Посветени сме на реформите, ќе направиме се што зависи од нас, а останува на Европската комисија да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака, бидејќи велат оти тоа е процес што се темели на заслуга – колку испорачуваш, толку добиваш – порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за денешниот онлајн работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска ...

Ноќваво 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Како што соопшти СВР ТЕТОВО, околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Бесник Џемаили е избран за заменик претседател на ДКСК, функција што ќе ја врши шест месеци. Изборот на заменик претседател на ДКСК е извршен по принцип на ротација, а редоследот е утврден според азбучен ред на презимињата на членовите на ДКСК, појасни претседателот Адем Чучуљ. Мандатот на актуелната заменичка претседателка на ДКСК Софија Спасова Медарска завршува на 18 август, ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа 83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, ...

Од Министерството за здравство денеска информираа дека уште 300 приватни специјализанти ќе добијат можност за вработување до крајот на 2026 година. Тоа значи, како што нагласија од Министерството, сигурна иднина за младите лекари, повеќе специјалисти во јавните здравствени установи и поквалитетна здравствена заштита за секој граѓанин. „Затоа, оваа одлука е многу повеќе од обично вработување. Таа е: инвестиција во младите лекари, одговор на ...

Сите македонски граѓани кои претстојниов викенд планираат да патуваат кон Халкидики, солунскиот аеродром или да се враќаат кон граничниот премин Евзони, треба да сметаат на целосна блокада на обиколницата околу Солун во текот на ноќта меѓу сабота и недела. Поради изведување градежни работи за изградба на новиот автопатски надвозник во рамките на проектот „Fly Over“, обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворена за сообраќај. Кога ќе биде ...

Хрватска се подготвува за повеќедневен и потенцијално опасен топлотен бран, со дневни температури што од сабота ќе достигнуваат меѓу 35 и 40 Целзиусови степени. За повеќе делови од земјата е активиран црвен метеоаларм, а метеоролозите предупредуваат дека екстремната жештина може сериозно да влијае врз здравјето на луѓето. Според најновото предупредување на хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод, под влијание на силен антициклон над ...

До 13:00 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои три се активни, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите кај селото Јурумлери во Општина Гази Баба, каде гори ѓубре, кај селото Сарандиново во Општина Долнени, каде е зафатена сува трева, како и кај селото Бошава во Општина Кавадарци, каде гори ниска вегетација и сува трева. Во моментов нема ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски денеска беа во касарната „Јане Сандански” во Штип, во увид на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. Министерот Мисајловски порача дека инвестициите за подобрување на инфраструктурата во Армијата продолжуваат со засилено темпо. „Последните недели ...

Во Делчево во моментов се реализираат 16 проекти, а работите продолжуваат и покрај предизвиците со кои се соочува општината, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на оваа општина. Мицкоски му честиташе на градоначалникот за, како што рече, посветената работа, посочувајќи дека Делчево е една од повеќе од 1.200 локации низ Македонија каде што во моментов се реализираат проекти. Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради ...

Синоќа, во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро било пријавено дека две лица кои со SUP даски пловеле во водите на Охридското Езеро на околу 1.000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2.000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да ...

Во делот на проектите поврзани со програмата на Владата денеска почна мисијата на Светската банка и Европската инвестициска банка за капиталните проекти во клиничките болници во Штип и во Тетово и во Општата болница Кичево за унапредување на здравствената дејност и инфраструктурата – рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски на прес-конференција во Владата. Дополнително мисијата ќе прави проценка и за потребата од долгорочна нега, ...

Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со којшто се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот чија ...

Новиот директор на Фондот за здравство Златко Перински денеска заедно со министерот за здравство д-р Сашо Клековски, градоначалникот Биљал Касами и делегација на Светска банка, ја посетија Клиничката болница Тетово, каде, како што објави тој, се зборувало за концептот за реконструкција, проширување и опремување на оваа здравствена установа. Станува збор за инвестиција вредна околу 74 милиони евра, со која се предвидува модернизација на ...

Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз основа ...

Европските сојузници засега одбиваат да ја поддржат американската иницијатива за формирање заедничка поморска мисија во Ормуската Теснина додека не се воспостави траен прекин на огнот во конфликтот со Иран, пишува денеска Политико, повикувајќи се на неименувани претставници, додавајќи дека таквото однесување укажува на растечките резерви на европските држави кон американската политика. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, побара од ...

Со два милиони евра грант од Европската Унија се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани, најавија денеска од Царинската управа на Република Македонија. Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од ...

По настапот на Фолклорниот ансамбл „Битола“, на сцената на 56. издание на „Илинденски денови“, пејачот и игроорец Никола Зацески, пред бројната публика, клекна на колено и ја побара за жена својата долгогодишна љубов Наталија Цветкова. Облечени во македонска народна носија, тие создадоа слика што совршено го спои она што фестивалот го слави веќе 56 години – традицијата, припадноста и човечките вредности што се пренесуваат од генерација на ...

Поранешниот извршен директор на американската инвестициска банка „Ситигруп“, Едвард Џин Смит осуден е на 30 години затвор поради низа сексуални злосторства извршени од 2015 до 2024 година. Смит е осуден од Судот во Менхетн откако призна вина за сексуалните злосторства, примање на детска порнографија и попречување на правдата. Одбраната тврдеше дека „главната причина“ за неговите кривични дела е нарушување од спектарот аутизам и оти ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека САД го спречуваат Израел да ја напаѓа иранската енергетска инфраструктура поради загриженоста за глобалната економија и пазарот на енергенси. Навистина сакаме да нападнеме ирански енергетски цели, но САД не го одобруваат тоа во овој момент, наведе Кац. Тој додаде дека Вашингтон се плаши дека таквите напади би можеле да го предизвикаат Иран да возврати врз соседните земји и да предизвика ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...

Поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки денеска објави дека формирал нова парламентарна група по поделбата во главната конзервативна опозициска партија во земјата, Право и правда (ПиС), јавува ДПА. Групата, наречена Развој Плус, вклучува 40 парламентарци и еден сенатор, изјави Моравјецки пред новинарите во Варшава. „Сакаме да работиме за развојот на Полска и нејзиниот конзервативен идентитет“, рече тој. Десничарската популистичка ПиС, ...

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување. Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација. Сите детали од јавниот повик ...

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција на возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути. Од АМСМ посочуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата. ...

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги повика граѓаните да ја искористат можноста за државна финансиска поддршка преку јавниот повик за субвенционирање приклучување на природен гас и набавка на котел на гас. Со мерката, како што соопшти Министерството, домаќинствата може да добијат субвенција до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас или за ...

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Разговаравме за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ...

На претстојните Медитерански игри, македонскиот тим со околу 130 членови ќе настапи во 19 спортови – во индивидуални дисциплини како атлетика, бокс, карате, таеквондо, пливање и борење, како и во екипните спортови, фудбал, ракомет, одбојка и 3х3 баскет. Најмлад член на делегацијата е тенисерката Сара Митевска, а најискусен спортист е Лука Заложник во коњичкиот спорт Македонија во Таранто 2026 ќе ја претставува делегација која ги обединува ...

Цената на нафтата утрово порасна за повеќе од 4% бидејќи обновените непријателства на Блискиот Исток ги разгореа геополитичките тензии по неколку дена релативен мир, поттикнувајќи нова загриженост за прекини во снабдувањето со енергија. Цената на нафтата од типот Брентот денеска скокна за повеќе од 4% кон 88 долари за барел прекинувајќи ја тридневната низа на падови, додека цената на суровата нафта од типот WTI скокна за речиси 4% на околу 83 ...

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.18
37%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
2.68
47%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.36
52%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.71
46%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.39
45%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.72
79%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
53%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.66
74%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.08
37%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
59%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.97
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Калај

54.92

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Злато

129943.67

Паладиум

40381.34

Сребро

1853.71

Платина

52855.83

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Бакар

13.08

Родиум

265243.66