Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
И денеска Македонија ја очекува претежно сончево и многу топло време, со температури кои во најтоплите региони ќе се искачат и до 38 степени. Иако во поголемиот дел од денот ќе преовладува стабилно време, попладне во планинските предели се можни краткотрајни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а утринските температури ќе се движат меѓу 12 и 20 степени. Во главниот град се ...
Француската морнарица изведе спектакуларна операција во близина на брегот на Сицилија, каде специјални командоси се качија на нафтениот танкер Дели, за кој западните власти се сомневаат дека е дел од таканаречената руска „флота во сенка“. Акцијата ја објави францускиот претседател Емануел Макрон, споделувајќи видео на кое се гледаат војници како се спуштаат од хеликоптери директно на палубата на бродот. Според Макрон, танкерот бил пресретнат ...
Одлуката на градскиот базен во Тетово да се воведат посебни термини за капење на жени и мажи предизвика бурни реакции и политички несогласувања. Според советникот од Левица, Боби Илиевски, ваквата мерка не била разгледана ниту усвоена од Советот на Општина Тетово, туку, како што тврди, била донесена директно од градоначалникот Билал Касами. Илиевски смета дека со ова се прекршуваат процедурите, бидејќи промените во начинот на користење на ...
Македонската научничка Светлана Мојсов конечно доби меѓународно признание за својот клучен придонес во откритието што го отвори патот за развојот на современите лекови за дијабетес и дебелина, меѓу кои се и Оземпик, Виктоза и Вегови. Родена во Скопје, Мојсов дипломирала хемија на Универзитетот во Белград, а својата научна кариера ја продолжила на престижниот Универзитет Рокфелер во САД. Токму таму нејзините истражувања довеле до ...
Грчката полиција истражува сериозен случај откако 19-годишна девојка пријавила дека била силувана додека била во алкохолизирана состојба на островот Скопелос. Според нејзината изјава, таа дошла на островот како сезонска работничка и по вечерно излегување со пријатели испила поголема количина алкохол. Подоцна заминала во станот на своето момче, каде што го затекнала само неговиот 28-годишен цимер, кој воедно бил и нејзин колега. Откако добила ...
Собранието го усвои новиот Закон за оружје, со кој се воведуваат низа измени насочени кон поедноставување на постапките, поголема безбедност и проширување на електронските услуги за граѓаните. Со новите законски решенија ќе биде овозможено со едно барање да се поднесе барање за набавка на повеќе парчиња оружје, а истовремено се воведува ограничување на максималниот број оружја што може да ги поседува едно лице, со законски предвидени ...
Потрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во завршна фаза, а продуцентите веќе започнале да ги контактираат актерите кои ќе учествуваат во следниот круг аудиции за легендарната улога на агентот 007. Според информациите, аудициите се закажани за август, а режисерот Денис Вилнев лично ги известува кандидатите кои се нашле во потесниот избор. Иако официјалниот список не е објавен, како можни фаворити повторно се споменуваат Харис Дикинсон, Калум ...
WhatsApp воведува нова безбедносна функција која треба значително да ја намали можноста за кражба на кориснички профили преку сè почестите фишинг и смишинг измами. Изминатиот период голем број корисници стануваа жртви на измамници кои испраќаа лажни пораки со малициозни линкови, најчесто од профили на луѓе чии сметки веќе биле хакирани. Со едно невнимателно кликање, напаѓачите добиваа пристап до профилот, а потоа испраќаа пораки до контактите ...
Вистинска драма се случила вечерва во Смедерево, Србија, откако во два угостителски објекти биле фрлени експлозивни направи. Според првичните информации, мета на нападот биле еден ноќен клуб и еден сплав во градот. Експлозиите предизвикале вознемиреност кај граѓаните, а на местото веднаш пристигнале полициски екипи. Според досегашните неофицијални информации, во инцидентите нема повредени лица, но причинета е материјална штета. Полицијата го ...
На окупираниот Крим е прогласена вонредна состојба по серијата украински напади кои во изминатите денови предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг од гориво и сериозни нарушувања во сообраќајот. Според прорускиот функционер Сергеј Аксионов, мерката е воведена за полесно справување со економските последици од кризата. Во меѓувреме, на Керчкиот мост се создадоа километарски колони, а во еден момент речиси 2.800 возила ...
Од јули 2026 година во Европската Унија стапуваат на сила нови правила со кои се забранува употребата на бисфенол А (BPA) во амбалажата што доаѓа во контакт со храната. Станува збор за хемикалија која со години се користи во пластични производи и внатрешните облоги на конзерви и лименки. Европските здравствени институции предупредуваат дека BPA може во мали количини да премине од амбалажата во храната и пијалаците. Според досегашните ...
Семеен излет во природа завршил со огромна трагедија, откако 35-годишната Сара Харисон го загубила животот обидувајќи се да спаси дете кое почнало да се дави во река. Според сведоците, детето од друга група излетници се лизнало и било повлечено од силната речна струја. Без двоумење, Сара скокнала во водата и успеала да стигне до него. Со последни сили го оттурнала детето кон брегот, каде што присутните успеале безбедно да го извлечат. ...
Еден од најдраматичните летови во историјата на поранешниот ЈАТ останал запаметен по речиси деветчасовната неизвесност што ја доживеала екипажот, додека патниците воопшто не биле свесни за потенцијалната опасност. Набргу по полетувањето од Торонто кон Загреб, контролата на летање ја известила пилотската кабина дека на пистата се забележани парчиња гума, поради што постоело сомневање дека пукнала гума на авионот при полетувањето. Екипажот не ...
Во последните денови низ еден македонски град се раскажува приказна која многумина ја опишуваат како вистинска животна драма. Сепак, засега нема официјална потврда дека настанот навистина се случил, па целата приказна останува во доменот на урбаните легенди. Според она што се прераскажува, главниот лик бил професионален војник кој по подолг период поминат на службена должност решил да ја изненади сопругата и децата за време на нивниот одмор ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има исклучително тежок предизвик во првото коло на Вимблдон, каде што ќе се соочи со Американката Аманда Анисимова, ланската финалистка и една од фаворитките на турнирот. Ѓорческа испиша историја откако успешно ги мина сите три квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка што обезбеди место во главната ждрепка на еден Гренд слем турнир. Сепак, ждрепката не беше наклонета кон неа. На ...
Поранешниот советник за национална безбедност во администрацијата на Доналд Трамп, Џон Болтон, призна вина за незаконско задржување на доверливи документи, со што заврши дел од судската постапка што се водеше против него. Болтон првично ги негираше обвиненијата, но пред судот се изјасни за виновен по една точка која се однесува на неправилно чување класифицирани информации. Документите, според обвинителството, содржеле чувствителни податоци ...
Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, е целосно во прекин за сите видови возила поради сообраќајна незгода. Според информациите од ЈП „Македонија пат“, прекинот започнал во 17:55 часот откако се превртело товарно моторно возило, при што на коловозот се истурил песок. Поради расфрланиот товар и блокираниот пат, сообраќајот во моментов не може безбедно да се одвива. Надлежните служби се на терен и работат на ...
Екстремно високите температури не предизвикуваат само непријатност, туку можат сериозно да ги влошат и постојните здравствени проблеми. Лекарите предупредуваат дека за време на топлотен бран особено внимателни треба да бидат лицата со хронични заболувања. Најголем ризик имаат луѓето со срцеви заболувања. Високите температури го принудуваат срцето да работи поинтензивно за да го разлади организмот, што може да доведе до забрзан пулс, пад на ...
Педесет и седумгодишен државјанин на Хрватска е осуден на 12 години затвор поради убиството на свој пријател во Виена, по расправија која избувнала за време на дружење. Според судските информации, трагичниот настан се случил кон крајот на ноември минатата година во стан на нивна заедничка пријателка. За време на вечерта тројцата консумирале алкохол, а разговорот за војните во поранешна Југославија постепено прераснал во жестока расправија. ...
Суд во Калифорнија го прогласи за виновен тренер на кучиња кој се соочува со затворска казна, откако поради негрижа починале 11 животни оставени во прегреано комбе. Според истрагата, кучињата биле сместени во метални кафези во затворено возило за време на екстремно високи температури, без соодветна вентилација и грижа. Како последица на топлината и недостигот на воздух, сите животни починале од топлотен удар. Обвинителството утврдило дека не ...
Патувањето со домашен миленик може да биде прекрасно искуство доколку однапред се испланираат сите важни детали. Со добра подготовка ќе го намалите стресот и ќе обезбедите безбедно и удобно патување и за вас и за вашиот четириножен пријател. Пред да тргнете, проверете дали хотелот, апартманот или другото сместување дозволува престој на домашни миленици. Доколку патувате во странство, информирајте се и за условите за влез, бидејќи во некои ...
Осомничен за учество во меѓународна криминална мрежа поврзана со шверц на околу 50 тони кокаин користел македонски пасош издаден на туѓ идентитет, објавија медиуми повикувајќи се на информации од истрагата. Според достапните информации, патната исправа била добиена со злоупотреба на идентитет, што му овозможило полесно да се движи и да го прикрие својот вистински идентитет за време на криминалните активности. Случајот е дел од поширока ...
Корисниците на Viber во Србија отсега можат да ги користат функциите на ChatGPT директно во апликацијата, благодарение на новото партнерство меѓу Rakuten Viber и OpenAI. Новите AI алатки се достапни бесплатно и не бараат напуштање на Viber за извршување на различни задачи. Новите функции се дизајнирани да бидат едноставни за користење и достапни за сите корисници, без разлика дали претходно користеле алатки базирани на вештачка интелигенција. ...
Српски државјанин е приведен откако бил фатен како управува автомобил со екстремно висока брзина на автопатот Скопје–Гевгелија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Гевгелија при редовна сообраќајна контрола со радар измериле дека 60-годишниот возач управувал „БМВ“ со српски регистарски таблички со брзина од дури 221 километар на час. Прекршокот бил констатиран кај местото Милетково, на ...
Доделувањето на наградите за најубав двор и балкон во хрватскиот град Дуго Село предизвика бројни реакции, откако меѓу добитниците се најде и градоначалникот Ненад Паниан. Неговиот двор го освои второто место, а како награда доби косилка. Случајот привлече внимание бидејќи Паниан воедно е и претседател на Советот на Туристичката заедница на Дуго Село – институцијата што го организирала конкурсот. Конкурсот бил организиран со цел да се ...
Околу 20 осудени лица, кои според наодите биле психички здрави и целосно пресметливи, наместо да издржуваат затворска казна биле сместени на лекување во Психијатриската болница „Демир Хисар“. Ова денеска го соопшти заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска, која истакна дека постојат сериозни сомнежи оти ваквиот исход бил овозможен преку спорни психијатриски вештачења и лажни наоди за нарушена психичка состојба. Неправилностите биле ...
Бугарската јавност е во шок по трагедијата што се случи во студентски дом во градот Угрчин, каде биле пронајдени телата на две девојки, од кои едната е малолетна, и едно младо момче. Според првичните информации од тамошните медиуми, станува збор за случај што најверојатно бил поттикнат од љубовни односи и жестока расправија. Според бугарскиот весник „Труд“, полицијата веќе привела осомничен маж по име Петар, кој се товари дека ги убил младото ...
Во Србија е издадено итно предупредување за потрошувачите, откако надлежните институции наредија повлекување на еден производ од продажба во продавниците на „Пепко“ поради потенцијален ризик од повреди. Станува збор за нараквицата Capybara Bracelet SNAKE (PLU: 631925), која била во продажба во продавниците на „Пепко“ во Србија во периодот од 3 до 31 март 2026 година. Според информациите од српскиот систем за предупредување за небезбедни ...
Групацијата на авто-такси превоз на Град Скопје предупредува дека такси-превозот во главниот град се соочува со сериозни проблеми кои со години остануваат нерешени, поради што најавува можни протести во наредните денови. Од Групацијата велат дека веќе девет години се наталожуваат бројни прашања кои директно влијаат врз работата на такси-превозниците, квалитетот на услугите и безбедноста на патниците. Според нив, и покрај повеќекратните барања ...
Во Велес се случил сериозен инцидент во кој 31-годишен маж нападнал 71-годишна жена, по што бил приведен од полициските службеници, соопштија од СВР Велес. Според информациите, инцидентот се случил вчера доцна попладне, кога осомничениот дошол пред домот на жената и побарал да ја види нејзината ќерка. Откако не ја затекнал, ситуацијата ескалирала во насилство. Мажот најпрво физички ја нападнал постарата жена пред влезната врата на домот, а ...