
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Според астрологијата, два хороскопски знаци се издвојуваат по својата несмасност во заведувањето – не затоа што не се шармантни, туку затоа што флертувањето го доживуваат како нешто неприродно, па често се чувствуваат непријатно, вкочането или премногу сериозно. Наместо игра, тие избираат безбедност – и тоа ретко остава добар прв впечаток. Јарец Јарците во флерт често се однесуваат како да се на деловен состанок. Нивната сериозност, потреба за ...
Татко од САД ги шокираше корисниците на социјалните мрежи објавувајќи ја сметката за појадокот со принцезите во Дизниленд во Калифорнија. На платформата „Икс“, корисникот Џон (@jrockandrollt) објави фотографија од сметката и напиша: „Појадок со принцезите во Дизниленд со децата. За малку ќе го исплукав кафето“. Сметката што ја споделил покажува дека за луксузниот појадок платил дури 937,65 долари (околу 815 евра), со бакшиш од 150 долари (околу ...
Искусен пилот откри која фаза од летот предизвикува најголема нервоза кај членовите на екипажот. Одговарајќи на прашања од неговите следбеници на „Јутуб“, комерцијалниот пилот Стив Шрајбер – поранешен офицер на американската морнарица и чест коментатор на авионски несреќи – беше запрашан дали има период за време на летот кога тој самиот се чувствува нервозен. Еден од присутните го прашал: „Дали си понервозен при полетување или при слетување? ...
Актерката Ребел Вилсон откри дека претрпела сериозна повреда на носот за време на снимањето на акционата комедија Bride Hard, поради што морала да го напушти сетот и да побара лекарска помош. Како што пишува Њујорк Пост, повредата била толку тешка што веднаш бил повикан пластичен хирург. „За време на сцената на тепачката, пиштолот случајно ми влезе директно во лице. Тоа беше лоша среќа и ми беше исечен носот, па веднаш го напуштив сетот. Тоа ...
Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија“ Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје! Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии ...
Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ги поканува сите љубители на културата и музиката на настанот „Центарска симфонија“, што ќе се одржи на 28 јуни 2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот на Плочник – Градски Ѕид кај Клуб на новинари. „Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации – во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика – во ново, моќно ...
„Лавиринт“ е новиот музички хит на Тамара Тодевска и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Игор Џамбазов. Текстот на песната е напишан од Џамбазов, а музиката и аранжманот е на Роберт Билбилов (Just RB Production). Спотот се снимаше низ скопските улици, при крајот на мај, а е во режија и продукција на Зоран Зонде Стојановски, додека за камерата беше задолжен Кристијан Теодоров. Станува збор за еден динамичен видео запис, кој ја обединува ...
Моника Белучи го посети Филмскиот фестивал во Таормина и уште еднаш покажа дека годините за неа се само бројка, и тоа бројка што апсолутно ништо не значи. Прославената актерка Моника Белучи со секое ново појавување докажува дека е единствената кралица на стилот и елеганцијата. Иако неодамна го промени својот имиџ, таа ја задржа титулата најубава. Иако има 60 години, на нејзиниот изглед би ѝ завидувале жени неколку децении помлади, а Моника ...
Овој магичен еликсир од вашата кујна не само што ја зајакнува вашата коса, туку го исполнува и вашиот дом со божествени, топли, билни мириси што ќе ги обожавате. Рузмарин – миризливата тајна за бујна, здрава коса Освен што предизвикува хаос во печените компири, рузмаринот е полн со активни состојки како цинеол и камфор – кои буквално ќе ви ја разбудат главата од зимскиот сон! Овие природни супстанции ја стимулираат циркулацијата, ги зајакнуваат ...
Ако имате среќа вашиот партнер да биде во овој знак, тогаш сите ваши желби ќе бидат исполнети. Станува збор за мажот Овен. За личноста за која се грижи, тој е подготвен на сè, не ги бира средствата со кои ќе го постигне тоа и не го интересира што мисли некој. Неговите напори обично вродуваат со плод, бидејќи е упорен и духовит. Не се двоуми да заѕвони на вратата среде ноќ и да се фрли околу вратот на саканата личност. Мажот Овен ќе ја следи ...
Не знаете кој костим за капење ви одговара најмногу? Ви откриваме кои модели да ги изберете врз основа на вашата форма на тело – јаболко, круша, песочен часовник, правоаголник или превртен триаголник. Летото е пред нас, а потрагата по совршен костим за капење може да биде стресна… освен ако не знаете што ви одговара најмногу. Без разлика на вашата тежина, вистинската фигура може да го извлече најдоброто од вас. Еве како да го изберете ...
Актерката Скарлет Јохансон се појави на премиерата на филмот „Jurassic World Rebirth“ во Лондон, а за таа пригода блесна во розова креација. Една од најубавите русокоси се појави во блескава тоалета од дизајнерката Вивиен Вествуд, а малку е да се каже дека совршено ги истакна сите нејзини облини. Скарлет, која е позната по својот софистициран вкус за мода, искомбинираше светкаво розов фустан со сребрени додатоци, а косата ја стилизираше на ...
Во свет полн со селфиња, приказни и натпревари за тоа кој има најдобро авокадо на тост, постојат хороскопски знаци кои едноставно… не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Овие хороскопски знаци се скромни, тивки, ненаметливи и малку како личноста што ја врши целата работа, но кога е време за пофалби, тие се кријат зад принтерот. Овие три хороскопски знаци можеби не бараат аплауз, но дефинитивно го заслужуваат! Девица Девицата ќе ви го ...
Келси Грамер (70), најпознат по улогата на Фрејзер, го очекува своето осмо дете. На фотографиите објавени ексклузивно од списанието „Пипл“, неговата сопруга Кејт Волш (46) беше фотографирана со труднички стомак. Двојката беше фотографирана во Лондон. Волш носеше долг црн фустан кој го истакнуваше нејзиниот стомак. Грамер одеше покрај неа. Негово осмо дете, нејзино четврто Грамер и Волш веќе имаат три деца – ќерката Фејт (12) и синовите Габриел ...
Во рамките на манифестацијата Скопско лето 2025 на 21 јуни во Музејот на град Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ од нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски. Трагајки по топосите на источноевропската авангарда авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во Македонија. Уметникот ќе раскаже 5 визуелни приказни ...
Македонскиот народен театар ќе гостува во Струга со претставата „Торонто експрес“, која ќе се изведе на 18 јуни (вторник), со почеток во 20:00 часот, на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Ова сценско дело е работено по мотиви од збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов Ѕоф. Режијата е на Јордан Симонов, а адаптацијата на текстот е заедничко дело на Благоја Бошковски, Александар Микиќ и Јордан Симонов. Во ...
Виена повеќе не е најдобриот град за живеење во светот. По три години на врвот на годишната листа на Economist Intelligence Unit (EIU), австриската престолнина е победена од „прекрасниот, прекрасен Копенхаген“. Данската престолнина го зазеде првото место на рангирањето на најдобрите градови во светот за живеење во 2025 година. Десетте најдобри градови за живеење во 2025 година: Копенхаген, Данска Виена, Австрија Цирих, Швајцарија Мелбурн, ...
Атлетската и спортска ѕвезда Усеин Болт, откако ги сруши сите рекорди како најбрз човек на светот, се посвети и на други интереси и таленти и постигна успех во музиката. Јамајканската легенда стана амбасадор на специјализираната изложба Експо 2027, а малкумина знаат дека Болт постигна успех и во музиката откако ја заврши својата спортска кариера. Тој го издаде албумот „Country Yutes“ во 2021 година, а колку е успешен е потврдено и од фактот ...
Актерката Обри Андерсон-Емонс, која ја игра Лили Такер-Причет, посвоената ќерка на Мичел и Камерон родена во Виетнам, откри дека е бисексуалка. Осумнаесетгодишната актерка Обри Андерсон-Емонс одлучи да „излезе“ токму на време за Месецот на гордоста. Во видео на социјалните мрежи објавено преку Threads во понеделник, 16 јуни, Андерсон-Емонс е прикажана како пее заедно со иконската сцена од серијата на ABC, во која нејзиниот лик им кажува на ...
Калифорнискиот доктор Салвадор Пласенсија се согласи да се изјасни за виновен за обезбедување пристап до кетамин на Метју Пери во неделите пред смртта на познатиот актер, објави Би-Би-Си. Пласенсија ќе се изјасни за виновен по четири точки од обвинението за дистрибуција на кетамин, соопштија федералните обвинители во понеделник. Изјаснувањето носи максимална казна од 40 години затвор, а се очекува докторот да се изјасни во наредните недели. ...
Хрватскиот пејач Синиша Вуцо минатата година тврдеше дека го соборил светскиот рекорд во пеењe, поточно, дека ја испеал најдолгата вокална нота. И се чини дека ова сега е официјално потврдено. Како што објави хрватскиот RTL, Вуцо го надмина претходниот рекордер за 20 секунди, а пристигна и официјална потврда од Гинисовата книга на рекорди. Пејачот ќе отпатува во Лондон на 1 јули за да добие плакета. За време на снимањето, форензиката беше ...
Некои луѓе го доживуваат отфрлањето како минлива непријатност, додека други го доживуваат длабоко и лично. Во астрологијата постојат знаци на кои им е тешко да прифатат дека не се посакувани, признати или сакани. Нивната реакција на отфрлање може да биде насилна, тивка, повредена, па дури и одмаздољубива – но едно е сигурно, тие не го преболуваат тоа лесно. Според астрологијата, овие два хороскопски знаци најтешко се справуваат со отфрлање. ...
Германската манекенка обожава да привлекува внимание на различни начини, а секој пат фокусот е на нејзината зачудувачка фигура. Кога познатата манекенка Хајди Клум не привлекува внимание на социјалните мрежи, други го прават тоа за неа. Овој пат, таа имаше фотосесија за еден бренд и повторно ја покажа својата совршена фигура. Иако сè уште ни е во глава една од нејзините последни објави во бикини каде што полева цвеќиња, Хајди се заканува дека ...
Ана Ивановиќ е модна инспирација со години, дури и за време на нејзините тениски денови, нејзината вродена елеганција и убавина отсекогаш биле тема на бројни глобални медиуми. Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш важела за една од најубавите спортистки. Откако реши да се „пензионира“ и да го остави рекетот настрана, многу повеќе се посвети на модата и убавината, што го покажуваат нејзините објави на Инстаграм. Убавата Србинка ...
Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што можат да доведат до рак. Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремата за сончање со фактор за заштита од сонце, или SPF, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“. Носењето SPF е важно за заштита ...
Новиот изглед на Бред Пит стана жешка тема на социјалните мрежи, а се чини дека на фановите баш не им се допаѓа она што го носи познатиот актер. Познатиот холивудски заводник Бред Пит целосно го промени својот стил на облекување откако почна да ужива во љубовта со 29 години помладата Инес де Рамон. Тој е во среќна врска од 2022 година и одамна не ја крие оваа убавица, а неодамна вечераа заедно со неговиот голем пријател Бредли Купер и неговата ...
На 8 јуни 2025 година, во срцето на Војводина – Нови Сад, соседна Србија, се одржа меѓународната велосипедска трка „Гран Фондо 2025“, која собра повеќе од 500 натпреварувачи од цела Европа. Трката вклучуваше две категории: Гран Фондо (100 километри со 1.500 метри искачување) и Медио Фондо (77 километри со 1.100 метри искачување), на кои учествуваа велосипедисти од различни возрасни категории и нивоа. Во силна конкуренција, македонската ...
Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма. Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели. Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење. Летно диетално мени ...
На 29 јуни 2025 година со почеток во 20:00 часот, во Социјалниот центар Дуња, во Скопје, ќе се одржи концерт на импровизирана музика, во соработка помеѓу тројца музичари со различни искуства и контексти, поврзани преку заедничкиот интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација. Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и соработувал во проекти како Post Global Trio, ...
Ако некогаш сте нарачале нешто што не ви било потребно на полноќ само затоа што сте добиле купон од 10 проценти попуст, не грижете се, не сте сами. Некои хороскопски знаци едноставно не знаат како да штедат. Нивниот паричник е секогаш подготвен за акција, а штедењето им е здодевен збор од финансиски совети кои никогаш не ги прочитале. Лав Лавот не купува, туку инвестира во својот бренд. Без разлика дали се работи за најскапата крема за лице, ...