
Скопје
36ᴼ /
36ᴼ



Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека музејот Лувр ќе биде редизајниран, обновен и зголемен, со цел да стане „епицентарот на историјата на уметноста за Франција и целиот свет“. Планот наречен „Нова ренесанса“ предвидува преселба на „Мона Лиза“ во посебна соба и креирање нов влез до 2031 година. „Тоа ќе го врамнотежи начинот на посета на музејот и повторно ќе им го врати на парижаните. Новиот Лувр ќе може да прими 12 милиони ...
Ако сакате меки, воздушести и совршено златни палачинки, овој рецепт е за вас! Брз, едноставен и без непотребен неред во кујната, а резултатот – неодолив! Рецепт за брзи палачинки 🔹 Состојки: 🔹 Таен трик за совршени палачинки! За највоздушести палачинки, додадете неколку лажици газирана вода во смесата! Ова ќе ги направи лесни како пердув и ќе им даде неверојатна мекост. 🔹 Начин на подготовка: Со овој рецепт, вашите палачинки ќе бидат ...
Гласините за наводната врска помеѓу Џенифер Анистон и Барак Обама предизвикаа вистинска медиумска сензација, откако се проширија шпекулации дека бракот на Барак и Мишел Обама е во сериозна криза. Додека јавноста шпекулира, Мишел мистериозно прескокна неколку значајни настани со нејзиниот сопруг, што дополнително ја разгоре аферата. „Џенифер едвај го познава Обама, а овие гласини се навистина луди!“ – открил близок извор за Radar Online. Анистон ...
Монографијата „Современа македонска фотографија – Македонска фотографија 1945-2020“ претставува единствено и капитално издание, кое нуди детален увид во историскиот и креативниот развој на фотографската уметност во Македонија. Финансирана како Проект од национален интерес од Министерството за култура и спонзорирана од „Халк Банка“ – Скопје, монографијата претставува пресек на речиси 80-годишно творештво на автори-членови на Фото сојуз на ...
Регионалната музичка ѕвезда Милица Павловиќ на 14 февруари ќе одржи спектакуларен концерт во „Јане Сандански“ во рамките на нејзината турнеја „Лав“. Покрај новите песни, публиката ќе ужива и во нејзините најголеми хитови. На прес-конференцијата, која се одржа на 28 јануари, таа најави незаборавно шоу и откри дека ја обожава македонската музика, споменувајќи ги Тоше Проески, Каролина, Калиопи и Влатко Стефановски. Дури ја испеа српската верзија ...
АСАП Роки, момчето на популарната пејачка Ријана, се соочува со судење за наводното пукање во поранешниот пријател Терел Ефрон, познат како АСАП Рели. Судењето, кое започна оваа недела, продолжува, а пејачката планира да се појави во судницата за да го поддржи својот партнер. Извори блиски до Ријана откриле за TMZ дека пејачката ја разгледува можноста да биде присутна на судењето. Судот, наводно, ја консултираше Ријана при изборот на поротата, ...
Граѓаните на Македонија, револтирани од високите цени и неефективните мерки на власта, ќе се приклучат на акцијата за бојкот на маркетите на 31 јануари. Со слоганот „Попусто попусти кога цените се исти“, тие ќе изразат незадоволство од пораснатите цени на храната и основните производи. По Хрватска, во петок, 31 јануари, и македонските граѓани ќе го бојкотираат влегувањето во маркетите, како начин на изразување на незадоволството од високите ...
dm drogerie markt продолжува со својата кампања „Никогаш повеќе сама“, обезбедувајќи 130.000 бесплатни хигиенски влошки за студентките во новиот семестар. Оваа иницијатива ја подигнува свеста за важноста на менструалната хигиена и ја поттикнува менструалната правда во земјата. „За нас ова не е само кампања, туку симбол на поддршка и солидарност“, изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm. Преку оваа донација, која до ...
Во новиот документарец „Пропаста на Диди“, продуцентите на серијата „Тишината на сетот: Мрачната страна на ТВ Кидс“, во соработка со „Ролинг Стоун“, откриваат шокантни обвинувања кон американскиот рапер Диди. Преку повеќе од 30 интервјуа со тужители, поранешни вработени, пријатели и други сведоци, документарецот го истражува темното лице на хип-хоп магнатот. Серијата од четири дела ќе биде премиерно прикажана на „Дискавери инвестигејшн“ и ...
За да ја разберете суштината на мотото на овој текст, неопходно е да знаете философија и литература. Би требало да го прочитате славниот етички спис на големиот философ Имануел Кант, Критика на практичниот ум и да ја знаете биографијата на Ернест Хемингвеј. А, за да го создадете овој краток расказ од шест збора, потребно е да имате аналитичко-синтетички и креативно-критички дух каков што има мојата драга ученичка Бојана; и да учите философија. ...
Со цел подигнување на свеста за важноста на заштитата на фотографиите и податоците на децата на интернет, Телеком ја лансираше интернационалната кампања #СподелувајВнимателно. Оваа иницијатива има за цел да укаже на опасностите од невнимателното споделување фотографии и видеа од деца, кои сè почесто се изложени на ризици како резултат на оваа практика. Sharenting – Тренд кој носи ризици Еден од главните акценти на кампањата е појавата позната ...
Пејачката и сопственичка на бројни хитови Лејди Гага го објави датумот на објавување на нејзиниот седми студиски албум. Иако во последните неколку години меѓу нејзините обожаватели беше нарекуван LG7, албумот сега доби официјално име – „Mayhem“. Гага на својот Инстаграм објави видео со датумот на издавање на албумот, а тоа е 7-ми март. – Албумот започна како мој начин да се справам со стравот да се вратам на поп музиката што ја сакаа моите ...
Правната битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони и официјално доби датум за судење. Ѕвездите на филмот „It Ends With Us“ меѓусебно се тужат пред федералниот суд во Њујорк. Таа го тужеше на 31 декември за сексуално вознемирување и одмазда; тој возврати две недели подоцна, обвинувајќи ја неа и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс за клевета и изнуда. Еден месец откако ѕвездата од „Gossip Girl“ поднесе тужба против режисерот и актерот од филмот „It Ends ...
Џенифер Лопез (55) предизвика вистинска врева на црвениот тепих! Актерката и пејачка се појави на премиерата на филмот „Kiss of the Spider Woman“ на филмскиот фестивал Санденс во блескав проѕирен фустан, украсен со накит во форма на пајакова мрежа. Фустанот ја следеше нејзината совршена форма на телото. Аутфитот го искомбинира со црна чанта и црни потпетици, а косата ја крена во пунџа. Со својот стајлинг се пофали и на социјалните мрежи каде ...
Белата куќа го објави официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп. Фотографијата е направена од белгискa фотографка Реџине Махо, кој го фотографира семејството Трамп повеќе од 20 години. Фотографијата е направена на 21 јануари 2025 година. Реџине го направи и официјалниот портрет на Меланија Трамп во 2017 година. „Навистина ми е чест што ме избраа повторно да го снимам портретот. Како уметник, голема привилегија е да се работи со ...
Овој рецепт за проја со младо сирење и јогурт е совршен избор за појадок или за специјална трпеза за гости. Лесна за подготовка, оваа традиционална рецептура ќе стане омилена на сите во домот! Состојки: Подготовка: Пројата е традиционален деликатес кој совршено ја заменува улогата на лебот на трпезата. Овој рецепт, збогатен со урда и јогурт, е идеален за семејни оброци или како дел од предјадења на свечени настани. Сервирајте ја топла и ...
Многумина кои сакаат да ослабат вложуваат значителни напори: ограничување на јаглехидратите, редовно вежбање и примена на скапи препарати. Но, според д-р Џулијан Рос, водечки истражувач на Институтот за медицина „Џон Хопкинс“, постои многу поедноставен и природен начин за постигнување на истите резултати. Клучот, според него, е куркумата – моќен зачин кој го забрзува процесот на согорување маснотии, овозможувајќи губење на тежината без потреба ...
Селена Гомез, познатата американска пејачка со мексиканско потекло, се расплака на Инстаграм поради депортацијата на мигрантите од САД. Во својата порака напиша: „Жал ми е. Сите мои луѓе се нападнати, дури и децата“. Пејачката, која живее во Тексас, проговори за миграцијата на своето семејство и изрази страв за оние кои се во слични ситуации. Според неа, депортацијата на мигрантите е сериозен проблем кој ја плаши нејзината земја. ...
Новиот музички проект на Мишел Трајковски, под името „Spring Jazz“, е повеќе од само композиција – тоа е спој на стилови и музички таленти. Во овој проект, Трајковски музицира заедно со познатиот маестро Дамир Имери, чии фраерски џез моменти ја збогатуваат композицијата и и даваат нова димензија. „Spring Jazz“ е најава за новиот инструментален албум на Мишел Трајковски, кој ќе вклучува големи музички имиња од балканската сцена. Оваа 4-минутна ...
Георгина Родригез, партнерката на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, вчера го прослави својот 31-ви роденден, а Роналдо и ја изрази својата љубов и благодарност со емотивна порака. „На мајката, партнерката, пријателката, мојата сопруга… Среќен роденден љубов моја. Твојата светлина нè осветлува, а твојата љубов не исполнува“, напиша Роналдо на фотографијата која ја споделија од теретаната. Георгина веднаш му одговори со топли зборови: „Те ...
Арнолд Шварценегер, легендарниот актер од филмската серија „Терминатор“ и поранешен гувернер на Калифорнија, беше забележан на традиционалната забава „Вајсвурст“ во селото Гоингам Вилден Кајзер, Австрија. На годишниот фестивал посветен на баварската традиција, Шварценегер уживаше во локалната храна, дегустираше колбаси и се дружеше со локалното население и туристите. Настанот привлече многу посетители кои се забавуваа со музика, храна и ...
Групата One Direction можеби повторно ќе се обедини за прв пат по нивното распаѓање во 2016 година, но не на начинот на кој многу фанови се надеваа. Имено, починатиот член на бендот, пејачот Лиам Пејн, треба да биде одликуван на овогодинешното доделување на „BRIT Awards“, а Зејн Малик, Хари Стајлс, Луис Томлинсон и Ниал Хоран наводно повторно ќе се соберат за таа пригода, пренесува The Mirror. Како што знаеме, Пејн трагично почина на 16 ...
Македонската водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска, позната по тоа што својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, направи исклучок за еден посебен повод. На својот профил на Instagram, таа сподели фотографии од семејната прослава за 80-от роденден на нејзината мајка. Во домашна атмосфера, мајката на Лила ги дувна свеќичките на торта украсена со рози, опкружена со најблиските. На фотографиите се појавуваат и синот на Лила, ...
Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи два специјални концерти за деца со наслов „Имате ли ритам?“, во четврток и петок, со почеток во 12 часот. Концертите ќе се одржат преку организирани посети од училиштата, а диригент ќе биде маестро Виктор Митревски, додека аниматорската улога повторно ќе ја преземе миленикот на младата публика, актерот Мартин Јорданоски. Музика од класиката до модерната ера Посетителите ќе уживаат во изведби на ...
Македонската музичка сцена загуби легенда. Костадин Коце Икономов, гитарист на култните македонски групи „Безимени“, „Бис-Без“ и „Мањифико“, како и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје на 78-годишна возраст, по кратко боледување. Музичар со непроценлив придонес Коце Икономов се смета за еден од пионерите на македонската рок сцена. Роден во 1946 година, уште од рана возраст ја засака музиката. По завршувањето на ...
Македонската радио-телевизија (МРТ) повторно објави јавен повик за соработка со продуцентски куќи за реализација на амбициозниот проект посветен на Тоше Проески. Проектот, со проценета вредност од над 1,5 милиони евра, вклучува снимање игран филм, телевизиска серија и документарец за животот и мисијата на легендарниот музичар. Овој втор јавен повик е продолжен до 24 февруари, давајќи им можност на што повеќе продуцентски куќи да конкурираат со ...
Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20 чaсот. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа. На нашата ...
Познатиот актер Раде Шербеџија им се приклучи на студентите и граѓаните во Србија кои протестираат за правда по трагедијата на железничката станица во Нови Сад. Во емотивно видео објавено на својот Инстаграм профил, Шербеџија изрази поддршка за студентите, велејќи: „По овие протести на молк, вашиот протест, драги деца, сите мои концерти ги започнувам со молк. Почнувам со реченицата на Крлежа што ја напиша по студентската револуција во 1968 ...
Ќерката на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Тара (7), стана ѕвезда на социјалните мрежи поради својата забавна реакција по победата на нејзиниот татко над Карлос Алкараз на Австралија Опен. После победата во четвртфиналето, на официјалниот профил на Австралија Опен беше споделено видео на кое Ѓоковиќ разговараше со новинарите. Меѓутоа, тој не одговори на прашањето, туку изјави: „Извинете, го слушнав прашањето, но изненаден сум што моите деца се ...
Само еден месец нѐ дели од новото музичко патување со Barcelona Gipsy Balkan Orchestra, една од најиновативните музички формации на современата сцена. Овој оркестар е познат по тоа што нивната музика се слуша и доживува на длабоко, директно ниво допирајќи до срцето на публиката. За БГКО не постојат граници, бидејќи нивната музика е инспирирана од најразлични музички традиции, како од Балканот, така и од светот. Тие носат едно емоционално ...