Фудбалскиот тренер на Реал, Карло Анчелоти изјави дека нивниот ривал Борусија Дортмунд заслужено се пласираше во финалето на Лигата на шампионите. Фудбалерите на Реал и Борусија ќе играат в сабота на „Вембли“ во битка за титулата европски првак, а тренерот на кралскиот клуб ја симнува улогата на фаворит од својот тим. „Нема да кажеме дека сме фаворити, играме против екипа која заслужува да биде во финалето. Знам дека ќе биде борба како и секое ...

На денешен ден, пред 33 години, Црвена Звезда стана европски првак со победата против Олимпик Марсеј по изведувањето пенали 5:3 (0:0) во финалето на Купот на шампионите во Бари. Црвено-белите на 29 мај 1991 година влегоа во историјата и направија успех каков што досега и оттогаш ниту еден клуб од овие простори не го постигнал. Во овој состав на Црвена Звезда настапија двајца македонски фудбалери, едни од најдобрите кои Македонија ги имала. ...

Малцинскиот сопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, кој има план да стане мнозинство во иднина, одлучи да направи пресврт во клубот. Само неколку дена откако Јунајтед го освои ФА Купот победувајќи го градскиот ривал Сити (2:1), сите вработени во клубот добија доверлив мејл кој брзо „протече“ во јавноста. Манчестер Јунајтед сака итно да го намали бројот на вработени, за да ги намали трошоците и порационално да ги троши парите, но во исто ...

Во Манчестер Јунајтед се подготвуваат сериозни промени, а тоа би требало да значи и заминување на голем број фудбалери. Наводно на тој список се наоѓа и Касемиро кој е интересен за клубови од Саудиска Арабија. Бразилскиот играч за врска пристигна на Олд Трафорд пред две години како големо засилување. Во првата сезона може да се каже дека беше, со седум гола и асистенции на 53 натпревари. Овие, дел поради повреди, дел поради други работи, ...

Голманот на Краснодар и на руската фудбалска репрезентација, Матвеј Сафонов пристигна во Париз на лекарски преглед, пред да потпише за Пари Сен Жермен. Клубовите го договорија трансферот на 25-годишниот голман. Договорот ќе трае пет години, а Краснодар ќе заработи 20.000.000 евра обештетување. Во сезоната која заврши викендот, Сафонов одигра 30 натпревари за Краснодар во руската Премиер лига, во кои ја задржа 11 мрежата. Во последното коло ...

Ждрепката за вториот Гренд слем од сезоната, Ролан Гарос ги соочи во првото коло Рафаел Надал и Александар Зверев. Како бомба одекна веста дека човекот кој 14 пати го освојуваше парискиот Гренд слем ќе се соочи со еден од главните фаворити за титулата како четврти носител на стартот на турнирот. Иако уште е во Женева, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ не пропушти да го прокоментира дуелот, откако верува дека тоа ќе биде спектакуларен ...

Бројни медиуми во Шпанија веќе неколку дена пишуваат дека празното место на клупата на Барселона ќе го заземе Ханси Флик, а се чини дека сагата е завршена и информацијата наскоро ќе биде официјализирана. Имено, Флик синоќа слета на аеродромот во Барселона и набрзо беше забележан од бројни медиуми во пресрет на вечерата што ја имаше со претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Германскиот тренер на тој начин ги водеше последните ...

Селекторот на Германија, Јирген Клоп не можеше да ги задржи солзите откако ги слушна скандирањата од навивачите на Ливерпул на настанот организиран по повод неговото заминување од клубот. Имено, Клоп го водеше Ливерпул девет години и со него постигна забележителни резултати пред да се прости од клубот. Тој накратко се врати во градот на синоќешното организирано збогување „Ноќ со Јирген Клоп“, кое беше исполнето со емоции. Jürgen Klopp can't ...

Нема повеќе дилеми. Нов тренер на Челси ќе биде Италијанецот Енцо Мареска. Двете страни постигнаа договор, кој ќе биде потпишан на пет години, со опција за продолжување на уште една година. За Мареска ова ќе биде трета самостојна работа во кариерата. Во неодамна завршената сезона го предводеше Лестер, кој успеа да го врати во Премиер лигата. Тој претходно работеше како асистент во Манчестер Сити, каде ја започна својата тренерска кариера во ...

Македонскиот репрезентативен голман, Дејан Илиев е оптимист дека може да се одигра на високо ниво против Хрватска и со Чешка. – Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните кои ги одигравме. Хрватска е многу квалитетна репрезентација, се подготвуваат за настап на Европското првенство, но наша обврска е да го дадеме најдоброто од себе и да веруваме во позитивен резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешки ...

Фудбалерот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ донел одлука за својата иднина во мадридскиот клуб. – Одлуката за мојата иднина е донесена, но сè уште не можам да ви кажам за тоа. Секогаш сум велел дека сакам да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, тоа е она што навистина го сакам. Ова е мојот сон, ова е мојот дом, клубот на мојот живот. Сакам исто збогување како и Тони Крос, го цитира Модриќ, новинарот Фабрицио Романо. Претходно беше објавено ...

Фудбалерите на Кадиз испаднаа од Примера и следната сезона ќе играат во Сегунда. По завршувањето на сезоната во шпанското првенство, експедицијата на овој клуб замина во Салвадор на еден натпревар. 🟡 La plantilla del @Cadiz_CF ya parte de vuelta a Cádiz tras estar en el aeropuerto de Sevilla por casi 3 horas. 🛩️ El avión que les llevaba a El Salvador chocó con un pájaro y provocó la rotura de uno de los motores, haciendo que aterrizase en ...

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо го собори рекордот на шампионатот на Саудиска Арабија по постигнати голови во една сезона. Во понеделник, 27 мај, 39-годишниот Португалец постигна два гола во натпреварот од 34. коло со Ал-Итихад (4:2). Овие голови беа 34. и 35. за фудбалерот во тековната лигашка сезона. Претходниот рекорд му припаѓаше на напаѓачот на Ал-Итихад, Абдеразак Амдала, кој постигна 34 гола во сезоната 2018/19. Вкупно, ...

Капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди поради повреда заработена на последниот натпревар за својот клуб Трабзонспор, не е во можност да се стави на располагање на македонската А репрезентација за натпреварите против Хрватска и Чешка. Истегнување на лигаментите на зглобот на десното рамо е повредата здобиена на мечот од последното коло во турското првенство која го спречува нашиот репрезентативец да биде дел од подготовките и ...

Се крена многу прашина без воопшто да започне Ролан Гарос. Во женска конкуренција поранешната шампионка на УС Опен, Ема Радукану, не доби специјална покана и одби да се натпреварува, а сега нејзиниот пример го следеше и Каролина Вознијацки. Данката, која беше број еден на ВТА листата во 2010 година, го освои Австралија Опен и двапати беше во финалето на УС Опен, а сега како 119-та во светот исто така не доби посебна покана. Поради тоа не и ...

Кошаркарите на Далас поведоа во полуфиналната серија од НБА плеј-офот откако утринава во Таргет Центарот ја совладаа екипата на Минесота Тимбервулвс со резултат 108:105. Минесота подобро го отвори натпреварот, имаше мала предност, но Далас не се предаде и го одржуваше изедначено до полувремето кое заврши со резултат 62:59 за домашните. Далас продолжи да игра нешто подобро и во вториот дел, а пред последната четвртина Минесота сепак имаше ...

БОЛОЊА му се приклучени на Саутемптон во интересот за напаѓачот на Абердин, Бојан Миовски. Според угледниот Дејли Мејл, Абердин поставил цена од 6 милиони фунти, односно околу 7 милони евра. Се очекува македонскиот напаѓач да го напушти Абердин ова лето, кој постигна 26 гола во сите натпреварувања. Според Дејли Мејл за него се интересираат и Феенорд и Селтик, но сепак Болоња и Саутемптон се клубовите кои покажуваат поголем интерес. Јасно е дека ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски е одличен пријател со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Стефан Ристовски. Стефан Ристовски е одличен пријател со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, од заедничките денови поминати во Спортинг Лисабон и двајцата не пропуштаат прилика да го покажат тоа. Пред два дена Динамо на градскиот плоштад во Загреб ја славеше титулата и во таа ситуација Ристовски се фотографираше со ...

Само два дена по победата над Манчестер Сити (2:1), на Тен Хаг ќе му се каже да ги спакува куферите од Олд Трафорд. Она што се најавуваше со недели, дури и без разлика на исходот од финалето на ФА Купот, е пред потврда. Британските медиуми, пред се Дејли Мејл, наведуваат дека Тен Хаг е веќе поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед. По две повеќе од неуспешни сезони, Холанѓанецот го напушта Театарот на соништата. 🚨 BREAKING: Manchester United ...

Познатиот уругвајски напаѓач Диего Форлан е главниот виновник што секое соблекување на дресот по постигнување гол се казнува со жолт картон. Имено, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед практично ја „примора“ ФИФА да ги промени правилата и да казни со жолт картон играч кој ќе го соблече дресот при прослава на гол. Во далечната 2002 година „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ му гостуваа на тимот на Саутемптон и славеа вредна победа со ...

Пеп Гвардиола не планира да остане во Манчестер сити за сезоната 2025/26. Според „Дејли мејл“ следната година ќе биде последна за главниот тренер во тимот, иако раководството би сакало да го задржи Шпанецот и е подготвено да склучи долгорочен договор со него. Забележано е дека „Граѓаните“ ќе бараат наследник на Гвардиола. Меѓу опциите е и Мичел Санчез од Жирона, тим исто така во сопственост на „Сити Фудбал Груп“. Гвардиола е на чело на ...

Тренерот на Барселона Чави го сподели своето мислење за неговото заминување од клубот. – Сакав да останам, но ми рекоа дека не можам. Изгледа уште од првиот ден се што кажав предизвика земјотрес. Навистина не знам зошто, ги цитира новинарот Фабрицио Романо зборовите на Чави. На 24 мај Барселона објави дека 44-годишниот Чави ќе ја напушти функцијата. Се очекува неговото место да го заземе германскиот специјалист Ханс Флик. Каталонците го ...

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико, втора сезона по ред настапува во натпреварувањето Порше Суперкуп, кое има највисок глобален ранг, бидејќи во него настапуваат најдобрите од големиот број серии кои се возат низ светот. Традиционално, трките од Порше Суперкуп се возат пред оние од Формула 1, па така за време на Ф1 викендот во Имола, Вуков продолжи онаму каде што требаше да започне минатата сезона, но трката беше откажана поради ...

Француското обвинителство покрена истрага за трговија со културни добра откако наградата за најдобар играч на Светското првенство на Диего Марадона се појави од никаде и треба да се најде на аукција на 9 јуни во Ноис. Одделно, наследниците на легендата сакаат да ја блокираат продажбата со образложение дека е украден од банкарски сеф во Неапол во 1989 година. Франс Фудбал го награди Марадона во познатото кабаре Лидо, а потоа наградата исчезнува. ...

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ најави дека на натпреварот со Македонија неговата селекцијата нема да биде комплетна. „Денеска тргнуваме со подготовките. До 3 јуни сите би требало да се тука, ќе се собираме во од што се вели. Против Македонија нема да бидеме комплетни и на тој меч ќе добијат шанса тие играчи што ќе бидат од стартот на подготовките. Тоа значи дека нема да можам да сметам на Лука Модриќ, Марсело Брозовиќ и ...

Екипата на Баскет Кам е ново-стар македонски кошаркарски шампион во женска конкуренција. Тимот од Македонска каменица синоќа во Скопје, во третиот натпревар од финалната серија на плејофот, уште еднаш го победи Вардар, овој пат со 77:74. По двете победи на свој терен, кошаркарките кои ги предводи Жаклина Стојановска, во СРЦ „Кале“ ставија печат на титулата. Баскет Кам 2011 како прва екипа која ги обедини трите круни (првенство, куп и суперкуп) ...

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта му соопштил на Чави дека повеќе нема да биде тренер на тимот. Соработката на легендарниот фудбалер е завршена и тој по крајот на сезоната заминува. Ова го соопшти Барселона преку официјално соопштение, иако до крајот има да се одигра уште еден меч. Наводно, веќе следната недела се очекува Барса да ги прецизира работите со новиот тренер Ханси Флик. ▶ Comunicat del FC Barcelona https://t.co/wwUVnbJqqz — FC ...

Кај него не важеше народната поговорка „по утрото се познава денот“. „Дебитирав на Пољуд против Динамо, загубивме 4:0. Многу убав резултат за почеток на сениорска кариера“ – се смее Роберт Јарни на почетокот на ексклузивниот разговор со колумнистот на МОНДО, Небојш Петровиќ, во новата епизода на култното шоу ‘My TOP 11’. Но, она што е интересно за нас од овој разговор со легендата на југословенскиот и хрватскиот фудбал. Присетувајќи се на ...

Бразилскиот играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед, Лукас Пакета (26) е обвинет денеска од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за четири наводни прекршувања на правилата на обложување. Бразилскиот репрезентативец е обвинет дека намерно побарал да му биде покажан картон на четири натпревари во Премиер лигата во 2022 и 2023 година. Спорни се натпреварите на Вест Хем против Лестер (12 ноември 2022 година), Астон Вила (12 март 2023 година), ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес го објави списокот на повикани играчи за двата контролни натпревара на гостински терен против соодветните селекции на Полска и Босна и Херцеговина. Повик од Канатларовски добија: Голмани: Марко Алчевски, Стефан Тасев и Љупче Џеков. Одбрана: Методи Максимов, Стефан Деспотовски, Решат Рамадани, Имран Фетаи, Андреј Стојчевски, Давор Серафимов и Ѓорѓе Џеков. Среден ред: Иван ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
16%
1016
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
1.54
30%
1016
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
3.09
41%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
21%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
1.45
18%
1015
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
4.47
40%
1015
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
4.92
26%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
24%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
27%
1015
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
5.66
26%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
50%
1016
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62