Дали Тибо Куртоа имаше проблеми со својот ривал Кејлор Навас во Мадрид? На оваа тема во едно неодамнешно интервју зборуваше и самиот белгиски голман, осврнувајќи се на времето кога двајцата голмани играа во белиот дрес. Кога Куртоа дојде во Реал Мадрид, тој беше нервозен за тоа како ќе биде примен од тренерот Зинедин Зидан. Белгиецот мислеше дека фаворит на тренерот ќе биде Кејлор Навас, кој во тоа време беше прв голман. Сепак, Зидан зборуваше ...

Се чини дека Ал-Наср е сериозен во врска со Стефано Пиоли. Поранешниот тренер на Милан, всушност, наскоро може да ја добие „палката“ од Луис Кастро. Хипотезата за трансфер на Пиоли во Саудиска Арабија веќе се појави летото, кога за него интерес покажа Ал-Итихад, пред да го избере Лоран Блан. Сега, сепак, се чини дека клубот од Ријад е подготвен да го финализира договорот со Пиоли, кој би се нашол како тренер на Кристијано Роналдо, но не само ...

Од грешката направена против Германија на мечот одигран со холандската репрезентација, Матијс де Лигт успеа да ги избрише последиците кои можеа да му ги предизвикаат националните медиуми. Тој се врати како лидер во одбраната на Манчестер Јунајтед во победата од 3:0 над Саутемптон, што му овозможи и да биде награден како МПВ на натпреварот. „Беше навистина важно да се победи. Ако добиете три бода на три натпревари, тоа не е доволно, па имавме ...

Парагвај викендов го потресе смртта на фудбалерот Исмаел Домингез (15), кој почина како последица на ударите кои ги доби за време на тепачка на натпревар. Трагедијата се случи во парагвајскиот град Сан Бернардино за време на натпреварот помеѓу Национал и Бојуерон ФБЦ. На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа дека дошло до тепачка меѓу играчите на овие два тима. "EL NIÑO CAYÓ EN MIS BRAZOS" | |💔🥺😭 🗣Leonardo Vip, DT del ...

Наполи изгледа го остави зад себе лошиот пораз од првиот ден од Верона и по успехот од 4:0 во Каљари веднаш стигна до врвот во Серија А. Фабио Капело, за време на неговото вообичаено гостување во „Газета дело Спорт“, го коментираше моментот на тимот предводен од Антонио Конте: „Чистата победа постигната во Каљари потврди дека и Наполи може да биде фактор за титулата. Причината е многу едноставна, тимот на Антонио Конте го има само првенството, ...

Претставници на Динамо Загреб го повикаа својот поранешен голман Георг Кох, на кој му остануваат уште неколку месеци живот, на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Баерн. Кох бранеше за Динамо во сезоната 2007/08, а неодамна даде емотивно интервју во кое призна колку му е тешко да се бори со ракот на панкреасот. “Има денови кога сум депресивен и мојата глава е празна, но има денови кога можев да рушам дрвја. Нема начин да ...

На талентираниот голман на Унион Берлин Беркин Арсланогулари (19) му беше ампутирана ногата откако пред неколку месеци му беше дијагностициран рак на коските. Арсланогулари ги помина сите помлади категории на клубот од Берлин, а за првиот тим на Унион дебитираше на 21 март годинава на пријателскиот натпревар против Магдебург. Но, не долго по неговото деби, тој доби страшни вести. Лекарите му рекле дека боледува од рак, па веднаш почнал со ...

Американскиот фудбалски клуб Интер Мајами го продолжи договорот со Бенџамин Кремаски до 2027 година. Договорот вклучува опција за уште една сезона за 19-годишниот Американец. „Тој е дел од големата приказна за нашиот развојен пат и возбудени сме што ќе продолжиме со нашата заедничка посветеност во годините што доаѓаат“, изјави спортскиот директор на Интер Мајами, Крис Хендерсон . Неговата иднина е исклучително светла и со нетрпение очекуваме ...

Не се сите лоши вести во Барселона откако беше откриено дека Дани Олмо ќе отсуствува четири до пет недели. Каталонците можат да се „засилат“ со Ансу Фати и Фермин Лопез. Фати се повреди во подготвителната сезона, а Лопез заработи повреда со репрезентацијата на Шпанија до 21 година. Двајцата играчи на Барса би можеле да му бидат на располагање на Ханзи Флик за пресметката на Каталонците со Монако на 19 септември во главната фаза од Лигата на ...

Со шест натпревари денеска ќе биде даден старт новата сезона во Лигата на шампионите. Сезоната 2024/25 ќе биде историска за најпрестижниот европски клупски турнир бидејќи дебитира во нов формат – главната фаза, која ќе донесе крај на групната фаза. Новиот формат на SHL ќе понуди некои новитети. Бројот на натпревари ќе се зголеми од 125 на 189. Екипите повеќе нема да бидат 32, туку 36 и ќе бидат вклучени во едно рангирање . На секој клуб ќе му ...

Крајно чудна појава може да се случи кога зборуваме за Милан и домашните натпревари на „росонерите“ на европските клупски турнири, а особено Лигата на шампионите. „Сан Сиро“ е далеку од целосно распродаден, иако го пречекува првиот натпревар на Милан од Лигата на шампионите во вторник во 22 часот, кога тимот на Пауло Фонсека е домаќин на Ливерпул. На нешто повеќе од 24 часа пред почетокот, 55.000 билети се продадени од вкупно нешто над 75.000, ...

Од 20 до 22 септември во Берлин ќе се игра Лејвер купот, основан од Роџер Федерер. Ова ќе биде седмо издание на турнирот на Роџер, а прашање е дали ќе има и осмо, со оглед на тоа што турнирот на Федерер има финансиски проблеми. Шпанска „Марка“ пишува дека турнирот од лани се губи, се губи пари, па сега решиле да заработат од репрезентативците во Берлин. Најевтините билети за годинешниот Лејвер куп се 300 евра, а за најлуксузните седишта на ...

Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, не се сомнева кој е најдобриот на сите времиња во најбрзиот вагон. Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Верстапен. „Тој ја има оваа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер. На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај. „Макс е секогаш на вистинското место во ...

Голманот на Ливерпул, Алисон го критикуваше новиот формат на Лигата на шампионите и верува дека благосостојбата на играчите се занемарува. Бројот на натпревари пред нокаут фазата е зголемен од шест на осум, а главната фаза ќе трае до крајот на јануари, додека според стариот формат групите завршуваа на почетокот на декември. Алисон инсистира дека со толку зафатен календар се поставуваат премногу барања од елитните играчи на меѓународно и ...

Најдобриот македонски автомобилист и трикратен европски првак Игор Стефановски – Иџе заврши третопласиран на последната трка во рамки на Европското шампионат на ридски патеки која изминатиот викенд се одржа во хрватскиот град Бузет, што му беше доволно да го потврди првото место во групата 1 во ова европско натпреварување. Стефановски во објава на социјалните мрежи истакна дека овој голем успех не е само негов личен, туку и на целата држава. ...

Играчот од средниот ред на Интер, Кристијан Аслани, потпиша нов договор со „нероаѕурите“ до 2028 година, соопштија од клубот. Аслани моментално е еден од најслабо платените играчи на Интер, земајќи годишна плата од само 1 милион евра по сезона. Албанскиот репрезентативец дојде во Интер пред три сезони од Емполи, а „нероаѕурите“ за него платија 15 милиони. Тој забележа 46 настапи во Серија А оваа сезона, постигнувајќи го својот единствен гол ...

Тренерот на Реал Мадрид – Карло Анчелоти, ја одреди групата на „кралевите“ за домашниот тим против Штутгарт во натпревар од првото коло во Лигата на шампионите. Натпреварот на Сантијаго Бернабеу е денеска 17 септември од 22:00 часот. Во групата изненадувачки се најде централниот дефанзивец Едер Милитао, кој имаше проблеми и го пропушти тренингот на тимот во понеделникот. Во ростерот се враќаат Џуд Белингам и Орелиен Чуамени, и двајцата се ...

Оваа сезона сите погледи се вперени во дуелот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал во битката за титулата во Премиер лигата. Артета беше надграден од тим кој до самиот крај беше конкурентен на „Граѓаните“, а се создава атмосфера дека годинава конечно е „онаа“. Првата средба помеѓу Сити и Арсенал оваа година ќе биде на 22 септември на стадионот „Етихад“. Пеп Гвардиола во интервју за „Скај спорт“ изјави дека не сака средби со менаџери кои добро ги ...

Реал Мадрид во вторник (21 ч.) ќе го одигра првиот натпревар во овогодинешната Лига на шампиони против Штутгарт. Дел од прес-конференцијата на Карло Анчелоти беше, уште еднаш, посветен на расистичката злоупотреба што ја претрпе Винисиус. А што е со Ламин Џамал? Веќе подолго време Винисиус е мета на расисти на настаните за тројство во Шпанија и стана многу честа тема, сосема со право. Минатиот викенд Винисиус повторно имаше порака до навивачите ...

Екипата на Удинезе победи со 3:2 кај Парма во петтото коло од Серија А. Гостите стигнаа до точка на славје благодарение на големиот пресврт во вториот дел. Сцената за шоуто на тимот од Удине ја поставија играчите на Парма, со головите на Енрико дел Прато во втората минута по удар од корнер и Анже-Жоан Бони во 43. минута. На 2:1 зголеми Лоренцо Лука со глава во 49. минута . Израмни Флоријан Товин во 69. минута. На пресвртот му помогна вториот ...

Продолжуваат критиките кон Тен Хаг, тренерот на Манчестер Јунајтед. Тимот од Олд Трафорд и оваа сезона не започна добро, иако во последното коло како гости го совлада Саутемптон. Стилот на игра на Јунајтед беше критикуван од Двајт Јорк, поранешен напаѓач на тимот од Манчестер. „Со Тен Хаг на клупата, Јунајтед е милиони километри оддалечен од титулата во Премиер лигата. По неговата прва сезона мислев дека тој е човекот што го одведе Манчестер ...

Грузискиот ММА борец Мераб Двалишвили стана нов шампион на УФЦ во бантам категорија, а неговата животна приказна по пристигнувањето во САД воопшто не беше лесна. Мераб пристигнал во САД кога имал 21 година и морал да работи во градежништво за да преживее. You may not like his style, but you have to respect Merab Dvalishvili's journey. Hard work and determination only. #UFC306 #NocheUFC pic.twitter.com/OwjsJqqYNS — The Fight Bubble ...

Тениската репрезентација на Србија остана меѓу елитата на Дејвис купот, а на најновата АТП листа немаше промени во однос на минатата недела. Новак Ѓоковиќ остана четврти со 5.560 бодови, со тоа што и неговото место е загрозено бидејќи малку заостанува Русинот Данил Медведев (5.475). Крајот на годината сигурно ќе го дочека Јаник Синер кој по триумфот на УС Опен е убедлив лидер со 11.180 поени. Втор е Александар Зверев (7.075), Карло Алкараз трет ...

Лионел Меси по повеќе од два месеци се враќа на терените поради повредата со која се здоби во финалето на Копа Америка. Аргентина тогаш, предводена од еден од најдобрите играчи во историјата, стигна до втората последователна титула континентален шампион. „Гаучосите“ се и актуелни светски шампиони, бидејќи во 2022 година славеа во Катар. Тоа беше единствениот трофеј што му недостасуваше на Меси во неговата неверојатна кариера. Многумина очекуваа ...

Жирона минатата сезона блекаше во Ла Лига, позитивно изнаенадена беше цела Шпанија, одиграа сезона со која избори пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. За Жирона ова е историски настап во ЛШ, првиот натпревар го играат в среда од 21 часот на „Паркот на принцовите“ во Париз против најдобриот француски тим Пари Сен Жермен. Опоравувањето на нашиот Бојан Миовски го искористија за најава на почетоко на натпреварувањето, тие дадоа кратка ...

Сеск Фабрегас, тренерот на Комо во Серија А, се соочува со проблеми надвор од теренот. Поранешниот ас на Барселона, Арсенал и Челзи сега живее во Бисон, Швајцарија, кој е оддалечен 25 километри од Комо. Станот не го купил туку го изнајмува и според италијанските медиуми веќе должи околу 36 илјади евра за кирија. Поради ова, сопственикот на станот решил целиот случај да го изнесе на суд. Рочиштето е закажано за следната недела. Доколку го добие ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Браим Дијаз ќе мора да направи долга пауза! Мароканецот заработи повреда во првото полувреме во победата над Реал Сосиедад, а денеска по прегледот беше утврдено дека ќе отсуствува подолго време. По деталните прегледи, констатирана е тешка повреда на адукторот, поради што ќе биде надвор од терените до крајот на 2024 година. Ова секако е проблем за Карло Анчелоти бидејќи Дијаз беше од големо значење во ротацијата, кој ...

Баерн Минхен е без двајца десни бека. Саша Бои заработи повреда на менискусот на левото колено, поради што мораше да оди на операција и ќе отсуствува неколку недели. Надвор од терените е и Јосип Станишиќ, кој ќе биде отсутен најмалку до ноември. Ова значи дека Винсент Компани мора да импровизира или да го врати Кимих во близина на десната аут линија. Сепак, тој и Палиња досега формираа тандем од средниот ред, па останува да се види како ќе ...

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, призна дека нема да биде лесно да се убеди Џамал Мусиала да остане во клубот. Баерн минува низ одредена транзиција, остана без титулата и пехарот во последната сезона во Бундеслигата, не се прослави во Лигата на шампионите, но сака експресно враќање таму каде што се навикнати – на самиот врв. Една од операциите што е неопходно да се случи во тој процес е преостанатиот огранок на нивната школа и ...

Тешко повреден Дани Олмо! Иако утрово првично стигна веста дека ќе отсуствува седум дена, се работи за повреда на грбот поради која може да биде надвор од терените и до пет недели! Барселона преку официјално соопштение потврди дека Олмо ќе биде надвор од терените најмалку еден месец и дека планот е да се врати во втората половина на октомври. Сепак, ова е голем проблем за Ханси Флик, бидејќи се уште се надвор од терените Гави, Френки де Јонг, ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
33%
1022
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
47%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
52%
1023
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
59%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.22
44%
1021
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
60%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
6.26
38%
1019
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
36%
1019
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
26%
1020
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
45%
1021
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.03
40%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
38%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62