Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Имаме одврзани раце да работиме на сè, во тек е истрага за акцизни стоки, очекуваме милионски наплати преку избегнати даноци, изјави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. „Работиме на нешто на што никој во Царинската служба не бил охрабрен да работи, ниту пак имал интерес да работи на таков случај. Ние, како дел од државниот апарат предводен од премиерот Христијан Мицкоски, имаме одврзани раце да работиме на сè.“ „Кога ќе го ...
Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, не се врати во својата татковина со своите соиграчи откако беше елиминиран од Светското првенство. По поразот од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство, легендарниот напаѓач отпатува во Португалија со приватен авион, објавува шпанската „Марка“. Според истиот извор, пред да замине, Роналдо бил многу срдечен кон вработените на аеродромот, се збогувал со ...
Една од најголемите актерки на сите времиња, Мерил Стрип, денес, 22 јуни, го слави својот 77-ми роденден. Нејзиниот живот беше обележан со бројни филмски улоги, но и со трагична љубовна приказна. Способноста на Мерил Стрип да ја долови секоја можна улога, да го промени гласот доколку е потребно (како во улогата на Маргарет Тачер), да импровизира и да се движи во просторот е навистина ненадмината и ретко имаме можност да сретнеме актери од ...
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека во изминатото деноноќие четири лица се лишени од слобода за семејно насилство, а имало вкупно седум пријави. На 08.07.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје, 54-годишна жена од Скопје пријави дека на 02.07.2026 на подрачјето на Центар била спречена од нејзините родители да го напушти домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 08.07.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, ...
По речиси две децении, правилата за квалитетот на течните горива се менуваат со нова уредба која воведува современи стандарди, поголема контрола и појасни услови за сите учесници на пазарот. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека новата уредба го заменува досегашниот Правилник за квалитет на течните горива, кој се применуваше речиси 19 години. Со новото решение се утврдуваат видовите и ...
Актерката и режисерка Оливија Вајлд откри дека шпанската актерка Пенелопе Круз ја изненадила со непланиран бакнеж за време на снимањето на филмот „The Invite“. Оливија Вајлд не очекувала дека снимањето на филмот „Повикот“ ќе заврши со неочекуван момент со Пенелопе Круз . Во една сцена, шпанската актерка решила да импровизира и да го бакне Вајлд, кој го режирал филмот и глумел во него. Вајлд подоцна призна дека потегот ја шокирал, но и дека ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес одржа состанок со членовите на владата, на кој министрите го информираа за состојбата на пазарот на горива и изјавија дека тешкотиите со горивата се привремени. Тој оцени дека рускиот енергетски систем е меѓу најстабилните во светот и покрај обидите на противниците да ѝ наштетат на руската економија. Путин повика на брзо решение на проблемот со снабдувањето со гориво во Крим и во јужните делови ...
По долг период на предизвици, ѕвездите конечно испраќаат поволни можности за Лавовите, Скорпиите и Јарците, по што следува поуспешен и помирен период. Крајот на годината би можел да донесе значајни промени за одредени хороскопски знаци. По период на предизвици, неизвесност и многу труд, им се отвора можност да напредуваат на деловно, финансиско и емоционално ниво. Според астролошките толкувања, Лавовите, Скорпиите и Јарците ќе имаат ...
Италија нареди протерување на двајца руски воени аташеа обвинети за шпионажа во четврток, а министерот за надворешни работи ги осуди „сериозните и неприфатливи акти на мешање“ од страна на Москва. Протерувањата се случија два дена откако полицијата објави апсење на двајца поранешни италијански разузнавачки агенти за кои, според медиумите, ѝ дале на Русија тајни за воена помош на Украина. „Италијанската влада одлучи да протера двајца воени ...
Преку проширување на Позитивната листа и воведување генеричка конкуренција, Фондот создава услови за пониски цени, поголема достапност на лековите и поефикасно користење на јавните средства, изјави директорот на ФЗОМ, Сашко Клековски. Тој кажа дека во одредени терапевтски групи, цените на лековите во Македонија сè уште се повисоки во споредба со дел од земјите во регионот. Покрај објективните ограничувања што произлегуваат од големината на ...
ФИФА го назначи судискиот тим за денешниот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство помеѓу Франција и Мароко, а ниту еден од двата табора не е задоволен од својата одлука. Натпреварот, кој ќе се игра денес во 22 часот, ќе го суди аргентинска судиска линија. Главен судија ќе биде Факундо Тељо, на кого ќе му помагаат Хуан Пабло Белати и Габриел Чаде, додека четврти судија ќе биде Дарио Херера. Резервен помошник судија ќе биде ...
Бакнежот е еден од најчестите начини за изразување блискост меѓу луѓето. Иако повеќето го перцепираат како природен израз на љубов, наклонетост или страст, научниците со години се обидуваат да објаснат зошто луѓето се бакнуваат, каква улога играла оваа навика за време на еволуцијата и како влијае на менталното здравје. Како и кога се случи бакнежот? Освен што е важен дел од романтичните врски, бакнувањето влијае на емоциите, функцијата на ...
Албанските власти им забраниле влез на повеќе десетици лица од Македонија кои, според информациите во дел од албанските медиуми, планирале да присуствуваат на антивладините протести во Тирана. Според објавените информации, на таканаречената „црна листа“ на Албанија се нашле повеќе од 60 лица поврзани со коалицијата ВЛЕН, која е дел од владејачкото мнозинство во Македонија. Меѓу лицата на кои, според медиумските наводи, им бил ограничен ...
Со фиксиран поглед кон таванот денеска на обвинителна клупа седна 25-годишниот Трајко Бојковски кој се товари за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во кумановско. Бојковски беше спроведен во Кривичниот суд во Куманово со полициска придружба, но тој погледот го фиксираше на таванот и воопшто не одговараше на прашањата на судијата. Обвинителството на 19 јуни поднесе обвинителен акт против Бојковски од Старо Нагоричане за ...
Јужнокорејскиот „Самсунг Електроникс“ објави рекордна оперативна добивка во вториот квартал од 2026 година, што е зголемување од повеќе од 1.800 проценти на годишно ниво, но неговите акции паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат дека масовните инвестиции во инфраструктура за вештачка интелигенција би можеле да го забават растот на побарувачката за мемориски чипови. Оперативната добивка на „Самсунг“ за периодот од април до јуни изнесуваше ...
Прошетката по плажа е една од најчестите активности во текот на летото, но не е секогаш толку безопасна како што мислите. Експертите истакнуваат дека песокот може да ја подобри циркулацијата, да ги зајакне мускулите и да го олесни чувството на тежина во нозете, но може да го зголеми и ризикот од повреда ако се избере погрешна површина. Д-р Хозе Небот, трауматолог, препорачува посебна претпазливост кај постарите лица и оние со болки во ...
Каролина Морено од Канада опиша необично породилно искуство за време на кое го родила својот син во сон, а медицинските сестри го пронашле дури неколку минути подоцна под прекривката во болничкиот кревет. Оваа мајка на три деца рекла дека дошла во болница за индуцирано породување откако била позитивна на GBS, односно стрептококна бактерија од група Б, поради што требало да прими антибиотици пред да ѝ пукнат водењата. Бидејќи веќе била ...
На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. -Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по ...
Врската помеѓу стресот и автоимуните болести е предмет на бројни студии со години. Еве што покажува науката досега. Автоимуните заболувања се јавуваат кога имунолошкиот систем погрешно ги идентификува здравите клетки, ткива или органи како туѓи тела, а потоа ги напаѓа. Најчестите автоимуни состојби се псоријаза, целијачна болест, ревматоиден артритис и мултиплекс склероза , за да наброиме само неколку. Иако автоимуните заболувања најчесто ...
Високиот крвен притисок погодува околу еден од тројца возрасни во светот. Иако обично не предизвикува никакви симптоми во раните фази, високиот крвен притисок е водечка причина за срцеви удари, мозочни удари, заболувања на бубрезите и деменција. Добрата вест е дека обично може успешно да се открие и лекува, објави Express.co.uk. Што е крвен притисок? Крвниот притисок е силата со која крвта притиска на ѕидовите на артериите додека срцето ја ...
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога: бела грутчеста материја, халуциогени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по ...
На 08.07.2026 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно преземени мерки во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на општина Аеродром пронајденa е поголема количина на разновидна наркотична дрога. МВР информира дека се пронајдени бела грутчеста материја, халуциогени печурки, една кеса со поголема количина таблети-екстази, марихуана и три дигитални ваги. Се преземаат ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност. „Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на ...
„Длабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека ‘нема гаранции’ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата“, велат од Македонски Концепт. „Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот ...
САД, по наредба на Доналд Трамп, започнаа нов бран напади врз Иран Штрајковите што ги најави претходно денес американскиот претседател Доналд Трамп започнаа вечерва. Американски функционер потврди дека нападите започнале кратко пред Централната команда на САД да сподели соопштение на социјалните мрежи, додавајќи дека нападите се извршуваат по наредба на Доналд Трамп. „По наредба на Врховниот командант, силите на Централната команда на САД ...
Глобалната економија ќе порасне за три отсто во 2026 година и за 3,4 отсто во 2027 година, се наведува во денеска објавените ажурирани Светски економски изгледи (WEO) на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Новата кумулативна прогноза за следните две години е речиси непроменета во споредба со проекциите од Светските економски изгледи од април 2026 година, се додава во извештајот. Растот ќе биде помал од просечните 3,5 проценти забележани во ...
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе останат следните корисници: – Поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на улицата Гемиџиска крак 1 и крак 2, во периодот од 08.30 часот до завршување на интервенцијата без водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Гемиџиска и Филип Филиповиќ, општина Гази Баба и – Поради поставување на нов систем за автоматско управување во Хидрофор Бардовци со ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници: – Во период од 08,00ч до 13,00ч село Рашче, село Копаница и село Бојане, општина Сарај; – Во период од 08,00ч до 14,00ч улицата Богомилски поход населба Лисиче, општина Аеродром: – Во период од 08,00ч до 16,00ч дел од потрошувачите на улицата 3 и улицата Индира Ганди; – Во период од 09,30ч до 14,30ч дел од улицата Пробиштипска, Стоби, Мице, ...
„На граничниот премин Ќафасан, координаторот на пратеничката група на ВЛЕН, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, беа задржани околу еден час без никакво официјално објаснување, иако сите тројца беа опремени со дипломатски пасоши“, велат од Влен. „Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква ...
Македонската академска заедница остана без едно од своите препознатливи имиња. Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веста за неговата смрт ја соопшти Филозофскиот факултет, од каде изразија искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имале можност да соработуваат со него. Денко Скаловски е роден во 1956 ...