Јавното претпријатие „Лајка“ објави повик за волонтери за разубавување на шелтерот и боксовите за кучиња. „Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!“, се вели во соопштението. Настанот на кој ќе се бојат боксовите на кучињата, оградите, и ќе се уредуваат зелените површини ќе се одржи на 15 јуни од 10 до 14 часот во ЈП „Лајка“. „Ние ќе ги ...

И натаму од општинските буџети најмногу пари се трошат за плати и социјални придонеси. На приходната страна, државните трансфери се „најбогатиот“ извор на финансии а во некои општини високо котира наплатата по основ на „даноци на специфични услуги“, Во второто продолжение „Порталб.мк“ ги анализира локалните буџети на Струга, Тетово, Чаир, Сарај и на Град Скопје. Приходи и расходи во предизборие Општина Струга во првите три изборни месеци од ...

Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) годинава по 14. пат ќе се одржи од 7-13 јуни во Кинотеката на Македонија и во негови рамки ќе бидат прикажани повеќе од 35 филмови во повеќе категории, ќе има излагања и вовед во некои од филмовите, како и предавање на еден од гостите. Организатори на фестивалот се Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје и Кинотеката на Македонија. Мотото на овогодинешното издание на ...

Во овој поткаст, Ангела Ивановска од новинарскиот клуб на МОФ разговара со пејачката Јасна за нејзината кариера и за начинот на настанување на нејзината инспиративна музика која е мешавина на џез, блуз и многу други стилови на музика. Ангела Иваноска *Оваа објава е дел од #МладинскиГлас – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат содржини од членовите на младинските новинарски клубови на Радио МОФ. Аудио подскастот е изработен од Ангела ...

Со едноминутен молк за сите загинати во Газа, читање поезија од повеќе поети, со извици „Слободна Палестина“, но и со упатени пораки до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), денеска на платото на најголемиот универзитет во Македонија се одржа протест на студенската иницијатива УКИМци за Палестина. Од иницијативата на студенти, постдипломци и работници на УКИМ, рекоа дека го организираат овој протестен собир, пред се’, за да ја искажат ...

Денес (понеделник, 3 јуни) на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се одржи протестен собир за солидарност со Палестина. „Сакаме уште еднаш да потенцираме дека Универзитетот како една од најзначајните академски и високообразовни институции, е должен да го прекине срамниот молк и да заземе став за едно од најголемите злосторства во поновата историја. Должни сме и ние“, велат од студентската иницијатива УКИМци за Палестина ...

Нема слично искуство како тоа да се изгубите во добра книга, но еден читател од Финска се чини дека во тоа се внесол до крајност. Вработените во библиотека во Хелсинки биле повеќе од изненадени кога копија од романот „Бегалците“ на Артур Конан Дојл била вратена во библиотеката по повеќе од осум децении откако била позајмена. Романот, кој е преведен од англиски на фински јазик, е вратен во Централната бибилотека во Хелсинки – „Оди“ во ...

Нема слично искуство како тоа да се изгубите во добра книга, но еден читател од Финска се чини дека во тоа се внесол до крајност. Вработените во библиотека во Хелсинки биле повеќе од изненадени кога копија од романот „Бегалците“ на Артур Конан Дојл била вратена во библиотеката по повеќе од осум децении откако била позајмена. Романот, кој е преведен од англиски на фински јазик, е вратен во Централната бибилотека во Хелсинки – „Оди“ во ...

Бројните настани во рамки на третото издание на фестивалот за јапонска култура „Сакура“ се одржаа на 1 јуни (сабота) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на повеќе сцени, а вклучуваа изложби, боречки вештини, балетски перформанс, пијано концерт, гејминг натпревари, мода, штандови за продажба и храна, презентации и панел дискусии. „И покрај повечето интересни настани кои се случуваа тој ден во Скопје, посетеноста беше доста голема. ...

Викендов се одржа голема еко-акција за чистење на Охридското Езеро во која учествуваа волонтери и членови на нуркачкиот клуб Амфора. Акцијата беше организирана од Пивара Скопје – Скопско во рамки на нивната долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ „Со гордост објавуваме дека преку оваа акција успеавме да исчистиме неверојатни 120 метри кубни отпад – цврст и пакувачки отпад, метални конструкции и ...

Младинскиот центар во Охрид кој постои веќе година и половина нуди различни програми за млади како младинско учество, младинско информирање, културна програма, неформално образование, безбедност, вработување, кариерно насочување. Но, за поголема вклученост на младите на локално ниво, од Центарот велат дека треба да се тргне стигмата околу волонтерството и вклучувањето во организации што ја има кај родителите и кај младите. Исто така, оттаму ...

Кандидатката на владејачката левичарска партија, Клаудија Шејнбаум е избрана за прва претседателка на Макесико со историска убедлива победа, јавува „Би-Би-Си“. Официјалната изборна власт на Мексико соопшти дека според прелиминарните резултати 61-годишната поранешна градоначалничка на Мексико сити освоила меѓу 58% и 60% од гласовите на вчерашните избори за претседател. Тоа ѝ дава предност од речиси 30% пред нејзината опозициска противкандидатка, ...

Владејачката Српска напредна странка (СНС) прогласи победа во поголемиот дел од општините и градовите во кои вчера се гласаше на локалните избори во Србија, додека опозицијата тврди дека може да формира власт во Ниш. „СНС има чита и убедлива победа во сите општини освен во Бачка Топола, Сента, Кањижа и Тутина, каде живеат малцинства на Унгарци и Босанци“, соопшти лидерот на СНС Милош Вучевиќ. Додека владејачката СНС тврди дека гласањето поминало ...

Млади ученици од музичките училишта во Скопје, Струга, Охрид и Битола ќе настапат на традиционалниот концерт на Македонската филхармонија „Младите доаѓаат“ на 6 јуни (четврток) со почеток во 20 часот, а под диригентсво на маестро Ангел Спироски. „Овие концерти се мошне интересни и секогаш оставаат силен впечаток, затоа што носат нова енергија, елан, ентузијазам, младешки дух, и ја најавуваат новата генерација македонски музички уметници“, велат ...

„Маски во движење“ е динамична работилница на која преку експресивна арт терапија и комбинација на ликовна уметност, движење и драма, учесниците ќе се впуштат во изработка на сопствена маска од различни материјали. Работилницата ќе се одржи на 15 мај (среда) од 18 до 21 часот во КСП Центар Јадро а ќе ја води Ана Тодоровска, психолог. Како што се вели во најавата, на ова три часовно искуство, преку учество во мала група, учесниците ќе: – Создадат ...

ХОПС – Опции за здрав живот Скопје од 21 до 27 јуни во Струмица по осми пат организира „Летна школа за зависности од дроги”. Оваа седумдневна летна школа треба да понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе во предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. „Целта на летната школа е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се ...

Најсилната сончева бура во повеќе од две децении ја погоди Земјата вчера, предизвикувајќи неверојатна глетка на поларна светлина на небото ширум светот, позната како Аурора бореалис. Според Центарот за вселенско предвидување на времето на Американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), првото од неколкуте коронални масивни исфрлања на светлина се случило кратко по 18 часот. Подоцна беше надополнета со „екстремна“ ...

Младински културен центар (МКЦ) – Битола објави отворен повик за технички илустрации кој се фокусира на различните аспекти на производството, дистрибуцијата, складирањето и искористувањето на енергијата насловен како „Нова енергетска визија за Битола“. „Повикот ја слави врската помеѓу уметноста и науката со прикажување на технички илустрации кои фрлаат светло на фасцинантниот свет на енергијата. Од обновливи извори до врвни технологии за ...

Кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ вчера се одржа мултимедијалниот настан „Во(н) јавниот простор“, каде „Еквалис“ на едно место собра млади, студент(к)и, активист(к)и за јавен простор, архитект(к), урбани планери, општински советници и жители од околните населби. „Настанот го отворивме со панел дискусија во којашто младата архитектка Катерина Пановска и активистот Гога Поп Георгиев ги споделија своите увиди за тоа како простори кои често пати се ...

Еден од предизвиците поврзани со развојот во денешниот свет е инклузивноста и неговите дисперзирачки или дистрибутивни ефекти. Имено, едно од најважните прашања на развојот е одржливоста т.е колку тенденцијата внатре е стабилна и отпорна на шокоти, а исто така и неговата децентрализираност т.е колку истиот поаѓа од локалните нивоа. Во тој дел, еден од механизмите за интегрирање на развојот е социјалното претприемништво. Во основа социјалното ...

Во холовите во училиштата вчера 14.834 ученици полагаа мајчин јазик на државната матура. Телефоните тие ги оставаа во посебни кутии, за да нема препишувања, а ангажирани беа и тестатори – еден за 15 деца, пишува агенцијата Meta.mk. Одлуката годинава да се полага во холови е да се добијат пообјективни резултати и да се намали можноста од препишувања, бидејќи постоеше можноста во одредени групи и училници да не се почитуваат правилата, изјави ...

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) вчера одржа редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За претседател на Друштвото е избран Живко Грозданоски, а за членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование… Ова беше прилично богата и исполнета недела, па, овој пат наместо 5, избравме 15 теми и разни содржини: [Инфографик] Една третина жени и само двајца млади во новиот состав на македонското Собрание Една третина жени и само двајца млади до 29 години, ова се дел од демографските карактеристики на новото македонско ...

Дневниот центар за лица со попреченост во Делчево го го посетуваат 12 лица од кои најмладиот има 9 години, а највозрасниот 50 години. Ова е нивниот втор „дом“ каде учат многу нешта – готвење, сликање, работа со компјутер, а притоа и се дружат. Но, за поголема инклузија, потребна е и промена на јавната свест за надминување на предрасудите за попреченоста. Авторка: Сара Ангелова Ментор: Даниел Евросимоски Овој материјал е изработен во рамките на ...

„Развојот на волонтерството во Македонија сѐ уште се соочува со предизвици и не успева да го постигне својот потенцијал, ова не е вообичаена активност на граѓаните и во јавноста сѐ уште постои генерален недостаток на свест за користа од волонтирањето“ се вели во Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025) на Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Оваа слика и понатаму се трудат да ја променат само одредени ...

„Аутизам МК“ и пријателите за утре, 2 јуни, од 11 часот во Градски парк во Скопје најавуваат уште еден инклузивен настан – најголемата и најразновидна игротека на „Школка“, петта по ред. „Ќе играме, ќе пееме, ќе танцуваме, ќе бидеме ‘Повторно заедно’. ‘Школка’ овој ден ќе биде место каде ќе се сретнат вкусните сендвичи, фудбалот, шминките, сенките, плочката, кошарката, знаковниот јазик, ракометот, песните и танците, грижата за запчињата, ...

„АРНО“ ги прогласи победниците од десеттото издание на натпреварот „Зелени идеи“ кои продолжуваат со натпреварување на регионално ниво во септември во Сараево, БиХ. Жири комисијата на натпреварот, во категоријата зелени идеи ги избра идеите „ Урбана фарма во контејнер за производство на микрозелени со аеропонски систем на одгледување “ на Снежана Јаќовска -Интеллигент Индоор Фарм ДООЕЛ Скопје и „BIOHIDE – One SCOBY at a time“ на Ангелина ...

Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Милена Крстевска ака Klara Vedis, музичарка со интернационална кариера. Таа е магистер по советување и психотерапија, езотериски филозоф и љубител на готвење веганска храна. Спиритуалноста, психолошката пракса и музичкиот талент го спојува и пренесува низ нејзините перформанси во живо, но и преку изданијата. Милена го има и Lāsya, дигитален лабел фокусиран на атмосферична електронска музика. Ова ...

Идает Сејфулов е млад кавадарчанец, кој пред два месеци заврши факултет. Овој млад Ром сега е дипломиран музички уметник-кларинист, а желба му е да работи како професор во училиштето каде започна да се едуцира. Сејфулов ја раскажува својата приказна за да ги мотивира младите Роми за важноста на образованието.  Автор: Ѓорѓи Ристов Менторка: Соња Петрушевска Овој материјал е изработен во рамките на регионалната иницијатива „Млади за инклузија, ...

Во последниве шест месеци австриската компанија STRABAG поставува цевки за пренасочување на водата од реката Шушица до албанската ривиера за да ги задоволи барањата на туризмот. Сепак, овој проект ќе ги остави локалните жители без вода, како дома така и во земјоделството. На 27 мај група локални жители од долината на реката Шушица, заедно со активисти и граѓани од Валона и областа Вјоса, поставија голема водоводна цевка пред канцеларијата на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1012
weather icon

Белград

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
59%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
73%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
59%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
48%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
50%
1008
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
50%
1011
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
0.0
52%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
59%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
60%
1010
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048