Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека на 27 и 31 август ќе се спроведат активности за контрола на популацијата на комарци во пет општини и тоа преку ларвицидна и адултицидна дезинсекција, соопштија од Центарот. Утре ќе се прска во Бпосилово, Ново Село и Струмица, а на 31 август во Василево и Валандово. Активностите се спроведуваат со цел намалување на популацијата на комарци и преземање превентивни ...
„Антолог“ ја објави книгата „Магичен поглед“ (Trylleblik) од данската авторка и илустраторка Ане Бјорн, во превод на македонски јазик на Лара Крстева-Ичокаева, исклучително силна и визуелно впечатлива сликовница за детската имагинација, бегството, загубата и способноста да се пронајде убавина дури и во најтешките околности. Во една безимена земја, во град претворен во урнатини, едно девојче од својата баба учи необична вештина: ако го ...
Актерот Петре Арсовски е годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. Наградата ќе му биде врачена на свеченото отворање на годинешното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 19ти септември во Битола. Со повеќе од пет децении присуство пред филмската ...
Македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Руини“ на визуелната уметница и истражувачка Елена Чемерска се одржа на 24 август во Куршумли ан. Премиерите на македонските филмови на „МакеДокс“ секогаш предизвикуваат голем интерес кај публиката и Куршумли ан беше исполнет до последното место. Враќајќи се во својата земја за да реставрира модернистички споменик изграден од нејзиниот покоен татко, режисерката Елена Чемерска открива ...
Украина не треба да напредува кон членство во ЕУ побрзо од земјите од Западен Балкан кои подолго време се во процесот на европска интеграција, изјави денес словачкиот премиер Роберт Фицо по разговорите со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Братислава. Фицо рече дека Словачка го поддржува проширувањето на ЕУ и членството за сите земји кои ги исполнуваат потребните услови, но дека истите правила мора да важат за сите ...
Штетите од природни непогоди врз земјоделските култури во Хрватска од почетокот на 2026 година до средината на август достигнаа околу 37 милиони евра – соопшти потпретседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Давид Влајчиќ. Тој ги претстави податоците на средбата со словенечкиот министер за земјоделство Јанез Циглер Крал во рамки на 64. Меѓународен саем за земјоделство и храна „АГРА“ (AGRA) во Горња Радгона, во ...
Општината со булдожер ги сруши приватните чадори, лежалки и маси од плажата Каливија во Полигирос на Халкидики, објавува порталот Iefimerida.gr. Акцијата започна во 7 часот наутро, а целта беше да се ослободи плажата од предмети што беа поставени и со текот на времето станаа „трајни“, со што се спречува слободниот пристап до плажата за сите граѓани. Денешната акција во Каливија следеше само неколку дена по слична интервенција во Геракини, ...
Просечната плата (бруто) во Србија пресметана за јуни 2026 година изнесувала 166.123 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 120.401 динари (околу 1.030 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика. Медијалната нето заработка изнесувала 94.281 динари, што значи дека 50 проценти од вработените оствариле заработка до тој износ. Растот на бруто заработката во периодот јануари-јуни 2026 година, во споредба ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Петмина од нив се од Скопскиот регион, од кои тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, додека еден е од Аеродром и има 59 години. Нов случај е регистриран и во Куманово, каде што станува збор за 65-годишен маж од приградска населба ...
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е покрената глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визни услуги ќе бидат приспособени за да се овозможи нејзино спроведување. Трамп спроведува опсежна кампања за ...
Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа кај селата Долно и Горно Чичево, доцна синоќа беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР. Сите ...
Македонските превозници најавуваат протест пред делегацијата на Европската Унија следниот понеделник за да потсетат дека се уште не е решен проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната (90 дена во рамки на 180 дена). Од „Макам-транс“ информираат дека протестот е дел од договорот на балканските превозници одржан на 21 август и ќе се одржи еден ден пред официјалната средба на комисијата на ЕУ која треба да ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Петмина од нив се од Скопскиот регион, од кои тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, додека еден е од Аеродром и има 59 години. Нов случај е регистриран и во Куманово, каде што станува збор за 65-годишен маж од приградска населба ...
УЈП со важно известување за граѓаните. Апелираат граѓаните да внимаваат и да не наседнуваат на лажни пораки за поврат на ДДВ. -До граѓани пристигнуваат лажни SMS пораки во име на Управата за јавни приходи (УЈП), со известување дека „даночниот поврат е подготвен“ и со приложен линк. Доколку ја добиете оваа порака, НЕ ГО ОТВОРАЈТЕ ЛИНКОТ и не внесувајте лични, банкарски или други чувствителни податоци. Станува збор за порака која може да биде ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит ...
Панел-дискусијата со тематски наслов „Културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028“ во рамките на 17. „МакеДокс“ се одржа на 24 август во „Лабораториум“ и се обиде да даде одговор на прашањето: Каде исчезнаа кината? Учесници на дискусијата беа Звонко Наумоски – Шеф на операции, Фондација „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“; Билјана Лунга Филиповска – Советник за меѓународна соработка, евиденција и ...
Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во општина ...
Во Изложбениот салон „Империјал 2“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, денеска во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Хоризонт на светлината“ на уметникот и дизајнер Марк Јанура. Изложбата претставува серија апстрактни монопринтови преку кои авторот ја истражува архитектурата како простор на тишина и светлина. Според најавата, делата се фокусираат на односот меѓу линијата, формата и хоризонтот, создавајќи визуелни ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Изведувач на автопатот со должина од 10,5 километри, во вредност од 222 милиони евра, е градежната компанија „Гранит АД Скопје“ која треба да го заврши за четири години. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце. Договорот за ...
Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...
Артан Груби ни пет минути не се задржа во судница. За џабе го вадеа од дома во Чаир да му го расипат раатот. Не дојде ниту другар му Прпарим, веројатно уште се нема испазарено со Обвинителството. Туку зошто и Артан и Прпарим имаат за бранители Македонци. Каде им е правичната застапеност. Балансерот и Бадентерот изгледа не се важни кога се работи за сопствениот задник. На мака е и премиерот на Албанија Еди Рама откако на собир на Македонците ...
Пожарот кај кавадаречката депонија е локализиран благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. Во моментов местото се затрупува со земја за целосно ликвидирање на огнот. „Пожарникарите фрлија тони и тони вода на депонијата, но чадот се шири и ѓубрето таму сѐ уште тлее. Гаснењето продолжува со целосно затрупување на депонијата. Ветерот е поволен и очекувам во текот на ноќта депонијата да биде затрупана и чадењето да биде сведено на ...
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната програма на натпреварите во борење слободен стил во женска конкуренција, бронзен медал за Македонија обезбеди Вероника Консевиќ. Таа во малото финале во категоријата до 57 килограми славеше над Милица Петровиќ од Србија со 7:5 и успеа да го освои бронзениот медал. Македонија освои уште еден медал на Медитеранските Игри во Таранто. Денеска во финалната ...
Управата за јавни приходи предупредува дека денеска до граѓани пристигнуваат лажни СМС пораки во кои се наведува дека „даночниот поврат е подготвен“, со приложен линк. Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични и банкарски податоци. Од Управата за јавни приходи посочуваат дека станува збор за можен обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци. Граѓаните се повикуваат сите информации поврзани со ...
Министерството за одбрана на Албанија информираше за состојбата со пожарите, објавувајќи дека до 14 часот се пријавени 11 пожари, од кои пет се активни, пет се под надзор и еден е изгаснат. -Во операциите за справување со ситуацијата ангажирани се над 100 оперативни сили, противпожарни возила припадници на вооружените сили, армиски хеликоптери и ” Се трактори”. Поголема ангажираност од воздух има кај планината Дајти, објави министерството. ...
Канада од 8 септември ќе воведе царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, во обид да ги изедначи своите царини со американските – соопштија денеска канадските претставници. Канада особено ќе ги зголеми царините за американскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, изедначувајќи ги со царините од 50 отсто што САД веќе ги воведоа за канадскиот челик и алуминиум пред најновиот круг американски царини. Канадските власти ја ...
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чија одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и ...
Во Општина Ѓорче Петров оваа година за првпат во училишните клупи ќе седнат 410 првачиња. -Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување, објави градоначалникот Александар Стојкоски. Додава дека обезбеди се 410 бесплатни анатомски ранчиња, училишен прибор за секое прваче, бесплатна ужинка и 3.000 ...
Иран и Оман објавија заедничка изјава, во која објавуваат дека постигнале прелиминарен договор за управување со Ормутскиот Теснец. Министерството за надворешни работи на Иран нагласува дека ова не значи дека теснецот ќе биде отворен. Официјален Техеран порача дека теснецот ќе остане целосно затворен сè додека не се укине поморската блокада на САД и не се почитуваат условите од Меморандумот за разбирање. Деталите од договорот меѓу Иран и Оман ...