Светската музичка ѕвезда Џастин Бибер имаше средба со претседателот на Франција Емануел Макрон во Париз. Џастин и неговата сопруга Хејли биле примени од Макрон и првата дама Брижит во Елисејската палата. За оваа прилика младиот пар бил облечен помодерно, но сепак пригодно за ваква посета. Џастин носел сив костум кој го искомбинирал со сини најк патики, додека Хејли носела беж фустан со гол грб и пресек напред и високи потпетици. Првата дама била ...

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, информираме дека во текот на следните два дена (од 24-25.06.2021 година – четврток до петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се: -Ослободување од ...

На многумина ни се случува навечер да станеме за да се напиеме вода или да се освежиме во кујната во доцните вечерни часови, но во никој случај не би очекувале да видиме, ни повеќе ни помалку, туку слон како бара храна. – „Повторно дојде да бара јадење“, напиша на својот фејсбук профил шеговито Рејчадаун Пуенграпс од Тајланд, која се разбудила во раните утрински часови во саботата, бидејќи слушнала врева. Кога излегла од собата, здогледала ...

Клима уредите најчесто се користат за ладење, но во последниот период опсегот на работата им е зголемен со тоа што модерните клима уреди имаат вградено инвертер технологија. Преку инвертерот се отвара можност клима уредите да се користат и како системи за греење. Но како и да е, без разлика дали зборуваме за грејна сезона или за сезона на ладење, пред да започне истата, потребно е климатизерот да е правилно исчистен. За да се исчисти клима ...

Вакцините на „Фајзер“ и „АстраЗенека“ се генерално ефикасни против индиската варијанта на коронавирусот, велат последните научни истражувања. Според Универзитетот во Оксфорд, голема е способноста на антителата во крвта на луѓето кои ги примиле обете дози на вакцината да ги неутрализираат високоинфективните варијанти делта и капа. – „Нема докази за голем имунолошки бег на вирусот, што сугерира дека сегашната генерација на вакцини ќе обезбеди ...

Грција ги укинува маските на отворено, соопштија денеска грчките власти. Јужниот сосед, пак, препорачува маските да се носат на отворено, но само на локации каде не може да се одржи дистанца, додека во затворен простор маските се уште се задолжителни. Полицискиот час, пак, се укинува од понеделник, а во угостителски објекти на една маса ќе биде дозволено да седат до десет лица. – „Подобрена е епидемиолошката слика во земјата“, изјави членката на ...

„Вештината да се биде себичен саможивник, тврд, непријатен и нељубезен лик кој секогаш во преден план го става личниот интерес е стара вештина, усовршувана кај паланечките трговци и збогатени провинцијалци…” – Иво Андриќ во расказот ,,Породична слика” , преку ликот на госпа Ната. Типични ликови на егоисти, скржавци како Чорбаџи Теодос или трговецот Гранде, самобендисани до немоќ објективно да си го видат ликот во огледало притоа лутејќи му се на ...

Едно од најголемите изненадувања оваа сезона во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ е битолчанката Марија Груевска, која остави силен впечаток кај жирито уште од првите настапи во шоуто, а поради својот спефицичен стајлинг Јелена Карлеуша ја нарече македонска Лејди Гага. Тие што редовно го пратат шоуто знаат дека Марија воодушевува од емисија во емисија, приредувајќи шоу со својот сценски настап, модна комбинација, но и одличното пеење. Таа во своето ...

Боровинката расте како зимзелена грмушка во висина од околу триесет сантиметри и има ситни бобичести плодови со темно сино-црна боја, со пријатен киселкасто-сладок вкус. Цвета од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Во Европа и во Северна Америка боровинката се одгледува од многу одамна и се користи како лековита билка. Лековити се зрелите плодови и лисјата. Боровинките се богати со диетални влакна, ...

Познатата американска пејачка Били Ајлиш испрати јавно извинување до јавноста, по скандалозното видео во кое пејачката беше обвинета за разисам, каде што кажува „анти-азиски“ збор. Пејачката, во извинувањето кое го објави на своето „стори“ на Инстаграм, рече дека била „шокирана и засрамена“ од клипот. – „Без разлика на мојата игнорантност на времето, ништо не може да го оправдa фактот дека тоа беше навредливо. И за тоа се извинувам!“ – напишала ...

Додека папата Францис обично е ѕвездата на собирите во Ватикан, Спајдермен, односно човек облечен како карактерот, на денешниот собир беше во центарот на вниманието на присутните. Матео Виљардита (28) се облекува во костимот на познатиот суперхерој Спајдермен за да ги расположи и насмее дечињата што лежат во болница. Тој седел во ВИП сектерот за публиката заедно со свештеници и други поканети гости и тоа место го добил поради неговите дела. ...

Кој вели дека не може да се фотографирате топлес на 56?! Тоа го докажа Елизабет Харли која на својот инстаграм профил објави фотка на која е скоро разголена. Британската актерка и манекенка позирала топлес, a градите делумно ги покрила со проѕирна наметка, носејќи само долен дел од костимот за капење. Харли е позната дека често може да се види во такви изданија, најчесто во костими за капење. Таа неодамна на обожавателите им ја откри тајната на ...

Еден од најпознатите светски готвачи Гордон Ремзи неодамна ја посетил Хрватска за потребите на неговото шоу и пробал да научи неколку зборови на нивниот јазик. Во најавата за епизодата на шоуто „Uncharted“ кое се прикажува на каналот „National Geographic“, Гордон разговара со синот на готвачот Давид Скоко и младото момче се обидува да го научи неколку зборови. Изговарањето му оди тешко и е зачуден од должината на зборовите, а момчето се забавува ...

МВР Билтен

9 часа - МИА - +1