Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
ФИФА стави крај на дилемите околу израмнувачкиот гол на Англија во четвртфиналниот дуел против Норвешка, потврдувајќи дека погодокот на Џуд Белингам е целосно регуларен. Норвешките фудбалери бурно протестираа, тврдејќи дека непосредно пред акцијата за гол топката ја допрела сајлата на која е поставена воздушната камера. Според нив, токму тој контакт ја сменил траекторијата на топката и ѝ овозможил на Англија да започне опасен напад. Спорниот ...
Сопственикот на познатиот угостителски локал „Baking Bread“, Мише Цвејевски, се огласи по пожарот што избувна вчеравечер во објектот на улицата „Димитрие Чуповски“ кај Рекорд во центарот на Скопје, откривајќи ги причините за инцидентот и демантирајќи ги шпекулациите што се појавија во јавноста. Благодарение на навремената интервенција на Противпожарната бригада, огнот бил брзо локализиран и изгаснат, со што било спречено негово ширење кон ...
Вистинска полициска драма се одвиваше во близина на Чрномељ во Словенија, каде безбедносните сили речиси 24 часа трагаа по вооружен разбојник осомничен дека во петокот вечер извршил вооружен грабеж на бензинска пумпа и им се заканувал на вработените. Според словенечката полиција, осомничениот бил пронајден мртов во објект во населбата Уршна Села. Првичните информации укажуваат дека станува збор за 41-годишен хрватски државјанин, по кого ...
Во периодот на летните горештини, клима-уредот е речиси неопходен во секој дом. Сепак, многу граѓани несвесно прават грешки при неговото користење, поради кои потрошувачката на електрична енергија значително се зголемува. Според стручњаците, ваквите навики можат да ги покачат сметките за струја за 20 до 40 проценти, додека со правилно користење може да се постигне значителна заштеда. Една од најчестите грешки е поставување на клима-уредот на ...
Иако Меркур е ретрограден, денешните астролошки влијанија не повикуваат на брзи потези, туку на внимателно размислување, преиспитување на старите планови и поставување цврсти темели за идни успеси. Во исто време, Месечината влегува во знакот Рак, носејќи силен акцент на емоциите, домот и личната сигурност. Денот е идеален да се поврзете со себе, да ги преиспитате своите желби и да направите простор за нови почетоци. Одлуките што ќе ги ...
Пожар избувна вечерва во пекара во близина на „Рекорд“, во центарот на Скопје, по што на местото веднаш интервенирале противпожарните служби. Според првичните информации, на терен било испратено едно противпожарно возило, кое започнало со гаснење на огнот. Набргу по избувнувањето на пожарот, на местото пристигнала и полицијата, која го обезбедува просторот и ги утврдува околностите под кои настанал инцидентот. Во моментов не се познати ...
Француските безбедносни служби привеле 32 лица осомничени дека намерно предизвикале шумски пожари во 22 департмани од почетокот на летната сезона, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез. Апсењата се случуваат во период кога Франција се бори со бројни огнени стихии, предизвикани од екстремно високите температури и продолжената суша, додека пожарникарите секојдневно интервенираат на повеќе локации низ земјата. „Од почетокот на ...
Вистинска драма се одвивала на летот на „Рајанер“ од Солун, кога за време на летот пукнал прозорец, а 61-годишен државјанин на Србија, кој седел до него, за малку ќе бил извлечен од авионот. Неговата сопруга, која седела веднаш до него, за грчката телевизија „Мега“ ги опиша застрашувачките моменти во кои таа, една сопатничка и уште еден патник со огромен напор се обидувале да го задржат, додека половина од неговото тело било надвор од ...
По неколкуте денови со екстремно високи температури, Македонија ја очекува промена на временските услови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денот ќе започне со променливо облачно време и сончеви периоди, додека во попладневните часови во повеќе региони ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Во западните делови од земјата ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец, додека во источните предели ...
Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, упати жестока порака во која најави дека ќе биде извршена одмазда за убиството на неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, за кое Техеран ги обвинува Соединетите Американски Држави и Израел. Во соопштение објавено преку иранската државна новинска агенција „Фарс“, Хамнеи наведе дека одмаздата е барање на целата нација и дека таа сигурно ќе се случи. „Одмаздата за неговата крв и крвта на сите маченици ...
Црногорската полиција спроведе голема акција против организиран криминал во Подгорица, при што е уапсен 24-годишниот Лука Тодоровиќ, за кого се сомнева дека е поврзан со една високоризична организирана криминална група. При контролата и претресите на повеќе локации биле пронајдени над 4,2 килограми наркотични средства, меѓу кои околу еден килограм кокаин, околу 3,2 килограми марихуана и 190 таблети синтетичка дрога МДМА (екстази). Од Управата ...
Пушењето цигари наскоро би можело да биде дозволено само во посебно регистрирани приватни клубови, каде пристап ќе имаат исклучиво членови кои плаќаат членарина. Ова е содржината на амандманот на Законот за заштита од пушењето кој веќе се наоѓа во собраниска процедура. Според предлогот, приватен клуб би се сметал за правно лице регистрирано согласно закон, кое располага со затворен простор со ограничен пристап. Во него би можеле да влегуваат ...
Јирген Клоп ќе биде новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, објавуваат водечките германски медиуми. Според нивните информации, трофејниот стратег и Фудбалската федерација на Германија постигнале конечен договор за соработка. Наводно, договорот бил финализиран синоќа во Њујорк, а Клоп се обврзал да ја предводи германската репрезентација до завршувањето на Светското првенство во 2030 година. Со тоа, еден од најпознатите ...
Голем шумски пожар што беснее во Андалузија, Шпанија, продолжува да се шири поради исклучително неповолните временски услови, а досега огнената стихија зафатила околу 4.000 хектари вегетација. Во борбата против неконтролираниот пожар се вклучени повеќе од 500 припадници на итните служби, а на терен помагаат и 32 авиони кои се користат за гаснење и спречување на понатамошното ширење на огнот. Поради опасноста што ја претставува пожарот, ...
Турското обвинителство отвори нова голема истрага за наводна корупција, при што издаде наредби за апсење на 36 лица, меѓу кои се наоѓа и градоначалник на општина во Анкара од редовите на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП). Според информациите од турските власти, осомничените се истражуваат поради сомневања за поткуп и неправилности поврзани со јавни тендери. Полициските единици досега привеле 27 лица, додека потрагата по ...
Новак Ѓоковиќ остана без можност да се бори за осмата титула на Вимблдон, откако во полуфиналето на престижниот турнир убедливо беше совладан од првиот светски рекет Јаник Синер. Италијанскиот тенисер славеше со максимални 3:0 во сетови, со резултат 6:4, 6:4 и 6:4, по два часа и 20 минути игра на тревата во Лондон. Со оваа победа Синер го прекина патот на искусниот српски шампион кон уште еден трофеј од Гренд слем серијата. Од самиот почеток ...
Пожар избувна денеска во попладневните часови во месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, а локалните власти се сомневаат дека огнената стихија можеби била намерно предизвикана. Од Општина Валандово информираат дека пожарот бил пријавен во 12:37 часот, по што веднаш на терен излегле екипи на Територијалната противпожарна единица Валандово. Благодарение на брзата реакција, огнот во моментов е ставен под контрола, но целосното локализирање сè ...
Тажни вести пристигнуваат од Јужна Африка, каде што медиумите јавуваат за смртта на 25-годишниот фудбалски репрезентативец Џејден Адамс, кој неодамна настапуваше на Светското првенство во САД. Адамс беше фудбалер на Мамелоди Сандаунс и член на репрезентацијата на Јужна Африка. За време на мундијалот настапи во групната фаза, добивајќи минутажа на натпреварите против Мексико, Чешка и Јужна Кореја. Засега официјалната причина за неговата смрт ...
Дваесетгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола, по судир меѓу мопед и патнички автомобил. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 10 јули во 18:51 часот на крстосницата меѓу булеварот „1 Ви Мај“ и улицата „Јоргов Камен“. Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот ...
Тешка несреќа со смртни последици се случила вчера попладне на градилиште во скопската општина Гази Баба, каде што 52-годишен работник од Куманово го загубил животот додека извршувал работни задачи. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен околу 14:05 часот. Жртвата, И.И. (52) од Куманово, паднала од височина додека работела на објект во изградба. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но поради ...
Затворски службеник во КПУ Затвор Идризово бил физички нападнат од осуденик во полуотвореното одделение на установата, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје од страна на Казнено-поправната установа Идризово. Нападот се случил додека затворскиот службеник ги извршувал своите редовни работни задачи во полуотвореното одделение, ...
Платформата SkiMacedonia информираше дека на Водно е забележана мечка и упати предупредување до сите планинари и рекреативци кои се движат по планинските патеки да бидат особено внимателни. Според објавата на нивните социјални мрежи, дивото животно било забележано по Нерези, во близина на Горно Крушопек. Информацијата веќе е споделена и меѓу планинарските друштва, каде што е пријавено дека мечката се движи на рутата Јасен – Матка – Нерези. ...
Инцидентот со авионот на компанијата „Рајанер“ кој летал од Солун кон Меминген, а при кој еден патник се најде во опасна ситуација поради оштетување на авионот, ќе го истражуваат македонските надлежни институции бидејќи настанот се случил во воздушниот простор на Северна Македонија. Информацијата првично ја објави специјализираниот авијациски портал Аеро.рс, кој е дел од еден од најголемите медиуми во Србија, „Телеграф.рс“. Тие се повикуваат ...
На самиот излез од Велес, од десната страна на патот кој води кон Градско, во близина на Крзнарницата, се наоѓа еден од најинтересните и најмистични верски објекти во овој крај – манастирот „Св. Димитрија“. Овој храм со векови бил обвиен со тајни и преданија. Според народните раскажувања, црквата била затрупана и скриена под земја цели пет века, сè до нејзиното повторно откривање и обновување во 1855 година. Црквата претставува еднокорабна ...
Она што денес претставува еден од најпрестижните спортски настани во светот, некогаш започнало како мал турнир со сосема едноставна цел – собирање средства за купување опрема за одржување на тревните терени. Првиот Вимблдон бил организиран во 1877 година од страна на „All England Croquet and Lawn Tennis Club“, а идејата зад натпреварувањето била да се соберат пари за набавка на нов валјак кој требало да помогне во одржувањето на тревата. На ...
Возењето без положен возачки испит и без стекнато право на управување и понатаму останува еден од почестите прекршоци на македонските патишта. Полициските контроли продолжуваат да откриваат возачи кои седнуваат зад волан или управуваат други превозни средства без да ги исполнуваат законските услови. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници привеле две лица кои управувале возила без возачка дозвола, при што нивните превозни средства ...
Бразилската јавност е потресена по трагичната смрт на младата Кауана, која животот го загубила во Дубаи, каде што последните две години живеела и работела. Според информациите што ги пренесуваат бразилските медиуми, несреќата се случила на 7 јули. Нејзиниот вујко изјавил дека Кауана паднала од балконот на станот во кој живеела во Обединетите Арапски Емирати. Околностите под кои дошло до падот сè уште не се целосно разјаснети, а надлежните ...
Возачите кои вечерва ќе патуваат кон или низ Солун ќе треба да бидат особено внимателни и навреме да го планираат своето движење, бидејќи делови од внатрешната обиколница на градот повторно ќе бидат затворени за сообраќај. Причината за ограничувањето се градежните активности поврзани со амбициозниот инфраструктурен проект „Flyover Thessaloniki“, кој има за цел целосна модернизација на една од најфреквентните сообраќајници во регионот. Првото ...
Европската комисија започна официјална постапка против Португалија поради сериозно непочитување на европските цели за рециклирање отпад, при што особено се издвојува проблемот со недоволното рециклирање на стаклото. Како дел од јулскиот пакет за прекршочни постапки, Брисел испрати образложено мислење до португалските власти, во кое е наведено дека земјата не ги исполнува обврските утврдени во Рамковната директива за отпад на Европската Унија. ...
Иако важи за една од најголемите светски производителки на сурова нафта, Русија се соочува со сериозен недостиг од бензин и дизел, откако повеќе рафинерии беа оштетени во серија украински напади со беспилотни летала. Според индустриски извори на кои се повикува „Ројтерс“, руските рафинерии моментално произведуваат доволно бензин за околу 65 проценти од сезонската побарувачка. Дневниот недостиг се проценува на меѓу 40.000 и 45.000 тони, што е ...