
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Прилепскиот панк-рок бенд „Хаундс“ слави 16 години постоење со концерт во Прилеп, на 21 август од 21 часот. Концертот ќе се одржи во центарот на градот, во чаршијата, пред клубот „Калинка“. „На сцената нема да сме сами, традиционално ќе нѐ придружуваат наши колеги, уметници. Заедно ќе направиме настан за паметење, кој со текот на годините ќе прерасне во културен белег на градот“, велат членовите на бендот. На 16 август, „Хаундс“ ќе настапи на ...
Анимираниот филм „Снежно кралство 3“ (Frozen 3) ќе излезе во кината во САД на Денот на благодарноста во 2027. „Дизни“ ја додаде третата анимирана авантура од Арендел во календарот на прикажување на 24 ноември 2027. Првите два филма заработија над милијарда долари. Оригиналниот филм стана огромна сензација во 2013, заработувајќи речиси 1,3 милијарди долари ширум светот и освои голем број награди, вклучително и два оскара. Продолжението од 2019 ...
Концерт за четирирачно пијано ќе има денеска (13 август) на Охридско лето со полските пијанистки Ана Миерник и Јоана Сохачка. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ од 21 часот и е во рамките на традиционалната полска вечер на фестивалот, што секоја година се одржува со поддршка на Амбасадата на Полска во Скопје. Миерник досега има настапувано во 38 земји на пет континенти. Одржала концерти во престижни концертни сали, како Карнеги хол во ...
„Примитив дред“ (Primitive Dread) од Охрид ќе биде еден од бендовите кои ќе ги придружуваат американските хардкор ѕвезди „Медбол“ (Madball) на европска турнеја. Првиот заеднички настап ќе го имаат на фестивалот „Rise or Die“ во холандскиот град Херлен на 5 октомври, а следните станици се Чешка, Словачка, Србија, Романија (два концерта), Бугарија и Грција. Покрај „Примитив дред“, дел од оваа турнеја ќе бидат и „Борн фром пеин“ (Born From Pain) од ...
Членовите на „Леб и сол“ се презадоволни од настапот во Хрватска, во паркот Орсула во Дубровник и велат дека организацијата била на високо ниво. „Орсула е концертен простор над градот, над самите карпи, спроти островот Локрум. Концертот беше прекрасно искуство пред прекрасна публика, која беше вчудовидена до последната нота. Воодушевени сме од приемот, целосната организација беше на врвно ниво. Паркот беше полн“, велат „Леб и сол“. Во сегашната ...
Бизнисменот Халим Зукиќ од босанскиот град Високо го трансформирал земјиштето од својата куќа во една од најпознатите слики на Винсент ван Гог, „Ѕвездена ноќ“. Зукиќ решил да создаде парк откако купил земја и куќа во блиското село пред 20 години, но немал јасна претстава како треба да изгледа. Пред шест години, додека стоел на еден рид гледајќи трактори на ливада со сено, ги забележал трагите на нивните тркала во форма на спирала, што го ...
Претставата „Лет над кукавичјото гнездо“ на Београдско народно позориште на 17 август ќе игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид (21 часот) во рамките на Охридско лето. Во главната улога е познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, а токму со неа тој се врати на театрската сцена во 2021. Во октомври 2022 претставата двапати играше во МНТ во Скопје. Претставата е мрачна хумористична сатира за поединецот во репресивен систем, ...
Песни во духот на староградската музика ќе се пеат на фолк-вечерта на Охрид фест, кој ќе се одржува на 30 и 31 август на сцената на Долни Сарај. „Како и лани, така и годинава, целта ми е да имаме квалитетни песни, бидејќи од многумина компетентни критичари и новинари добивме позитивни критики за ланското издание. Охрид фест беше еден од најдобрите фестивали во 2023. Песните што ќе се пеат на Долни Сарај на 30 август се во духот на охридскиот ...
На 14 август во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се отвори изложба на уметникот Доротеј Нешовски. „Најновата уметничка продукција на Доротеј Нешовски насловена ‘Ноќна шума’ е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едноставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боици, вертикали, сенки, транспарентни слоеви, кои ја ...
Од 13 до 20 август, во Струмица ќе се одржува традиционалната забавна манифестација Струмица опен, овојпат само со македонски музичари. Ќе се одржува на три локации: малиот градски парк, големот градски парк и старата чаршија. Денеска во малиот градски парк од 20:30 часот ќе има концертна промоција на новиот албум на Иван Кукиќ, „Сандеј вајбс“. На 15 август од 20:30 часот концерт со бенд ќе одржат Ана Петановска и Филип Јордановски во Градскиот ...
На 9 ноември, по неколку години пауза, повторно ќе се одржи музичкиот фестивал Скрим во Скопје. Во салата „Борис Трајковски“ ќе настапат три популарни групи од поранешна Југославија: „Црвена јабука“ од Сараево, „Прљаво казалиште“ од Загреб и „Галија“ (фото) од Ниш. Претходно, фестивалот се одржуваше во „Метрополис арената“ со настапи на македонски и балкански пејачи и групи. Во 2014, концерти во иста вечер одржаа Владо Јаневски и „Прљаво ...
Од обожаватели на класичната и џез музика, до повозрасни битолчани кои растеле и живееле со хитовите на Габи Новак и Арсен Дедиќ, на 9 август ја наполнија салата во КИЦ-Офицерскиот дом во Битола да го слушнат концертот „Балкан нуево“ во кој пијано свиреше нивниот син Матија Дедиќ, светски познат џез пијанист и композитор. „Среќен сум што дојдов и што свирам во Битола. Овде пред повеќе од 50 години настапи мојата мајка Габи Новак“, рече Дедиќ. ...
Калиопи ќе одржи концерт во Крива Паланка на 24 август во рамките на фестивалот „Џои фест“ на Градскиот плоштад. Ден порано на истото место ќе настапат „Суперхикс“ и „Конкеринг лајон“, а на 24 август, пред Калиопи свири бендот „Кисити“. „Џои фест“ е традиционална манифестација на отворено во Крива Паланка која се одржува на крајот на август. Лани на затворањето на настанот концерт одржа Здравко Чолиќ. Калиопи имаше два успешни концерта летово, ...
Хоакин Феникс се повлекол од филм најавен како хомосексуална романтична драма пет дена пред почетокот на снимањето и продуцентите ја опишаа ситуацијата како ноќна мора. Официјално не е кажано зошто Феникс се откажал од филмот, но на негово место нема да биде ангажиран друг глумец. Неименуваниот филм во режија на Тод Хејнс, со кого Феникс соработуваше на двата дела на „Џокер“, требаше наскоро да се снима во Мексико, каде што веќе биле изградени ...
Националниот џез оркестар со Васил Хаџиманов како гостин-солист на 11 август одржа одличен концерт на сцената Долни Сарај во Охрид. Концертот со еден збор може да се нарече „ќеиф“, како албумот на Хаџиманов, кој излезе лани за „Кроација рекордс“. На концертот во Охрид, со нови аранжмани на Владимир Николов, тој со оркестарот и со поголемиот дел од неговиот бенд ги отсвире новите песни од албумот. „За почит е што државата препозна квалитет во ова ...
Поминаа 10 години откако почина комичарот Робин Вилијамс. Смртта на оскаровецот на 11 август во 2014 ги шокираше обожавателите и колегите. До денес, луѓето кои имаа доволно среќа да го познаваат Вилијамс лично или да соработуваат со него продолжуваат да споделуваат приказни за него. Сали Филд, колешката од филмот „Госпоѓа Даутфаер“ го нарече Вилијамс „промислен и дарежлив“ и кажа дека тој е веројатно еден од првите луѓе кои искрено зборувале за ...
Градовите во популарните туристички земји се попосетени ако понудат лесен пристап до природата, што објаснува зошто урбаните градини се толку популарни. Од италијанска градина од ерата на ренесансата до футуристичка градина во Сингапур, ова се петте најубави урбани градини според „Дејли паспорт“. Најголемата природна цветна градина во светот се отвори во Дубаи на Денот на вљубените во 2013, со повеќе од 150 милиони цветови. Чудотворната градина ...
Облеката со која Лајонел Ричи пееше на затварањето на Олимписките игри во 1984, сега е за првпат изложена во Рокенрол куќата на славните, во Музејот на музички сувенири во Кливленд, Охајо. Облеката на Ричи е изложена во рамките на новата изложба која ги слави уметниците од 1984: Тина Тарнер, Мадона, Брус Спрингстин и Лајонел Ричи. Лајонел Ричи, опкружен со најдобрите пиротехнички средства во 1984 ги затвори Олимписките игри во Лос Анџелес ...
Речиси сите песни на Владо Јаневски се големи хитови, има верна публика повеќе од 30 години, секогаш знае што ѝ раскаже, и затоа кај него нема промашување, концертите му се успешни и посетени. Таков беше концертот во Античкиот театар на 10 август во Охрид, со полн партер и трибини, бенд од искусни и познати музичари и придружни вокали и весела публика која го следеше во сите песни. „За оваа песна снимавме спот одамна во Универзална сала, бог да ...
Детали за новите филмови, вклучувајќи го и третиот дел од „Аватар“, додаток на франшизата „Војна на ѕвездите“ и продолжение на „Откачениот петок“ беа објавени на настан за фановите на Дизни во Калифорнија. Режисерот Џејмс Камерон ѝ кажа на публиката од 12.000 луѓе дека „Аватар: Оган и пепел“ „нема да биде она што го очекувате“, додека американскиот актер Џон Фавро даваше шеговити коментари на новиот филм од „Војна на ѕвездите“ насловен ...
Кортагена во Шпанија, Гемалас во Коста Рика, Старфиш во Панама, Алгарве во Португалија, Секнд бич во Вашингтон и Златен ‘рт на хрватскиот островот Брач се меѓу 50-те најубави плажи во светот, според британскиот портал „Телеграф“. На златниот ‘рт може да се најде ароматична борова сенка и студено Јадранско Море. Како најдобар дел се издвојува бистрата вода која е најдобар избор за семејства со деца. Како предност се нагласува „пливањето на цело ...
Фановите на Тејлор Свифт покажаа дека можат да најдат светлина во мрачен момент. Откако беа откажани концертите на суперѕвездата во Виена поради спречен терористички напад, обожавателите на американската пејачка излегоа на улиците на Виена во знак на солидарност. Тие пееја заедно, делеа нараквици за пријателство и ја правеа знаци во форма на срце со рацете. Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа обожаватели како ги пеат нејзините хитови ...
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ на 10 август продолжува со концерт на пијанистот Алексеј Ботвинов, виолинистот Себастиан Борен и виолончелистот Патрик Деменга. Тие ќе настапат во рамките на Швајцарската вечер на фестивалот, во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори ...
„Дизни“ го претстави новиот трејлер за приквелот на филмот „Кралот лав“, „Мусафа“, кој од декември ќе игра во кината. Претходниот тизер за „Муфаса“ излезе во април, кој го раскажуваше цртаниот лик Рафики. Муфаса ќе ги води гледачите низ приказната за потеклото на ликот, како тој од младенче сираче станува легендарниот крал на Земјата на гордоста. Ќе ја раскаже и приказната за неговата врска со неговиот брат Така, инаку познат на фановите како ...
Сараевската група „Црвена јабука“ на бис ја отсвире „Ако умрам ил загинам“ од Јонче Христовски, на крајот од полниот концерт во Охрид, во Античкиот театар на 9 август. Легендарната песна од Јонче Христовски, групата ја преработи на нивниот претходен албум. „За крај, ова е мојата најдрага песна“, рече форнтменот на бендот Дражен Жериќ-Жера. Лани во Скопје, тој објасни што го врзува за оваа песна и зошто ја преработиле. „Бевме со стариот состав на ...
Во летните месеци, Европа е преплавена со музички фестивали за сите вкусови. „Сани хил“ во Приштина е четиридневен поп фестивал организиран од мегаѕвездата Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин кој се обидува да ја промени сликата за Косово во времето кога пејачки од овој дел на светот ги освојуваат светските топ-листи. „Сакам да ги променам реториката и мислењето за Косово. Додека јас живеев во Косово, ниеден музичар што го сакав не доаѓаше таму“, ...
Актерката Блејк Лајвли рече на лондонската премиера на романтичната драма „Завршува со нас“ (It Ends With Us) дека филмот работен според бестселерот на Колин Хувер е „голема одговорност, но и можност“. Таа кажа дека чувствува одговорност кон луѓето на кои толку многу им значи изворниот материјал. „Имаме приказна која е емотивна и забавна, но исто така смешна, болна, страшна, трагична и инспиративна и тоа е животот“, вели 36-годишната актерка, ...
Концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски ќе се одржи вечерва (9 август) на Охридско лето, во црквата „Св. Софија“ од 21 часот. Ќе настапат пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари и виолинистот Васил Богоевски. Грговска во 2013 дипломирала со највисоката оценка cum laude на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Марија Ѓошевска. Зад себе има солистички концерти во Куманово, Скопје и Прокупље, ...
Владо Јаневски на 10 август од 21 часот ќе одржи концерт во Античкиот театар во Охрид. Вели дека е возбуден што по шест години повторно се враќа на местото кое за него има посебна магија. Од ноември лани до јануари годинава, тој распродаде пет концерти во Филхармонијата и имаше повеќе настапи низ Македонија. „Мислам дека досега сум имал 3 или 4 концерти во Античкиот театар, во просек на секои 6-7 години му доаѓа ред. Последен пат бевме таму во ...
Саудиска Арабија ги објави плановите за стадион кој ќе се наоѓа 350 метри над површината на земјата, на врвот на мегаградот Линија. Тој е дел од пријавата на Саудиска Арабија за организација на Светското фудбалско првенство во 2034 година, чии мечеви би се играле на 15 стадиони. „Стадионот ‘Неом‘ ќе биде најуникатниот стадион на светот. Со теренот сместен 350 метри над земјата, неверојатните глетки и со покривот создаден од самиот град, ...