Радио МОФ беше еден од домаќините на осмиот Медиумски ден за средношколци. Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и школото „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка влегоа и „ѕирнаа“ во редакцијата и радиото. Видоа како работиме, што работиме и зошто работиме. Дознаа нешто за мисијата на нашиот медиум што годинава наполни 13 години, а разбраа и за етичките стандарди за кои се залагаме во борбата против дезинформациите. Исто така, слушнаа и ...
По осми пат Институтот за комуникациски студии од Скопје организираше Mедиумски ден за средношколци. Се организира во рамки на проектот: „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија – Користи факти”. Тера телевизија денеска беше посетена од средношколци од Битола. Средношколци од гимназијата Јосип Броз Тито беа нашите први гости во текот на ...