
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Македонската кујна се најде на 61. место на листата на 100-те најдобри кујни на светот, што ја состави светскиот атлас на храната „Taste Atlas“. Притоа се истакнати 42 популарни и традиционални јадења, производи и пијалаци во Македонија, од кои најдобро оценети се ајвар, пастрмалија, тавче гравче, зелник и таратор. На првото место се најде италијанската кујна, пред јапонската, грчката, португалската и кинеската. Хрватска е на 19-то, а Србија на ...
Филмските куќи „СтудиоКанал“ и „Монјументал“ го објавија првиот трејлер за биографскиот филм за Ејми Вајнхаус, „Back To Black“, во режија на Сем Тејлор-Џонсон. Филмот ќе го следи Вајнхаус низ нејзините динамични рани години во Лондон и интензивното патување до славата. Покојната пејачка ја глуми 27-годишната англиска актерка Мариса Абела, која зад себе нема голема колекција улоги, но се појави во „Барби“. Џек О‘Конел го игра бившиот сопруг на ...
Британски научници открија гигантска прстенеста структура во вселената, за која велат дека е толку голема што го предизвикува нашето разбирање на универзумот. Таа има дијаметар од 1,3 милијарди светлосни години и ако се набљудува од Земјата, изгледа 15 пати поголемо од Месечината на ноќното небо. Астрономите ја нарекоа Голем Прстен и е составена од галаксии и кластери на галаксии. Таа не може да се види со голо око зашто е доста далеку, а ...
Романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов ќе биде промовиран на 12 јануари во 19 часот во бифето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Романот е објавен во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. За романот ќе зборуваат Сашко Насев и Стојан Синадинов. Издавачот вели дека „Среќните луѓе не слават родендени“ е семејна драма за едно сиромашно семејство од Дримкол, инспирирана од вистинска приказна и претставува ...
Повеќе од 1.400 фински уметници им се придружија на исландските музичари во барањето на Израел да му биде забрането да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија поради наводни воени злосторства во Газа. Ако Израел не биде исклучен од натпреварувањето кое ќе се одржи во шведскиот град Малме во мај, финската радиодифузна компанија треба да го бојкотира и да одбие да испрати учесник, велат тие. „Не е во согласност со нашите вредности ...
Во 2020 Луксембург стана прва држава во Европа со бесплатен јавен превоз во обид да ги намали сообраќајниот метеж и аерозагадувањето, но оваа мерка не ги даде очекуваните резултати. Четири години подоцна, официјалните податоци на министерството за транспорт покажуваат дека бројот на патниците во возовите не пораснал, туку паднал под нивото од пред пандемијата, објавија локалните медиуми. Со исклучок на возовите од прва класа, јавниот превоз во ...
Една од сукњите што ја носеше Сара Џесика Паркер во првите епизоди на серијата „Сексот и градот“ ќе се најде на аукција. Белото балетско туту се очекува да се продаде за 8.000-12.000 долари кога ќе се најде на аукцијата на „Џулиен“ на 18 јануари. „Тутуто стана симбол на поп-културата откако Паркер го носеше во улогата на Кери Бредшо во познатата ТВ-серија. Го купила костимографката на серијата Патриша Филд, која го нашла во корпа со производи од ...
Манифестацијата „Златна Буба мара на популарноста“ ќе се одржи на 22 февруари во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот, објави Ранко Петровиќ, сопственикот на радио „Буба мара“, кое го организира настанот. „Да се чекираме со време. ‘Златна Буба мара’ го најавува летот број 27. Билетите може да ги подигнете од 25 јануари“, вели Петровиќ. Шоуто кое ги наградува најуспешните во културата, музиката и спортот од Македонија и регионот годинава е под ...
Англискиот препев на „Црно сонце“ од Ацо Шопов е првата песна на бендот „Ветрило“, снимена во чест на стогодишнината од раѓањето на македонскиот поет. Музиката е на Верица Андреевска и Дејан Спасовиќ, а во изведбата им се придружија Кирил Бабамов, Верица Недеска и Круме Стефановски. Тонски снимател е Ивица Јанкуловски од студиото „Алшар“, кој ги работеше и аудиомиксот и мастерингот на песната. Спотот во режија на Спасовиќ го снимаа Томислав ...
Европската ракометна федерација потврди дека на синоќешното отворање на Европското првенство во Германија бил соборен светски рекорд во бројот на гледачи на еден ракометен натпревар. На историскиот ден за ракометот, во арената во Диселдорф имало 53.586 гледачи. Дел од овој спектакл беше и македонската репрезентација, која пред речиси полни трибини изгуби од Франција со 29:39 на првиот натпревар на првенството, пред рекордот и официјално да биде ...
„Ворнер брос Дискавери“ соопшти дека склучил договор со Том Круз за развој и продукција на оригинални и франшизи на филмови во 2024 година. Партнерството со Круз претставува удар за копретседателите на „Ворнер брос“, Мајкл Де Лука и Пем Абди и ја исполнува големата желба на извршниот директор Дејвид Заслав да работи со врвни филмски таленти. „Склучувањето договор со веројатно најголемата филмска ѕвезда во светот, Том Круз, е многу значајно. ...
В сабота (13 јануари) од 11 часот, во Филхармонијата ќе се одржи детскиот интерактивен концерт „Фамилијата металковци“. Концертот е едукативен настан на музичарите од групата лимени дувачки инструменти од оркестарот на Филхармонијата. „Преку овој интерактивен проект музичарите ја запознаваат помладата публика со специфичноста на секој од инструментите кои припаѓаат на оваа оркестарска група“, велат од Филхармонијата. На концертот ќе се свират ...
Бананите се хранливи, заситуваат, добар извор се на калиум, антиоксиданси и растителни влакна. Бананите можат да помогнат да се намали ризикот од хронични болести и да се подобри функцијата на цревата, но не смее да се претера со количината. Една банана со средна големина има 105 калории, 27 грама јаглехидрати, три грама влакна, 14 грама шеќери, еден грам протеини и ниту еден грам масти. Бананите се добар извор на јаглехидрати, главното гориво ...
„Нетфликс“ го објави трејлерот за една од своите најисчекувани серии „3 Body Problem“, што ќе може да се гледа од 21 март. Креирана од Дејвид Бениоф, Ди Би Вајс и Александер Ву, серијата е заснована врз романот „The Three-Body Problem“ од кинескиот автор Лиу Цишин. Ова е првиот заеднички проект на Бениоф и Вајс по завршувањето на „Игра на тронови“, каде што беа едни од главните сценаристи. „Судбоносната одлука на една млада жена во Кина од ...
Мартин Скорсезе го завршил сценариото за својот филм за Исус, што првпат го најави во мај. Во разговор со „Лос Анџелес тајмс“, легендарниот филмаџија откри дека филмот ќе се снима подоцна оваа година и ќе трае само 80 минути. „Се обидувам да најдам нов начин да го направам попристапно и да го одземам негативниот товар од она што е поврзано со организирана религија“, изјави Скорсезе, додавајќи дека филмот засега нема дистрибутер. Сценариото што ...
Вевчанскиот карневал почнува в петок (12 јануари), а завршува на 14-ти со традиционалото палење на маските, најави на прес-конференција актерот Игор Џамбаазов, кој годинава е промотор на настанот. „Ако влезете на Википедија, ќе видите дека Вевчанскиот карневал е стар скоро 15 векови. А, според некои артефакти пронајдени во Горна Белица, се претпоставува дека е над 2.000 години. За да ви објаснам колку е тоа старо, ќе ви кажам дека првиот ...
Британската кралска пошта издава сет од 15 поштенски марки за прослава на една од најуспешните женски поп-групи „Спајс грлс“, која ја одбележува својата 30-годишнина. Ова е првпат Кралската пошта да посвети цело издание марки на женска поп-група. Од „Спајс грлс“ рекоа дека никогаш не можеле да сонуваат дека тоа ќе се случи кога се формирале, додавајќи: „Тоа е женска моќ“. Ема Бантон, Викторија Бекам, Џери Халивел-Хорнер, Мелани Чишолм и Мелани ...
Македонскиот пијанист со светски успеси Симон Трпчески ќе настапи во Монте Карло во салата „Рение Трети“ со проектот „Македонисимо“ на 13 јануари. Трпчески со колегите Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев продолжуваат со претставувањето на проектот базиран врз традиционалната македонска музика, чии транскрипции, по идеја на Трпчески, ги напиша композиторот Панде Шахов. Планирани се четири концерти на Трпчески како резиденцијален музичар на ...
Шпанија е земјата која има најмногу ресторани на светската листа на 50 најдобри ресторани, дури шест. Следуваат Италија со пет и Франција со четири ресторани. Шпанија има богато кулинарско наследство и повеќедецениска историја со ознаката „најдоброто во светот“. Познатиот ресторан „Ел Були“, кој беше затворен во 2011, пет пати го заслужи првото место од 2002, кога почна да се составува оваа листа. Ресторани во Барселона, Мадрид и во баскискиот ...
Книгата „Телесност и отелотворување: иконографии на човечкото тело“ од Гоце Наумов ќе биде промовирана на 10 јануари (20 часот) во киносалата на Музејот на Македонија. На промоцијата ќе настапи и џез составот „Некст ту сајленс“ (Next to Silence), во кој Наумов свири тапани. „’Телесност и отелотворување’ ги обработува можните форми на проучување и разбирање на претставеното човечко тело во минатото. Иако, главно, се заснова на неолитските ...
Сезоната на награди за 2024 започна со Златните глобуси – првиот голем настан на црвениот килим за оваа година. Четиримесечниот штрајк на сценаристите ги оддалечи актерите од црвениот тепих во поголемиот дел од втората половина на 2023, но холивудските ѕвезди го надоместија изгубеното време и се облекоа за да ги импресионираат критичарите и публиката. Во споредба со Оскарите, Златните глобуси обично се порелаксиран настан, што често резултира ...
Пејачките имаа добра 2023 година – седум од десетте најдобри синглови на годината се снимени од жени. Мајли Сајрус ја предводеше екипата со нејзината химна на раскинувањето „Цвеќиња“ (Flowers) и собра импресивни 198 милиони стримови. Побарувачката на музика продолжи да расте лани, па продажбата на винили е зголемена 16. година по ред, а стримувани се рекордни 179,6 милијарди песни само во Велика Британија. Но, новата музика главно отсуствуваше ...
Оскаровката Џоди Фостер изјави дека да се работи со генерацијата Зед може „навистина да нервира“. Во интервју за „Гардијан“, Фостер рече дека понекогаш ѝ биле тешки за разбирање ставовите кон работата со кои се соочила. Но, таа ја пофали 20-годишната Бела Ремзи, ѕвезда од генерацијата Зед, нарекувајќи ја пример за актер кој се појавува во нов „вектор на автентичност“. Фостер, која и самата беше детска ѕвезда пред да продолжи со блескавата ...
Стотици реквизити, декор и други сувенири користени за време на снимањето на хит-драмата на Ejч-Би-О, „Следоред“ (Succession) се на аукција. Аукциската куќа „Херитиџ“ од Тексас ги објави предметите за онлајн наддавање кое ќе трае до 13 јануари. На аукција се работи како кучешкиот костум што го носи ликот Грег во првата сезона, лажните кредитни картички и лиценцата на Кендал Рој, лажната насловна страна на списанието „Њујорк“ од првата сезона со ...
Жители на тетовското село Вратница на социјалните мрежи објавија дека во нивното село е дојдена филмска екипа која снима турска серија. Бројната екипа од актери, сниматели и друг технички персонал веќе десетина денови снимале сцени на неколку локации во селото и околината. „Се снима турската ТВ-серија ‘Бел Крин’. Се снимаше на повеќе локации низ Вратница и околината, а вчера неколку сцени се снимаа и во маалото Степановци“, стои на фејсбук ...
Следниот месец во Тајланд почнува снимањето на третата сезона на хит-серијата на Ејч-Би-О, „Белиот лотус“, а премиерата најверојатно ќе виде во 2025. Стриминг-гигантот го објави и кастингот за новата сезона, во кој се: Лесли Биб, Дом Хетракул, Џејсон Ајсакс, Мишел Монаган, Паркер Поси и Тејми Таптимтонг. Ќе игра и Наташа Ротвел, која доби номинација за Еми за улогата на Белинда во првата сезона. За снимањето и продукцијата Ејч-Би-О ќе ...
Пејачката и наставничка по музичко образование Сузана Турунџиева основаше хор за жени над 40 години кој го нарече „Фрида“. Турунџиева вели дека долго време потајно имала желба да основа женски бенд, но не очекувала дека некогаш ќе основа хор. Засега, хорот број 20 членки и одржуваат проби во основното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје. „Првичната замисла беше многу поинаква. Со Андријана Јаневска, со која соработуваме повремено, имавме идеја ...
„Хот Тоди“ во Америка е познат како пијалак кој лекува настинка, но само кај возрасните. Овој топол коктел од лимон, мед и виски потекнува од Индија. Легендата вели дека настанал на почетокот од 17. век, а името доаѓа од индискиот збор теди, што значи пијалак направен од ферментиран сок од палми. Британците велат дека овој пијалак не е американски, туку нивни, а освен оваа, постои уште една верзија за историјата на коктелот. Некои веруваат дека ...
Рок бендот „Рејџ агенст д машин“ (Rage Against the Machine) се распадна по третпат, наспроти надежите на фановите дека ќе има нови настапи. Веста ја потврди тапанарот Бред Вилк. „Знам дека многумина фанови чекаа да објавиме нови датуми за сите претходно откажани концерти. Не сакам веќе никого да залажувам, ни себеси, ни фановите. Иако имаше некоја комуникација дека тоа би можело да се случи во иднина, сакам да ве известам дека РАТМ (Тим, Зек, ...
Дуото „Дупер“ ја објави новата песна „Кажи ми во лице“. Музиката и текстот ги напишаа членовите на дуото Борис Какуринов и Илчо Нечовски. Аранжманот е на Какуринов, а миксот и мастерингот ги направи Ангел Ќосев од студио „Подрумот“. „Спотот, кој го режираше Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна домашна атмосфера која ја отсликува приказната во песната“, велат членовите на бендот. „Дупер“ се проби на музичката сцена со песните „Не сум твој тип“, ...