Почнувајќи од наредната учебна година, учениците од четврто, петто и шесто одделение ќе имаат можност да одберат Филозофија како слободен изборен предмет, соопштија вчера од Филозофското друштво на Македонија. За разлика од задолжителниот предмет Филозофија за четврта година средно образование, предметот Филозофија за основно образование не претставува изучување на историјата на филозофијата или анализа на апстрактни филозофски идеи, велат ...

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ во кое образованието се одвива на македонски знаковен јазик постои повеќе од 60 години. Средното училиште има големо значење за образованието на глувите и наглувите лица, но и за нивната инклузија во општеството. Најголемата мисија на училиштето е социјализацијата и оспособувањето на учениците за самостојно извршување на работните задачи. Автор: Христијан Божиновски ...

Со изложбата „Горан Стефановски и книгите“ и изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар – Скопје, синоќа во Прилеп беше отворено 58 – то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Годинешната програмата „Промени се, промени сè“ именувана од уметничката директорка Ана Стојаноска на посетителите ќе им понуди единаесет претстави во продукција на националните театри, шест претстави ...

Матурантите во Македонија денеска го полагаат вториот екстерен испит, кој е задолжителен во рамките на државната матура. Учениците имаа можност да бираат меѓу еден странски јазик и математика. Најбројни се пријавените за полагање англиски јазик – 13.198 матуранти, а математика денеска полагаат 1.356 ученици, пренесува новинската агенција Мета. Минатата година, околу 3.000 матуранти беа фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик. ...

Со 88 гласа „за“ и 22 „против“ околу 2:30 часот по полноќ беа изгласани измените на Законот за државна управа, со кои се прави реорганизација на министерствата. Сега, бројот на министерства ќе биде за 4 поголем, односно во земјава ќе има 20 министерства. Со новиот закон ќе се формираат Министерство за спорт, Министерство за европски прашања, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и Министерство за јавна администрација, а ...

Основниот јавен обвинител од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски ја номинираше јавната обвинителка Емилија Мизо Димков задолжена да го следи постапувањето во предметите за кривични дела од омраза и дискриминација. Нејзиното номинирање, како што велат оттаму е врз основа на заклучоци од претходна средба со претставници од невладиниот сектор, а нејзиното номинирање е на првична иницијатива од КВИР Центарот Скопје – Здружението за сексуални и родови ...

Едина Шечеровиќ Градежните активности, географската локација, двојно поголем број автомобили во однос на капацитетот – сето ова се клучните проблеми на главниот град на БиХ. Ништо чудно што често читаме дека „Сараево е најзагаден град во светот“. Сараево се соочува со посебен проблем во периодот од ноември до март – тоа е екот на грејната сезона во која исклучително многу се користат цврсти горива. Јаглеродната неутралност е од суштинско значење ...

Преку рефлексија на достигнувањата на Младински образовен форум (МОФ), но и преку отворена дебата за иднината на образованието и улогата на младите во нашето општество, денеска МОФ одбележа 25 години постоење. На конференцијата по повод јубилејот, директорката Теодора Столевска во воведот посочи дека МОФ е заедница на млади луѓе, која негува активизам, дебата, слободно изразување и критички освестени млади што учествуваат во демократските ...

Преку одбележување на Светскиот ден на животната средина официјално беше отворена новата Европска куќа во Тетово. Со ова, како што велат оттаму, градот доби нов центар што ќе се сосредоточи на поттикнување на развојот на младите, зачувување на културата и културното наследство, зачувување на животната средина, како и вмрежување на сите активни чинители во заедницата. „Официјалното отворање се случи во среда, а настаните почнаа со официјалното ...

Четиринаесетото издание на „Филозофскиот филмски фестивал“ (ФФФ) започнува вечерва со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023]. Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на енигматичниот и вдахновен поетски филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе [Victor Erice]. „Во ...

Формирање неколку нови министерства, спојување, како и укинување, промени и трансформации на некои агенции, секретаријати и државни инспекторати се дел од предлог измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Овие измени веќе денеска по скратена постапка ќе се најдат пред новите пратеници. За нивно усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Неопходноста од измените и дополнувањето на Законот, како што се ...

Автомобили, возила на Брза помош, нервозни пациенти, насобрани роднини… Ако појдете на влезот во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“, ваква е сликата што ќе ја затекнете. И внатре е преполно – во холот, во ходниците пред амбулантите, како и пред некои од операционите сали. Ќе видите и пациенти легнати во болнички кревети, во ходници, додека чекаат прием и преглед од доктор, пишува новинската агенција Мета. Поминаа повеќе од две ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките, на социјалните мрежи во земјава. „Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително, ваквите ...

„Од препознаени по својот волонтерски придонес во контролата и надминувањето на прекубројноста на бездомните кучиња, вдомување и со сопствени пари стерилизирање на бездомни кучиња со цел да се намали нивната бројка на улица, активистите од Здружението ‘Animal lovers’ од Струмица стигнаа до момент да врз нив се демонстрира моќ, сила и власт од страна на институциите, јавните претпријатија и градоначалникот на општина“, истакнуваат од Здружението ...

Третиот по ред базар за облека, книги, играчки и други прозводи од „втора рака“, но и рачно изработен накит и аксесоари, ќе се одржи во сабота (8 јуни) од 11 до 15 часот во „Јавна соба“, на кој ќе има 35 штандови, односно најмногу досега. „Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарање во ‘Јавна соба’ оваа сабота, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови“, велат ...

Ѓорѓи Хаџи Василев Социо-економската криза и светската геополитичка нестабилност ги разбудија егзистенцијалните и безбедносните прашања и дилеми кај електоратот – прашања на кои радикалната левица, либералите и умерената десница не можат да одговорат, додека радикалната десница наметнувајќи се како „спасител на Европа“ вешто го користи моментумот за придобивање и мобилизирање на европскиот граѓанин. Јунските парламентарни избори во Европската ...

Во Скопје денеска почнува книжевниот и творечки фестивал за деца и млади „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. „Посетителите на фестивалот ги очекуваат многубројни и разновидни креативни работилници со домашни уметници и писатели, како и со гости писатели и илустратори од Словенија и Хрватска, промоции на книги за деца и млади на неколку издавачки куќи, изложба на илустрации од ...

Неформалното здружение за култура и образование „Дума ин сума“ објави повик за учество во работилница за креативно пишување на млади на возраст од 14 до 19 години, насловена како „Поетиката на периодиката“ која ќе се одржи на 17, 18, 19 и 24 јуни во Културниот центар „Јадро“, од 12 до 17 часот. Како што појаснуваат организаторите, на работилницата ќе се истражуваат нефикционални книжевни форми и минати, подзакриени реалности. Сите заинтересирани ...

Повеќе од 200 студенти од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ имаа можност да се претстават пред педесеттина водечки компании од земјава и регионот, на ИТ-саемот за вработување, „Brainster Job Fair“, што вчера се одржа во културно-едукативниот центар „Лабораториум“, а во организација на Бреинстер. На саемот учествуваа компании од различни сектори од индустријата како софтверски компании, маркетинг агенции, регрутерски компании, телекомуникациски и ...

Второто издание на Фестивалот „Стрип трип“ ќе се одржи на 8-9 јуни (сабота и недела) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје со почеток од 12 часот. Фестивалот, велат организаторите, ќе понуди богата програма за сите фанови и љубители на оваа уметност преку промоции на повеќе дела од домашни автори, како и промоција на графичкиот роман „Чамбара“ од италијанските автори Андреа Акарди и Роберто Рекиони кои ќе бидат специјални гости на ...

Жените прават помалку грешки и имаат подобра ментална агилност за време на нивниот менструален циклус, иако тоа можеби е периодот кога се чувствуваат најлошо, покажува нова студија, пишува „Гадријан“. Истражувањето, спроведено од Институтот за спорт, вежби и здравје открива дека времето на реакција на жените, точноста и вниманието на деталите се изострени додека менструираат, што ги предизвикува актуелните хипотези за тоа како жените спортуваат ...

„Shelter Mvmnt“ овој петок, 7 јуни, прават нова журка во клубот „Фортрес“ (Fortress) во Старата скопска чаршија. На музичката агенда е Khonsu, свеж, мистериозeн и мрачен проект, движен по нарација. Се работи за нов музички израз на Антонио Симоновски, претходно познат во психоделичната заедница по проектите Cosmic Dimension и Mentalian. Толе и Мартин ака Његовски доаѓаат од вибрантните улици на Белград директно во Скопје, со, како што велат ...

Студентите сместени во „третата“ зграда – единствената од трите згради во студентскиот дом „Стив Наумов“ која во моментов е во функција, добиле задолжение да се иселат од домот најдоцна до 24 јуни, и покрај тоа што, согласно договорите што ги имаат потпишано со ДСД „Скопје“, имаат право да престојуваат таму до 30 јуни, пишува Мета.мк. Причината за предвременото иселување на студентите е подготовката за градежните зафати за реконструкција на ...

Околу 8.000 лица во земјава се водат како глуви или наглуви. Нивниот пристап до институциите како пошта, училиште, суд, полиција или банка е отежнат, а најмногу потешкотии имаат при одењето на лекар. Лекарскиот преглед е речиси невозможен без придружба. Автор: Енис Асили Менторка: Катерина Топалова Овој материјал е изработен во рамките на регионалната иницијатива „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ финансирана од Фондот за градење мир на ...

Дарко Костадиновски денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд, соопштија оттаму. Костадиновски е доктор на правни науки. Пред да стане уставен судија, од 2001 до 2018 година работел во Кабинетот на претседателот на Македонија. Исто така, работел и како асистент на советникот за надворешна политика, раководител на одделението за ЕУ и НАТО и државен советник за надворешна политика. Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, ...

Платформата X, поранешно Твитер, која е во сопственост на Илон Маск, во текот на викендот ги ажурира политиките за формално да дозволи содржини за возрасни и насилство, пренесува Ал Џазира. Според ажурираните упатства, платформата ќе им овозможи на корисниците да споделуваат сексуализирана содржина се додека таа е консензуална и јасно означена. „Сексуалното изразување, без разлика дали е визуелно или писмено, може да биде легитимна форма на ...

Вкупно 29 пратеници од минатиот пратенички состав ќе добиваат апанажа, односно плата од државата во висина на пратеничката, откако денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата им ги прифати барањата. Десет членови на Комисијата гласаа „за“, а против гласаше само пратеникот на Левица Борислав Крмов. Според информациите на Собранието, од списокот на пратеници кои поднесоа барање за апанажа, може да се забележи дека најголемиот број од ...

Бавна дигитализација, недоволна промоција и слаба искористеност на е-услугите, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) по ревизијата на тема ефикасност на Националниот портал за е-услуги. Тие посочуваат дека 140 закони, заедно со Законот за општа управна постапка сè уште не се усогласени со пакетот закони за дигитализација. Дополнително, тие нотираат дека се на порталот се поднесени 0.556 поднесени барања по регистриран корисник и издадени ...

Со „Приказната за генијалната Матилда“, изведена на македонски јазик од членовите на Студиото за детски и младински мјзикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје, вечерва (4 јуни) со почеток во 19 часот, стартува фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади. „Фановите на Матилда нема да сакаат да ја пропуштат оваа шанса да пеат заедно со „Чудо“ (Miracle), „Кога ќе пораснам“ (When I Grow Up), Деца на револтот“ (Revolting Children) и други познати песни ...

Уметницата Гордана Јаневска ќе ја отвори својата самостојна изложба на слики насловена „Допир“ на 5 јуни (четврток) од 20 часот во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. „Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли“, велат ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1012
weather icon

Белград

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
59%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
73%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
59%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.93
48%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 16ᴼ
1.03
86%
1015
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
50%
1008
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
53%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
50%
1011
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
0.0
52%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
59%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
60%
1010
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048