Вчера нашата екипа при прошетка на познатата охридска плажа Лабино забележа човек кој ужива на декемвриското сонце и синилото на небото, но и во езерската вода. Тоа е познатиот охридски DJ Nasty Deluxe - Кристијан Нестороски кој обожува капење во езеро и прошетки крај него. Остатокот од времето го минува во создавање и откирвање електронска музика која потоа најчесто завршува на европските топ листи, се врти по дискотеките и на радијата. ...

Во февруари стартува петтата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, којашто придонесе за препознавање на повеќе нови дијагнози и подобар третман на пациентите со ретки болести. Сепак од невладиниот сектор велат дека не се издвојуваат доволно средства за лекови за пациентите со ретки болести, кои главно се деца. Она што е позагрижувачко е доцнењето со тендерите, нешто кое секоја година се повторува поради што пациентите ...

Според Светските истражувања направени во последнаве две години, кај пациенти кои прележале KОВИД-19, после оздравувањето може да се појават симтоми кои се во дирекна корелација или поврзаност со заболувањето. Имено, кај одреден број оздравени пациенти се јавува висок крвен притисок, болки во градите и во грбот, проблеми со дишењето и белите дробови, стегање на мускулите околу срцето, дури и инфаркт и мозочен удар. Одреденен број оздравени ...

β таласемијата е генетски условена состојба која се карактеризира со повеќе наследни анемии. Тоа резултира со недоволна синтеза на хемоглобин или пак синтеза на абнормален хемоглобин во црвените крвни клетки (еритроцити). Хемоглобинот е протеин што содржи железо и се наоѓа во еритроцитите и носи кислород до клетките низ целото тело. Кога има нарушување во структурата и синтезата на хемоглобинот, тоа се одразува и на еритроцитите и на нивната ...

Во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ се врши детекција на мутациите на гените одговорни за појавата на менингитис. Менингитисот е воспаление на мозочните мембрани кое ако не се лечи може да има тешки последици за заболените лица. Годишно се регистираат над 3 милиони случаи на заболени, а најголема опасност предизвикува бактерискиот менингитис. Менингитисот има голема стапка на морталитет и е поврзан со тешки неуролошки компликации. Mногу истражувања укажуваат ...

Водат ли мажите доволно грижа за сопственото здравје? Превенцијата е важна за здрав и долг живот - ние сме тука да ви помогнеме БИОМЕД ЛАБ - Охрид. Во „БИОМЕД ЛАБ“ со најсовремени молекуларни и генетски методи се испитуваат сите предизвикувачи на инфекции (бактерии и вируси) кај мажите, генетски предиспозиции за развиток на канцер на простата, тестиси, дебело црево, и други генетски промени. Дознајте повеќе на Во ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ се врши ...

Некои од наследните бубрежни заболувања се карактеризираат со поблаги симптоми, додека пак други можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Наследните бубрежни заболувања често се среќаваат кај возрасни лица и можат да предизвикаат и бубрежна инсуфициенција. Една од најчестите наследни болести на бубрезите е автозомно доминантна полицистична бубрежна болест. Најчестите симптоми се: цисти на бубрезите, болка во грбот и главоболки. Други ...

Постојат повеќе од 200 наследни болести на сврзното ткиво кои можат да влијаат на изгледот и растењето на кожата, коските, зглобовите, срцето, крвните садови, белите дробови, очите и ушите. Повеќето од овие нарушувања се присутни уште при раѓање. Раната идентификација на индивидуите изложени на ризик од овие болести можат да помогнат во за следење на нарушувањето и одредување на вистинскиот третман. Тестовите овозможуваат молекуларна генетска ...

Во Белград , Србија на 77 годишна возраст , по компликации од Ковид – 19 почина познатиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов. Хаџиманов, е роден во Кавадарци на 25 декември , 1943 г. Живеел и учел во Скопје а Факултет за драмски уметности завршил во Белград. Тој беше композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на поранешните југословенски простори.. Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, и татко на Васил Хаџиманов, познат ...

Во чест на 7 Април - Светскиот ден на здравствените работници ги репризираме двата дела од интервјуто со познатиот доктор - педијатар од Струга Климе Матоски. Двата дела се прв пат објавени во октомври 2019 година. Пред да се навратиме на сторијата од 2019 прочитајте што напиша д-р Матоски на својот фејсбук профил во пресрет на денов. ВРЕДИ ДА СЕ СЕТИМЕ Се приближува СЕДМИ АПРИЛ - Денот на Здравствените Работници кон кои сите НИЕ и милијарди ...

Пред само четири дена не напушти Сабина Ајрула-Тозија, една од нашите најзначајни и најпопуларни актерки. Почина на 75-годишна возраст по тешко боледување. Сабина беше еден од столбовите на Драмскиот театар и ќе остане вечно запаметена по нејзините успешно одиграни улоги во претставите: „Болва во уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници“, „Еригон“, „Косанчиќев венец“, „Ивона, кнегиња бургундска“, „Авантурите на Понг и Луси“, „Свадба“ и многу ...

Новата осма сезона од веќе култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ авторот и водител Милчо Јованоски ја отвора со интервју со актуелната директорка на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ. Зад неа, како директор се веќе три успешни изданија на овој меѓународно престижен фестивал од кои последниве две се одржаа во услови на светска пандемија од Ковид -19. Наташа Поповиќ е професор по пијано и пред да дојде на функцијата директор на ...

Трет гостин во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ е легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски. Разговорот е снимен на 31 август во „Аквариус“ и денес ви предлагаме да го слушнете првиот дел. За оние помладите еве уште куп податоци за да осознаат за каков изведувач се работи. Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост: Драган Мијалковски некогаш жареше и палеше по македонските и тогашните ...

Во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ следува вториот дел од интервјуто со легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски. Слушнете за тоа како Драган и Маја Оџаклиевска биле единствената пеачка придружба на трите ју турнеи на Оливер Драгоевиќ, како е настаната песната „Лебеди пловете“ или онаа „ На 223 305“. За турнеите по Русија и Австралија и низ цела некогашна Југославија. Со клик на линкот подолу слушнете го ...

Снежана Анастасова - Чадиковска е вториот гостин - соговорник во новата сезона од аудио интервјуата „Мојот живот, мојот свет“. Нашата средба , логично беше да се случи во Охрид и тоа на 2 август на два дена пред почетокот на 60 „Охридско лето“. А, таа Анастасова - Чадиковска уште за добредојде ми вели: „Целиот мој уметнички и приватен живот, иако не сум родена во Охрид ми е сврзан со фестивалот. Благодарејќи му на татко ми кој уште таа магична ...

Од понеделник 12 декември по 20 часот на вашиот омилен портал Публицитет.мк очекувајте го првото издание од новата сезона од аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“. Прв наш гостин ќе биде актерот и режисер Коле Ангелоски. Интервјуто е снимено два дена пред премиерата на претставата "Секс, лаги и љубомора", текст на Марк Камолети на „Охридско лето“. Претстава за која есенва се бараше билет плус во Охридскиот театар. Автор и водител: Милчо ...

Коле Ангеловски – актер и режисер. Роден е во Скопје во 1943 година . Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Првата улога во легендарниот филм „Саша“ му ја донесе и дебитантската награда во Пула која му ја отворила и вратата за филмските улоги кои се нижеа. За филмот „Да се дојде и да се остане“ во 1965 година ја добива Сребрената арена на фестивалот во Пула. Забележителни улоги имал и во филмските југословенски спектакли ...

Нашите Силви и Влатко неодамна го издадоа најновиот сингл „Ја излези стара мајко“, инспириран од вистинскиот настан во нивната семејна куќа во Охрид, како дел од новиот албум 8-ми по ред, кој што го промовираа на 22 декември во Филхармонија во Скопје, а воедно и видео записот за истата нумера. Почитувани со оваа песна би сакале да Ви го честитаме Новогодишните празници. Ви благодариме на довербата, велат Силви и Влатко. Публицитет.мк ...

Во февруари стартува петтата сезона на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, којашто придонесе за препознавање на повеќе нови дијагнози и подобар третман на пациентите со ретки болести. Сепак од невладиниот сектор велат дека не се издвојуваат доволно средства за лекови за пациентите со ретки болести, кои главно се деца. Она што е позагрижувачко е доцнењето со тендерите, нешто кое секоја година се повторува поради што пациентите ...

Косовскиот филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, копродукција помеѓу Косово, Македонија, Швајцарија и Албанија ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид на 21 и 22 септември 2022 година со почеток во 20 часот, цена на билетот 100 денари. „Улиште“ е за жена од Косово чиј сопруг исчезнал во косовската војна и која се бори против патријархалното општество за да ја одржи својата фирма. Македонски ...

Томе Љушев – Шпанец од Охрид за документарниот филм „Аманет“ на 51 фестивал на непрофесионален филм, што се одржа деновиве во Валандово во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника освои две златни и една сребрена плакета. Филмот освои златни плакети за режија и монтажа и сребрена плакета во конкуренција на документарни филмови. „Аманет од старите“ е приказна за занаетите кои се во изумирање. За овој филм Љушев претходно ...

После премиерата на фестивалот „Манаки“, краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“, во режија на Лидија Мојсо - денеска - среда од 20.00, ќе биде на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Влезот е слободен. Сценарио: Лидија Мојсо и Јаков Поповски Играат: Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска Продукција: Лист Продукција (MK) Продуцент: Марија Димитрова Ко-продукција: Antitalent (HR) Копродуценти: Маја - Пек ...

Синоќа во Битола беа доделени наградите на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“. Во конкуренција од 40 документарни филмови од македонски и странски автори, меѓународното жири највисоката награда на фестивалот ГРАН ПРИ му ја додели на краткиот аматерски документарен филм „Охридските хотели и хотел Радиќ“ од авторот Љупчо Паункоски од Охрид. Паункоски на фестивалот кој годинава слави три децении од постоењето доби и диплома за ...

Од 1 декември (четврток) до 11 декември (недела) – Кинотеката, во соработка со Амбасадата на Чешката Република – организира голема рертоспектива на легендарниот чешки режисер и глумец Јиржи Менцл (Jiří Menzel). Оваа ретроспектива ќе биде отворена со филмот СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ (Ostře sledované vlaky / Closely Observed Trains), дебитантски долгометражен игран филм на Менцл (1938-2020), со кој освои „Оскар“ за најдобар странски филм во 1967 ...

Почнувајќи од 12 јануари (четврток), со по три филмски проекции дневно во попладневните и вечерните часови, Кинотеката и оваа година останува верна на традиционалното КИНО УТРО. Годинава во Кинотеката доаѓаат најпознатите негативци од филмското платно Џек Скилингтон и Гру засилени со помалку познатите, но полни со потенцијал - крокодилот Лил, вечно младиот Кашеј, малиот Финик и Макс и неговата бесна дружина. На овие ликови Тони Монтана, Норман ...

Како да препознаете тажен човек? Или среќен? Некои од можните одговори ќе можете да ги проверите во февруарската кинотечна програма. Шведскиот режисер Рубен Остлунд (Ruben Östlund) во ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА (Triangle Of Sadness) вели дека на секое лице може да се препознае триагилникот на тагата. Тој се формира во оној дел од лицето омеѓен со коренот на носот и очите. Ретко кој филм од поновата продукција, како ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА, успеа не само ...

Првиот роман од писателката Оливера Јовановска „Лавиринт на вистината“ деновиве читателите можат да го купат во книжарниците „Сакам книги“ во Скопје или да го нарачаат on line на 02 312 2708. Коментарите за романот се повеќе од позитивни. По промоцијата во Охрид одржана во средината на јуни , минатата година, мнозина што ја прочитале велат дека секој што допрва ќе го чита романот ќе се пронајде во некој опишан настан меѓу кориците. Авторката ...

Ѓоле Максимовски подготвува соло албум, информација која многумина ќе ја дочекаат со огромно задоволство и констатација дека редно е, по долгото искуство на сцената, еден од најдобрите бас гитаристи да стави траен печат на својата плодна кариера. А, во неа се впишани “Влатко Стефановски трио”, Гарабет Тавијтан и “Парамециум”, многу други групи, како и последно “Кабадајас”, која е на концертна пауза последнава година, но паралелно е во студио, ...

Познатиот охридски урбан лик - почитуваниот Андон Групчев деновиве на својот фејсбук профил постави фотографија на кој тој наводно разговара на еден стар, добар телефон со некого. Датумот вели дека најверојатно се обидува да му честита со „жив глас“ преку жица, ново среќно лето. Фиксните телефони стојат уште во нечиј дом како украс и сведоштво за едно минато време. Сега наместо „жива честитка“ си праќаме фотки, однапред смислени и копирани ...

Кога староста ќе натежне а нозете не одат толку брзо за да ја преминете улицата а сте во строг центар е навистина тешко. Нашиот репортер вчера во Охрид околу 15.30 часот кај Поштана ( како што охриѓани си го викаме тој потег) забележа гест кој е за пофалба и поздравување. Додека старица се обидуваше да ја помине улицата и бавно чекореше, од полициското возило излезе полицаецот ѝ ја фати под рака и најгрижливо ѝ помогна да ја премине ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
42%
1021
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
0.51
37%
1020
weather icon

Загреб

30ᴼ / 27ᴼ
0.51
53%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
26%
1023
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.38
28%
1021
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.03
74%
1022
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
10.29
38%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
31%
1017
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
27%
1017
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
4.12
38%
1022
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.54
42%
1020
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
8.23
100%
1019
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326