„Тоблероне“ ќе ја отстрани силуетата на планинскиот врв Матерхорн од своето пакување зашто производството на ова чоколадо делумно ќе се пресели од Швајцарија во Словачка. Американската компанија „Монделез“ кажа дека препознатливата слика ќе биде заменета со некој погенерички врв. Според строгите швајцарски правила усвоени во 2017, националните симболи не смеат да се користат за промовирање производи на база на млеко кои не се ексклузивно ...

Додека археолошките локалитети на Перу привлекуваат милиони туристи годишно, тамошната кујна остана една од најдобро чуваните тајни на Јужна Америка. Таа доби голем поттик откако „Сентрал“ во Лима беше прогласен за најдобар ресторан на светот за 2023. Ова е првпат јужноамерикански ресторан да ја освојува титула, а Лима има уште три ресторани во најдобрите 50, што претставува голем триумф за перуанската кујна, која се претвори во глобален бренд ...

„Бруклин кет кафе“, кафуле во Њујорк кое во исто време е и прибежиште за мачки, сега на своите гости им нуди нова можност, да вежбаат јога со мачки. Оригинално отворено во мај 2016 година, кафулето неодамна се пресели на многу поголема локација и отсега организира и часови по јога, во коишто учествуваат и неговите домаќини – мачки. Кафулето го води непрофитна организација за заштита на животни, чија мисија е да спасува њујоршки улични мачки, ...

Тајландската масажа е најновото име на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, со што беше призната како нешто што треба да се зачува за идните генерации. Позната под името Нуад Таи, таа оригинално потекнува од Индија, но со векови се практикува во Тајланд, додека на светско ниво се популаризираше со отворањето на специјално училиште во 1962 година. Оттаму излегле повеќе од 200.000 професионални масери кои работат во 145 држави. Нуад ...

Словенија е позната како земја на здрави води, со над 13 сертифицирани природни бањски одморалишта и многу други бањи со различна големина. Термопанонскиот регион на истокот на Словенија е познат по ваквите водни чуда, кои имаат лековити ефекти благодарение на калта богата со минерали. Релаксацијата започнува брзо, бидејќи топлата кал брзо почнува да дејствува, а додека топлината навлегува во мускулите, стресот се намалува. По третманот, ...

Индискиот премиер Нарендра Моди ја промовира јогата како начин на создавање „имунолошки штит“ од коронавирусот, додека земјата се соочува со неговото нагло ширење и моментално е четврта на светот според бројот на заразени. Моди, кој редовно практикува јога, испрати порака преку Јутјуб во пресрет на Светскиот ден на јогата, што Обединетите нации пред шест години го прогласија на негова иницијатива. „Сите знаеме дека никаде на светот досега не е ...

Во услови кога на теретаните и фитнес центрите сѐ уште не им е дозволено да продолжат да работат, јога вежбите во Торонто почнаа да се одржуваат на отворено. Ова е овозможено со поставувањето на 50 приватни, чисти куполи кои гарантираат безбедна физичка дистанца меѓу оние кои вежбаат. „Сега повеќе од кога било е важно да работиме заедно за да им обезбедиме на луѓето сигурни и креативни начини да останат здрави и активни додека истовремено се ...

Дали е безбедно да се оди во теретана за време на пандемијата на коронавирусот? Ако ширењето на заразата е слабо контролирано во вашата средина, подобро е да се избегнува, велат експертите. Во подобри услови, ризикот може да се минимизира. „За да се обезбеди сите да вежбаат на растојание од два метра, теретаните би требало да ги поместат справите, да заградат одредени подрачја и да го намалат бројот на корисници“, вели д-р Мерибет Секстон, ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека 80 отсто од младите луѓе не водат здрав живот. „Секое движење се брои. Сите ние секојдневно мора да се движиме, на безбеден и креативен начин“, вели шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус. Нема дилема, вели СЗО, дека карантините и рестрикциите воведени поради пандемијата на ковид-19 го отежнаа здравиот начин на живот, но од друга страна, здравјето никогаш не било поважно. Децата и ...

Родена е во Македонија, живее во Австралија, но вели дека срцето и душата ѝ се во Африка. Билјана Јуруковски во изминатите девет години повеќепати била во Африка и тоа во оние најдивите и најзафрлени предели, каде што со својот фотоапарат прави извонредни фотографии на најизолирани африкански заедници – племиња, кои ги зачувале своите традиција и култура, но се на работ на исчезнување. Нејзините фотографии од овие патувања биле изложувани во ...

„Лонли планет“ ја објави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување за годината што следува. Австралискиот издавач специјализиран за водичи за патувања, кој оваа година слави пет децении постоење, избра по десет најдобри дестинации во пет категории, а за држава број еден ја прогласи Монголија. „Ова е најретко населената земја во светот и монголската влада е подготвена да почне малку да ја пополнува. 2023, 2024 и 2025 се ...

Од следната година, велосипедистите ќе можат да возат по нова, 2.000 километри долга маршрута, која поврзува осум балкански држави. Трансдинарската патека ќе ги носи велосипедистите низ регион со исклучителна природна разновидност: од бујните шуми на Словенија, преку планините на Црна Гора и Македонија и кристално чистите реки на Србија и БиХ, до прекрасното крајбрежје на Хрватска и Албанија и националните паркови на Косово. „Откако патеката ќе ...

Академијата за урбанизам во Лондон го прогласи малиот холандски град Амерсфорт за Европски град на годината. Оваа установа обединува научници, политичари и специјалисти од цел свет од областа на урбан и регионален развој. Жирито го пофали Амерсфорт за квалитетот на животот, прогресивното урбанистичко планирање и за иновативноста, додека истовремено ги зачува карактерот и наследството на градот. „Амерсфорт се фокусира на добросостојбата и среќата ...

Првпат досега, цел регион ќе биде Европска престолнина на културата. Покрај норвешкиот град Боде и Тарту во Естонија, на 1 јануари оваа титула ја презема и австрискиот регион Салцкамергут. Со повеќе од 200 проекти во текот на 2024 година ќе учествуваат 22 гратчиња од овој регион, од кои како главен ќе се води Бад Ишл, каде што ќе се одржи големото отворање на 20 јануари. Салцкамергут се карактеризира со неверојатни планински и езерски пејзажи и ...

На просторот голем колку девет фудбалски терени, на кој денес има над 3.000 тезги, наводно била поставена првата новогодишна елка во историјата. Така тврдат летонските научници, кои велат дека токму во Рига била накитена првата новогодишна елка. Традицијата наводно почнала на најголемиот пазар во Европа, каде што денес се наоѓаат над 3.000 тезги, што во еден викенд ги обиколуваат и до 100.000 луѓе. УНЕСКО го вклучи ова место во својата листа на ...

Џунгарија е огромно подрачје во северозападна Кина каде што се наоѓа точка која е запишана во Гинисова книга на рекорди. Таа забележа дека таму се наоѓа најоддалечената копнена позиција од отворено море – 2.648 километри. Најблиските мора се Арктички Океан на северот, Индиски Океан на југот и Жолто Море на истокот. Најголемиот град во тоа подрачје е Урумчи, чии жители живеат најдалеку во копнениот дел на Земјата, при што до најблискиот морски ...

Овој викенд, Мадона ја започна светската турнеја во Лондон, каде што испеа повеќе од 40 свои хитови. Сепак, речиси подобри од сет листата се новите облеки на кралицата на поп музиката. Во пресрет на турнејата, „Вог“ разговараше со креативните дизајнери Ејоб Јоханес и Рита Мелсен за одблизу да ги разгледаат креациите на Мадона, изработени по нарачка. Мадона ќе настапува 78 дена во 15 различни земји, па на Јоханес и Мелсен им беше потребна врвна ...

Со објавувањето на серијата „Бекам“ на „Нетфликс“, стилот на Викторија и Дејвид Бекам повторно е во центарот на вниманието, објави „Вог“. Викторија има околу 15 скапоцени прстени со кои може да се пофали за време на 24-годишниот брак со Бекам. Бившиот англиски фудбалер ја побара поранешната членка на групата „Спајс грлс“ за жена со рачно изработен дијамант, направен по нарачка. Набргу по свадбата во Ирска на 4 јули 1999, Викторија почна да носи ...

Сара Дојчиноска од Охрид ја освои титулата втора придружничка, а Белисима Лукарова од Скопје е четврта придружничка на изборот за Мис топ модел на Земјата (Miss Top Model Earth), кој се одржа во Тбилиси, Грузија. Победничката на изборот е претставничката на Украина, а првата придружничка доаѓа од Казахстан. „Ова е нов избор за убавина, се одржа за првпат во организација на продукцијата ‘Аја‘ од Бејрут, со намера да стане традиционален“, изјави ...

Една работа е карактеристична за приватниот живот Тејлор Свифт, таа секогаш има време за своите пријателки. Дури и среде нејзините најголеми романси, пејачката секогаш одвојува време за излегување со друграките. Свифт им се придружи на Селена Гомез, Зои Кравиц и Кели Спери на суши вечера во Западен Холивуд, со изглед со кој докажа дека ја задржува во чекор со трендовите, а сепак останува доследна на нејзиниот личен стил. Свифт носеше бела ...

Моника Белучи беше придружувана од партнерот Тим Бартон на црвениот тепих за премиерата на филмот за Мариа Калас, на Филмскиот фестивал во Рим во петокот. Италијанската актерка (59) ја игра суперѕвездата на операта Марија Калас во филмот, пред Анџелина Џоли да ја преземе улогата во нејзиниот ривалски филм. Многу фанови сега се поделени во мислењата кога станува збор за изгледот на италијанската дива. Имено, Белучи прошетала во многу високи ...

Повеќе од десет црни манекени и манекенки ја бојкотираат Модната недела во Мелбурн, надевајќи се дека ќе го привлечат вниманието кон малтретирањето за кое велат дека го трпат во модната индустрија во Австралија. Тие рекоа дека биле сведоци кога персоналот користел расни навреди пред нив, фризерите кажувале погрдни коментари за нивната коса и биле недоволно платени во споредба со белите модели. Портпаролот на Мелбурн рече дека Модната недела се ...

Серена Вилијамс е првата спортистка која беше прогласена за модна икона од страна на Советот на американските модни дизајнери (ЦФДА). Наградата за придонес кон американската мода ѝ беше доделена на свечена церемонија на ЦФДА во Менхетн, која често се нарекува „модни оскари“. „Уште како мала знаев дека сум поинаква, па затоа ги истражував модата и стилот како начин да се истакнам. На многу начини, тенискиот терен стана моја модна писта, а ...

Седумнаесетгодишната Мелани Трајковска од Делчево ја освои титулата кралица на модата (Queen of fashion) на изборот за убавина „Кралица на Евроазиja“, кој се одржа во Анталија, Турција. Севкупната победничка беше претставничката на Украина. „Ова е уште една во низата титули кои девојките од модното студио ‘Црнокрак’ ги освоија оваа година на интернационалните избори за убавина низ светот, потврдувајќи дека се вистински амбасадорки на ...

Уникатни креации со мотиви од делата на уметникот Пабло Пикасо како инспирација изработија студентите од Институт за текстилно инженерство при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, во соработка со професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева. Креациите беа прикажани сношти на модна ревија во Музејот на Град Скопје, на настанот „носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE“, кој го организираше Амбасадата на Шпанија во Скопје. Како омаж на шпанската ...

2023 беше и година на успешни концерти и турнеи. „Вог“ се наврати на некои од најдобро облечените поп-ѕвезди на концертите во 2023. На врвот на листата се Бијонсе и Тејлор Свифт, кои имаа турнеи на високо ниво. На турнејата „Ренесанса“, Бијонсе носеше футуристички и авангардни креации од повеќе светски модни куќи. Тејлор Свифт на нејзината мегатурнеја „Ери“ носеше приспособени дизајни од Версаче, Роберто Кавали и Оскар де ла Рента со блескави ...

Амбасадата на Јапонија објави конкурс за дизајн на лого за прославата на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија. Од амбасадата појаснуваат дека концептуалното решение треба графички и симболично да ги покаже пријателството помеѓу двете земји и заедничките вредности што ги споделуваат. „Највисоко оценети ќе бидат оние идејни решенија кои ќе бидат едноставни, модерни, но со значење. Изборот ќе биде ...

Групацијата „Рено“ лансираше потполно нова автомобилска марка „Ампер“, под која ќе се развиваат и произведуваат исклучиво електрични автомобили. Целта е електричните возила да се направат подостапни за европските купувачи, а првиот модел ќе биде претставен оваа недела. Извори од компанијата кажаа дека овој автомобил ќе се произведува во словенечката фабрика на „Рено“ во Ново Место. „Ампер“, кој и официјално ќе се оддели од „Рено“ напролет, ...

Организаторите на Европското фудбалско првенство во Германија ја претставија новата топка со која ќе се играат натпреварите следната година и таа содржи вградена технологија што ќе им помага на судиите во ВАР-собата при спорни ситуации. Топката произведена од „Адидас“ се вика Fussballliebe (љубов кон фудбалот), а нејзиниот шарен дизајн ја одразува енергијата на настанот. Првенството ќе се игра во десет германски градови, почнува на 14 јуни 2024, ...

Легендарниот композитор и диригент Александар Џамбазов доби мурал во Скопје. На иницијатива на Општина Центар, муралот го изработија уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка и се наоѓа на зграда на улицата Орце Николов во Дебар Маало, близу кафеаната „Наџак“. Покрај маестро Џамбазов, со муралот му се оддава почит и на детскиот фестивал Златно славејче, што тој го покрена во 1970 година. Градоначалникот на Општина Центар, Горан ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
25%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.57
29%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 28ᴼ
1.03
33%
1018
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
24%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.56
18%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
34%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.2
31%
1016
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
6.17
36%
1017
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
20%
1017
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
27%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
4.12
25%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
8.23
46%
1018
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62