Во сабота, 24 септември, од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе биде промовирана првата збирка раскази на Mарина Шикова Димовска ‒ „Приказни од кујната“, издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја претстави Јулијана Величковска, која за збирката ќе рече: „Куса исповедна проза, необични дневнички записи што следуваат еден по друг по сеќавање, не по хронологија. Небаре разгледувате албум со стари ...

Македонската поетеса Гордана Каракашевска со уште тројца поети од земјава, ќе учествува на најголемиот интернационален поетски фестивал во Саранда, Р. Албанија. Поетскиот фестивал е во организација на „Јонскиот креативен клуб“, а ќе се одржи во периодот од 29 септември до 1 октомври. На шеснаесеттото издание на фестивалот „The Trireme of the Ionian Poetry“ ќе настапат педесетина учесници од целиот свет. На ова издание на фестивалот ќе биде ...

Утре – четврток од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески, роднокраен автор и почесен член на охридската библиотека. За животот и творештвото на Трајчески ќе говори м-р Милчо Јованоски, директор на библиотеката. Пред присутните ќе биде прочитан и освртот на Билјана Петрова од Австралија. Наум Трајчески е роден во село Издеглавје, Охридско во 1952 година. Од 1977 ...

Вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во присуство на бројна публика беше промовирана стихозбирката „Позајмениот куфер“ од Наум Трајчески, роднокраен автор и почесен член на охридската библиотека. Во својот осврт Билјана Петрова од Австралија кој пред присутните го прочита Христина Трпеска, вели: -Како долгогодишен претставник на македонската дијаспора во Австралија, поетот Наум Трајчески со целото свое битие и делување се стреми да ...

На 61-годишна возраст по кратко боледување почина актерката Јулијана Стефанова. Меѓу љубителите на театарската уметност ќе остане запаметена како актерка кој својот живот го посвети на Битолскиот театар, чија енергија привлекуваше внимание само што ќе застанеше на сцена. „ Пред неколку часа не напушти еден прекрасен човек, Јулијана Стефанова, актерката која штом ќе се појавеше на сцената веднаш предизвикуваше насмевка на лицата од публиката. ...

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид утре – среда во 12.00 часот ќе биде промовирана книгата „Стихописани слики“ од роднокрајниот автор Митко Ц. Колјушевски. Митко Ц. Колјушевски е роден 1949 год. во Охрид. По професија - Водител на процеси во М.М. Насока (во пензија). По вокација музичар (пеење, гитара, тапани и др. Ударни инструменти). Автор е на песните,,Стариот Фенер” ,,Охридски стари трубадури”, ,,Месецот ти плете коприна“... Се ...

Француската писателка Ани Ерно, позната по своите навидум едноставни новели пишувани врз основа на нејзините лични искуства со класните и половите поделби, ја доби годинешната Нобелова награда за литература. Француската писателка, 82-годишната Ерно е наградена за „храброста и клиничката острина со која ги открива корените, отуѓувањата и колективните ограничувања на личната меморија“, соопшти жирито. Во изјава за шведската телевизија веднаш по ...

Денеска, петок во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од14.00 часот ќе гостува библиотекар советник Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. Таа ќе одржи интерактивно предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“. Драгана Типсаревиќ е библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево. Таа е добитник на сите престижни награди од областа на ...

Синоќа во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ. Бабиќ во 1971 година дипломирал на Театарската академија во Софија и истата година станува дел од Драмски театар – Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен ...

Утре - среда, во Домот на културата „Кочо Рацин“-Скопје во големиот салон со почеток во 19:00ч. ќе биде промовирана збирката „Скротителка на змејови“-хаи[бун]наку од Дијана Петкова. Збирката содржи 64 хаи[бун]накуа што симболички ја претставуваат годината на раѓање на авторката 1964, којашто, пак, е година на змејот во земјите што го следат кинескиот хороскоп. За промоција на збирката ќе бидат користени две техники од Плејбек театарот: ...

Ви ја претставуваме најновата авторска песна ''Која си ти''од Александар Петрески. -Ја напишав минатото лето, една година ја свирев и пеев за себе, за да по некое време (тоа го правам со најголем дел од песните) по природен пат си добие свој карактер. Музиката, текстот, аранжманот и миксот се мое дело. Голема благодарност до сите кои дирекно и индирекно ми помогнаа да го реализирам овој проект: Климент Симоноски - Видео продукција Ангела ...

Светот денес го одбележува светскиот ден на Алцхајмеровата болест или како уште ја нарекуваат тивок крадец на спомените. Кон одбележување на овој ден , а со цел подигнување на свеста за нејзиното постоење , се приклучија членките на Лајонс Клуб ,,Деница“ -Охрид кои на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и подарија неколку примероци од книгата ,,Кога мама заборави дека ме сака “ од авторката Драгица Русевска -Христова. Книгата претставува ...

Доколку вашето дете поседува чист глас, прецизна интонација и желба за пеење во хор, БАМБИНО е вистинското место. Време е нашиот град да добие вистински детски хор, време е да го исполниме градот со нежни, детски гласчиња кои ќе бидат вистински репрезент на Охрид. Уписите започнуваат со аудиција, а хорот ќе биде под уметничко раководство на м-р Снежана Караџовска Попова, професор со долгогодишно искуство со работа со деца во областа на раниот ...

По повод 70 години од раѓањето на големиот Горан Стефановски, издавачката куќа „Полица“ ја објави книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Ова е прва книга во која детално се анализира и вреднува есеистичкото творештво на Стефановски и во македонската книжевна наука надоместува прочит и вреднување на исклучително важен дел од опусот на еден од најзначајните македонски автори. Покрај научната студија на Антоновски, во книгата, која е ...

Започна конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид која датира од четиринаесеттиот век. Првичниот фрескоживопис се смета дека е насликан околу илјада триста седумдесетта година, меѓутоа црквата претрпела измени низ вековите во однос на архитектурата и фрескосликарството. Во црквата Света Богородица Болничка која се наоѓа во непосредна близина на Долна Порта деновиве започнаа ...

,,ГЛАС,, филм на режисерот Огњен Свиличиќ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во деновите 28 и 29 септември 2022 година со почеток во 20.00 часот, цена на билетот 100 денари. Долгометражниот игран филм „Глас“ на хрватскиот режисер Огњен Свиличиќ, во кој малцински копродуцент е „Скопје филм студио“, влезе во програмата на 24. Интернационален филмски фестивал во Бусан, Јужна Кореја (Busan International Film ...

Денес, детските групи на КУД"ГЕРДАН ОД БИСЕРИ" - Охрид , одржаа проба во природа посветена на Светската недела на децата. Покрај звуците на македонските ора, Децата се натпреваруваа во повеќе дисциплини, а како нагрaда освојуваа медали.Многу насмевки детски, денот поминат покрај езерските води, без телефони. Вредеше да се биде на убавото сонце и чист воздух, вели уметничкиот раководител на КУД „Ѓердан од бисери“ Татјана Тренеска. ...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид континуирано го збогатува книжниот фонд. Од книгите кои се купени и обработени ви предлагаме да ги побарате следните пет наслови: Каде што реката го бакнува небото од Билјана Тинтоска Роман е инспириран од љубовта, како да сакаат луѓето, како се бидува ЧОВЕК. „Радоста не доаѓа од околу, туку се раѓа во нас самите. Нејзиниот извор е единствено жртвата што од себе ја даваме за доброто на другите. Таа жртва ...

Што е Маникулт ? Маникулт е еднодневна хуманитарна манифестација во која нашите гимназијалци ќе ги покажат своите квалитети, умешност и вештини. Низ текот на целиот ден нашето училиште ќе се претстави со повеќе активности со кои ќе ја подигнеме културната свест, ќе оставиме простор на нашите ученици да се претстават во најдобро светло, а и со тоа ќе помогнеме некому. Ве покануваме да не посетите и да го проследите нашиот настан кој ќе се одржи ...

Под мотото „Секогаш на вистинската страна“, Владата на Република Северна Македонија со низа настани и почести во Куманово, Прилеп и Скопје, го одбележа државниот празник, Денот на народното востание 11-ти Октомври. Премиерот Ковачевски присуствуваше на централната манифестација со пригодна културно уметничка програма, што се одржа на Спомен-костурницата во Куманово. Во обраќањето до граѓаните премиерот истакна дека одбележувањето на овој празник ...

Охриѓани вчера постигнаа убава и значајна победа против незгодната екипа на Детонит со само 2-0 велиме со само бидејки и од неколкуте шанси за гол кој охриѓани ги создавааг редовно тие искористија само две. Стрелци на головите беа Мартин Нически и Александар Ѓорѓиески. Кога гостите останаа со играч помалку се чинеше дека водството ќе се зголеми но шансите кој охриѓани ги создадоа не вродија со плод. Како и да е остварена е значајна победа и тоа ...

Главен фокус на Конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа а ќе учествуваат над 120 учесници од повеќе земји во деловите на Централна и Источна Европа. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков а ќе зборуваат и организаторите од Македонија, Снежана Штрковска, Кирил Симеоновски и Николче Стојановски. Собирот се одржува со мотото „Повторно ...

РЕК Битола двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава. Постројката е повторно во функција после 23 дена ремонт и заедно со Блок 2 испорачуваат електрична енергија. Ремонтот, кој обично трае 45 дена и повеќе, завршен е во рекордно краток рок, пред се благодарение на вработените во РЕК Битола и на ангажманот на исклучиво домашни фирми. ...

После пауза од повеќе години охриѓани и стружани имаа можност да присуствуваат на големото Езерско дерби кое веднаш да кажеме спрема она што го прикажаа и двете екипи во потполност ги оправда очекувањата на повеќе илјадната публика. Во текот на целиот натпревар своја доминација најавуваа и едните и другите воглавно се играше внимателно но и на моменти грубо така судијата додели по седум жолти картони и кај двете екипи а при крај на натпреварот ...

Вчера, РЦСОО„Ванчо Питошески“ го одбележа патрониот празник. Директорот Марјан Радески со своето обраќање им го честита патрониот празник на учениците и вработените, а на учениците кои учествуваа на меѓународниот натпреват „ГАТУС 2022“ и освоија медали им додели благодарници, а на вработените кои имаа јубилеј- им додели пригодни награди. Во рамките на одбележувањето, во просториите на училиштето беше приреден свечен коктел подготвен од ...

Мешавина од single malt и житни вискија. Со свежи ароми на јаболка и слад и суптилен допир на зачин. Нема подобро ирско уживање. #unmistakablyirish #alpojo #alpojoliquorstore #ohridcity #ohridmacedonia #irishwhiskey Познавачите на благородни и високо квалитетни алкохолни пијалоци несомнено го ценат ирското виски. Овој пијалок навистина заслужува почит, не само во Ирска, туку и насекаде. Ирското виски со право е препознаено како едно од ...

Време е да ја направите најдобрата зимница. АЛПОЈО Охрид е на Ваша страна. Како и секоја година така и оваа Ви нудиме сет зачини за да ги приготвите најразличните специјалитети во тегла. Тоа е убавината на нашата традиција и земја богата со највкусните зеленчуци и овошја. Сет зачините можете да ги купите во сите подобро снабдени маркети во Охрид, Струга и други градови но отсега можете да ги најдете во сите Веро маркети!!! Публицитет.мк ...

Famous Grouse е бренд на виски, кој прв пат е произведен од “Mattew Gloag & Son” во 1896 година, а моментално се произведува од страна на Edrington. Single malt виски суровините кои се користат во процесот на мешавината за Famous Grouse ги вклучуваат Highland Park и The Macallan кои исто се сопственост на Edrington. Негов заштитен знак е Red Grouse, тетреб, национална птица на Шкотска. Ова виски првобитно се нарекувало само Grouse, додека ...

Винобранот или калиум метабисулфитот е адитив кој често се користи во домаќинствата при подготовка на вино, но и за конзервирање разни видови зеленчук и овошје. Побарајте го во нашиот АЛПОЈО -Liquor & Spice Store и секо низ целата продажна мрежа со нашиот заштитен знак и изглед на пакувањето. Тој дејствува како конзерванс, антиоксиданс и како агенс за белеење, преку ослободување сулфур диоксид при растворање во вода. Поради тоа се додава ...

Во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на гените кои се одговорни за појава на верикозни (проширени) вени. Верикозни вени се сини или темновиолетови, кривулесто проширени површински вени, кои најчесто се манифестираат на нозете. Се смета дека речиси половина од возрасната светска популација има проблеми со венската циркулација. Околу 25-30% од жените и 10-15% од мажите имаат видливи варикозни вени. Дознајте повеќе на Публицитет.мк Прочитано ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
31%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
37%
1016
weather icon

Софија

32ᴼ / 30ᴼ
5.14
31%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.78
27%
1016
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
2.57
50%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
10.29
38%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
40%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
18%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.12
35%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
31%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
9.26
61%
1017
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315