Црвена звезда oтворен пат кон Лигата на шампионите има исклучително важен ден.Српскиот шампион дозна за потенцијалните ривали во плејофот од Лигата на шампионите. Тоа ќе биде победникот од дуелот Архус (Данска) / Сабах (Азербејџан). Првиот натпревар би се играл во Белград. За ова да се случи треба да го елиминираат шампионот на Израел, тимот на Хапоел Бер Шева. Црвена звезда oтворен пат кон Лигата на шампионите има исклучително важен ...

Eден од најдобрите музичари на Балканот Горан Бреговиќ вели дека отсекогаш има страв од сиромаштија и оти маж мора да се ожени да ја има рамнотежата во живот. Цел живот се плашев од сиромаштија. Не е како овде, кога си на улица, немаш тетка кај која ќе одиш на ручек, немаш чичко од кого да позајмиш пари. Војна е, а во војна губиш сè што имаш за еден ден. Долго време, стравот од сиромаштија ме спречуваше. Гледајќи наназад, купував премногу ...

Претседатњлот на Србија Александар Вучиќ ја задре опозицијата за нивната воодушевеност кон Хрватска и кон пејачката Ссверина, додека тој е преокупиран со својот народ. Но, мора да имате едно на ум. Јас сум претседател и премиер најдолго време, па имав можност да посетам многу места. Ми беше полесно да посетам повеќе места, за да бидам објективен. А другата работа е што некои од нив дури и не слушнале за овие места дури ни по завршувањето на ...

Mинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју проговори за средбите со неговата бугарска колешка Велислава Петрова со цел враќање на довербата? -Јас ја иницирав првата наша средба која што се случи во Шведска на маргините на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО. Од наша страна нашата претседателка ја иницираше средбата која што се случи пред извесен период со претседателката на Бугарија, госпоѓа ...

Државата јакнее преку националното помирување. Ако сакаме нашата држава да биде пристојно место за живеење, мора да ги надминеме поделбите и да научиме да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес. Тоа ни е потребно повеќе од кога било порано, ова е главната порака на претседателката Гордана Сиљановска Давкова од нејзиното обраќање по повод 2 Август Илинден, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје. -Државата јакнее ...

Наместо романтизирана и далечна историја, има неколку историски четива кои нè соочуваат со суровиот, но фасцинантен човечки фактор зад македонскиот бунт од 1903 година. Ова е обид тоа да се стори и со улогата на Питу Гули деновите непосредно, за време и по Илинденско востание потпрено директно на фактите и мемоарите собрани во книгата „Питу Гули“ од Кочо Топузоски. Низ призмата на овие автентични сведоштва, Илинденската епопеја и Крушевската ...

Денес не сме собрани само да одбележиме уште еден празник во календарот на нашата држава. Денес сме собрани да го одбележиме споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, жртви, соништа и луѓе кои знаеле дека има мигови во историјата кога човекот повеќе не живее само за себе, туку за својот народ, за својата татковина и за генерациите што допрва ќе дојдат, истакна премиерот Мицкоски во говорот на Пелнице. Историјата не бара ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава. Тој истакна дека идеалите на илинденците денес се продолжуваат преку развојот и изградбата на современа Македонија, посочувајќи дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, нагласи дека поопасно од секоја криза е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе и нагласи дека нивна најголема задача во моментов не е само да управуваат со институциите, туку повторно да изградат доверба, чувство дека оваа држава повторно му припаѓа на народот, дека законите важат ...

Грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата. Со овие проекти решаваме животни прашања на голем број семејства низ цела Македонија, вели министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски по распределувањето 47 социјални станови во Дебар. Навистина е убав момент кога гледаме 47 среќни семејства кои од денеска добиваат свој дом и можност за посигурна иднина. Станува збор за квалитетно изграден објект наменет за ...

државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Дебар. ...

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино се откажа од предлогот дел од комерцијалните права од Светското првенство да бидат под капа на инвестициски фонд. Ова се случи по силниот притисок во рамки на светската федерација и со заканите за бојкот од страна на европските федерации. Инфантино планираше да формира компанија вредна 20 милијарди долари која би управувала со комерцијалните работи на ФИФА, заедно со женското Светско првенство и Светското ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце за влез во државата и на Богородица за излез се бележи поголема фреквенција на возила, при што времето на чекање изнесува од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини од ...

На ММА спектакл на UFC Белград, се случи срамен инцидент. За време на официјалното мерење на тежината, американскиот борец од албанско потекло Денис Бузуќа (28) се обиде да ја провоцира публиката кога го покажа симболот на двоглавиот орел. Овој гест, кој во последните години стана препознатлив начин за провоцирање на српските спортисти во дуели со албанските натпреварувачи, сега е виден и во самиот Белград, домаќин на еден од најголемите ММА ...

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во гостување на KohaCast, рече дека има информации дека има иницијативи во Уставниот суд за отворање на случаите на Хашкиот трибунал, имено обвинението против Националната ослободителна армија (УЧК), пренесува Телеграфи. Ахмети рече дека ако се отворат стари рани, болката е поголема отколку кога се отвораат нови рани. „Имам информации дека има иницијативи во Уставниот суд за отворање на случаите на Хашкиот ...

Арина Сабаленка, тенисерката број еден во светот, откри како ќе изгледа нејзината опрема за претстојното Отворено првенство на САД. Белорусинката го изненади брендот со кој соработува, овој пат решија да одат чекор понатаму. Сабаленка е двократна бранителка на титулата во Америка, а по изненадувачкиот пораз на Вимблдон, очигледно реши да се врати на голема врата – и во однос на тенисот и во однос на естетиката. За својот настап на четвртиот ...

Шпанскиот „Мундо Депортиво“ направи истражување кои автомобили најчесто се расипуваат. На бензинската пумпа доста често гледаме возила од групацијата „Стелантис“, која вклучува брендови како што се „Пежо“, „Ситроен“, „Опел“, „Фиат“, „Алфа Ромео“, „ДС“, „Џип“, „Крајслер“ и „Доџ“. Исто така, добиваме многу возила од групацијата „ВАГ“ (Фолксваген, Ауди, СЕАТ, Шкода), како и „БМВ“ и „Мерцедес“, и двете поради големиот обем на продажба и ...

Хајдук го заврши настапот во квалификациите за Лигата на Европа откако претрпе тежок пораз од Пафос со резултат 4:0 по продолженијата во реваншот од второто коло на Кипар. Сплиќанте ја одбранија предноста од 2:0 од првиот натпревар на Пољуд, но со вкупен резултат од 4:2 останаа без пласман во следната рунда од второто по ранг европско натпреварување. Поголемиот дел од критиките беа упатени кон тренерот Гонзало Гарсија, чии одлуки беа доведени ...

Она што го прави Хапоел Бер Шева единствен во светскиот фудбал е неговиот сопственик и претседател – Алона Баркат, сопруга на израелскиот ИТ милијардер Ели Баркат, кој изгради империја со братот на Алона, Нир Баркат. Со купувањето на тимот во 2007 година, додека беше во втората лига, Баркат стана првата жена во историјата на израелскиот спорт што купи и водеше професионален фудбалски клуб. Нејзината визија беше оживување на неразвиениот јужен ...

Темата за железничкото поврзување со Бугарија повторно ја отвори потпретседателот на ДУИ Бујар Османи, обвинувајќи ја Владата дека не успеала да обезбеди договор за изградба на пругата на Коридорот 8 и дека поради тоа пропаднале 60,7 милиони евра европски средства. Но, наместо одбрана, од Владата следуваше контранапад. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, порача дека критиките доаѓаат токму од човек кој бил дел од ...

Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода.Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана,потсети ВМРО-ДПМНЕ. Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни неправилности, а институциите не презеле ...

Фудбалерите на македонскиот претставник Шкендија Тетово ги продолжуваат натпреварите во УЕФА конференциската лига, откако синоќа со 3:1 го совладаа словенечки Браво и со вкупни 4:3 се пласираа во третото коло од квалификациите. Победата е исклучително важна особено што ривалот поведе со 1:0, а Шкендија победничкиот гол го постигна во 88.минута преку Марко Ѓорѓиевски. – Морам да им честитам на играчите, бидејќи ова е нивна заслуга. Не беше ...

Давор Домазет-Лошо, хрватски адмирал во пензија и геополитички аналитичар, со контратеза на бугарската дека македонскиот јазик е варијанта на бугарскиот. „Бугарскиот јазик е една варијанта на македонскиот јазик. Значи, во случајот со бугарскиот јазик, тие го затекнуваат илирскиот народ кој зборува со тој јазик. Лесно било или такви биле околностите за да не одат да го менуваат својот, бидејќи тие немале ни писменост, ништо немале, а овие ...

Кавгата меѓу Ванда Нара и Мауро Икарди ескалираше од сапуница на социјалните мрежи до сериозни тужби, обвинувања за насилство и меѓународни спорови за старателство и имот. На последното рочиште одржано на 28 јули, Мауро Икарди извојува мала победа, а одлуката на судот предизвика гнев кај неговата поранешна сопруга Ванда Нара. Ванда Нара беше бесна . Таа рече дека судот ќе одлучи за евентуалната отштета во конечната пресуда, а потоа јавно му ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја коментираше состојбата со водата за пиење во Општина Гостивар, како дел од пратеничкото прашање на лидерот на опозициската партија СДСМ. Премиерот потсети на состојбите со водата за пиење во времето кога господинот Филипче беше министер за здравство и посочи: Има луѓе од вашата пратеничка група од Прилеп. Извештај од Центар за ...

Министерот за здравство Сашо Клековски не сака да дава прогнози кога Гостиварци ќе добијат питка вода. „Сакаме да бидеме максимално сигурни , значи се следат пробите, секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби, кога повеќе од нив ќе бидат соодветни, ќе може да се користи водоводот. Треба на три кориснички места да бидат соодветни тестовите Може да има еден несоодветен тест и повторно ќе бидат потребни три нови дена, и затоа е ...

Традицијата е едно, долговите се друго, а нема сентименталност. Така, судот во Бреша донесе одлука за судска ликвидација на фудбалскиот клуб Бреша и со тоа стави крај на 114-годишната историја. Така, судот во Бреша донесе одлука за судска ликвидација на фудбалскиот клуб Бреша и со тоа стави крај на 114-годишната историја. Традицијата е едно, долговите се друго, а нема сентименталност. Така, судот во Бреша донесе одлука за судска ликвидација ...

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026. -Денешното пристигнување на играчите се чувствува сосема поинаку, се вели во соопштението на прес-службата на клубот, објавено заедно со фотографија од Меси како пристигнува во тренинг-кампот. На 19 јули, 39-годишниот играч, како дел од репрезентацијата на Аргентина, загуби со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Осумкратниот ...

Инвестициската фирма „Трајв Капитал“, во сопственост на Џош Кушнер, планира да учествува во проект вреден 20 милијарди долари предводен од ФИФА. Џош Кушнер, брат на Џаред Кушнер и зет на американски претседател Доналд Трамп, покажа интерес за инвестирање во нова филијала на ФИФА. Оваа инвестиција би се реализирала преку неговата компанија „Трајв Капитал“. Проектот, наречен „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ (ФФЕ), е најавен како идна фокусна точка за ...

Лидерот на ДУИ Али Ахмети се пофали дека во Мала Речица до знмаето на Албанија го стаавил и македонското знаме.Ама дека му се јавиле дипломатите, Иначе тој никогаш не би го истакнал .Бравооо. Стварно е за пофалба да си го истакнеш знамето на сопственатата земја, онаа од која земаш пензија, плата, плаќаш даноци, добро кој како , земјата која ти пружила живот подобар од Албанија и Косово. На Али по се изгледа само адресата му е во Македонија. ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76