Сите „избегаа“ од летните горештини, па тоа го направи и Тијана Дапчевиќ. Таа викендот го искористи за да ги посети грчките плажи, а објави и неколку фотографии на кои, мора да признаеме, изгледа совршено! Тијана покажа навистина завидна линија, па дури и стомачни мускули, а на фотографиите во бикини таа за неколку часа собра илјадници „лајкови“. Инаку, пејачката веќе извесно време не ја пропушта приликата да ја покаже видната трансформација на ...

Вчеравечер се одржа долгоочекуваното финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а победник во 14-та сезона на балканското хит шоу е младиот Махир Мулалиќ. 21-годишниот Мулалиќ доаѓа од Грачаница, а во шоуто негова менторка беше Марија Шерифовиќ, која како што пренесуваат српските медиуми го убедила да не се откаже по семејната трагедија. Имено, мајката на младиот Махир починала на 3 април, па поради оваа семејна трагедија тој сакал да го напушти ...

На 29.06, со почеток во 19:00 часот во просториите на КСП Центар Јадро и преку хибридната панел дискусија на тројца предавачи од САД и неколку претставници на локалната танцова заедница ќе се заокружи првата фаза од програмата на ВАДА – Хибридна Американска Танцова Академија. ВАДА / Виртуелна Американска Танцова Академија е проект на „Битрикс Културно-уметнички Центар“ поддржан од Американската Амбасада во С.Македонија и Американскиот Стејт ...

Најдобра диета е онаа која нема да ви претставува тежина додека се придржувате до неа. Ако диеталната исхрана ви овозможува да уживате во вкусовите, сигурно ќе биде полесно да издржите подолг период, а со тоа и повеќе килограми ќе изгубите. Една од полесните диети што гарантираат резултат е диетата со диња и лубеница. Ова овошје содржи висок процент на вода што обезбедува доволно количество на течности во текот на денот. Предности на дињите и ...

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје слично време со утринска температура до 17 степени и дневна до 36 степени. Топлотниот бран кој ја зафати нашата земја продолжува – од вторник повторно ќе биде многу топло со пораст на ...

Љубовта е љубов, не ѝ требаат паради! Сѐ подраматично во чекалната на ЕУ. Едно исто повторливо сценарио на ултиматуми, контроли и очекувања, само што драмата ,,Чекајќи го Годо на ЕУ” е без уметничка вредност. Навистина ќе биде уметност да се остане нормален и свој на своето, да добиеш без да изгубиш во сѐ поизвесната манипулација. Зборуваме за солидаризација и хумани вредности, ама по нечии туѓи критериуми, од кои изгледа ќе ни останат само ...

Се сомневате дека можете да ослабете без да се откажете од вашите омилени деликатеси? Дозволете ни да ве разубедиме! Оваа седумдневна чоколадна диета подразбира три главни оброци: доручек, ручек и вечера, плус едно слатко и една вкусна ужина секој ден. Во текот на диетата пијте најмалку осум чаши течности дневно – вода, чај и кафе со обезмастено млеко. Алкохол во оваа диета не е дозволен. Се препорачува најмалку 30 минути пешачење секој ден. ...

46-годишната Бојана Барјактаревиќ е вистински доказ дека никогаш не е доцна. Таа, вчеравечер, победи во финалето на истоименото музичко шоу, маѓепсувајќи ја публиката и жирито, со победа во сите три натпреварувачки категории. Црвенокосата натпреварувачка освои најмногу СМС гласови од публиката, а набрзо триумфираше и во гласањето на Фејсбук, а потоа ја освои наградата и од жирито. Таа во една пригода изјавила: – „Јас со музиката се занимавам 29 ...

Сите посакуваме да „избегаме“ на некоја егзотична дестинација во овие топли денови. Таков е случајот и со Гоца Тржан, која викендот го помина на плажите во соседна Грција. – „Носам само парфем, кармин и тетоважа, кога ме бакнуваш сè мириса на плажа!“, – напиша таа на фотографиите, кои за кратко време го привлекоа вниманието на Инстаграм. Како што и претпоставивте, таа навистина се сончала топлес на грчките плажи. View this post on Instagram A ...

Велат добрите вести брзо се шират, лошите уште побрзо, но по се изгледа дека лажните вести, најбрзо се шират! Вечерва во повеќе медиуми беа објавени информации дека фронтменот на „Рибља Чорба”, Бора Ѓоргевиќ бил итно хоспитализиран, Тој, преку фан страната на Авалон продукција, упати поздрав до македонските обожаватели, испраќајќи порака дека се е во ред, и лична покана на дружење утревечер во 21 часот на двочасовен рокенрол! Како што може да ...

Скопје денеска беше обоено во боите на виножитото во чест на „Скопје Прајд“, односно втората по ред Парада на гордорса, која е во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Неколку стотици учесници, меѓу кои и естрадни уметници и политичари – претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга Елизабета Пендаровска, министерките Радмила Шекеринска, Јагода Шахпаска, Мила Царовска и Ирена Стефоска, парадираа од Жена парк ...

Хајди Клум не престанува да изненадува дури и на 48 години, па се соблече топлес и само во црна танга додека ужива со својот сопруг на егзотичниот одмор. Познатата Клум често знае да ја изненади публиката со своите трансформации, но и со природниот и лежерен изглед. Жешките денови манекенката и нејзиниот помлад партнер, музичарот Том Каулиц, ги искористија за годишен одмор и уживање покрај море. Манекенката која ја „ситни“ петтата деценија од ...

Љубителите на електронска музика имаат навистина што да слушаат ова лето. Плажата Оревче која со години ја поддржува независната сцена, за претстојното лето понуди музичка програма која ги изненади домашните посетители, но предизвикува гости и од други држави. Иако со задоцнето отварање кон средината на Јуни, оваа година менаџментот на плажата Оревче се избори да го резервира најдоброто од електронската музика. Во програмата се вклучени светски ...

Португалскиот фудбалер Роналдо се чини дека му пркоси на времето. Иако има 36 години, тој е сепак рекордер кога станува збор за професионалниот фудбал, постигнувајќи 36 голови на 44 натпревари за Јувентус. Роналдо може да се пофали со одличната физичка кондиција, а овие резултати доаѓаат од напорните тренинзи и специјалните диети кои Португалецот ги применува. “Тој пие литри и литри вода, никако Кока-Кола. Секогаш јаде исто. Брокула, пилешко и ...

100.620 дози на вакцината „Фајзер“ пристигнаа во Македонија, со што повторно ќе стартува масовната имунизација во нашата земја. Министерот Венко Филипче најави дека вакцинацијата во текот на следните денови ќе се одвива со забрзано темпо. Тој најави дека од понеделник до 15 јули ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавиле за вакцинација. – „Доколку се уште не сте се пријавиле преку веб страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, ...

Втора парада на гордоста – „Скопје Прајд“ денес ќе се одржи на скопски улици. Парадата ќе започне од паркот „Жена борец“, а ќе заврши кај Школка во Градскиот парк. – „Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество“, се вели во соопштението испратено до јавноста. ...

Најочигледен симптом за дехидрација е жедта. Многумина се склони да ја мешаат жедта со глад, а кај пушачите сигналните системи се нарушени. Кои се симптомите кои ќе ви покажат дека на вашето тело му треба вода? Козметички проблеми Некои дерматолошки и козметички проблеми може да произлезат од дехидрација. Меѓу нив се отоците на лицето, мрсната кожа, мозолчињата, малите брчки. Обидете се да пиете по 1,5-2 л вода на ден во тек на десетина дена и ...

Надвор УВ зрачењето е многу големо, па затоа е важно да ја заштитете кожата на лицето од штетните сончеви зрачења. Кремот за сонце е составен дел од секој одмор, излет или било каква активност помината надвор, на сонце. Но дали ја заштитувате вашата кожа кога одите на кафе или ручек пауза со вашите пријатели, а сте изложени на сонце? Многумина од нас ги потценуваат последиците од штетното сончево зрачење, кое е активно дури и во сенка. Со овие ...

По шокантните изјави на Бритни Спирс, се огласи и нејзиниот татко Џејми Спирс, преку изјава која ја дал неговиот адвокат. – „На Џејми му е навистина многу жал што ја гледа својата ќерка во толкава болка. Тој ве уверува дека ја сака ќерка му која многу му недостасува”, изјавил адвокатот. За шокот да биде поголем, се огласи и нејзината мајка, повторно преку адвокат, која во кратката изјава рекла дека е „многу загрижена мајка поради сè што слушна ...

Познатата хрватска пејачка Северина по одморот на Малдиви реши неколку дена да биде во друштво на својот најсакан – синот Александар, со кој уживаат во убавините на националниот парк Плитвички езера. На нејзиниот инстаграм профил беше објавено навистина интересно видео на кое се гледа како Северина се впушта во авантура, спуштајќи се со зип-лајн, додека нејзиниот син ја бодри. – „Сега ќе ме видите мене. Јас не сакав да се обидам, а сега ќе одам ...

Принцот Хари е повторно во Обединетото Кралство поради специјална причина. После се што се случуваше во последно време, новата средба на Вилијам и Хари може да се смета за историска. По се изгледа единствена личност што може принцовите да ги обедини барем за момент е нивната покојна мајка. Војводата од Сасекс (36) пристигнал во Лондон и треба да присуствува на откривањето на статуата во чест на принцезата Дијана, кое ќе се оддржи пред палатата ...

Очигледно на македонската јавност и недостасувале музичките концерти. Продукцијата Авалон преку соопштение на социјалните мрежи најави дека поради огромен интерес и секако, подобро искуство на публиката, концертот на „Рибља Чорба” одлучиле да се одржи на отворениот простор пред А1 арената, но на паркингот кој граничи со Аква паркот. – „Локацијата собира 15.000 посетители и тоа ни овозможува да пуштиме дополнителни 1.000 влезници во продажба, ...

Популарната пејачка Ријана (33) во последно време не се појавува често во јавноста и поради тоа секое нејзино излегување е пропратено од безброј папараци. Рири одлучила да излезе на состанок во Њујорк со своето момче Ејсап Роки (33), а нејзината комбинација за оваа прилика никого не оставила рамнодушен. Парот е многу таинствен околу нивната врска и никој не знае кога точно тие започнале да се забавуваат, но едно знаеме дека Роки за магазинот GQ ...

Знаеме, веќе ви стана досадно да читате за Џеј Ло и нејзините љубовни авантури, но што е со нејзиниот поранешен партнер? Холивудскиот шоубиз оваа недела е фокусиран и на љубовниот живот на поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, со кого Џеј Ло раскина само две недели пред да биде фатена со Бен Афлек! Имено се зборува дека Родригез е во врска со актерката Кети Холмс, затоа што неодамна бил виден како излегува од нејзината зграда. Сепак, ...

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени и УВ индекс 9. Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова фаза, поради што надлежните ...

Клубската сцена се повеќе добива на популарност, а како најзаслужни за развојот на трап сцената се продуцентската куќа Urban Records. Единствените кои неуморно работеа и издаваа песни за цел период на изолација, а сега на задоволство на сите дојде време и да настапат со тие хитови со милионски прегледи. И како што ветија од продукцијата дека ќе имаат соработки со наши и надворешни артисти, истите веќе се реализираат. Така пред два месеци се ...

Композицијата „Zugzwang” за виолина, пијано, перкусии и електроника од македонската композиторка Дарија Андовска, беше селектирана од над 200 композиции од целиот свет за изведба во рамките на 29. Меѓународна Трибина на Композитори во Белград, Србија. Од преку двеста композиции пристигнати на конкурсот на Сојузот на композитори на Србија, во програмата се вклучени само 38 дела на автори од Србија, Македонија, Велика Британија, Германија, ...

Лубеницата на многумина од нас ни е омилено овошје. Одвај ја чекаме сезоната на лубеници за да вкусиме сочно, слатко и не многу калорично овошје. Но, семките од лубеница сите ние ги фрламе. Не знаеме дека се корисни како храна но, и како лек особено за здодевните уринарни инфекции. Може да помогнат повеќе отколку што може да замислите. Семките од лубеница имаат многу малку калории, а висока нутритивна вредност. Содржат магнезиум, фолна киселина ...

Бројни славни личности јавно ја поддржаа Бритни Спирс, а меѓу првите се огласи нејзиното поранешно момче Џастин Тимберлејк. Бритни Спирс прв пат се обрати на суд во врска со легалното старателство на татко и, поради тоа што тој имал целосна контрола врз нејзиното богатство од околу 60 милиони долари во последните 13 години. Инаку, таа во своето излагање се осврна на повеќе други моменти од својот живот, при што нагласи дека легалното ...

После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот “Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика. Овој пат со новата песна „Јас и ти” на Вера Милошевска, со која песна Вера, со голем успех навлегува и во кантавторските води. Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми. Музиката и текстот се на Вера ...

МВР Билтен

2 часа - МИА - +1
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1014
weather icon

Белград

18ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
72%
1013
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
55%
1015
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.5
62%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.0
84%
1014
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.54
68%
1009
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
64%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
67%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
0.89
87%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.12
69%
1011
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1105

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.58

Иридиум

145833.18

Кобалт

42.99

Никел

14782.50

Рутениум

25656.30

Калај

32.88

Сребро

1226.22

Злато

107303.29

Бакар

11.06

Паладиум

41699.52

Платина

47300.54

Родиум

185670.56

Цинк

2.73