“ во дресот на Фуксе Берлин одново ја ...

Српскиот ракомет е пред вистинска револуција, а во центарот на овој голем пресврт е белградски Партизан. Црно-белите веќе не се задоволуваат со просечност, туку подготвуваат историска трансформација со која планираат повторно да ја стават Србија на самиот врв на европската ракометна мапа. „Ел Команданте“ се враќа на Балканот Проектот кој го започнува клубот е повеќе од амбициозен и со право се нарекува најголемиот спортски „бум“ во регионот ...

Голден Стејт Вориорс ја продолжуваат својата мисија за влез во плејофот откако синоќа во Инлвуд славеа над Лос Анџелес Клиперс со 126-121. Иако влегоа како 10-ти носители со негативен скор во регуларниот дел (37-45), искуството на „воините“ пресуди во клучните моменти. Стеф Кари уште еднаш покажа зошто е најголемиот стрелец во историјата. По бледото прво полувреме, Кари постигна 27 од своите вкупно 35 поени во вторите две четвртини, ...

Македонската кошарка ќе има свој претставник во големото финале на регионалната АБА 2 лига! Екипата на ТФТ од скопско Тафталиџе продолжи да испишува историја, совладувајќи ја црногорска Сутјеска Електропривреда со 90:77 во вториот натпревар од полуфиналната серија. Со оваа импресивна победа пред својата публика, избраниците на тренерот Боро Смилковски со максимални 2:0 ја затворија серијата против фаворизираниот противник и се изборија за ...

Баерн Минхен обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите по неверојатна фудбалска војна против Реал Мадрид, која заврши со победа на Баварците од 4-3 (6-4 вкупно). Во натпревар кој понуди сè што фудбалот може да даде, тимот на Копани закажа полуфинална пресметка со Пари Сен Жермен. Првото полувреме беше вистинско „лудило“ во кое беа постигнати дури пет гола. Реал Мадрид водеше во три наврати, но Баерн имаше одговор на секој удар. ...

Овој пат не се шегуваме, време е за вистинските факти: Тимот на Микел Артета одигра цврсти 0-0 против Спортинг на „Емирати“, што по победата од 1-0 во Лисабон беше доволно за пласман во полуфиналето. За првпат во својата историја, Арсенал успева да стигне до две последователни полуфиналиња во Лигата на шампионите, каде овојпат ги чека пресметка со Атлетико Мадрид. Спортинг ги стресе „Емирати“, стативите го спасија Раја Иако Арсенал ја имаше ...

Шпанскиот тениски ас Карлос Алкараз нема да го продолжи настапот на АТП турнирот во Барселона. Иако вчера славеше во воведното коло против Ото Виртанен, денешните дополнителни медицински тестови потврдија дека повредата на десниот зглоб е посериозна отколку што првично се мислеше. Со ова повлекување, Алкараз ја загуби и шансата експресно да се врати на врвот на АТП листата, што значи дека Јаник Синер ќе остане светски број еден и по следната ...

Вечерашниот реванш од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид започна со вистински гром од ведро небо. Младиот турски бисер на „кралевите“, Арда Ѓулер, ја замолкна „Алијанц Арената“ по само 34 секунди игра, искористувајќи ја кардиналната грешка на Мануел Нојер. Искусниот голман на Баерн излета далеку од својот гол, а Ѓулер со хируршка прецизност од околу 30 метри ја префрли топката преку него за водство на Реал ...

Кошаркарскиот клуб Партизан официјално го потврди враќањето на еден од најсаканите странци во историјата на клубот. Искусниот француски центар Жофри Ловерњ потпиша договор со „црно-белите“, враќајќи се во средината каде што стекна статус на легенда и стана првиот странец капитен во историјата на белградскиот гигант. 34-годишниот Ловерњ доаѓа од екипата на Кувајт СЦ, каде што доминираше во Западноазиската Суперлига со просек од 18,5 поени и ...

Главниот град на Македонија се подготвува за еден од најголемите младински спортски настани во својата историја. Од 20 до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во ракомет за ученици (ISF Skopje 2026), на кое учество ќе земат 23 земји од целиот свет. Организаторите на денешната прес-конференција порачаа дека градот е подготвен да ги пречека младите спортисти и да покаже дека Македонија е врвен домаќин на големи меѓународни ...

Елиминацијата од ПСЖ во Лигата на шампионите падна во втор план по веста која ги потресе навивачите на Ливерпул. Најдобриот стрелец на тимот оваа сезона, Хуго Екитике, се соочува со повеќемесечна пауза поради сомнеж за скината Ахилова тетива. Францускиот напаѓач го напушти теренот на носила уште во првото полувреме на реваншот против својот поранешен клуб. Првичните медицински прогнози се застрашувачки, а доколку се потврди руптурата, Екитике ...

Вечерва во Минхен, Реал Мадрид ќе се обиде да ја анулира негативата од 1-2 против Баерн и да обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Но, во пресрет на овој спектакл, главна тема во Мадрид се изјавите на Џуд Белингам, кој на официјалната прес-конференција искрено прозборе за својата нова, поповлечена улога под водство на Алваро Арбелоа. Младиот Англичанец, кој во првите две сезони во „кралскиот клуб“ редеше голови и ...

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, стави точка на шпекулациите за заминувањето на Антонио Конте на селекторското столче на Италија. Во интервју за „The Athletic“, тој порача дека Конте е премногу голем професионалец за да го напушти шампионскиот проект во Неапол. Проектот е негово „бебе“ Италија е во потрага по наследник на Џенаро Гатузо, а Конте е прв фаворит. Сепак, Де Лаурентис смета дека лојалноста на тренерот кон Наполи е ...

Ламин Јамал никогаш не криел дека Нејмар е еден од неговите најголеми идоли, играчот чии видеа ги гледал како дете и чиј „шмек“ се обидува да го пренесе на теренот. Синоќа, токму неговиот идол му ја пружи најголемата поддршка во најтешкиот момент. По болниот пораз на Барселона од Атлетико Мадрид и елиминацијата од Лигата на шампионите, младиот Јамал се најде во центарот на вниманието (и секако на мета на дел од критичарите) поради еден потег ...

Битолски Еурофарм Пелистер не губи време во креирањето на тимот за следната сезона. Актуелниот шампион на Македонија потврди дека организацијата на нападот и во иднина ќе биде во рацете на словенечки ракометар. Нов член на „зелено-белите“ е Миха Котар, кој доаѓа како големо засилување од редовите на српскиот првак Партизан. 27-годишниот среден бек потпиша двегодишен договор со клубот од Битола, со што Пелистер добива стабилност и креативност ...

Македонскиот ракометен бренд РК Вардар продолжува со сериозното засилување на својот ростер за претстојните предизвици. Најновото име кое ќе го носи дресот на најтрофејниот македонски клуб е египетскиот репрезентативец Мохаб Абделхак, ракометар кој доаѓа директно од редовите на еден од најголемите светски клубови – германскиот ТХВ Кил. Станува збор за исклучително талентиран леворак десен бек, кој и покрај својата млада возраст (21 година), ...

Она од што најмногу се плашеа навивачите на Лос Анџелес Лејкерс, синоќа доби официјална потврда од тренерот Џеј-Џеј Редик. Иако до вчера беше најавувано дека Дончиќ ќе успее да се врати за првиот натпревар, сепак првиот тренинг пред плејоф серијата против Хјустон Рокетс помина без стартната бековска линија, а прогнозите се мрачни: Лука Дончиќ и Остин Ривс се надвор од стројот на неодредено време. „Тие се аут на неодредено време. Нема да имам ...

Веста која навивачите на Борнмут ја дочекаа со неверување и тага вчера конечно беше официјализирана – Андони Ираола ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона. По три години на јужниот брег на Англија, баскискиот стратег одлучи дека е време за нов предизвик, оставајќи зад себе трансформиран клуб кој под негово водство ги преживеа најуспешните три години во својата историја. Иако Борнмут понуди сè за да го задржи, вклучувајќи и 15-месечни ...

Кил минува низ еден од најтешките периоди во својата понова историја. Ракометниот великан се мачи во Бундеслигата, а капитенот Домагој Дувњак отворено проговори за неконстантноста која го носи тимот на работ на провалија. Моментално петтопласиран во Бундеслигата, со огромни 13 бода заостанување зад лидерот Магдебург, тимот на Кил е пред сериозна закана: трета сезона по ред да остане без пласман во Лигата на шампионите. Долгогодишниот лидер и ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе ригорозна одлука која одекна како гром во домашната спортска јавност во текот на вчерашниот ден. Најдобриот македонски судиски пар е суспендиран од секаква активност и функција во рамките на ЕХФ во период од две години, со што се доведува во прашање нивната понатамошна меѓународна кариера. Финансиски казни и строги забрани Покрај двегодишната забрана за делење на правдата на европските терени, ...

Често во јавноста може да се слушнат коментари дека НБА кошарката станала здодевна и дека интересот за регуларниот дел од сезоната опаѓа, но официјалните бројки кажуваат друга приказна. Најсилната кошаркарска лига во светот штотуку го забележа најдобриот период на посетеност во својата историја. Во последните три сезони, НБА лигата бележи рекордна посетеност, што е најдобар период во историјата на ова натпреварување. Само оваа сезона, сите ...

Аурелио Де Лаурентис, контроверзниот сопственик на Наполи, повторно ги поместува границите на фудбалската дебата. Во своето најново обраќање за „The Athletic“, тој го претстави својот „револуционерен“ концепт за спас на европскиот фудбал, кој предизвика лавина од реакции во јавноста. Де Лаурентис предлага комплетно фудбалско ресетирање преку создавање на елитно натпреварување со 21 клуб од „петката“ на најсилните лиги, кое целосно би ги ...

Иако Барселона не успеа да го комплетира големиот пресврт на „Метрополитано“, стратегот на „каталонците“, Ханси Флик, не го криеше задоволството од карактерот и играта на своите фудбалери. По победата од 2-1 која не беше доволна за пласман понатаму, германскиот стручњак испрати порака на гордост, но и оптимизам за иднината на овој млад тим. „Разочарани сме, но ќе се вратиме“, беа зборовите со кои Флик ја сумираше европската одисеја на Барса ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.93
65%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.68
62%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.37
73%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.01
61%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.69
83%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
58%
1022
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
59%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.59
53%
1019
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
94%
1019
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
56%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.56
75%
1014
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Платина

53756.05

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Иридиум

253540.09