
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Секој денар е добредојден, особено за оние кои имаат мали примања. Но инфлацијата ги изеде парите што Владата ги најавува за ранливите категории. Речиси 200 илјади луѓе ќе бидат опфатени со антикризните мерки. На ова треба да се гледа како на „прва помош“. Потребни се долгорочни решенија. Џуриа Зендел е самохрана мајка. Таа и нејзиното бебе се најдоа во групата од речиси 42 илјади граѓани кои од државата ќе добијат по вкупно 12 илјади денари ...
Економската криза удри по менталното здравје на граѓаните. Капацитетите за справување се веќе истрошени од пандемијата, па растат стресот, стравот и фрустрациите. Психолозите советуваат да се излезе од замката на стравот преку дружење и помагање на другите. Цените во продавниците растат, неизвесно е дали ќе има греење и струја оваа зима, се најавуваат отпуштања на работници, а војна се води на само 1.000 километри од Македонија. И сето тоа ...
Рестриктивните монетарни политики на глобално ниво и очекувањата од рецесија во европската економија се клучните причини за падот на вредноста на акциите на македонската берза, велат брокери за Радио Слободна Европа. Околу илјада до две илјада евра изгубив во изминативе три дена на македонската берза со падот на цените на акциите, вели пензионираниот Благоја кој поседува акции во скопската фирма Гранит. Редовно ја проверува берзата и вредноста ...
Главниот град на Украина, Киев, бил нападнат денеска изутрината со неколку експлозии што го потресоа градот, при што службите за итни случаи соопштија дека голем број луѓе загинале и биле ранети. Извештаи за експлозии пристигнаа и од други украински градови Днипро, Лавов и Тернопил, јавуваат украинските медиуми. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека експлозиите го погодиле центарот на главниот град на Украина. „Неколку ...
Сет на мерки од 350 милини евра, кој вклучува парична помош за социјални случаи, невработени, пензионери со ниски пензии, најави Владата за справување со последиците од енергетската и економска криза. Помош ќе има и за бизнисот. За овие пари да стигнат до ранливите категории, потребни се законски измени, односно поддршка од пратениците. Нов сет на мерки со кои ќе им се помогне на најранливите категории граѓани најави на прес-конференција на 9 ...
Русија испитува штета на Кримскиот мост по експлозијата и пожарот на 8 октомври кои го оштетија мостот. Претседател на Русија нареди Федералната служба за безбедност да преземе мерки за безбедност на мостот Керч и друга инфраструктура на Крим. Украинските власти рекоа дека мостот е легитимна мета. Руски нуркачи на 9 октомври го испитуваат Кримскиот мост по вчерашната експлозија и пожар што го оштетија мостот. Според руските власти станува збор ...
Енергетскиот колапс се заканува да остави на улица од 7.000 до 9.000 работници во индустријата, вели Игор Ѓерасов, претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР). Големите компании, кои се на слободниот пазар на струја, учествуваат со 10 до 15 проценти во БДП. Господине Ѓерасов по Социјално-економскиот совет во Владата беше соопштено дека се работи на анти-кризни мерки за стопанството. Што вие како синдикат конкретно ...
Рускиот претседател Владимир Путин наредил официјална истрага за инцидентот со Кримскиот мост, каде на 8 октомври утрината имаше експлозија и пожар. Украинското Министерство за одбрана ја спореди експлозијата на мостот со потонувањето на рускиот ракетен крстосувач Москва во април годинава. Русија тврди дека загинале три лица кои биле во автомобил во близина. Експлозија и пожар рано на 8 октомври го оштетија Кримскиот мост, што ги поврзува Русија ...
Се очекува наскоро коресподенција, па и средба со Вселенската патријаршија за да се договори обзнанувањето на Томосот. Архиепископот Господин Господин Стефан во интервјуто за РСЕ зборува и дека името на една црква никогаш не изразува етничка припадност, но и дека правата на малцинствата во некои од соседните земји треба да се третираат според европските стандарди. Вели дека тој и Синодот не биле против Францускиот предлог, само апелираат за ...
Додека траеше скромната церемонија на отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, стотини граѓани протестираа. Спорно им е името на клубот и здружението на граѓани кое стои зад него. На отворањето на клубот присуствуваше амбасадорот на Бугарија во Македонија. Со тензија, туркање, фрлање јајца и антифашистички пароли помина протестот против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Клубот беше отворен точно напладне, ...
Читањето стрипови сѐ повеќе станува актуелно меѓу младите, велат средношколките Софија и Јана од Скопје кои на филмскиот фестивал „Џифони Македонија“ се дружеа со италијански автори на култни стрипови, како и со врсници од седум европски држави Средношколките Софија и Јана од средното Уметничко училиште се по стриповите, а забележуваат дека таква пасија имаат и дел од нивните врсници, па според нив, стриповите се враќаат во мода меѓу младите. ...
Компаниите итно бараат државна помош поради енергетската криза, во спротивно се закануваат со отпуштања. ССМ на ова гледа како условување од фирмите и бара Владата да ги заштити работниците, а не тие кои остварувале огромни профити. Опозицијата предупредува дека еднаш затворени бизниси тешко се враќаат на пазарот. Компаниите ги бројат деновите до следната среда, кога Владата треба да објави мерки за помош на големиот бизнис за справување со ...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со филибастеринг во Собранието го „закочува“ изборот на тројца од потребните четворица нови уставни судии. Дополнително Левица и пратеникот од владејачкото мнозинство Павле Трајанов предлагаат закон за „предвреме пензионирање“ на уставните судии. Ризикот за уставна криза расте со наближувањето на 7 декември . За точно два месеца земјава може да влезе во уставна криза ако не се изберат нови судии кои ќе ги пополнат засега ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одбележува својот 70-ти роденден. Воените неуспеси во Украина и непопуларната мобилизација би можеле да ја натераат руската јавност да го преиспита одобрувањето за човекот кој ја одведе земјата во војна што ја замати нејзината иднина. Роберт Коалсон 70-тиот роденден на Владимир Путин доаѓа во време кога сè поавторитарниот лидер се соочува со некои од најзастрашувачките предизвици во неговата ...
Потребите на пазарот на трудот се менуваат, а покрај недостигот на соодветен кадар и македонските фабрики се чекор назад во процесот на целосна дигитална трансформација. Во земјава е слаб интересот за изучување роботика, автоматика, мегатроника и слично. Оние пак кои ги завршуваат овие струки, ретко остануваат дома, зошто нема каде да го применат соодветното знаење. Шеесетина. Толку студенти во просек секоја година се пријавуваат на насоката ...
Сè повеќе млади имаат „сенс“ кон другите, велат социолозите, но тоа сè уште не е доволно. Некои веќе работат и директно со социјално загрозени или маргинализирани луѓе. Националниот младински совет е една од организациите која ги поттикнува да формираат социјални претпријатија. Здружение на граѓани од Неготино ќе обучува млади лица и лица од социјално загрозени категории да одгледуваат печурки и така да заработуваат, а битолска иницијатива ќе ги ...
Премиерот Димитар Ковачевски и четворица министри ќе бидат дел од Советот за унапредување на образованието. Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат како министри кои скоро едно полугодие не можат да обезбедат учебници за децата ќе го унапредуваат образованието. Министерството за образование и наука, со поддршка од Владата донесе одлука за формирање Совет за унапредување на образованието и науката, во кој ќе членуваат премиерот и четворица ...
Изминатиот период болните со рак се соочија со недостиг на повеќе лекови. Здруженијата алармираат, пациентите живеат во страв дали ќе има лек за нив. Од Народен правобранител охрабруваат да се пријавуват ваквите проблеми. Добивте ли херцептин?- ова беше најчесто поставуваното прашање во понеделникот на Клиниката за онкологија, во амбулантата каде се лекуваат жените што имаат рак на дојка. Лекот кој треба да се прима на точно 21 ден, не беше ...
Лидерите на 44 земји од европскиот континент ќе се соберат денеска во Прашката тврдина за официјално да ја започнат Европската политичка заедница (ЕПЗ). Тоа е политичка платформа каде што учесниците редовно ќе се собираат за да разговараат за прашања од заеднички интерес. Идејата првпат беше изнесена во мај годинава од францускиот претседател Емануел Макрон. Набргу по него, оваа иницијатива ја поддржа и претседателот на Европскиот совет Шарл ...
Фирмите бараат ограничување на маржите на производителите на струја. Синдикатите бараат мерки за граѓаните, како и зголемување на платите согласно инфлацијата. Барањата ги изнесоа на денешниот Економски совет, а Владата најдоцна идната недела треба да донесе мерки за помош во енергетската криза. Бизнис секторот и Владата денеска на седницата на Економскиот совет се договорија до крајот на оваа недела, или најдоцна до идната среда, да бидат ...
Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ по долгите меѓусебни препукувања и барање избори заедно седнаа да бараат излез од енергетската криза. Но партиските преписки со меѓусебни обвинувања не запреа ниту по средбата. Студените радијатори, скапата струја и ризикот илјадници работници да останат на улица ги седнаа на заедничка маса лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Тие ги тргнаа на страна секојдневните препукувања за корупција, криминал, тендери, ...
Македонската влада за прв пат објави листа со 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и Исламската Држава. За нив се одредени финансиски санкции поради учество во војната во Сирија и обезбедување пари за други да учествуваат во војната. Имиња на 15 мажи на возраст од околу 30 години кои ја напуштиле државата за да се приклучат кон терористичката организација „Исламска држава“ во војната во Сирија за прв пат се ...
Народната банка од март ги зголеми основните каматни стапки од 1,25 на 3 отсто. За борба против инфлацијата, која достигна скоро 17 отсто, потребни се двоцифрени камати, вели професор Трајко Славески. Во Народната банка реагираат дека така граѓаните нема да може да ги плаќаат кредитите. Најголем дел од постојните кредити се со променливи каматни стапки, па ако многу ја покачиме каматата, граѓаните нема да може да ги плаќаат, што ќе ги зголеми ...
Рускиот претседател Владимир Путин, кој владее со најголемата нуклеарна сила во светот, постојано го предупредува Западот дека секој напад врз Русија може да предизвика нуклеарен одговор. Дали Путин ќе користи нуклеарно оружје, колку такво оружје има и како би можеле да одговорат САД и НАТО? Дали Путин ќе го употреби нуклеарното оружје? Многу зависи од тоа како Путин ја доживува заканата за руската држава и неговото владеење. Путин ја опишува ...
ВМРО-ДПМНЕ до Владата ќе ги достави своите контакти за наоѓање поевтини енергенси, а министерот за економија Крешник Бектеши во име на Владата ќе ги проверува нивните понуди, е епилогот од средбата во Влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со премиерот Димитар Ковачевски. Загрижен излезе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата. Тие два часа разговараа за ...
Капацитетите за производство на струја со децении се занемарени, а не се инвестира во нови. Земјава увезува една третина од струјата што ја троши, а нема ни доволно енергенси за производство. По руската агресија врз Украина, цените на струјата и природниот гас во Европа драстично се зголемени. Македонија не произведува доволно струја за да ги задоволи своите потреби, па кусокот го надополнува со увоз. Минатата година една третина од потрошената ...
Украинската победа во градот Лиман во регионот на Доњецк е најновата во серијата големи порази на бојното поле за руската војска. Критиките кон руските команданти сега избиваат на површина. Тоа е проблем за Кремљ. Мајк Екел Веќе со недели, на нецензурираните канали на апликацијата за пораки Телеграм, има низа лути критики за руските воени команданти среде неверојатната украинска контраофанзива во регионот Харкив и на други места, што резултираше ...
Професорот Александар Спасеновски, кој е автор на истражување на јавното мислење- 30 години надворешна политика и одбрана на Конрад Аденауер во разговор за РСЕ вели дека мислењето на граѓаните за руската агресија врз Украина е слично со граѓаните на земјите членки на НАТО и на ЕУ. Професоре Спасеновски во истражувањето се наведува дека околу 50 отсто од испитаниците сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, ...
Не очекувајте дека Украина ќе се приклучи на воениот сојуз многу брзо, како што вети претседателот Володимир Зеленски при поднесувањето на кандидатурата за „забрзано“ членство во НАТО. Не очекувајте многу за ова прашање, оти секое придвижување напред секако ќе бара консензус, пишува во својот блог дописникот од Брисел за РСЕ, Рикард Јозвијак Потегот на Украина да поднесе барање за членство во НАТО во петокот беше дочекан со големо изненадување ...
Бугарскиот претседател Радев може повторно да го има главниот збор во државата, откако изборите не донесоа убедлив победник кој ќе формира влада. Тоа, според дипломатите, не и оди во прилог на Македонија. На 7 октомври е најавено отворањето на вториот бугарски културен центар „Цар Борис Трети“ . Политичката нестабилност во Бугарија извесно е дека ќе продолжи и по последните парламентарни избори, четврти по ред во рок од 18 месеци. По тесната ...