Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Пакистан организираше враќање на 11 свои државјани и 20 Иранци од пловило што беше запленето од Соединетите Американски Држави на отворено море, потврди министерот за надворешни работи Исхак Дар. Во објава на платформата Икс, Дар наведе дека групата преку Сингапур и Бангкок треба да пристигне во Исламабад, по што иранските државјани ќе го продолжат патувањето кон Иран. — реклама — „Сите се во добра здравствена состојба и расположение“, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија продолжува со обидите подлабоко да ја вовлече Белорусија во војната и најави дека украинските сили подготвуваат план за одговор. Одлуката била донесена по состанок со воениот врв, разузнавачките служби и Службата за безбедност на Украина, објави Зеленски на мрежата Икс. — реклама — „Забележавме нови контакти меѓу Русите и Александар Лукашенко со цел да го убедат да се приклучи на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека само САД и Кина имаат технологија да дојдат до високо збогатениот ирански ураниум затрупан под урнатините на нуклеарните постројки по минатогодишните напади. Во разговор со новинарите во „Ер Форс Уан“, Трамп рекол дека Иран признал оти нема капацитет да го извлече материјалот. — реклама — „Ми рекоа дека само Кина или САД можат да го отстранат“, изјави Трамп. — реклама — Тој тврди дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија подготвува нови ракетни и дронски напади врз клучни објекти во Украина, меѓу кои и Кабинетот на претседателот и неговата резиденција во Киев. Според Зеленски, украинската воена разузнавачка служба дошла до руски документи и сателитски снимки од 6 мај на кои се гледаат координати и податоци за речиси дваесет политички и воени цели во центарот на Киев. — реклама — „Русија подготвува ...
Обединетите Арапски Емирати се обиделе да ги убедат соседните заливски држави, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Катар, да се приклучат на координиран воен одговор против Иран по неодамнешните ирански напади во регионот, но иницијативата била одбиена, објави „Блумберг“. Според извори запознаени со разговорите, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, контактирал со регионалните лидери веднаш по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се согласиле дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен и дека конфликтот на Блискиот Исток треба да заврши, по разговорите што ги имал со кинескиот претседател Си Џинпинг. Иако беа објавени малку детали од средбите во Кина, според „Ал Џезира“, двете страни постигнале согласност околу клучните прашања поврзани со безбедноста на поморскиот сообраќај и прекинот на војната во ...
Обединетите Арапски Емирати наводно се обиделе да убедат други земји од Персискиот Залив да се приклучат на координиран напад врз Иран по почетокот на американско-израелската кампања против Техеран, но не успеале во тоа, објави денеска „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Според информациите, претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед, разговарал со лидерите од регионот, меѓу кои и саудискиот престолонаследник ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон постигнал „многу одлични трговски договори“ со Кина, вклучувајќи големи нарачки за авиони и мотори, по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. Говорејќи пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ по заминувањето од Кина, Трамп ја опиша посетата како исклучително успешна. — реклама — „Имавме одличен престој. Тоа беше неверојатен период. Претседателот ...
Авион кој летал на релација Хургада–Минхен наскоро принудно ќе слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пренесува „Блиц“. Според информациите, екипажот на авионот пријавил чад во кабината. — реклама — Засега не се соопштени повеќе детали за причините за инцидентот, ниту дали има повредени патници или членови на екипажот. — реклама — Авион кој летал на релација Хургада–Минхен наскоро принудно ќе слета на белградскиот аеродром „Никола ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го фрлил најновиот одговор од Иран бидејќи, како што рече, уште првата реченица била „неприфатлива“. Говорејќи во авионот „Ер Форс Уан“ на враќање од Кина, Трамп изјави: — реклама — „Го погледнав. Ако не ми се допаѓа првата реченица, едноставно го фрлам“, додавајќи дека воведот во пораката од Техеран бил „неприфатлив“. — реклама — Тој истакна дека Соединетите Американски Држави првично не ...
Ирак побарал финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) поради последиците од конфликтот на Блискиот Исток. Првичните разговори биле одржани минатиот месец за време на пролетниот состанок на ММФ и Светската банка во Вашингтон, а во тек се преговори за висината на потребното финансирање и структурата на евентуалниот кредит. — реклама — Војната, која започна на 28 февруари со масовното американско-израелско бомбардирање на Иран, ...
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источната обала на островот Хоншу во Јапонија. Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) соопшти дека земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри под површината на земјата. — реклама — Засега нема издадено предупредување за опасност од цунами. — реклама — Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источната ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека најголем непријател на Украинците не е Русија, туку, како што наведе, „националистичкото малцинство кое ја презело власта во Киев“. „Главниот непријател на Украинците не е Русија ниту Русите, туку националистичкото малцинство кое ја презеде власта во Киев, претворајќи ја земјата во западна марионета и туркајќи ја во корупција и неонацизам“, напиша ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната пре-конференција изјави дека Кичево се гради и развива и дека Владата ќе продолжи да ја поддржува општината во реализација на започнатите проекти. „Од ова што можеме да видиме, прилично амбициозна агенда и уверен сум дека сите овие проекти кои што се отпочнати, ќе бидат и завршени“, рече Мицкоски. — реклама — Тој му се заблагодари на градоначалникот, советниците и општинската администрација за, како ...
На денешната пре-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски обвини дека Зоран Заев започнал со бришење на терминот „македонски“ од државните институции, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче, според него, е подготвен да го замени со терминот „северномакедонски“. На прес-конференција, Манасиевски изјави дека СДСМ и Филипче немаат проблем со употребата на терминот „северномакедонци“ и дека, како што рече, водат политика што е во ...
Во Данска дошло до судир меѓу полицијата и демонстранти кои се обиделе да блокираат улици и да го нарушат нормалното функционирање на сообраќајот. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како полицијата интервенира со палки, оттурнува демонстранти и користи полициско куче за воспоставување ред. — реклама — Според локални медиуми, полицијата реагирала за да спречи блокади и нарушување на јавниот ред и мир. — реклама — Засега нема ...
Абас Арагчи денеска ги предупреди САД и Израел да не започнуваат нови воени акции против Иран, порачувајќи дека секој таков обид ќе заврши „како и претходниот“. Говорејќи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Њу Делхи, Арагчи изјави дека заканите против Иран станале вообичаени, но дека не донеле резултати. — реклама — „Навикнати сме на овие закани. Тие долго време ги повторуваат во различни форми, но и ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод Меѓународниот ден на семејството информираше за мерките и иницијативите на Општина Центар насочени кон поддршка на семејствата, децата и повозрасните граѓани. Од Општината посочуваат дека посебен фокус е ставен на младите семејства, преку зголемување на финансиската поддршка за новороденче од 7.000 на 10.000 денари. — реклама — За оваа мерка во буџетот за 2026 година се издвоени ...
Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со Иран, откако разговарал за војната со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг. Според соопштението на Белата куќа, Трамп и Си се согласиле дека Ормуски Теснец треба да остане отворен, откако Иран го затвори за поголем дел од бродовите по почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари, што предизвика сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси. — реклама — „Нема уште ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека во текот на оваа недела е регистрирано значително зголемување на активноста на дронови во близина на украинските нуклеарни постројки, предупредувајќи дека ваквите воени дејствија носат сериозни ризици за нуклеарната безбедност. Според податоците на Агенцијата, на 13 и 14 мај биле забележани повеќе од 160 беспилотни летала во близина на нуклеарните локации „Јужна Украина“, ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинските власти ветувале дека ќе ја запрат војната, но, според него, постапувале спротивно, оценувајќи дека за војната во Украина „одговорен е киевскиот режим“. Во своето обраќање, Песков рече дека украинското раководство, според неговата оценка, ја турнало сопствената земја „во катастрофа“ и дека „трагедијата што се одвива таму“ е создадена со нивни раце. Тој додаде дека, како што наведе, ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на САД не им е потребна помош од Кина во однос на Иран, нагласувајќи дека Вашингтон и Пекинг сепак делат ставови по прашањето за Ормускиот теснец. Во интервју за NBC, Рубио рече: „Не бараме помош од Кина. Не ни е потребна“, додавајќи дека двете земји се согласуваат дека Иран не треба да развива нуклеарно оружје, ниту да се дозволи милитаризација на Ормускиот теснец. — реклама — Тој ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вечерва ги посети Јосифово и Балинци во општина Валандово, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ „Разговаравме за актуелните состојби во земјоделството, откупот, наводнувањето и мерките што ги преземаме за поддршка на домашното производство. — реклама — Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците, развиено земјоделство значи ...
Околу триесет бродови поминале низ Ормускиот теснец од средата навечер, соопшти во четврток командант на Иранската револуционерна гарда. Притоа нагласи дека пловилата поврзани со „одредена непријателска држава“ и понатаму немаат дозвола за транзит низ овој морски премин. Според наводите, меѓу бродовите што минале во текот на ноќта имало и кинески пловила. Во извештајот се наведува дека транзитот бил овозможен по „интензивни напори“ на двете ...
Претседателот на САД – Доналд Трамп и неговиот кинески колега – Си Џинпинг денеска во Пекинг ја нагласија потребата од градење партнерски односи наместо ривалство, во обид да се стабилизираат глобалните пазари погодени од војната во Иран. Двајцата лидери покажаа блискост за време на средбата, а клучните прашања како Тајван и вештачката интелигенција остануваат во фокусот на дипломатските преговори. — реклама — Си Џинпинг ја праша ...
Телевизискиот водител Миро Кацаров е назначен за вршител на должност директор на Универзална сала. Според податоците објавени во Централниот регистар, Кацаров е поставен на функцијата од страна на Орце Ѓорѓиевски. — реклама — Претходно директорската функција ја извршуваше Горјан Христовски. — реклама — Почетокот на изградбата на Универзална сала беше означен кон крајот на април годинава, а завршувањето на објектот се очекува до крајот на 2027 ...
Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи со модернизација и развој на своите стратешки нуклеарни сили, нагласувајќи дека земјата создава ракетни системи способни да ги совладаат сите сегашни и идни противракетни одбрани. „Секако, ќе продолжиме да ги модернизираме и развиваме нашите стратешки нуклеарни сили, создавајќи ракетни системи со зголемена борбена моќ, способни да ги совладаат сите сегашни и идни системи за противракетна одбрана“, ...
Владимир Путин во многу блиска иднина ќе ја посети Кина, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција во Москва. „Датумите наскоро ќе ги објавиме. Посетата се подготвува, а може да се каже дека подготовките веќе се завршени, остануваат само финалните детали. Ќе се одржи во многу блиска иднина“, изјавил Песков. — реклама — Последната позната средба меѓу Путин и Си Џинпинг се одржала на 4 февруари годинава преку ...
Русија во текот на два дена го извршила најголемиот воздушен напад од почетокот на војната во Украина, напаѓајќи го Киев и други градови со стотици дронови и ракети, соопштија украинските власти. Володимир Зеленски изјави дека Русија од вчера лансирала повеќе од 1.560 дронови. Според украинските власти, во нападите загинале најмалку 11 лица. — реклама — Зеленски навел дека Москва во текот на ноќта испратила повеќе од 670 борбени дронови и 56 ...
На Зрењанински пат, кај приклучокот од белградската населба Котеж, дошло до сообраќајна несреќа во која учествувале автобус од јавниот градски превоз на линијата 43 и автомобил. Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од патот се одвива забавено и се создаваат гужви. — реклама — На местото на настанот се присутни полициски екипи, а увидот е во тек. — реклама — Според првичните информации, во несреќата нема повредени лица. — реклама — На ...