
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Одбранбениот фудбалер на Црвена ѕвезда, Коста Недељковиќ, стана играч на Астон вила, објави на својата веб-страницата англискиот клуб. Осумнаесетгодишниот Србин остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Црвена ѕвезда. Недељковиќ потекнува од фудбалската школа на „црвено-белите“. За белградскиот тим одигра 18 натпревари на кои постигна две асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на дефанзивецот на 2,5 милиони евра. ...
Генералниот секретар на Супер лигата Анас Лаграри зборуваше за преговорите со клубовите околу учеството на турнирот. – Не сакам сега да кажувам имиња. Разговаравме со околу 50 различни клубови. Околу 20 од нив се многу, многу мотивирани од проектот. Веќе имаме доволно клубови за да го започнеме натпреварувањето, изјави Лаграри за „90min“. На 21 декември, Европскиот суд ги прогласи за незаконски постапките на ФИФА и УЕФА да го блокираат ...
Изминатиов викенд во Верона, Италија се одржа Prize Giving Ceremony, односно се доделуваа награди за престижниот европски шампионат во брзински моторциклизам. Најуспешните го добија своето признание, меѓу нив беше и македонецот Христијан Бузалковски, кој одново докажа дека со многу труд, истрајност и напорна работа успехот е гарантиран. Македонија за прв пат имаше свој претставник. Христијан Бузалковски заедно со неговиот тим, испишаа историја ...
Една од најдобрите светски скијачки Петра Влхова заработи тешка повреда на велеслаломот во Словачка. Влхова падна за време на велеслаломот во Јасна и се лизна во заштитната ограда. Иако падот на почетокот не изгледаше опасно, нејзината скија се закачи во заштитната ограда, поради што и се истегна скочниот зглоб. Трката беше прекината на дваесет минути додека Словачката беше имобилизирана и однесена до хеликоптерот кој ја превезуваше во болница. ...
Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Вес Браун, банкротираше кон средината на 2023 година, откако се разведе од сопругата Леан, а денес е предмет на потсмев на социјалната мрежа ТикТок. На TikTok се појави видео од Браун со кројачот Sam’s Tailor од Хонг Конг, исмејувајќи го за неговиот очигледно истрошено и без ракави одело. @samstailor #samsstar #wesbrown #giftwrapped IN MY #4dfit #roshanmelwani #roshanmelwanicouture #samstailor ...
Многу деца ширум светот имаат желба да го запознаат најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, но само неколку можат да го остварат тоа. Таков е случајот со Леви Сандовал од Ел Салвадор, кој е голем обожавател на аргентинскиот фудбалер, а кога се родил лекарите му дале само шест месеци живот бидејќи боледувал од синдромот Расел Силвер кој го спречува нормалниот раст и развој. #Deportes | Levi Sandoval, el niño salvadoreño que cumplió su ...
Интер го освои италијанскиот Суперкуп трета година во низа. Во финалето на турнирот, „нероаѕурите“ синоќа во Ријад, го победија Наполи со 1:0. Стрелец на голот беше Лаутаро Мартинез во судиското надополнување во второто полувреме. Интер го освои италијанскиот Суперкуп трет пат по ред, подвиг што претходно го постигна само Милан помеѓу 1992 и 1994 година. Вкупно Интер има 8 победи на турнирот. Само Јувентус почесто го освојуваше трофејот – ...
Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Крис Пол, успешно е опериран поради фрактура на левата рака, објави клупската прес-служба. Играчот се повреди во третата четвртина од натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата против Детроит. За три недели, на 38-годишниот Американец ќе му биде извршен втор лекарски преглед, по што ќе се знае точното време за закрепнување. Оваа сезона, Пол настапи на 32 натпревари, со просек од 8,9 поени и 7,2 асистенции. ...
На социјалните мрежи се појави разговор меѓу судиите на натпреварот од Примера помеѓу Реал Мадрид и Алмерија кој заврши со победа на кралевите од 3:2. Триумфот на Лос Бланкос беше посредуван со неколку контроверзни одлуки. Откако гостите водеа со 2:0 веќе во првото полувреме, домашните го свртеа резултатот, а Карвахал во деветтата минута од судиското надополнување го постигна третиот гол за Реал. La conversación del VAR con Hernández Maeso en la ...
Дејан Манасков е нов член на Еурофарм Пелистер и од денес им се става на располагање на новите соиграчи и членовите на стручниот штаб. Левото крило со богата интернационална кариера целосно се вклопува во мозаикот на тим сочинуван од најдобрите македонски ракометари и елитни странци. 31-годишниот Манасков поникна во Металург, ги носеше дресовите на Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар 1961, а со македонската репрезентација беше дел од сите ...
Јувентус вчера го победи Лече со 3:0 со два гола и добрата партија на Душан Влаховиќ. На последните пет натпревари српскиот напаѓач постигна шест гола и асистираше една, а оваа сезона има 11 гола од 19 првенствени натпревари. Неговите голови вчера му ја донесоа на тренерот Масимилијано Алагри 300-та победа во лигата во неговиот 491-ви натпревар во Серија А. Јувентус со оваа победа барем за кратко го презеде врвот во италијанскиот шампионат. Има ...
Во вчерашниот натпревар од 21. коло на шпанскиот шампионат, Рерал Мадсрид ја победи последнопласираната Алмерија со гол од деветтата минута од судиското продолжение. Пред победничкиот гол ја надополни негативата од два поени во играта, по што збеснаа играчите на поразениот тим. „Одигравме одличен натпревар. Сепак, некој одлучи дека не можеме да победиме овде денес“, рече гостинскиот играч Марк Пубил по натпреварот во кој неговиот тим имаше ...
Чешката тенисерка Линда Носкова приреди денеска големо изненадување на Австралија Опен, откако во третото коло на грен – слем турнирот во Мелбурн ја совлада прворангираната на ВТА листата Ига Швјонтек од Полска со 3-6, 6-3, 6-4. За 19-годишната Носкова, 50 на ВТА листата, ова е најголема победа во кариерата и прва против најдобрата светска тенисерка, а до триумфот дојде по два часа и 22 игра. Последна чешка тинејџерка која триумфираше над ...
Ракометната репрезентација на Германија со победа од 26:24 против Исланд влезе во второто коло на Европското првенство. Така домаќинот на еврото ги освои првите бодови во втората фаза од натпреварувањето и моментално е пред Хрватска со бод повеќе. Исланд е единствената репрезентација без бодови. Сепак, средбата ја одбележа големата организациона грешка пред почетокот на натпреварот. Имено, исландската химна е пуштена на сосема погрешен начин. ...
Фудбалската репрезентација на Египет ќе биде без својот најдобар играч Мохамед Салах во следните два натпревари на Африканскиот куп на нации. Поради повреда на тетивата, Салах мораше да го напушти теренот на мечот против Гана, поради што нема да настапи на решавачкиот меч против Зеленортските Острови. Исто така, нема да биде подготвен за осминафиналето, доколку Египет оди во следната рунда. Египет по две кола има два бода, по еден Гана и ...
рвиот натпреварувачки ден на 4. Зимските младински олимписки игри во јужнокорејскиот град Гангвон ја донесе трката во биатлон на 12.5 километри на која меѓу 100 пријавени учесници настапи и македонскиот биатлонец Благоја Најденоски. Македонскиот 18-годишен претставник ја заврши трката на 90. место, заостанувајќи 14:53,3 минути зад победникот Антонин Гај од Франција. Среброто го освои Норвежанецот Сторм Веитсле, а бронзата Маркус Скленарик од ...
Македонецот Столе Димитриевски стана еден од големите голмани во Лигата, пишува шпанска „Марка“. Со осум чисти „клиншитови“ или мечеви без примен гол оваа сезона, тој е еден од главните членови на Рајо, поради кој тимот е сигурен на табелата. Секако, ова е причина поради која привлече големо внимание во различни тимови во шпанското првенство. Според „Марка“ Димитревски сака да го напушти клубот оставајќи свој белег во историјата и вистината е ...
Тренерот на Барселона, Чави, одржа прес-конференција во пресрет на гостувањето на Бетис во Ла Лига утре (21.01). Каталонците се враќаат во шпанската прва лига откако го загубија финалето на Суперкупот од Реал Мадрид и го победија Униконистас во Копа дел Реј. Шпанскиот стручњак проговори за проблемите во играта на своите играчи и откри дека Каталонците не можат да си дозволат пораз против Бетис. Одговорите на Чави „Ни претстои тежок натпревар ...
Реал Мадрид досега беше „тивок“ во зимскиот преоден рок, а нивното прво засилување ќе биде Жереми де Леон. Ако неговото име не ви звучи познато, вие сте во иста кожа како и милиони фанови на Реал. На социјалните мрежи сите се прашуваат кој е 19-годишниот Порториканец кој пристигнува во мадридскиот клуб, а одговорот воопшто не задоволи многу фанови на Реал. Станува збор за фудбалер на шпанскиот третолигаш Кастелон, но тоа не е најзагрижувачката ...
Од 15 часот и 30 минути се одиграа четири натпревари од 18. коло на германската Бундес лига, а постигнати се следниве резултати: Келн – Борусија Дортмунд 0:4, Дармштад – Ајнтрахт Франкфурт 2:2, Фрајбург – Хофенхајм 3:2 и Хајденхајм – Волфсбург 1:1. Дортмунд лесно излезе со Келн, убедливо го совлада и се чини дека Келн многу тешко ќе избегне преселба во Цвајт. Стрелци за „милионерите“ беа Мален во 12., Филкруг од пенал во 58., повторно Мален во ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо оцени дека саудиското првенство, во кое настапува во редовите на Ал Наср, е подобро и поквалитетно од француската лига. „Да бидам искрен, мислам дека саудиското првенство не е полошо од француското првенство. Мислам дека е поконкурентно. Можат да зборуваат што сакаат, тоа е мое мислење, а тука играм една година и знам што зборувам“, рече Роналдо на свеченото доделување на годишните награди во Дубаи. ...
Се чини дека Барселона има причина за дополнителен оптимизам по нивната чиста ждрепка за четврт-финалето на Купот на Кралот претходно денеска. Каталонците имаат тешка задача да гостуваат во Атлетик Билбао по гостувањето на Бетис во Чемпионшип викендов. Што се случува со Ганецот Четирите натпревари од Купот ќе се играат следната недела и тоа значи дека една од баскиските ѕвезди ќе биде недостапна. Станува збор за напаѓачот Игнаси Вилијамс, кој ...
Јирген Клоп му даде „отворени раце“ на Свен-Горан Ериксон да го оствари својот сон да раководи со Ливерпул, откако беше објавено дека има најмногу уште една година живот поради болест. Легендарниот Швеѓанец боледува од рак на панкреасот, а во едно интервју призна дека животна желба му е да го води Ливерпул, кој го поддржува цел живот. Како одговор на потресното интервју, навивачите започнаа кампања за 75-годишниот да води тим од легенди на ...
Лекот „трикафта“ почна да го прима и џудистот Марио Нелоски, кој 11 години се занимава со спорт. – На три месеци по неговото раѓање, тој е дијагностициран со цистична фиброза. За него, најважно од сѐ е здравјето, но и да настапува на големи натпревари, за да докаже дека момче со оваа ретка болест може да го оствари својот сон и да направи успех што ќе се памети, пишува во фејсбук објавата на министерот на здравство Фатмир Меџити. Тој го примил ...
Пред почетокот на скијачкиот викенд во Кицбил, во хотелот се случи скандал. Трикратниот олимписки победник Матијас Мајер (33) се однесувал некултурно за време на приемот организиран од гувернерот на Долна Австрија. Клајн Цајтунг пишува дека Мајер се качил на стол, викал и плукал по гостите и истурил вино. На крајот обезбедувањето го смирило, а лекарот на австриската репрезентација му дал седативи. Мајер по инцидентот бил однесен во болница каде ...
Крунисаниот светски шампион во скок со стап во 2015 година, Канаѓанецот Шон Барбер почина на 29-годишна возраст поради медицински компликации. Канаѓанецот починал во својот дом во Кингвуд, Тексас по медицински компликации, а за сега не се објавени дополнителни детали за околностите на неговата смрт. Our thoughts and prayers to the family and friends of Shawn Barber, Canadian Pole Vaulter – 2015 World Champion, Rio 2016 Olympian and Canadian ...
ХНК Хајдук потврди дека Иван Перишиќ по речиси 17 и пол години повторно ќе го облече белиот дрес на Хајдук со број четири. По големата и исклучително успешна странска кариера, Иван повторно се враќа во Пољуд. Перишиќ во редовите на белите доаѓа на позајмица до крајот на сезоната од англискиот клуб Тотенхем. По завршувањето на позајмицата на крајот на јуни, договорена е соработка помеѓу Клубот и крилниот напаѓач за следната натпреварувачка ...
Саудискиот весник „Ал-Шарк Ал Авсат“ објави дека португалскиот тренер Жозе Мурињо постигнал договор да го преземе кормилото на Саудиски Ал Шабаб. Три дена по заминувањето од клупата на Рома, Жозе Мурињо е подготвен да се врати на терените. Така барем тврди саудискиот весник „Ал-Шарк Ал Авсат“, кој наведува дека португалскиот тренер постигнал вербален договор за преземање на моментално 11-то рангирана екипа во саудиската лига. Jose Mourinho ...
Новак Ѓоковиќ денеска во второто коло на Австралија опен го елиминира Австралиецот Алексеј Попирин, откако го совлада со 3:1 во сетови. Најголем дел од навивачите на трибините на Род Лејвер Арена беа со локалниот играч Попирин, а Ѓоковиќ се судри со еден од нив во четвртиот сет. Novak Djokovic to a heckler: come here and say it to my face! The heckler instantly got silenced. 🔥pic.twitter.com/AEEuCgQGDs — Danny 🐊 (@DjokovicFan_) January 17, ...
Познатиот хрватски репрезентативец Иван Перишиќ се враќа во Хајдук, потврди угледниот стручњак за трансфери Фабрицио Романо, но и бројни медиуми во Хрватска. Перишиќ (34) зимава се враќа во Хајдук од Тотенхем, клуб во кој не играше најдобро, делумно поради слабата форма по пристигнувањето, делумно поради тешката повреда со која се здоби минатата година. 🚨🔴🔵 EXCLUSIVE: Ivan Perisić comeback to Hajduk Split is advancing well, now at the final ...