
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



На четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал, кој се одржува од 29 мај до 1 јуни, учествуваат поети од Македонија и од странство. Еден од учесниците кој настапи на интернационалното поетско читање вчера е поетот Танос Гогос од Грција со кого Радио МОФ имаше можност да направи интервју. Покрај тоа што пишува поезија и неговите книги се преведени на повеќе од 15 јазици, Гогос е основач и на Издавачката куќа и списанието „Трака“ во Грција. ...
Реклами од вкупно 567 часа биле емитувани на телевизиите и радијата за време на кампањата за парламентарните избори, покажува Извештајот за платеното политичко рекламирање (ППР) на радиодифузерите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Вкупно 68 (39 телевизии и 29 радија) од 77 радиодифузери во Регистарот на Државната изборна комисија (ДИК) склучиле договори со учесниците во изборната кампања за емитување ППР. На сите 39 ...
Интерактивниот мултимедијален настан „Во(н) јавниот простор“ ќе се одржи утре (1 јуни, сабота) во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје со почеток од 18 часот. Целта на настанот е да поттикне размислување за потенцијалите кои ги носат напуштените и заборавени објекти. Исто така, да понуди можност за заедничко размислување за тоа како јавните простори наменети за поголема група на луѓе како што се студентските домови може да добијат ...
„Струшки вечери на поезијата“ го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2023 година до 31 Мај 2024 година. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, во којашто ...
Македонија е меѓу земјите во светот кои имаат најголеми стапки на население со активни пушачи. Нивниот процент изнесува 45,4 отсто со многу низок процент на луѓе (5 отсто) кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод денешниот Светски ден против употреба на тутун. Резултатите се дел од последните истражувања на Институтот. Според тоа, во советувалиштата за откажување од ...
Со низа активности кои се дел од прославата на Денот на Европа, вчера и официјално се отвори новата Европска куќа во Струга. Настаните започнале со дебата насловена „Како да се вклучи, поврзе и унапреди локалната младина преку ‘Јуроп хаус’ Струга“. Во дебатата, како што велат од Европската куќа, учествуваа ученици од локалните средни училишта Ибрахим Темо, Нико Нестор и Јахја Кемал, а модератор беше Ана Наумоска, која заедно со амбасадорот ...
„Пијачки од дома да си носите“ беше пораката на организаторите на неколкуте концерти што се броеја на прсти, а беа изведени во оскудни услови во Младинскиот културен центар (МКЦ) за време на изборите. Центарот изминативе месеци често беше празен, обвиткан во мрак, без шанк, без разновидна и алтернативна културна програма за младите, бидејќи кубуреше со персонал откако новиот директор Арбен Бени Шаќири им ги прекина договорите на 30 хонорарци, ...
Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година. Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и ...
Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал оваа година се одржува под мотото „Борба. Не Војна!“. Фестивалот официјално беше отворен вчера со поетско читање на домашни и странски поети придружено од театарскиот танцов перформанс „Сонцето денес не изгреа“ на Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците и ликовна изложба на Тома Димовски. Во пресрет на денешниот, втор ден од официјалната програма направивме интервју со ...
Словенечката влада донесе одлука да ја признае Палестина како независна и суверена држава и ја испрати одлуката до парламентот на потврда, изјави премиерот Роберт Голоб во Љубљана, пренесува Данас. Голоб по владината седница рече дека решението по моделот на две држави – Израел и Палестина е „начин за постигнување мир“ и дека одлуката на неговиот кабинет „не е насочена против никого“. Претседателката на словенечкиот парламент Уршка Клакочар ...
Граѓани од скопско Лисиче, активисти и советници денеска попладнето протестираа пред седништето на Општина Аеродром, откако вчера на седница на Советот беше изгласан ДУП-от за градска четврт ЈИ0901, кој предвидува и висококатница во населбата Лисиче. ДУП-от беше усвоен со 16 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, додека 11 советници од СДСМ и Левица гласале против негово усвојување. Лисичани и лани на неколку пати се противеа против згради и ...
Полни корпи со чаршави, кебиња и перници во ходникот на приземјето на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, попозната како „стара Градска болница“, сведочат за напливот на итни пациенти што го имаат во последниве десетина дена, откако наталожените проблеми во инсталацијата за кислород и во компресорската станица доведоа до крах на здравствениот систем на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што се затворени ...
Фестивалот на јапонска култура „Сакура“, во организација на Јапан@мк, ќе се одржи во сабота (1 јуни) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје со почеток во 11 часот и ќе брои повеќе од 45 активности и над 200 учесници, домашни и гости од Јапонија. Програмата вклучува наградни гејминг натпревари, музички и балет настапи, изложби, мода, боречки вештини, аниме квиз, косплеј забава, тетовирање во живо, презентации, панел-дискусии, работилници, ...
Овој четврток во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имаме Филипа Попова, студентка по општа и компаративна книжевност, и како што вели „аматер-фотографка во привремена пензија. :)“. „Фотографирањето секогаш ми давало шанса да откријам скриени убавини, извитоперености или метафори во пукнатините на светот и секојдневниот живот.Неколкуте фотографии кои ги испраќам за мене покажуваат различни аспекти од поврзаноста и односот меѓу човекот и природата ...
Четиринаесеттото издание на „Д Фестивал“ што ќе се одржи од 28 до 30 јуни во Дојран, оваа година на посетителите ќе им понуди неколку новитети. Имено, како што информираа од „Пасворд“, за прв пат на овој фестивал ќе почне акцијата „4+1 гратис“ која има за цел да ги мотивира сите над 30 години да присуствуваат и уживаат во музичките перформанси. Покрај тоа „Д фестивал“ овозможува и бесплатен влез за деца до 10 години. „Д фестивал“ ја негува ...
Пред да влезат да полагаат, учениците мораат да ги исклучат своите телефони и да ги остават на страна. Наставниците можат само да им укажат на учениците да го сторат тоа, но не смеат да ги претресуваат, објаснува директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска за Мета.мк. Во тек се подготовките за претстојното полагање на државната матура кое треба да се случи в сабота, на 1 јуни. Вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) во моментов ги пакуваат веќе ...
Советот на Општина Аеродром го изгласа Деталниот урбанистички план за населбата Лисиче, кој предвидува изградба на нова висококатница во оваа населба. ДУП-от за Лисиче за градската четврт ЈИ 09, блок 09.01 е усвоен со 16 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, 11 советници од СДСМ и Левица гласале против негово усвојување. Иницијативата Да го спасиме Лисиче за денес од 18:30 часот најави протест пред Општина Аеродром за, како што се вели во ...
„Живеам за театарот, созревам и учам, театарот ја буди уметноста во мене“. Вака ни ја опиша театарската приврзаност и љубовта кон актерството младата Марија Јовеска, една од членовите во аматерскиот младински театарски центар (МТЦ) „Зона“ од Прилеп, кој постои повеќе од осум месеци. Овој театарски центар е место каде 27 основци и средношколци со поддршка на нивните ментори а воедно и основачи на „Зона“, актерите Марија Спиркоска Илијеска и ...
Законската регулатива не создава услови, а активностите на надлежните институции не обезбедуваат ефикасно управување и стопанисување со државниот недвижен имот – станбен и деловен имот, ова го утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Со ревизијата, како што е истакнато, е оценето дека постојната законска регулатива, мерките и активностите кои се преземани од Владата и другите надлежни институции не овозможуваат ефикасно управување и ...
На овогодинешниот Скопски поетски фестивал, кој синоќа неофицијално стартуваше со „Отскочна даска“, гостува поетесата Одвеиг Кливе, авторка на единаесет стихозбирки. Taa e и режисерка што ги спојува поезијата и филмот, а живее во Ставангер, на западниот брег на Норвешка. Нејзините песни се преведени на неколку јазици, а две поетски книги и на македонски: „Да го освоиме синото“ во препев од англиски на Славица Ѓаџова Свидерска (Восток, 2017) и ...
Вечерва (30 мај), во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Infinitiy Бесконечност“ на уметницата Ирена Паскали. Како што информираат организаторите, изложата претставува мултимдијален проект кој комбинира инсталација во простор од целулоидни ленти и камен, видео, фотографија и цртеж. Според авторката, целулоидот е носител на идеологии, агитација, информации, но и филмска уметност, а ...
Младиот Андреј Анѓеловиќ на вчерашното поетско читање за млади – „Отскочна даска“ беше избран да ги претставува младите поети на Скопскиот поетски фестивал што по четврти пат се одржува од денес до 1 јуни. Веќе трета година по ред, Скопскиот поетски фестивал неофицијално го отвораат најмладите поети на возраст од 16 до 25 години кои со своја поезија се претставуваат под сијаличките на сцената во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Оваа година ...
Од четири анализирани општини во земјава, Општина Кичево е со највисока наплата на од данок на доход, 33% во однос на планот. Највисока наплата на данок на имот, од 43,5% има пак Општина Гостивар додека најниска Општина Арачиново. Првите три месеци од годинава кое беа изборно “обоени“ се одразија врз општинските буџети. “Порталб“ преку приходните и расходните носечки буџетски ставки ги анализира финансиите на општините Арачиново, Гостивар, Дебар ...
Северна Кореја пушти 90 балони со ѓубре и пропагандни летоци над две погранични провинции во Јужна Кореја, пишува „БиБиСи“. Ваквата акција ги натера властите во Јужна Кореја да ги предупредат жителите да останат во затворени простории и да не ги допираат белите балони и пластичните кеси закачени на нив. „Купишта отпадна хартија и нечистотија наскоро ќе бидат расфрлани низ пограничните области и внатрешноста на Јужна Кореја, и тие од прва рака ќе ...
„Вештини за оживување“ е уметничко видео на независната уметница кое е резултат на тримесечни работилници за сопственото и колективно оживување базирани на уметнички методи. Видеото премиерно ќе биде прикажано утре (четврток, 30 мај) во КСП Центар Јадро в четврток во 20 часот. Тимот кој работеше на видеото го сочинуваат Гоце Лалковски (директор на фотографија и камера), Дијана Димитриевска и Дарко Степиќ (музика) и Бисера Михајловска (монтажа). ...
На 1 јуни (сабота) со почеток во 18 часот на улица „Коце Металец 1“ во населба Железара ќе се одржи „КомшиLOOK“, настан посветен за поттикнување емпатија, разбирање и социјална кохезија преку моќта на уметноста и културата, како и за негување на глобалната заедница во која секој добар сосед е и одговорен граѓанин. Според организаторите, на оваа дружба посетителите ќе може да уживаат во музика, театар, перформанси и изложби. „Нашите неверојатни ...
Претставници на локалната самоуправа, образовни институции, детски градинки, јавни институции денес на конференцијата „Велес – општина посветена на децата“ дебатираа на прашања поврзани со поттикнувањето на детското учество во планирањето и носењето одлуки. На конференцијата која се одржа во велешката Европска куќа во неколку сесии говореа повеќе панелисти. Беа опфатени теми од областа на градењето на детските права во современата локална ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек е испораката на сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024-2025 година. „Процесот ќе биде заокружен на почетокот на јуни, така што учениците ќе ги имаат потребните учебници навремено, пред стартот новата учебна година“, велат од МОН. Постапката за печатење на ...
Сè повеќе видеа, па дури и цели филмови се снимаат со камера на мобилен телефон. Мобилните се и еден од главните уреди преку кој се слуша музика што е достапна на дигиталните платформи како Јутјуб, Спотифај, Бендкемп. Но, додека светот полека се пакува во кутија што ја собира во џеб, во мода се враќаат „старите“ начини на фотографирање и слушање музика. Опстојувањето на анлогната фотографија и плочите како претставници на претходниот век, во ...
Грузискиот парламент вчера на пленарна седница го отфрли ветото на претседателката Саломе Зурабишвили и го усвои таканаречениот Закон за странски агенти, пренесува Радио Слободна Европа. Законот претходно предизвика неколкунеделни протести и критики дека е направен според репресивниот руски закон. Како што се наведува, претседателката сега има пет дена да го усвои нацрт-законот. Доколку не го стори тоа, законот ќе го потпише претседателот на ...