Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Од денеска во Европската Унија почнуваат да се применуваат нови правила за амбалажата и амбалажниот отпад, а една од најзначајните промени се однесува на употребата на таканаречените PFAS-соединенија во материјалите што доаѓаат во контакт со храна. Новите ограничувања директно се однесуваат на дел од амбалажата што потрошувачите секојдневно ја користат, особено кога купуваат храна за носење. Станува збор за различни кутии за хамбургери и ...
На 11 август 1945 година бил направен историски чекор за жените во тогашна Југославија – за првпат им било уставно и законски признато правото на глас. Тоа било резултат на долгогодишната борба и активното учество на жените во општествените и политичките процеси, особено преку Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за време на Втората светска војна. Со Сојузниот изборен закон било потврдено изедначувањето на гласачките права меѓу мажите и ...
Голем број пропусти во словенечката полиција излегле на виделина по случајот со човек кој, иако немал полициско овластување, цели 18 месеци успевал да се претставува како полицаец и да учествува во службени постапки на аеродромот „Брник“. Случајот бил предмет на вонреден надзор што го наредил тогашниот министер за внатрешни работи Бранко Злобко, а конечниот извештај на Директоратот за полиција и други безбедносни задачи, кој го објави ...
Полицијата вчера привела 34-годишен скопјанец во селото Батинци, откако при извршен преглед кај него биле пронајдени револвер и куршуми наменети за оружјето. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 12:40 часот во Батинци, во скопскиот регион. Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И. од Скопје. При преземениот полициски преглед, кај ...
Во среда, 12 август, на небото ќе се случи редок астрономски спектакл – Месечината ќе помине меѓу Земјата и Сонцето и ќе предизвика целосно или делумно помрачување, зависно од локацијата од која се набљудува. Во делови од Европа феноменот ќе може да се следи како делумно помрачување, додека појасот на целосното помрачување ќе минува преку Арктикот, Гренланд и Исланд до Шпанија. Сепак, експертите предупредуваат дека директното гледање во ...
Пред судот во Салцбург започна судењето на двајца 46-годишни мажи, државјани на Северна Македонија и Босна и Херцеговина, кои се обвинети за шверц на вкупно седум килограми кокаин од Балканот во Австрија. Според обвинението, двајцата во периодот од пролетта 2024 до 2026 година во повеќе наврати пренесувале кокаин наменет за нарко-пазарот во Салцбург. На првото рочиште двајцата ги отфрлиле главните обвиненија за шверц. Македонецот признава ...
Во период на екстремно високи температури, клима-уредите работат со часови, а со тоа расте и стравот од високи сметки за електрична енергија. Сепак, обидот да се заштеди со постојано вклучување и исклучување на климата може да има спротивен ефект. Кај современите инвертер клима-уреди, поефикасно може да биде одржувањето стабилна температура отколку постојаното повторно разладување на веќе загреана просторија. Зошто честото гасење може да биде ...
Илјадници туристи се соочуваат со сериозни проблеми на Сицилија по засилената активност на вулканот Етна, кој продолжува да исфрла големи количества пепел, лава и вулкански материјал. Поради намалената видливост и ризиците за воздушниот сообраќај, аеродромот во Катанија е затворен, а проблемите со летовите траат веќе петти ден, токму во екот на туристичката сезона. Според објавените информации, околу 30.000 патници се директно погодени од ...
По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донела одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица. Според одлуката објавена во „Службен весник“, шест лица целосно се ослободуваат од понатамошно издржување на неиздржаниот дел од затворската казна, додека на останатите 19 им се скратуваат казните. Шестмина целосно ослободени од остатокот од казната Целосно се ослободуваат од извршување на ...
Македонската дијаспора низ светот постојано се менува и расте, а интересен тренд во последниот период се забележува меѓу македонската заедница во Австралија – браковите со жени од Филипини. Според неофицијални информации, во текот на оваа година во Австралија на околу 700 Филипинки кои стапиле во брак со македонски државјани наводно им биле издадени македонски патни исправи. Доколку овие податоци се точни, станува збор за интересен ...
Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа се искачи над 700 евра за мегават-час, а зад драматичниот скок овојпат не стојат геополитички тензии или санкции, туку екстремната суша и недостигот од вода. Најголеми ценовни скокови се забележани во Словенија и Хрватска, додека Грција и Бугарија задржале пониски цени. Особено критични биле 3 и 4 август, кога цените пораснале меѓу 50 и 100 проценти во споредба со претходните ...
Министерството за внатрешни работи предупредува на појава на нови фишинг измами преку кои граѓаните добиваат лажни пораки за наводно сторени сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“. Според МВР, измамите се шират преку СМС пораки, електронска пошта, веб-страници, мобилни апликации и социјални мрежи. Во лажните пораки се тврди дека известувањето доаѓа од Оддел за моторни возила и дека граѓанинот треба да плати казна за сообраќаен ...
Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид за шверц на повеќе од 375 грама златен накит, чија вредност е проценета на над 45.000 евра. Како што соопшти српската Царинска управа, случајот бил откриен на 8 август од службеници на Одделението за сузбивање шверц. При контролата биле пронајдени големо количество непријавени златни предмети и накит. Меѓу запленетите скапоцености имало три огрлици, од кои една со дукати, три ланчиња, седум ...
Разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди Колумбија предизвика силни реакции и меѓу најпознатите Колумбијци во светот. Шакира, Малума, Џеј Балвин, Софија Вергара и други јавни личности се огласија со пораки за поддршка до погодените семејства. Една од најемотивните пораки ја испрати Шакира, која преку социјалните мрежи порача: „Целата моја сила и љубов кон мојата татковина.“ Пејачката повика на единство и ги охрабри своите ...
Научници открија важен механизам кој може да објасни како клетките на ракот на дебелото црево успеваат да преживеат одредена хемотерапија и со текот на времето да станат поотпорни на третманот. Истражувачки тим од Универзитетот „Квинс“ во Белфаст го насочил вниманието кон митохондриите – деловите од клетката задолжени за производство на енергија и регулирање на повеќе важни клеточни процеси. Научниците утврдиле дека клетките на колоректалниот ...
Полицијата трага по возач кој со автомобил удрил во 16-годишен малолетник во Скопје, а потоа го напуштил местото на несреќата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 10 август во 16:55 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила на улицата „Адем Демачи“, каде патничко возило удрило во 16-годишник од Скопје кој во тој момент туркал електричен тротинет. По ударот, возилото го напуштило местото. ...
Двајца полицајци се повредени при напад со нож во центарот на Тулуз, откако маж вооружен со два ножа се нафрлил врз нив. Според француските медиуми, напаѓачот во текот на инцидентот повеќепати извикувал „Алах акбар“. Инцидентот се случил синоќа, а градоначалникот на Тулуз, Жан-Лик Муден, го опишал нападот како случај во кој била употребена терористичка реторика. Според информациите објавени од француски „Фигаро“, мажот најпрво им пришол на ...
Српската полиција заплени 22 килограми марихуана при претрес на автомобил и уапси 43-годишен маж од Лазаревац. Припадници на Управата на криминалистичката полиција, во соработка со полицијата во Краљево, го уапсиле Д.Ѓ. (43) поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. При претрес на патничкиот автомобил со кој управувал осомничениот, полицајците пронашле 22 килограми марихуана спакувана во вкупно 44 ...
Родителите и старателите на деца кои извршиле врсничко насилство би можеле да се соочат со парични казни, согласно законски измени кои веќе се наоѓаат во собраниска процедура. Ова го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека казни се предвидуваат и за родители и старатели кои одбиваат да соработуваат со стручните служби во училиштата. Јаневска, на панел-дискусија за меѓуврсничко насилство и вандализам во ...
Литванскиот министер за одбрана Робертас Каунас предупреди дека Русија би можела да разгледува сценарија за таканаречени операции „под лажно знаме“ насочени кон земјите членки на НАТО во балтичкиот регион. Според проценките на литванските власти, Москва наводно разгледува можност за изведување неконвенционални напади врз критична инфраструктура во Балтикот, при што би можеле да бидат употребени дронови од украинско производство со цел ...
Хрватската старлета Ава Карабатиќ повторно привлече внимание со сериозни обвинувања упатени кон својот партнер Лазар Иван. Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа модринка на лицето и напиша дека повторно побарала помош од надлежните институции. Карабатиќ тврди дека успеала да го напушти станот и дека по инцидентот се упатила во полиција. Во својата објава навела дека се здобила со повреда на лицето и изнела низа тешки ...
Драматичен инцидент се случил на плажа во областа Ајалија, во близина на Патра, каде шестгодишно момче било физички нападнато од својата мајка, по што случајот бил пријавен во полиција. Настанот се случил во понеделникот, 10 август, пред поголем број посетители на плажата. Една од присутните жени забележала дека мајката го удира детето по лицето, по што веднаш побарала помош и ја известила полицијата. Набргу на плажата пристигнала полициска ...
Регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни во Кавадарци продолжува со непречена работа, исполнувајќи ги своите секојдневни обврски и задачи со максимален капацитет. Со современ и уреден простор, како и услови кои ги исполнуваат сите потребни стандарди, стационарот се издвојува како еден од успешните примери во регионот. Клучот за ваквиот успех лежи во професионалниот тим кој секојдневно со голема посветеност се грижи за хумано ...
Ен Хатавеј реши директно да одговори на шпекулациите на социјалните мрежи дека нејзината бременост е наводно лажирана, откако актерката се појави на црвениот тепих во необична модна комбинација која го откриваше нејзиниот труднички стомак. 43-годишната актерка присуствуваше на премиерата на својот нов филм „Крајот на улицата Оук“ во Калифорнија на 9 август. За настанот таа избра светлосин краток топ, широки фармерки и црвени високи потпетици, ...
Петар Поп е пронајден мртов покрај пат во Стара Пазова во јули 2025 година, а според наводите од истрагата, сè требало да изгледа како сообраќајна несреќа. Меѓутоа, крвавите траги, постелнината, променетата облека и пораката испратена од неговиот телефон отвориле целосно поинаква приказна. Неговата сопруга Марка П. и нејзиниот љубовник Предраг Г. се осомничени дека го убиле, а случајот е одличен пример за тоа како форензичарите можат да ...
Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во туристичкото место Пештани. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 10 август во 18:10 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид. Пријавата ја поднел А.С. од Охрид, кој информирал дека во водите на езерото забележал бомба, по што надлежните служби биле известени за пронајдената експлозивна ...
Љубителите на ноќното небо во август повторно ќе имаат причина да останат будни до доцните часови. Еден од најпознатите и најатрактивни метеорски дождови – Персеидите – годинава ќе го достигне својот максимум во ноќта меѓу 12 и 13 август. Условите за набљудување во 2026 година се особено интересни, бидејќи максимумот на активноста се совпаѓа со период околу младата Месечина. Поради тоа, природната светлина од Месечината нема значително да го ...
Авион на „Американ ерлајнс“ бил принуден да се врати на аеродромот во Јужна Каролина веднаш по полетувањето, откако во текот на летот дошло до судир со јато птици, по што бил забележан пожар во еден од моторите. Станува збор за „Боинг 737“ кој летал под број 1760 на релација кон Шарлот, Северна Каролина. Во авионот се наоѓале 181 лице. Сериозноста на ситуацијата се слуша и во комуникацијата меѓу пилотот и контролата на летање. Во моментот ...
Македонија и натаму се наоѓа меѓу европските земји со релативно висока стапка на секојдневна употреба на тутун и сродни никотински производи. Според последните достапни податоци, 22,5 проценти од лицата на возраст од 16 години и постари во земјава секојдневно користеле тутун, електронски цигари, никотински кесички или загреани тутунски производи. Овој процент е значително повисок од просекот забележан во Европската Унија. Според податоците на ...
Прскањето парфем на вратот е навика која ја имаат огромен број луѓе, особено затоа што на тој начин мирисот останува подолго и се чувствува поинтензивно. Сепак, во последно време на социјалните мрежи се појавија предупредувања дека одредени состојки во парфемите би можеле да имаат влијание врз хормоналниот систем. Во едно видео, истражувачката Ана Канадас, која се занимава со истражување на ракот на Универзитетот Кембриџ, зборува за можните ...