
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



според Д. Крамс Во убавиот приказ на нејзиното лице очите ѝ се како двe проѕирки. Не чини, дај од почеток. Очите ѝ се како муви во млеко, очите ѝ се како мали Дракули. По ѓаволите со нејзините очи. Поарно да ви кажам за нејзината уста. Устата ѝ е како црвена колипка во која волкот ја изел бабата. Ах, аман веќе со нејзината уста, ај да ви кажам за нејзините гради. Ѝ ги ѕиркам одвреме-навреме, но и тоа ми е повеќе од доволно за да ја загубам ...
Популацијата на Кина се намали за првпат во последните 60 години, додека стапките на новородени се на рекордно ниско ниво – 6,77 новородени на 1.000 луѓе. Населението во 2022 година, кое изнесуваше 1,4118 милијарди се намалило за 850 илјади во споредба со 2021 година, пренесе Би-Би-Си. За споредба во 2021 година САД имале 11,06 новородени на 1.000 луѓе, додека Велика Британија имала 10,08 новородени на илјада луѓе. Истовремено, природниот ...
„Со добар квалитет до голем успех“ е мотото на 23-годишниот фармер Никола Богдановски од скопското село Кадино, чиј детски сон да има своја фарма станал реалност. „Уште додека бев мал кај мене се роди една голема љубов која е поинаква од другите, љубов кон животните. Почнав со неколку украсни џинки кокошки кои прераснаа во големи јата, па така како што поминуваа годините јас раснев заедно со мојата фарма. По неколку години видов дека можам да ...
Клиничкиот психолог Џорџ Атвуд за неопходноста од борба гради в гради со светот на пациентот кој останал замрзнат од траума, борба во која секогаш се пролева крв за време на психотерапијата. Лутината во психотерапијата Што е всушност психоанализа и која е основната задача на секој психоаналитичар? Според Фројд, психоанализата е постепено проширување на несвесното во просторите на свеста, а задачата на аналитичарот е да му помага на клиентот во ...
Се води борба меѓу Империјата хегемон и незадоволните претенденти. Ако човек сака нешто да научи за животот на птиците, тоа најдобро може да го направи доколку го набљудува нивното гнездо, каде што тие полагаат јајца и ги одгледуваат своите млади. Или, накусо, за природата на појавите во светот најдобро се учи од нивната рана доба, од нивниот настанок и први денови. Така и за природата на капитализмот и глобализацијата најдобро можеме да судиме ...
Македонскиот писател Иван Шопов е годинашниот победник на Меѓународниот конкурс за хумористичен расказ „Алеко“ за 2022 година. На конкурсот пристигнаа 104 раскази на 42 автори од 21 земја, a жири комисијата во состав Јордан Ефтимов, Михаил Вешим и Румен и Белчев за најдобар го избра расказот на Шопов „Географски откритија“. „Алеко“ е меѓународен конкурс кој се одржува во Бугарија од 1966 година до денес, со краток прекин на почетокот на ...
Извор: Дојче Веле Здруженијата за заштита на животните денеска пред Владата организираа јавен собир за да го изразат своето незадоволство поради последниот настан што се случи во Струга, кога човек со пушка уби десетина кучиња низ градот. Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, активисти на десетина здруженија за заштита на животните порачаа дека се свесни за преголемата популација кучиња секаде низ државата, ...
Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме. Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на ...
Не ми е непознат феноменот во кој некој се обидува да го експлоатира мојот труд во име на феминизмот, па дури и во име на уметноста или во име на промоцијата на мојата мала земја. Ќе наведам неколку примери пред да се осврнам на скандалозната англиска антологија на српски и црногорски авторки Balkan Bombshells во издание на англиската издавачка куќа Istros Books. Пред година дена добив покана од една голема светска организација за женски права ...
Стапката на инфлација нагло порасна во 2022 година, како во развиените економии така и во оние во развој. Структурните трендови упатуваат на заклучок дека тоа нема да биде минлива туку долгорочна појава. Повеќе земји се ангажирани во различни војни – реални и метафорички – кои ќе создадат уште поголеми фискални дефицити и ќе доведат до понатамошна монетизација на долгот и повисоки стапки на инфлација во иднина. Светот минува низ еден вид ...
Поради неодреденоста на референтот, пожарникарското возило не можеше да ја најде куќата во пламен. Откако се испостави дека полот е културна конструкција, мајката новороденчето му го даде на таткото да го подои, со малите суви брадавици и влакнестите гради. Така беше чесно, ама не функционираше. Наизглед убедливо, нехегемонистички и модерно, но личеше на еден од оние танцови чекори кога танчерот го исфрла стапалото напред, а целата сцена наеднаш ...
Ако мислиме дека потребата од уставни промени е најтешката задача пред нас на патот кон ЕУ, малку сме се зезнале. Пренесено од Дојче веле Македонската демократија се движи кон својата суштинска адолесценција, не во смисла на години, туку во смисла на созревање: членка сме на НАТО, и почнавме преговори со ЕУ, барем формално. Во фаза сме во која нашето општество, на релативно брз, па со тоа и болен, начин, ќе мора да научи, слично на децата кои се ...
Тужбата составена на 91 страница, поднесена во петокот во Окружниот суд на САД, ги обвинува компаниите кои стојат зад TikTok, Facebook, Instagram, Snapchat и YouTube за создавање „криза на менталното здравје кај младите во Америка“. “Овие платформи при дизајнирањето и управувањето на нивните платформи избрале начини кои ја искористуваат психологијата на нивните корисници, примамувајќи ги да поминуваат сè повеќе и повеќе време на нивните ...
Вечерва, после еден темелен муабет со Милка Анчевска и Марина Колоска, по којзнае кој пат си поплакавме дека статусот во оваа држава ни е комплетно нерешен и дека сме до толку утепани што дури ни занимањата ни ги нема во регистарот на занимања, односно професии. И така јас го отворив документот наречен „Национална класификација на занимања“. Просто сакав да се пронајдам негде и да имам чувство на припадност во земјава во која живеам и плаќам ...
Висока руска црковна делегација предводена од митрополитот Антониј е во посета на земјава. Оваа посета предизвика многу прашања зошто се настојува да се држи далеку од вниманието на јавноста. За оваа посета реагираше новинарот и аналитичар Насер Пајазити, кој напиша дека оваа посета се обидува да се случи далеку од очите на јавноста. Тој понатаму напиша дека руската црква е силен поддржувач на рускиот диктатор Владимир Путин и неговите ...
Илустраторката од Бруклин, Карлота Фрајер, ги акцентира различните аспекти на секојдневното преку енергични, надреални композиции. Често работејќи по нарачка за поголеми едиторијали и рекламнни проекти, Карлота при изработката на своите илустрации најчесто тргнува од одредено расположение, наратив или убедлив факт кои се развиваат во живописни сцени, слични на сцените од соништата со надреални елементи. Во нејзините илустрации, Карлота си игра ...
„Невработен, јаде домат“ е стих од песна на Микис Теодоракис за млад човек што страда. Со тоа добро е опишан општествениот статус на доматот: доматот е најлесен зеленчук, зашто може да се јаде без подготвување, дури и без сол, и со леб претставува комплетен оброк, а притоа е евтин, особено во лето. Толку евтин, што за шпанскиот празник Ла томатина тони домати се расфрлаат по улиците на градчето Буњол во близина на Валенсија, за домашните и ...
Арон Шварц и неговите колешки и колеги ја направија дигиталната библиотека Open Library со цел да ги направат достапни книгите од јавен интерес, оние кои не потпаѓаат под авторски права или се истечени, или пак оние кои веќе не се во печат. Денес на openlibrary.org се достапни повеќе од 2,5 милиони книги. За овој прерано починат интернет активист, овозможувањето пристап до знаењето беше една од клучните цели во животот. Многуте проекти кои ги ...
Кинеската архитектонска фирма Condition_Lab решава да направи општествено влијание и да зачува дел од традицијата градејќи објект кој го истакнува архитектонското наследство на регионот преку елегантни, современи детали. Народот Донг е еден од 56-те етнички групи официјално признати од Народна Република Кина кои живеат претежно во источен Гуижоу, западен Хунан и северен Гуангкси, а може да се најдат и во провинцијата Тујен Куанг во Виетнам. Низ ...
По низата немили настани и случаи на насилство врз улични кучиња, меѓу кои и убиените кучиња во Струга, група активисти преку социјалната мрежа Facebook, повикува на протест. Протестот кој ќе се одржи во петок, 13 јануари, пред Владата, со почеток од 16 часот се организира, како што велат, со цел да се запре убивањето и мачењето на кучињата. Ви го пренесуваме повикот во целост. Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за ...
Насер Џемаили од Тетово, кој по струка ветеринарен техничар, а наскоро и правник, со сточарство се занимава од мали нозе. „Сточарството ни е фамилијарен бизнис, јас сум четврта генерација што се занимавам со сточарство и решен сум и покрај големите препреки да продолжам да ја развивам фармата. Пред четири години почнавме да се занимаваме и со рурален туризам, отворивме коњички клуб и организираме тури со коњи низ цела Шара“, вели Насер. ...
Идејата дека владата, политичарите или парламентот можат да им помогнат на работниците со ниски примања едноставно со наложување на покачување на платата е „прекумерна гордост кон или пркос кон боговите, што доведува до пропаст“. Иако реториката за минимална плата можеби звучи хумана, реалноста е сосема поинаква. Принудувањето на капиталистите да им плаќаат на нискоквалификуваните работници повисока од пазарната плата - во отсуство на какви било ...
Три дијазепами не ми беа доволни да се смирам кога случајно на јутјуб-каналот налетав на едно видео направено од нашите „браќа“ Бугари, насловено „компилација македонизам“. Видеото е наменски создадено за да нè исмеат, да нè претстават како карикатури што се граничат со деловната и психомоторната способност. По тоа што го видов и повеќе сме од тоа. Имено, во комплотот од јавни настапи, говори и изјави на наши повеќе или помалку познати и ...
ПРВА ПОУКА НА ГАВРАНОТ Господ проба Гавранот на говор да го учи. „Љубов“, рече Господ. „Речи, љубов“. Гавранот зина и бела ајкула в морето се плувна, Се стркала прудолу, својата длабочина ја откри. „Не, не“, рече Господ, „Речи, љубов. Пробај. ЉУБОВ“. Гавранот зина и сина мува, це-це, комарец Збрмчеа и устрем фатија Кон нивните разнородни цели од месо. „Последен обид“, рече Господ. „Ајде, ЉУБОВ“. Гавранот се напна, зина и блувна, Необична глава ...
Чарлс Симиќ е реченица. А реченицата има почеток и крај. Дали е тој проста или сложена реченица? Тоа зависи од времето. Зависи од ѕвездите над нас. Што е подмет на таа реченица? Подмет е вашиот сакан Чарлс Симиќ. Колку има глаголи во таа реченица? Јадење, спиење, и ебење, тоа се некои од глаголите во неа. Што е објектот на таа реченица? Објектот, мали мои, Уште не е на повидок. А кој ја испишува таа незграпна реченица? Уценувач, вљубена девојка, ...
И покрај фактот дека последен пат Латимер го наводнил шишето во 1972 година, градината во запечатено шише сè уште расте енергично како и секогаш. Кога Дејвид Латимер засадил семе во стаклено шише, во неделата за Велигден, 1960 година, тој не ни помислувал дека тоа ќе прерасне во мини градина што ќе напредува недопрено со децении. И покрај фактот дека последен пат Латимер го наводнил шишето во 1972 година, градината во запечатено шише сè уште ...
По лошата година за нив, автократите ширум светот мора да се воодушевени: пред втората годишнина од бунтот на Капитол, САД на запрепастената глобална публика ѝ пружија спектакл на демократскa дисфункционалност. Републиканската фракција која како заложник ја држи цела Америка – најекстремната десница во рамки на Републиканската партија која де факто стана десничарска партија – сака да нè убеди дека тоа е демократија: фрустрирачки хаос кој води ...
На 7 јануари 2015 година, канцелариите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ беа цел на терористички напад. Пукањето во „Шарли Ебдо“, како и серијата терористички напади што ја потресоа Франција, и целиот свет во тој јануари 2015 година, ги одземаа животите на 17 лица, вклучително и 11 новинари и безбедносни лица во канцелариите на списанието во Париз. Овој терористички чин го фокусираше вниманието на заканата од милитантниот ислам, но одговорот ...
Дали децата треба да растат лишени од дигиталните уреди или сепак нивната контролирана употреба е вистинското решение за правилен развој на детето во современиот свет? Тригодишниот Лука од Ниш, град на југот на Србија, држи играчка - плишено кученце, под раката, додека минува со прстот преку екранот на мобилниот телефон. Неговата помлада сестричка пак, нетрпеливо го гледа, а потоа - на звуците на детската песна што тој ја избрал - двајцата ...
„Листата на вашите поранешни добитници е толку знаменита, што јас не сум чул за друга поетска награда каде било во светот што може да се мери со неа“ - Симиќ во Струга во 2017. (Фото: СВП) Почина Чарлс Симиќ (85 години), американски поет со српско потекло, есеист и преведувач, добитник на Пулицеровата награда и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 2017. Симиќ е роден во 1938 во Белград, а во САД емигрирал во 1953 година. ...