Фудбалскиот клуб Баерн Минхен не може да се пофали дека добро ги започнал своите купувања ова лето, но сепак остварил продажба. Матис Тел ја наполни касата, бидејќи Тотенхем плати 35 милиони евра за неговото купување, а треба да се додаде дека позајмицата во Лондон во изминатата полусезона му заштеди на Баерн 10 милиони евра. Баерн сега се надева дека наскоро ќе собере барем уште 130 милиони евра за да ги наполни касите за потенцијални ...

Кадетската ракометна репрезентација на Србија е победник на меѓународниот турнир „Марко Божиновски 2025“. Во финалето, оваа репрезентација беше подобра од Македонија А со 26-32 (13-16). За избраниците на Горан Кузманоски ова беше прв пораз на тунирот по двете победи против Босна и Катар. Селекцијата на Босна и Херцеговина го освои петото место откако беше подобра од Романија по подобро изведување на пенали. Во борба за третото место ќе играат ...

Џорџ Расел изненади со одлично возење и имаше најдобро време во квалификациите па ќе стартува од пол-позицијата на денешната трка која ќе се вози во Монтреал за ГН на Канада. Интересно е тоа дека Расел иако ќе стартува како прв, сепак е дури трет фаворит за победа. Пред Расел, според квотите во Sport Life се актуелниот шампион Макс Ферстапен и актуелниот лидер во генералниот пласман Оскар Пјастри. Како некој кој може да се замеша во борба за ...

Голманот на Барселона Марк Андре Тер Штеген постигнал договор за трансфер во турскиот гигант Галатасарај. Ова го тврди весникот „Фанатик“ во Турција. Искусниот чувар на мрежата ги договорил личните услови со Галатасарај, а сега останува само турскиот тим да се договори околу трансфер сумата која ќе треба да ја добие Барселона, за да се комплетира овој премин. Тер Штеген е еден од капитените на Барселона, а минатата сезона пропушти голем дел ...

Европската ракометна титула ќе остане во Германија, но прашање е дали таа ќе заврши во витрините на Фуксе Берлин или на Магдебург. Во “Ланксес Арената“ во Келн, бундеслигашите со почеток од 18 часот ќе го започнат финалето. Магдебург многу добро знае како е да се биде на врвот на Европа бидејќи три пати бил континентален владетел, но само еднаш откако завршницата е во Келн. За разлика од нив, Фуксе Берлин ќе атакува на првата европска круна. ...

Дури четири мечеви се денеска на програмата на Светското клупско првенство, а во Sport Life има феноменална понуда од осум Бет Билдер комбинации, каде квотите се движат од 10 до 18. За дуелот Баерн – Оукланд има квота 13, а потребно е: Хари Кејн да постигне два или повеќе голови, Баерн Минхен да има над 11,5 шутеви во рамките на голот, Баерн Минхен да изведе повеќе од 9,5 корнери, Олисе да има над 2,5 шутеви во рамките на голот. За дербито ПСЖ ...

Кристијан Киву пред неколку дена беше промовиран во нов тренер на Интер. Тој дојде на местото на Симоне Инѕаги кој си замина по сезоната која беше разочарувачка без ниту еден освоен трофеј. Киву многу добро ја познава работата во Интер. Таму играше и како фудбалер, а ја почна и тренерската кариера во младинската категорија на Нераѕурите. Романскиот стратег реши веднаш да направи промени во играчкиот кадар, па на дури осум играчи им соопштил дека ...

Утрово започна Светското клушско првенство. Во првиот меч на турнирот, Интер Мајами на свој терен го пречека Ал Ахли, а на крајот немаше голови. Херој на овој меч беше голманот на Интер Мајами. Еден месец ќе трае турнирот, а ќе учествуваат вкупно 32 клубови од целиот свет. Меѓу најатркативните учесници секако се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити, Баерн Минхен, Бока јуниорс, Ривер плата, Палмеирас… Според калкулациите направени од суперкомпјутерот ...

6720 Баерн Минхен – Оукленд (18 ч.) Ова треба да биде како меч за загревање за Баерн Минхен. Германскиот гигант е прв фаворит во групата и се очекува убедливо да слави. Оукланд е најдобар тим во Нов Зеланд, но сепак, кога се работи за дуели со најдобрите клубови во светот, тешко дека ќе може да парира. Посебно хендикеп за Оукланд е фактот дека дел од најдобрите играчи нема да им играат на клупското СП, затоа што не добиле денови од одмор. Тоа ...

Манчестер јунајтед минатата сезона ги имаше најслабите резултати во историјата на Премиер лигата, па не е ни чудно што тимот заврши на 15-тото место на табелата. Сепак, дури ни очајните резултати не беа препрека Црвените ѓаволи да бидат најгледаниот тим во Премиер лигата во сезоната која што заврши. Скај Спорт и ТНТ Спорт забележале пад од 10 отсто на просечната гледаност, откако претходните две сезон се рушеа рекорди по гледаноста. Сепак, ...

Кошаркарите на Бешикташ успеаа на свој терен да го победат Ефес Пилсен и на тој начин да обезбедат место во финалето на кошаркарскиот плејоф. Во мајсторката, Бешикташ беше подобар со 82:75 и тоа беше доволно да се радува со 3:2 во победи и да обезбеди место во големото финале. Следен ривак на Бешикташ ќе биде тимот на Фенербахче, актуелниот европски владетел. Мајсторката по која Бешикташ се радуваше ќе се памти и по еден необичен шут, а е во ...

Фудбалот и тенисот доминираат во денешната понуда на Супер тип, но тука е и финалето во ракометната Лига на шампиони. Германските ривали Фуксе Берлин и Магдебург ќе се борат за приматот најдобар тим во Европа, а зголемена квота има за победа на Фуксе Берлин. Од тенисите, најинтересно се очекува да биде на дуелот Зверев – Фриц каде зголемени квоти има за победа на двата тенисери, но сепак, фаворитската улога „влече“ кон Зверев. Има и еден бејзбол ...

Најдобрата македонска фудбалска судијка и една од најдобрите во Европа, Ива Пројковска доби уште едно големо признание. ВО соработка меѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, преку програмата за размена на судии, Пројковска ја доби честа да биде преставник од Европа на претстојното Копа Америка првенство за жени во Јужна Америка. Овој највреден турнир во Јужна Америка ќе биде од 12 јули до 2 август во Еквадор, а Пројковска ќе биде главна судијка. Довербата токму ...

Пет интересни мечеви се дел од денешната понуда во Квоти на ден на Sport Life, а ако го одиграте заедно ќе добиете привлечна квота од 60.26. Мирандес и Овиедо играат во баражот за пласман во Примера дивисион и понудата е домаќинот да не загуби во меч на кој бидат постигнати од два до пет погодоци, опција која се вреднува со точно два квота. Сампдорија и Салернитана треба да одиграат со голови на двете страни, а барем еден погодок треба да биде ...

Најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, деновиве е на одмор во Босна и Херцеговина и во Црна Гора. Кошаркарот на Денвер нагерс реши слободното време по завршување на напорната НБА сезона, да го помине и со заминување на рафтинг на реката Тара. Јокиќ е снимен во Радован Лука, најдлабокиот дел од кањонот на реката Тара. Кошаркарот уживаше во гостопримството кое го нуди селото Тепча. Јокиќ како и секогаш делуваше скромно и насмеан. Инаку ...

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде назначен за нов селектор на Италија, јави најпознатиот италијански инсајдер, Фабрицио Романо. Најавено е дека Гатузо ги договорил сите потребни услови за да седне на селекторското столче. Постојат некои ситни детали кои треба да ги „испеглаат“ во следните неколку дена и договорот да биде потпишан. Гатузо до неодамна беше тренер во хрватски Хајдук, но не успеа да ја донесе титулата на „Пољуд“. Хајдук на крајот заврши ...

Интер Мајами и Ал Ахли одиграа без голови во првиот меч од историското Светско клупско првенство на кое учествуваат дури 32 екипи од целиот свет. Пред 60.000 гледачи на „Хард рок“ стадионот во Мајами, египетскиот првак беше многу поблиску до победата, но голманот на Интер Мајами Оскар Устати блескаше и не дозволи да биде совладан. Дури осум шутеви во рамките на голот имаа играчите на Ал Ахли, но ниту еднаш не успеаа да го матираат Устати. ...

Трите црвени картони, и двете исклучувања во последните две минути кои судиите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски им ги поделија на ракометарите на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите, предизвикаа доста реакции. Фановите на Барса сметаат дека поразот од Магдебург е по заслуга на судиите, а тренерот Карлос Ортега беше поумерен во критиките кон нашите арбитри кои меѓу најдобрите, можеби и најдобри на светот. „Можеби раниот црвен картон ...

Џорџ Расел од Мерцедес ја освои пол-позицијата и утрешната трка од Формула 1 шампионатот за големата награда на Канада ќе ја почне од првото место. Расел до пол-позицијата стигна со одлично извозен последен круг од квалификациите во Монтреал. Тој и лани беше најбрз во квалификациите. Втор е Макс Ферстапен, третиот Оскар Пјастри, и сето ова најавува интересна трка. Како ретко кога годинава ќе нема Мекларен во првиот ред, Ландо Норис беше дури ...

Црвена ѕвезда беше шокирана во Белград од Спартак со 81-93 во првиот полуфинален меч од плејофот во кошаркарската лига на Србија, и на тимот од Суботица кој ќе биде домаќин на вториот меч од оваа серија, му треба уште една победа за сензационален пласман во финалето. После разочарувањето кое Црвено-белите им го приредија на своите фанови со поразот од Будуќност во полуфиналето на АБА лигата, сега уште повеќе ги наутија, па Делиите вечерва гласно ...

Шведската машина за голови, Виктор Ѓокереш, има проблем со раководството на Спортинг Лисабон кое не сака да го продаде за сумата за која лани му ветуваа дека ќе го продадат, туку сега бараат повеќе, а има и други непријатности во потрагата по клуб. Има информации дека Ѓокереш одбил да прејде во Манчестер јунајтед каде менаџер е неговиот поранешен тренер од Спортинг, Рубен Аморим. Причина за тоа е неучеството на Јунајтед во европските купови. ...

Со оглед на извештаите дека некои натпревари од Светското клупско првенство не привлекуваат публика и го нема очекуваниот број на продадени билети, ФИФА наводно донела одлука да ги замени седиштата што веќе ги купиле навивачите, со цел да ги собере на трибини спроти телевизиските камери и на тој начин да ги „скрие“ помалку полните трибини на стадионот. Според „Дејли мејл“, некои навивачи веќе ја забележале оваа промена, но од ФИФА уверувале дека ...

Најдобриот тим во Океанија, новозелански Окленд сити, како континентален првак си обезбеди место на Светското клупско првенство кое ФИФА сакаше да биде инклузивно, но овој клуб е аматерски и се соочува со проблем пред утрешниот меч со Баерн Минхен. Повеќето играчи на Окленд работат нешто друго, фудбалот им е занимација во слободно време, па за да заминат во САД на СКП, морале да земаат денови од годишните одмори. Но, имало и такви кои периодов ...

Напаѓачот на Интер, Мехди Тареми, нема да игра на Светското клупско првенство, барем не во групната фаза, затоа што е заглавен во родниот Иран, каде има воен конфликт и меѓусебно бомбардирање на Израел и Иран. Тареми нема начин како да отпатува во САД каде ќе се игра СКП, и тоа како и неизвесноста за неговата состојба внесуваат вознемирреност во Интер. Напаѓачот редовно се појавувал на аеродромот во Техеран, но летовите биле откажани од ...

Репрезентацијата на Шпанија за фудбалери до 21 година, со пресврт во финишот ја совлада Романија со 2-1 и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство кое се игра во Словачка. Во првото коло Шпанците ја победија Словачка со 3-2 со победнички гол во 90-та минута, а овојпат славеа во меч на кој губеа до 85-та минута и утнаа пенал во првото полувреме. Еден романски фудбалер доби црвен картон во 84-та минута и тоа како уште повеќе да им ...

Карлос Алкарас требаше да биде еден од најистакнатите гости на денешната свадба на тенисерот Алехандро Давидович-Фокина, но најдобриот шпански тенисер одби да присуствува, бидејќи веќе имаше резервирано лет за Лондон, каде во вторник на турнирот во Квинс треба да игра токму против сонародникот Давидович-Фокина. Така, Карлос ќе има можност да му честита на 27-мо рангираниот на АТП листата за неколку дена кога ќе се соочат еден со друг во првото ...

Магдебург ќе биде ривалот на Фуксе Берлин во финалето на ракометната Лига на шампиони за мажи. За да има германско финале во германскиот град Келн, Магдебург се погрижи со драматична минимална победа од 31-30 над актуелниот првак Барса и тоа со гол во последната секунда. На една и пол минута до крајот, Каталонците водеа со 30-29, но двете исклучувања кои оправдано им ги доделија македонските судии Николов и Начевски, германскиот тим знаеше како ...

Во своето прво интервју како играч на Наполи, Кевин Де Бројне откри зошто го избрал италијанскиот првак, иако имаше повеќе понуди за продолжување на кариерата после 10-годишниот престој во Манчестер сити. „Јас сум некој што сака да победува, мразам да губам. Тимот го освои Скудетото минатата сезона, мислам дека можеме да направиме нешто добро. Тимот е амбициозен, сака да победува. Наполи и јас ја делиме истата амбиција. Мислам дека ова е ...

Првиот натпревар на Светското клупско првенство помеѓу Интер Мајами и Ал-Ахли од Египет ќе биде интересен затоа што и на едната и другата страна ќе има по еден Бекам. На едната страна е англиската легенда Дејвид Бекам кој е сопственик на Интер, а во редовите на египетскиот клуб има фудбалер со прекар Бекам и на дресот му стои Бекам. Вистинското име на „Бекам“ е Ахмед Рамадан. Освен Бекам, за Ал-Ахли игра и Трезеге. Не Французинот Давид Трезеге, ...

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е поразена од Грција со 0-3 (по сетови 22-25, 21-25, 18-25) во дуел од Златната европска лига, одигран во Даугавпилс, Летонија. Нашите репрезентативци почнаа добро, во првиот сет водеа со 16-13, но противникот до серија од 6-1 го презеде водството и контролата врз сетот кој на крај успеаја и да го добијат. Во вториот и третиот сет фаворитот беше подобар и рутински ги освои. За Македонија е трети ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.03
22%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.06
40%
1012
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
48%
1014
weather icon

Софија

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
31%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.62
25%
1014
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
64%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
37%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
58%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
35%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
4.12
30%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
7.72
100%
1013
Currency

61.535

Currency

52.5169

Currency

70.8969

Currency

34.5144

Currency

37.9741

Currency

65.9522

Currency

7.36308

Currency

0.64187

Currency

0.35555

Currency

0.5257

Currency

1.2728

Currency

0.59598