Манчестер Јунајтед и Фулам вечерва ја отвораат новата сезона во Премиер лигата, а пред натпреварот менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг изјави дека неговиот тим не е подготвен за старт. „Точно е дека тоа не беа подготовки на кои можеш да работиш со тимот пет-шест недели. Тоа е комплицирано. Имавме тим за турнејата низ САД, потоа дојдоа играчите кои играа на ЕП и на Купот на Америка, а сега засилувања и сега треба да направиме тим од ...

Европските натпревари донесоа многу возбудувања. Така, дуелот меѓу Ајакс и Панатинаикос заврши дури по подобро изведување на пенали, а дури 34 пати играчите шутираа … Драма имаше на натпреварот меѓу Копенхаген и Острава. Додуша, тој натпревар не привлече внимание поради квалитетното изведување на пенали, туку поради грешките кои насмеа многумина. Поради се што се гледа, многумина им се смеат. Чешкиот клуб го доби реваншот од Конференциската ...

Англискиот шампион Манчестер Сити се соочува со 115 обвиненија за наводно прекршување на правилата во Премиер лигата. Судското рочиште почнува во септември, а епилогот се очекува дури во 2025 година. На „граѓаните“ им се заканува исфрлање од Премиер лигата. „Сити се соочува со испаѓање од Премиер лигата доколку се докажат најсериозните обвинувања против нив. Наводните прекршувања вклучуваат недавање точни финансиски информации за девет ...

Неочекувано засилување за Сити. Пред почетокот на првенството од Вест Хем пристигнува Дивајн Мубама. Оние кои го следат англискиот фудбал знаат дека момчето минатата година беше најавувано како потенцијално изненадување на сезоната, но годината беше доста фрустрирачка, тој одигра само 12 натпревари за Вест Хем. Сезоната ја преседе на клупата, тој е млад репрезентативец на Англија и многумина го критикуваа шкотскиот менаџер затоа што немаше ...

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ возвратија на провокацијата на „Чкембарите“, кои качени на коњ тргнале кон Скопје да го следат дербито во недела во 20 часот, помеѓу Вардар и Пелистер. Зелена ера против камено доба, рече еден од нив во видеото снимено, како провокација за противничките навивачи. Сега, Комити возвратија. „Коњи брзајте“, им порачаа Комитите на Чкембарите, најавувајќи „пеколно издание“. Зелена ера против ...

Кристијано Роналдо продолжува да изведува слободни удари и спектакуларно ги промашува! Португалскиот ветеран не дозволува никој да го преземе изведувањето на прекините, а почесто неговите удари завршуваат високо над гредата. Сега тоа се случи во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија во натпреварот против Ал Тавун. Навивачите на социјалните мрежи го „распнаа“ Роналдо кој пред да изведе слободен удар си рече „Јас сум најдобар“, а потоа ...

Таткото на Јамал, Мунир Насрауи е добро по неколку убодни рани и е надвор од животна опасност, според последните вести од Шпанија. Мунир Насрауи, таткото на глобалната фудбалска сензација Ламине Јамал, синоќа беше избоден со нож на паркинг во градот Матар. Мунир веднаш бил префрлен во болницата Кан Рути во Бадалона, а иако првите прогнози биле сериозни, тој се чувствува добро и е надвор од животна опасност, јавуваат шпанските медиуми. „Ел ...

Филипинскиот гимнастичар Карлос Јуло (24), кој освои два златни медали на Олимпијадата во Париз, доби херојски пречек во својата земја со бројни награди вредни повеќе од милион долари. Делегацијата на филипинските олимписки игри во Манила беше пречекана од многу фанови, како и претседателот на земјата Фердинанд Маркос Јуниор, кој на сите олимпијци им подари по еден милион пезоси (17.500 долари), додека Јуло беше единствениот кој доби 20 ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, што ќе се одржуваат од 28 август до 8 септември во Париз. Како што информираат од претседателкиот кабинет, на средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, Сиљановска Давкова беше запознаена со подготовките, предизвиците ...

Таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, Мунир Назрауи е во тешка состојба со убодна рана во болница во Бадалона. Како што објави „La Vanguardia“, непознато лице го нападнало Назрауи на паркинг во градот Матаро. Мажот бил пренесен во болницата Сан Рути. Mounir Nasraoui, père du joueur de Barcelone et de l'équipe nationale espagnole Lamine Yamal, a été poignardé dans un parking à Mataró, en Espagne. Il a été transféré à l'hôpital Can ...

Фудбалерите на Реал Мадрид без поголеми проблеми ја совладаа Аталанта и со тоа го освоија Суперкупот на Европа, меч кој традиционално го означува почетокот на сезоната во најелитниот европски фудбал. Дуелот меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа му припадна на Реал Мадрид по шести, рекорден пат, а исто така беше можност да се запознае Килијан Мбапе во фудбалскиот свет во неговиот нов клуб, кој дебитираше за кралскиот Клуб ...

25-годишниот Бојан Миовски ќе го засили нападот на Жирона. Македонскиот напаѓач потпиша договор на четири сезони, до јуни 2028 година, откако клубот постигна договор со Абердин за трансфер на играчот. Миовски, кој веќе ги помина медицинските прегледи, од утре ќе почне да тренира со тимот. Новиот напаѓач на Жирона ја започна својата професионална кариера на 18-годишна возраст, дебитирајќи во с ФК Брегалница во 2017 година. Тој помина низ ...

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Ал Кадисија. По две години во Рим, дојде време да се збогува. Пауло Дибала како некој чии можности ги надминаа постигнатите досега на индивидуален план, се сели во Саудиска Арабија и следните три сезони ќе игра фудбал без преголем интензитет. Така барем во моментов пишува во договорот кој ќе му донесе астрономски 15.000.000 евра по сезона. Тоа никој не можеше да му го ...

Длабоко разочаран што ја заработив оваа повреда и го пропуштив почетокот на сезоната. Ќе работам напорно за да се вратам наскоро. Ви благодариме за сите пораки за поддршка во последните неколку часа и исто така сакам да му посакам на тимот добро за натпреварот вечерва!, ова е пораката на Камавинга кој заработи тешка повреда на последниот тренинг пред вечерашниот дуел на Реал Мадрид против Аталанта во Суперкупот на Европа. View this post on ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Аталанта изјави дека напаѓачот Килијан Мбапе е подготвен за игра. – Немавме многу време да се подготвиме, но сме во одлична форма, а исто така и Килијан Мбапе. Тој пристигна во Мадрид во добра состојба и веднаш се адаптираше. Килијан е подготвен да игра, како и сите други. Од моментот кога пристигна, тој покажа навистина одлични квалитети, го цитира ...

Италијанскиот напаѓач со македонско потекло Никола Секулов и официјално е нов фудбалер на Сампдорија. Како што пишувавме вчера, Јувентус се одлучи да го продаде фудбалерот за 2 милиони евра. Секулов со Сампдорија се обврза на договор до 2028-ма година. #Sekulov is blucerchiato. 🔵⚪️🔴⚫️⚪️🔵 pic.twitter.com/BkVinEpRba — U.C. Sampdoria (@sampdoria) August 14, 2024 Секулов е роден во Пјаченца, неговите родители потекнуваат од Македонија. Го ...

Иван Перишиќ по само седум месеци ја заврши авантурата во Хајдук, а навивачите се бесни затоа што нивниот миленик, кого го повикуваат со години, му го свртел грбот на клубот, тврди тренерот Џенаро Гатузо. Гатузо го исфрли од тимот 35-годишниот Перишиќ во пресрет на гостувањето кај Локомотива, а потоа откри дека Перишиќ му рекол дека сака да го напушти клубот. Спортскиот директор на Хајдук Никола Калиниќ потврди дека времето на Перишиќ во ...

Српските олимпијци синоќа пристигнаа во Белград на дочек на кој ги пречекаа околу 40.000 навивачи, но не помина сè во најдобар ред. Имено, најдобриот играч на српската ватерполо репрезентација и најдобар стрелец на Олимписките игри, Душан Мандиќ, не сакаше да се ракува со градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ. Другите српски ватерполисти се ракуваа со градоначалникот на Белград, а Мандиќ само помина покрај него и остро го погледна. ...

Повеќе од трогателна приказна ни доаѓа од Шведска од аматерски клуб. Фудбалерите на Калмар направија видео за поддршка на капитенот Маркус Херман во знак на поддршка во неговата борба против ракот. Powerful video by Swedish club Kalmar AIK FK where the full squad supports Hemen with his battle against cancer 🥹💙🇸🇪 pic.twitter.com/m6p79X9vlZ — 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) August 12, 2024 Кога Херман влезе во ...

Шок владее во азискиот дел на Истанбул по елиминацијата на Фенербахче во борбата за Лигата на шампионите. Со играч повеќе, Лил постигна гол на четири минути пред крајот на продолженијата и го остави тимот на Жозе Мурињо без ЛШ оваа сезона. Фенер сега ќе се спушти во групната фаза од Лига Европа, но Мурињо не е ентузијаст за новиот формат. – Не знам зошто Лигата на Европа и Лигата на шампионите се во тој формат, но мора да се прилагодиме. ...

Столе Димитриевски пред извесно време потпиша за Валенсија, но неговата иднина во овој клуб се уште е неизвесна, односно не е познато дали ќе биде првиот избор. Се спомнуваше дека е можно негово враќање во Рајо Валјекано на позајмица. Неговиот статус во Валенсија зависеше пред се од првиот голман Мамардашвили. Имено, се нејавуваше негов трансфер по крајот на минатата сезона, но работите некаде закочија. Тој се уште е играч на Валенсија. ...

Вечерва во Варшава освојувачот на Лигата на шампионите Реал Мадрид и освојувачот на Европската лига Аталанта ќе играат за трофејот во Суперкупот на Европа, а пред натпреварот лоши вести за Кралевите. Имено, играчот од средниот ред на Реал, Едуардо Камавинга заработи тешка повреда на последниот тренинг, поради што нема да може да игра, а постои сомневање дека му се оштетени лигаментите на коленото. Glad that Camavinga was still walking after ...

Иако во подготвителниот период се најде на списокот на фудбалери на новиот тренер на Јувентус Тиаго Мота, сепак фудбалерот со македонско потекло, Никола Секулов нема да заигра за Јувентус оваа сезона во најислната италијанска лига. Имено, според италијанските медиуми Јувентус за 2 милиони евра го продал Секулов на Сампдорија. Секулов во текот на денот треба да го комплетира трансферот во Сампдорија, со кој ќе потпише договор до 2028-ма ...

Екипата на Монако направи изненадување и ја совлада Барселона со 3:0 и и го зема трофејот пред нос. Секоја година пред почетокот на сезоната, Барселона како домаќин организира турнир „Жоан Гампер“. Оваа година за пехарот се бореа Барселона и Монако, а со головите на Камара, Емболо и Диоп, Монако славеше со убедливи 3:0. – Игравме добро во првите минути и создадовме многу добри шанси. Но, генерално денеска ни недостигаше контрола, самодоверба, ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри одмара во Дубровник, а утрово ги изненади жителите на овој хрватски град, особено возачите. Имено, Ѓоковиќ активно ја одржува формата и за време на одморот, а решил да трча на тротоар во близина на многу фреквентен пат. Во меѓувреме се појави фотографија на која се забележува дека Новак додека трчал бил без маица. #SundayMotivation Spotted earlier today in ...

Олимписката боксерска шампионка Имане Келиф доби фантастичен пречек во родниот Алжир, откако го освои златниот медал во Париз среде многу контроверзии. Алжирската освојувачка на златен медал во бокс во полутешка категорија синоќа пристигна во главниот град на нејзината земја заедно со другите освојувачи на медали како што се гимнастичарката Кајлија Немур и тркачот Џамел Сеџати. Приемот го организираше министерот за спорт Абдерахман Хамад, а ...

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума се извини откако беше фатен како вдишува азотен оксид. Тој може да биде казнет за своите постапки, јавија медиумот од Островот. Бисума постави клипови на „снапчет“ минатата недела на кои се гледа како користи дрога од наркотик „Ц“, познат и како „рајски гас“. Репрезентативецот на Мали го призна своето дело и е предмет на истрага од страна на клубот. Сега за него останува да ја чека конечната ...

Хулиан Алварез и официјално е нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Напаѓачот доаѓа од Манчестер Сити, кој со неговата продажба го сруши клупскиот рекорд. You are not ready 😏 pic.twitter.com/AK5JdHNuOF — Atlético de Madrid (@atletienglish) August 12, 2024 Алварез, потпиша шестгодишен договор со Атлетико Мадрид, односно до 2030 година. 24-годишниот Аргентинец, репрезентативец на својата земја, е разновиден напаѓач кој е брз, вешт. и има одлична ...

„Моето село, поубаво од Париз“, е хит на познатиот српски фолк пејач Раде Јоровиќ, а во целост одговара на сцената што вчера беше видена на Градскиот Хиподром во Сомбор. Најдобриот светски кошаркар Никола Јокиќ вчера со соиграчите се врати од Олимписките игри во Париз, а веднаш по слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“, ѕвездата на српската репрезентација се упати кон Сомбор. Јокиќ побрза да стигне до дербито за трчање во кое учествуваа и ...

Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз кои вечерва свечено ќе бидат затворени. Најмногу медали во 16. натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава. Македонија не освои медал на Игрите во Париз на кои настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо. Топ 5 ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
85%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1003
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1001
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.67
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
80%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
97%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
92%
1001
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
87%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Паладиум

546.56

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Калај

46.91

Родиум

336779.07

Сребро

2460.50

Бакар

11.69