Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов во објава на социјалните мрежи ги окарактеризира како тероризам случувањата на планината Китка, каде веќе десетина дена има пожар. -Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково ...
Европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Енди Бурнам, денеска се собраа во Киев за одбележување на 35-годишнината од независноста на Украина, додека Европската Унија и Велика Британија ветија нова воена помош за земјата во нејзината одбрана од Русија. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, беше меѓу лидерите кои отпатуваа за Киев, откако Брисел одобри транша од 6,1 милијарда евра (7,1 милијарди долари) наменети за системи ...
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од неговиот дом во скопска Кисела Вода, според информациите, се упатил кон кулите кај Расадник, по што му се губи трагата. Неговиот мобилен телефон е исклучен, а семејството интензивно трага по информација за тоа дали некој од граѓаните го видел на местата каде што обично се движи. Информирана е полицијата, пријавено е исчезнувањето. Семејството моли за помош – секој оној кој денеска го ...
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава констатирал 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Акцијата е спроведена во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Како што информираат од МВР, од сите 140 констатирани прекршоци, 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани ...
Три деца загинаа во голем украински напад со дронови врз градот Краснодар во јужна Русија – соопшти денеска регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев. Тој изјави дека во текот на ноќниот напад остатоци од дрон паднале врз приватен центар за згрижување деца, при што загинале три деца. Шест лица се повредени, а две возрасни лица биле пренесени во болница. Кондратјев соопшти дека остатоци од соборени дронови погодиле и магацин, неколку куќи и ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта во Скопје. „Влогот во младите е влог во иднината. Секој денар вложен во нивното образование е инвестиција во знаењето, напредокот и силата на нашето општество. Наша должност е да им обезбедиме услови во кои ќе можат слободно да ...
Пожарот кој почна од селото Гујновци во општина Пробиштип е локализиран, но пожарникарите на ТППЕ-Пробиштип и доброволците на Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Рудар“ сè уште се на терен. Командирот на ТППЕ-Пробиштип, Милан Терзиќ вели дека пожарот во 12.30 часот почнал од селото Гујновци кое се наоѓа на регионалниот пат Штип-Крупиште, но поради ветерот бил проширен и во атарите на селата Трооло, Гајранци и Лезово. „Нашите екипи се сè ...
Фудбалската топка со која аргентинската легенда Диего Армандо Марадона го постигна својот познат гол „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти, јави денеска Би-Би-Си. Во 51. минута од четвртфиналниот натпревар одигран на 22 јуни 1986 година во Мексико Сити, Марадона ѝ донесе водство на Аргентина, постигнувајќи гол со рака, а само четири минути подоцна ја удвои предноста со фантастичен ...
Кошаркарската федерација на Македонија ја известува јавноста дека, по разгледување на пристигнатите пријави и целокупната доставена документација, а согласно Статутот, Правилникот за натпреварување, Регистрацискиот правилник, Пропозициите за натпреварување, Правилникот за лиценцирање и одлуките на Управниот одбор на КФМ, комисијата за лиценцирање утврди дека КК „Соколи 1933“ – Штип ги исполнува условите за пополнување на испразнетото место во ...
Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво. „Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ...
Британскиот премиер Енди Барнам вети дека ќе продолжи со поддршката за Украина и покрај „скандалозните закани“ од Русија со кои се соочува неговата земја, во пресрет на состанокот на европските сојузници на Киев, на кој ќе се разговара за нивната воена поддршка. Состанокот на земјите членки на „Коалицијата на подготвените“, кој се одржува по повод 35-годишнината од независноста на Украина, заеднички го предводат Обединетото Кралство, Франција ...
Екстремните горештини и повеќенеделната суша ја чинеа германската економија најмалку 36 милијарди евра, што е еквивалентно на 0,8 до 0,9 проценти од економскиот учинок на земјата, соопшти денеска еколошката организација „Гринпис“. Цифрата е пресметана со собирање на економските штети од пропаднатите земјоделски приноси, шумските пожари и здравствените трошоци, како и од загубите во продуктивноста и трошоците во образованието предизвикани од ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко му ја честиташе на украинскиот народ 35-годишнината од Денот на независноста, соопшти прес-службата на белорускиот претседател. „Историските судбини на белорускиот и украинскиот народ се тесно испреплетени. Нашите народи ги поврзуваат вековни традиции, сеќавањето на заедничките победи и тешките искушенија“, се наведува во честитката. Лукашенко изрази уверување дека, и покрај геополитичките ...
Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, членка на НАТО, да не дозволи нејзината територија да се користи за израелски или американски воени операции против Иран, порачувајќи дека го задржува правото да го нападне изворот на секој напад. „Немаме никаков проблем со бугарскиот народ. Меѓутоа, јасно ставивме до знаење дека секое дејствување кое, според меѓународното право, претставува поддршка на американско-израелската воена агресија ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој ја информира за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателката, станало збор за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во ...
Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од неговиот дом во скопска Кисела Вода, според информациите, се упатил кон кулите кај Расадник, по што му се губи трагата. Неговиот мобилен телефон е исклучен, а семејството интензивно трага по информација за тоа дали некој од граѓаните го видел на местата каде што обично се движи. Информирана е полицијата, пријавено е исчезнувањето. Семејството моли за помош – секој оној кој денеска го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред објавувањето на деталите за новите американски економски санкции против Техеран. Тој оваа изјава ја даде на социјалната мрежа „Трут соушл“ откако американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно за денеска најави „економски Д-ден“ против Иран. Трамп претходно најави почеток на „економска војна и изолација“ против Иран во ...
По поразот од Турција на отворањето на Медитеранските игри во Таранто, македонската женска сениорска репрезентација попладнево загуби и од Косово со 1:3 (28:30, 17:25, 25:19, 16:25) во второто коло од групната фаза. Ова е трет пораз за нашите одбојкарки летово од косовска селекција, откако претходно загубија исто така со по 3:1 на пријателските натпревари. Во македонската репрезентација Андротеа Милевска со 20 поени беше најдобра, Љиља ...
27-годишен германски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако при контрола во неговото возило полицијата пронашла и одзела марихуана, соопшти МВР. Случајот се случил вчера во 11:30 часот, кога К.Г. при влез во државата бил запрен за контрола. При прегледот на возилото била пронајдена марихуаната. Лицето било спроведено во СВР Куманово. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе ...
Мирисот на чад што се чувствува во некои делови од Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на селото Бојане, пожар што од тетовска страна сега полека се префрла на скопска страна. Пожарот е на тешко пристапен терен – соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека како поддршка на скопските пожарникари во гаснењето на пожарот се вклучени и колеги од Тетово. – Очекувам ...
Отвореното првенство на САД 2026 ќе се одржи во Њујорк во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“. Квалификациите во поединечна конкуренција започнуваат денес а натпреварите од главната фаза за мажи и жени започнуваат на 30 август. Вкупната исплата на играчите на Отвореното првенство на САД 2026 ќе биде рекордни 108 милиони долари. Ова е зголемување од 20 проценти во однос на 90 милиони долари доделени на играчите во 2025 година. Ова ...
Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, призна дека се чувствува навистина ценет во клубот од Минхен. Англискиот напаѓач изјави дека клубот прави сè што е можно за да му помогне да стане најдобар играч во светот. -Ја чувствувам љубовта од клубот, знам колку ме ценат. Не само за моите голови – мислам дека ја ценат мојата игра како целина, како и мене како личност во соблекувалната, целиот мој придонес. Се чувствувам навистина привилегиран, изјави Кејн ...
Секоја најавена „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Дизелот надмина 100 денари за литар. Ова е четврто поскапување за еден месец што ќе повлече и нови поскапувања на храната, транспортот, услугите, се посочува во соопштението од СДСМ. Четири пати поскапување, четири нови удари по џебот на граѓаните, додека Мицкоски си беше на екскурзија. Со дизел над 100 денари ударот нема да остане само по џебот на ...
Во последните три години, само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорениот трансфер предвидува 200 лица. Весникот „Сан он Сандеј“, на кој се повикува Топ ченел , посветил статија на ова прашање, наведувајќи дека „договорот вреден 8 милиони фунти, меѓу британската и албанската влада, имал за цел трансфер на 200 затвореници“. Но, според овој весник, ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е задоволен од реализацијата на патот Охрид – Кичево и очекува, како што изјави денеска, да се исполни ветувањето – во првиот квартал од 2027 година овој патен правец да биде целосно ставен во функција. Според Николоски, во септември се очекува да биде најавена изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, 12-ина километри, кој треба да ја спои Стража со автопатот Охрид – Струга – ...
Истражувачи од Политехничкиот универзитет Томск, заедно со научници од Институтот за катализа на сибирската филијала на Руската академија на науките, Сколтех, центарот LIFT, Државниот универзитет Томск и Универзитетот Сечуан (Кина), синтетизирале уникатен магнетоелектричен нанокомпозит. Истражувањето комбинира две напредни стратегии: Магнетна стимулација – ги обновува невронските врски; Хидрогел матрица – го намалува воспалението и ги штити ...
Јотова оваа изјава ја даде на местото Петрова Нива, каде што учествувала на чествувањето на 123-годишнината од, како што се вели, Илинденско-преображенското востание. „Денес во Република Македонија се зборува за Бугарите, а историјата ни е заедничка. Што имаме да делиме?“, рекла претседателката. Таа додала дека на јазикот на омразата треба да му се спротивстават и политичарите и општеството. „Нема да се откажеме од вас и ќе ги браниме вашите ...
Потврдени се вкупно 44 случаи со западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел од нив со невроинвазивна форма на болеста, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. Тој упати апел до граѓаните – доколку забележат симптоми ...
Во последните три години, само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорениот трансфер предвидува 200 лица. Весникот „Сан он Сандеј“, на кој се повикува Топ ченел , посветил статија на ова прашање, наведувајќи дека „договорот вреден 8 милиони фунти, меѓу британската и албанската влада, имал за цел трансфер на 200 затвореници“. Но, според овој весник, ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ беше домаќин на холивудската легенда и акционен херој Жан-Клод Ван Дам во Белград. Големо задоволство е да се биде домаќин на Жан-Клод Ван Дам во Белград, човек со чии филмови пораснаа генерации и кој ни покажа дека, со доволно дисциплина и упорност, понекогаш може да се победи дури и кога сите мислат дека е невозможно – рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić ...