Во организација на Стејт департментот и регионалната иницијатива „Балканската безбедносна мрежа“ (BSN) денеска и утре во Скопје ќе се одржува конференција за влијанието на пролиферацијата на напредно конвенционално оружје (ACW) на регионалната и меѓународната безбедност, како и за стратегиите на соработка за зајакнување на контролата, намалување на зависноста и наоѓање одржливи алтернативи. Kонференцијата треба да ја отвори заменик-министерот за ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато и дека како помош треба да пристигне специјално противпожарно возило од Армијата. Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали. Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со извршниот директор на унгарската авиокомпанија Визер, Јозеф Варади. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата. Исто така, на ...

Сто денови влада и веќе околу 100 реализирани проекти. Последниот од нив е тој што почна од од стартот на октомври – линеарното зголемување на пензиите, но пред тоа имаше и почеток на изградба на нови градинки, почеток на големи инфраструктурни проекти, нови странски инвестиции, проширување на позитивната листа на лекови … И се тоа, без преголема помпа или големи Пи-Ар кампањи, кои остануваа на празни зборови, туку со посветена работа на терен, ...

Вистински дебакл доживеа Црвена звезда во Милано 4-0. Интер го прегази српскиот шампион. Нероазурите во ниту еден момент не ја доведоа во прашање победата,играа сигурно,постојано напаѓаа и реализираа шансите. Црвено белите правеа многу грешки во одбраната, посебно Круниќ а тоа во Лигата на шампиони не се простува. Гостите можеа да се вратат во игра по недосудениот пенал од Миктаријан. Звезда следниот меч во ЛШ го игра против Монако на 22 ...

Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, изјави дека во моментов нема дополнителни закани кон Израел од Иран, што укажува дека ракетниот напад е завршен, јави „Тајмс оф Израел“. Израелците пред кратко време беа известени дека по еден час можат да ги напуштат засолништата. За време на одбраната извршивме неколку пресретнувања. Има одредени удари во центарот и областите на југот на земјата. Во оваа фаза, сè уште вршиме проценка на нападот, но немаме ...

Има напредок во реализацијата на автопатот од Кичево до Охрид, секојдневно се работи и очекувам првата половина од автопатот од селото Арбиново до Охрид, со исклучок на мал дел кај село Ботун, да биде пуштена во употреба до мај следната година, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека до крајот на 2026 година, како што беше ветено во кампањата, ќе биде целосно пуштен во употреба овој автопат. Наследивме катаклизмична состојба со ...

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната ...

Велерва на Сан Сиро се среќаваат Интер и Црвена Звезда. Дуел кој привлекува големо внимание кај фудбалските фанови во регионот. И Интер и Звезда имаат навивачи во Македонија. Она што ги поврзува двата клуба е Дарко Панчев кој настапуваше во двата клуба. Во Интер не освои некој траг но затоа во дресот на белграѓаните дојде до европската титула. Југовиќ, Михајловиќ, Станковиќ, Видиќ се играчи кои исто така со успех настапуваа за двата клуба. ...

Aдвокатот Владимир Туфегџиќ, кој ја водеше истражната постапка за убиствотомасакрот кај Смилковското Eзеро, во „Претрес со Ландов“ кажа дека се направила класична злоупотреба преку прислушуваните разговори од страна на носителите на проектот „Вистината за Македонија“ во кој беше и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. За семејствата на жртвите прислушваните разговори од „Вистината за Македонија“ донесоа патња и страдање, рече тој. Туфегџиќ ...

Најголем дел од граѓаните се согласуваат дека најважен проблем во државата се криминалот и корупцијата, додека втор најважен проблем се инфлацијата, растoт на цените и трошоците за живот. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 16 до 25 септември на 1.200 испитаници. Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму е партијата со најголема доверба кај граѓаните. Граѓаните на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојуваше во официјална посета на Македонија, вчера од Охрид порача дека Унгарија има план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија. На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, по меѓувладината седница, тој нагласи дека земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава и оти Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски обелодени дека се зацврствува пријателството со Унгарија, преку посетата на неговиот колега Виктор Орбан. Тој на прес-конференцијата по средбата со делегацијата на унгарската влада изјави дека дома ќе продолжат да се решаваат проблемите, но дека е добро што имаме пријатели во рамки на ЕУ и што тие сакаат да го шират нашиот глас во Брисел. Според Мицкоски, имаме огромна поддршка од Унгарија. Им посака ...

Унгарија е подготвена да заземе посредничка улога во надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија, ако за тоа се согласни и двете земји, рече денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан за време на заедничката прес конференција со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски. „Ние сме подготвени, да го искористиме претседателството со ЕУ, да посредуваме во ова прашање. Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник е нивна ...

Македонскиот и унгарскиот народ, македонските и унгарските граѓани ги врзува длабоко вкоренето пријателство и заемна почит. Низ годините, нашите народи покажаа дека и покрај географската оддалеченост, заедничките вредности и визии се, исто така, клучни за градење на силни односи. Унгарија секогаш нè поддржувала, како во тешките времиња, така и во напорите за нашата европска интеграција. Денес, преку конкретни иницијативи и договори, тоа ...

Унгарија е наш силен европски партнер во нашите напори за остварување макроекономска стабилност, во реализација на внатрешни реформи, како и силен поддржувач на нашата евроатланска интеграција. Билатералниот заем од 500 милиони евра со поволни услови се чекор во унапредување на соработката.. Ова беше заклучено на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска со својот колега од Унгарија Михаил Варга, кој е дел од делегацијата ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги демантираше шпекулациите дека заемот од официјална Будимпешта за Македонија е всушност кинески заем. Кинески заем не можеме да даваме, кинески пари не можеме да даваме оти ние со нив имаме договор сите пари што доаѓаат од Кина, да одат на конкретни проекти за развој во Унгарија. Европски пари можеме и тие ќе ви ги даваме, кажа Орбан на прес-конференцијата со претседателот на македонската Влада, Христијан ...

Денеска е празникот на Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, кој се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Овој празник секогаш паѓа на 14 септември, односно 27 септември по стариот календар. За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус ...

Од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на сопствените принципи и вредности, вградени во основните уставни документи, потенцира денеска во својот говор претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред членовите на Генералното собрание на ОН. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, проширувањето, ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе и третиот пораз сезонава во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостувањето во Букурешт од Динамо со 25-34 во рамки на третото коло во групата А. Македонскиот шампион во текот на целиот натпревар беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше (13-19), а во 38 минута и двоцифрени 16-26. Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски, а голманот ...

Германската влада се соочува со нов предизвик бидејќи Агенцијата за мрежи објави план да им дозволи на поштенските услуги да ги зголемат цените на писмата за околу 10,5 отсто. Одлуката се очекува да има значително влијание врз германските жители, бидејќи трошоците за испраќање стандардно писмо, кое во моментов чини 85 центи за писмо со тежина од 20 грама и 1 евро за компактно писмо до 50 грама, може да има значителен зголемување. Претстојното ...

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР и БИА извршија увид на лице место каде во гаража во станбена зграда во Нов Белград е пронајдено поголемо количество автоматско оружје, јавија белградските медиуми. Пронајдени се неколку рачни бомби и автоматски пушки, рачен минофрлач, експлозив, поголема количина муниција, фантомка. Во тек е оперативна работа на расветлување на сите околности на овој случај и откривање и ...

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка. Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, ...

Синергијата помеѓу образованието и бизнисот е една од клучните работи за да се намали миграцијата на младите. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска присуствуваше на конференција во Скопје насловена „Од Словенија до Северна Македонија: Синергија на образованието и бизнисот во Северна Македонија“ во организација на Амбасадата на Република Словенија со Друштвото на словенечки и македонски стопанственици ...

Еден од клучните приоритети на унгарското претседателство со Советот на ЕУ е да водиме избалансирана и кредибилна политика на проширување заснована на заслуги и да му дадеме нов импулс на процесот на интеграција на земјите од Западниот Балкан, признавајќи дека Унијата не е целосна без нивното приклучување, порача министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока. Очекуваме да постигнеме видлив напредок во пристапувањето на овие земји ...

Владата предводена од СДС и ДУИ не правела ништо освен што крадела од граѓаните и државата, односно народните пари завршувале во џебови на поединци наместо за развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека ваквото однесување го поткрепува и Државна ревизија, или со ревизијата завршена во мај 2023 година се гледа дека неосновано се трошеле стотици милиони евра народни пари. Извештајот констатира дека преку владината потпрограма Мерки за справување со ...

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави синоќа дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа. Бајден и Камала нè воведоа во војната во Украина и сега не можат да нè извлечат. Не можат да нè извлечат, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија. САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска се очекува да присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан. Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, во попладневните часови, по американско време, Сиљановска Давкова со членови на ...

Навивачите на Партизан вчера го повредија тренерот Александар Станојевиќ по натпреварот. Гробарите го удираа црно-белиот тренер Александар Станојевиќ со топовски удари додека го напушташе теренот по завршувањето на 174. вечно дерби. Навивачите на Партизан го скршија стаклото во црно-белата соблекувална и го повреди лицето на тренерот на Партизан. Тој на прес-конференцијата се појави со фластер на челото и повреда на носот. Навивачите претходно ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека градоначалничката функција во главниот град е убав предизвик и оти се надева дека во иднина неговите перформанси кои ќе ги даде работејќи како министер можеби ќе бидат причина да биде кандидат за градоначачлниката позиција во Скопје. Дополнително, вели дека градоначалничкото столче е посакувана опција, но не е ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
44%
1009
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
57%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1010
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.27
64%
1010
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
81%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
47%
1010
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1011
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
76%
1010
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
89%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
36%
1010
Currency

61.535

Currency

54.2476

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78