Прво Мицкоски. Потоа Латас. Сега Стоилковиќ. Ист речник. Иста поделба. Иста стратегија. Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја; напишаа од СДСМ во соопштението. „Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ – секогаш кога ...

Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати. Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, ...

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“? Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше?, стои во соопштението на СДСМ. „Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата? Тошковски сигурно исто ја ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути. Исто толку време, околу 30 минути, се чека и на граничниот премин Богородица за излез од државата. На ...

Викендов и во текот на следната седмица Македонија ќе биде под влијание на многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на својата фејсбук-страница објави дека денеска е активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, додека максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови се очекува ...

Најмалку седум лица загинаа откако ученик отвори оган во училиште во покраината Нонтабури, северно од Бангкок. Според информациите од полицијата, вооружениот напаѓач претходно ги убил и своите баба и дедо во нивниот дом, пред да се упати кон училиштето и да почне да пука. Инцидентот се случил околу 10 часот наутро по локално време, кога напаѓачот влегол во училиштето вооружен со пиштол. Според тајландскиот јавен радиодифузен сервис PBS, тој ...

Во вторник, во раните утрински часови, на подрачјето на Скопје ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци, најавија од Град Скопје. Акцијата се спроведува како дел од редовните превентивни мерки за намалување на бројот на комарците и спречување на нивното понатамошно размножување. Доколку временските услови не дозволат безбедно реализирање на прскањето, дезинсекцијата ќе се одложи за првиот нареден ден со поволни временски ...

Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез во државата попладнево изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека сообраќајот на државните патишта се одвива ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва присуствувала и се обратила на Свечената академија организирана по повод јубилејот „30 години Општина Вевчани“. Во своето обраќање, претседателката истакна дека Вевчани за неа претставува посебен симбол на автентичност и традиција. „За мене, Вевчани е синоним за Република, место со сопствен дух, карактер и традиција. Напати велам дека имам двојно државјанство, не само македонско, туку и ...

Двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струга се повредени при интервенција на пожар во селото Долна Белица, а при инцидентот било оштетено и противпожарно возило. Информацијата ја објави Фејсбук-страницата „Се молиме за Македонија“. Според објавата, повредените пожарникари веднаш биле пренесени во болница за укажување медицинска помош, додека противпожарниот камион претрпел материјална штета. Повредените пожарникари ги ...

Припадници на српската полиција синоќа спроведоа силна акција во Белград, во која беше уапсен опасен бегалец баран за повеќе тешки кривични дела. Во акцијата учествуваа полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за криминалистичко разузнавање, УКП ПУ за град Белград и П.У. По уапсеното лице била распишана потрага од страна на ПУ Ваљево за сторени кривични дела противправно лишување од слобода и малтретирање и ...

Подната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје наскоро повторно ќе биде ставена во функција, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Според неговите информации, во тек е темелна реконструкција на објектот кој со години беше надвор од употреба и оставен да пропаѓа. „Станува збор за комплексен систем со специјализирана опрема произведена во Германија и со автоматизација која бара прецизно усогласување и целосно ...

Ризиците од заразните болести што ги пренесуваат комарците, вклучително и Западнонилската треска, можат значително да се минимизираат со правилна примена на методите за превенција и заштита. Ова го порача епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за ТВ Телма. Според д-р Даниловски, тигрестиот комарец е значително подоминантен, повитален и посупериорен од поранешниот „домашен“ комарец и, за разлика од него, тој е активен и напаѓа во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нешто пред 18 часот слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Зеленски утре ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. Ова е негова прва посета на Србија откако стана претседател на Украина. За потсетување, Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев. Претседателот на Србија во средината на јули го посети Киев за прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина. Тој тогаш ...

Краткотрајно заладување го зафати регионот на Полимската долина во Србија, носејќи пад на температурите по речиси две недели тропски горештини. По долгиот период со високи температури кои достигнуваа и до 40 степени, денеска околу 16:30 часот подрачјето кај Бистрица, на патот кон Прибој, беше зафатено од краткотраен, но силен дожд. Освежувањето пристигна речиси веднаш по почетокот на врнежите. Жителите од овој дел на Србија почувствуваа ...

Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ. Според Андоновски, денес државните информациски системи и ...

Европската комисија сè уште нема понудено решение за укинување на ограничувањето за престој на професионалните камионски возачи од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната. Ова го изјави претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. За агенцијата Бета, Мандиќ потврди дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија — на кој треба да се разговара за изземање на возачите од правилото со кое ...

Припадници на германската Сојузна полиција вчера (5 август) откриле двајца мажи кои нелегално влегла во Германија преку пристаништето Росток, пристигнувајќи со траект од Шведска и Данска. Станува збор за 31-годишен македонски државјанин и 25-годишен државјанин на Сирија. При граничната контрола на македонскиот државјанин било утврдено дека го пречекорил дозволениот престој во Шенген-зоната за 16 дена, со што повеќе не ги исполнувал условите ...

Green Coast, водечката дестинација на крајбрежјето во Албанија, воспостави стратешко партнерство со Nammos Hotels & Resorts, меѓународно признатиот медитерански lifestyle бренд, за развој на хотелска и резиденцијална понуда под брендот Nammos во рамките на комплексот Green Coast во Паласа. Оваа најава го означува влезот на брендот Nammos во Албанија и дополнително го зацврстува растечкиот статус на албанската ривиера како дестинација што ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за целата територија на државата за утрешниот ден, 8 август 2026 година. Според официјалното известување од УХМР, активиран е метеоаларм кој се однесува на високите температури кои ќе ја зафатат Македонија. „МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 08.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!“, соопштија кратко од Управата. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде ...

Вкупно 18 пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата заклучно до 18:00 часот. Според најновиот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментот четири пожари се активни, два се под контрола, а 12 се целосно изгаснати. Активни пожари има во Општина Новаци во селото Гнеотино на местото викано Ергела, каде што гори ниска вегетација, како и во Општина Долнени кај селата Ропотово и Бело Поле, каде што ...

Ноќеска околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека ...

Вчера во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ф.(36) од тетовско, со престој во Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во нивниот дом ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. ...

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Б.(19), Е.Е.(18), Ф.С.(42) и Е.С.(26), сите од Скопје, како и Ј.А.(30) од Шведска, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на ...

Справувањето со растечкиот број на принудно отсутни војници треба да биде прв приоритет на реформата за мобилизација во Украина, изјави доскорешниот министер за одбрана Михаило Федоров за време на синоќешен поткаст. Федоров рече дека повеќе од 200.000 припадници на војската во моментов се наведени како принудно отсутни, нарекувајќи го тоа еден од најсериозните предизвици со кои се соочува воениот персонал во земјата. „Првата задача на ...

По тридневна потрага, пронајдена е Андреа Елена Некучија (11), девојка од општина Парава во Романија, која била пријавена за исчезната откако излегла од дома и и кажала на мајка си дека ќе игра! Таа била пронајдена во плакар во напуштена куќа, а полицијата утврдила дека девојката не е жртва на кривично дело и дека нејзиниот живот е надвор од животна опасност, пишува порталот Observatornews.ro. Претставниците на полицијата им се заблагодарија ...

Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите ...

Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријавил дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко. Како што се наведува во полицискиот билтен, С.А. посочил дека поради тоа неговата внука не сакала да се врати да живее со нејзината мајка и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани ...

Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот на подрачјето на Центар замолил едно машко лице да му помогне да извади пари од банкомат, но откако ги извадиле, лицето со употреба на сила ги земало парите и се дало во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР. Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот на подрачјето на Центар замолил ...

Рано утринава, уште во 7:20 часот, на плажите во Полихроно, Грција, веќе биле поставени пешкири и столчиња и чадори, иако самите плажи во тој се празни. Фотографиите се објавени во Facebook групата „Грчка инфо“, со краток опис: „Добро утро од Полихронo. Во 7:20 нема место на плажа.“ Снимките покажуваат интересна глетка – целата плажа е „зафатена“ со пешкири и столчиња, но без туристи на нив. Објавата привлече голем број коментари и реакции од ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.47
58%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.14
60%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.43
56%
1018
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.37
50%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.85
72%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.43
93%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
41%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.83
37%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.83
54%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
50%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.62
100%
1012
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Платина

56038.75

Калај

56.36

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Сребро

2044.16

Рутениум

53852.50

Паладиум

43628.56

Бакар

13.23

Злато

139576.04

Алуминиум

3.28

Родиум

278103.96

Цинк

0.00