На 4 април со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Гостинот од Италија, Марио Меникаљи ќе диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на ...

Во текот на зимата под влијание на ниските температури, морската вода на Арктикот замрзнува и во март се достигнува максимумот на арктичкиот морски мраз во текот на една година. Сепак, овој годишен максимум, по оваа зима, е најнизок досега измерен, откриваат податоците на Американскиот национален центар за снег и мраз (NSIDC). Минатата недела, морскиот мраз на Арктикот се простираше на површина од 14,3 милиони квадратни километри. Тоа е за 1,3 ...

Воената инвазија на Русија врз Украина од 24 февруари 2022 година, го засили широкиот спектар на тактики за манипулација со информациите користени од Кремљ, вклучително и градењето дезинформациски наративи кои постојат уште од 2013 година, се наведува во најновиот извештај на Европскиот екстерен акциски сервис за ФИМИ во 2024 година (манипулации со информации и опструкции од странство). Според извештајот, руските манипулативни напори се всушност ...

Пред и после сè, Хамас останува. По 17 крвави месеци, Хамас останува. По стотици убиени израелски војници и илјадници убиени жители на Газа, Хамас останува. По огромните разурнувања, споредливи со бомбардирањето на Дрезден на крајот од Втората светска војна, Хамас останува. По сите израелски ветувања дека ќе го уништи, Хамас останува. Всушност, Хамас е единствениот што останува во Појасот Газа. Мораме да го прифатиме тоа и да извлечеме ...

Благодарение на корумпираните политики на сите партии - вклучително и особено на ВМРО - умреа 60 луѓе, најголем број деца. Во време кога се бара целосна промена на системот, кога луѓето се потонати во трауматична и таговна колективна емоционална состојба, и сите прашуваат како се дозволи некој да убие толку многу деца, како е можно да имаме таков срам од Собрание, ВМРО со Антонио Милошоски и група „пратеници“ предлагаат во Собрание повторно ...

Се придружуваме кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој на денешната прес конференција бара кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, кога се излеа голема сива маса која потполно ја замати Крива река и Тораница. Дента примероци од водата земаа од риболовниот клуб МРЕНА Крива Паланка, а општината земала примероци следниот ден, за разлика ...

Се придружуваме кон барањата на градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој на денешната прес конференција бара кривична одговорност од Булмак 2016 по повеќе основи за излевањето од рудникот Тораница на 14 март во Крива Река, кога се излеа голема сива маса која потполно ја замати Крива река и Тораница. Дента примероци од водата земаа од риболовниот клуб МРЕНА Крива Паланка, а општината земала примероци следниот ден, за разлика ...

Се навршија речиси две недели од трагедијата во Кочани, а Собранието уште ги одложува своите седници, меѓу кои и седницата за пратенички прашања. Неприфатливо и неодговорно е пратениците да не одржуваат седници во време на ваква трагедија кога граѓаните очекуваат одговори, кога треба да се анализира системот и да се договараат следните чекори што би можеле да ги преземе Собранието во рамките на своите надлежности. Хелсиншкиот комитет за човекови ...

Луѓето мислат дека очигледното мора да е и вистинито, но грешат. Така, на пример, очигледно е – и само по себе разбирливо – дека случајот е секогаш случаен, но тој речиси никогаш не е рамнодушен кон сопствената реализација, и најчесто внимателно ги одбира своите прилики. Среќниот случај, големите откритија во науката, на пример, секогаш ги фаворизира подготвените умови, научниците што веќе го имаат потребното знаење и истражувачко искуство ...

Стотици илјади луѓе секој ден излегуваат на улиците на градовите низ Турција во знак на протест против неодамнешното апсење на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу. Протестите, кои започнаа на самиот ден на апсењето, на 19-ти март, во суштина се насочени против автократскиот режим на долгогодишниот претседател Реџеп Таип Ердоган и претставуваат најмасовен израз на народно незадоволство уште од милионските демонстрации во истанбулскиот ...

Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме, велат од граѓанското движење „Кој е следен?“, кое на 29 март, сабота, од 12 часот организира собир наречен „Народно собрание“. „Зошто се собираме пред Собранието? Затоа што не молчиме. Затоа што имаме барања што не може да чекаат. Затоа што демократијата не оди ...

Веќе цела деценија научниците дискутираат како да се толкува подемот и владеењето на Доналд Трамп. Се разгледуваат етикети како популизам и фашизам и се предлагаат разни историски паралели – од кои некои се мошне бизарни („Мартин Лутер е Доналд Трамп од 1517-тата година“). И Трамп понуди свое толкување кога на социјалните мрежи објави дека „оној што ја спасува својата земја не крши никаков закон“ – изјава што Балзак му ја припишал на Наполеон. ...

Направени се повеќе пропусти во постапувањето на полицијата во однос на обврските кои произлегуваат за обезбедување на настани каков што бил концертот. МВР, односно СВР Кочани, бездруго имале оперативни информации за обемот и природата на настанот со концертот, вели за Рацин.мк соговорник добро упатен во протоколите за постапување во вакви ситуации. Концертот претходно бил со денови најавуван и тоа е доволен временски период во кој полицијата ги ...

Три размисли за шеснаесетти трети, мојот датум на раѓање, кој стана најцрниот датум во паметењето на мојата генерација. Им должиме на жртвите, на нивните сакани, а и нам самите, конечно да го започнеме колективниот ремонт кој не го вадиме од уста. На најгорчлив можен начин се уверивме дека, ако не ги заземеме нашите столчиња на масата, како што рече Emir Hasanović во најинспиративниот медиумски настап кој го забележав деновиве, ќе продолжиме да ...

– Мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е починат; се породи два дена подоцна. – Шоферите на Брзата помош од кои едниот заврши на кардиологија, а другиот во Јесеново. – Полицајците кои вадеа повредени колеги и деца починати и повредени, на колеги; кои во болницата миеле повредени, менувале инфузии и преврзувале. – Командирот на пожарната во Кочани кој е во болница. – Дечките од Црвениот крст, пред сè од Кочани. – Матичните ...

По повод Светскиот ден на театарот, Театар „Чекори“ утре, четврток 27 март, од 20 часот ќе ја изведе претставата „Гласови“ во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда, Скопје. „Настанот ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средствата ќе бидат донирани во фондот за помош на настраданите и повредените oд Кочани“, соопштуваат од „Чекори“. Влезот за претставата е бесплатен, но ќе биде поставена кутија за донации, каде што секој што ...

Педесетина издавачи одлучија да го бојкотираат конкурсот на Министерството за култура за откуп на книги, да не учествуваат на меѓународните саеми што ги организира Министерството и привремено да ја запрат доставата на задолжителните примероци книги до Народната библиотека на Србија и Матица српска. Сите членови на Здружението на професионални издавачи на Србија, дел од Здружението на издавачи и книжари на Србија, како и дел од независните ...

Ирена Цветковиќ, Фросина Крушкаровска, Калина Малеска, Мирјана Најчевска, Ѕвездан Георгиевски, Љупчо Поповски, Горан Ризаов, Петрит Сарачини, Ивор Мицковски и Ивон Величковски. Ирена Цветковиќ, Призма Во време кога насетуваме потенцијал за една балканска пролет, кога демократски настроените граѓани и младите генерации низ регионот и кај нас излегуваат и повикуваат на протести, многумина од нашата генерација го дочекуваат тоа со цинизам и ...

Кога во далечната 2022-ра година одекна бумот на вештачката интелигенција, во новинарските редакции и канцелариите на креаторите на јавното мислење се вклучија алармите: дали ова е крајот на политичките кампањи какви што ги познававме? Влегуваме ли во ера на лажни вести на стероиди? Настапува ли време на deepfake фотографии и видеа во кои никој повеќе нема да ја разликува реалноста од симулацијата, лагата од вистината, фактите од измамата? ...

„Доста бевме ние, системот е следен!“ – одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа вчера (на 24 март 2025) да го покажат својот револт и да побараат правда за 59 жртви во пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани. „Колку жртви ви тежат џебовите“, „Нема тишина само правдина“, „Колку мито треба за да ги вратиме жртвите“, „Системот нема да нè спаси“, „Ваш профит, наши животи“ – беа само дел ...

Ве информираме за претстојните културни и филмски случувања, во коишто љубителите на експерименталниот филм ќе имаат можност да учествуваат/присуствуваат на два значајни настани инспирирани од делото на реномираната иранско-британска уметница и филмска авторка, Меријам Тафакори. Настаните се подджани од Британскиот совет. Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори 27 март | 14:30 часот КСП Центар-Јадро ...

Во неделата на жалост по трагедијата со пожарот во Кочани, повторно сме сведоци на загрижувачки пораст на говорот на омраза, особено на социјалните мрежи, но и во некои медиуми. Барањето на одговорност од надлежните институции од страна на граѓаните и особено од страна на младите се поврзува со дејствување на политички партии и наместо достоинство и одговорност, гледаме навреди, обвинувања, говор на омраза и повикување на насилство. Сето ова ...

Во раните деведесетти, една пријателка, која штотуку положи за возачка дозвола, нѐ возеше некаде на гости, а позади седевме една друга пријателка и јас, кои не знаевме да возиме. Поминувавме под подвозникот кај Стоковна куќа „Мост“ и застанавме на семафорот што води накај Универзитетска библиотека од десната и Мавровка од левата страна. Неколку автомобили пред нас завртеа полукружно на семафорот, упатувајќи се кон мостот „Гоце Делчев“. Бидејќи ...

Марија Штерјовска По трагедијата во Кочани што ја потресе Македонија, и по серијата трагични настани изминативе години, Македонија е „ранет човек на повеќе места”, а вистинското лекување бара признавање на болката, давање време за процесирање и создавање безбеден простор за целиот спектар на емоции – од лутина и очај до благодарност и тага, вели психологот Марија Штерјовска. Нејзината порака е недвосмислена: во време на колективна траума, ...

Македонија е најзагадена држава во Европа. Со најлошо образование. Со најлошо здравство. Со најголема корупција. Со најмал број библиотеки. Со најнесреќно население. Со најскапа струја. Со најниски плати. Не бре. Не ни требаат протести. Тоа шарените ги манипулираат граѓаните. Платениците од невладините организации. Оние кои скршија еден џам на измислената канцеларија за млади на Иванов и кои фрлија боја по зградите. Тие се виновни за загаденоста ...

Во Студентскиот културен центар (СКЦ) минатата сабота (15 март) се случи „ФИЈУК саем“, прв за оваа година во Скопје. Се работи за саем на независно издаваштво и независна уметност. Инициран е во Белград од колективот „Матријаршија“ пред околу 5-6 години, па оттаму се проширува и во Скопје, а паралелно сега расте и по други македонски градови. „’ФИЈУК’ веќе три години е доста активен со изданија на различни домашни локации. Односно, секое издание ...

Граѓанин што не гледа, не слуша и не зборува е примерен граѓанин. Тој може да се спореди со трите икони/емотикони, слики на мајмунчиња со затворени усти, уши и очи. На примерниот граѓанин му е забрането чувствувањето, според концептот со кој последниве неколку дена нè гушат и ни го матат умот веќе до степен близу до лудило. Сè што примерниот граѓанин потенцијално би можел да почувствува, веќе е ефикасно трансферирано преку зборовите и постапките ...

Пренесено од Дојче веле На оној огромен протест во Белград минатата сабота, петнаесетина минути пред да дојде ударот од мистериозниот „звучен топ“, една од студентките која говореше од бината на плоштадот „Славија“, рече дека тие прават сѐ српските граѓани да не се дел од онаа позната Платонова пештера. Тоа можеби изгледаше како филозофски претенциозно, па дури и неразбирливо за најголемиот дел од присутните и оние што го следеа протестот преку ...

Прекршувајќи го примирјето воспоставено во јануари, Израел на 18-ти март изврши воздушни напади врз Газа, при што според извештаите уби повеќе од 400 луѓе. Не е познато колку од нив биле припадници на Хамас – се споменуваат неколку убиени водачи – но околу две третини од жртвите се жени и деца. Осомничениот за воени злосторства на чело на израелската влада, Бенјамин Нетанјаху, тврди дека вината за продолжувањето на масакрот врз Палестинците е ...

На плоштад Македонија во Скопје вчера се собраа илјадници лица на мирен собир, со цел да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молкум палеа свеќи и се поклонуваа во чест на жртвите кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс”. Со вклучени светилки на мобилните телефони граѓаните симболично испратија порака за емпатија и солидарност. Во 18 часот и 59 минути започна ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.87
58%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
80%
1021
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
71%
1023
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.07
62%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.49
61%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
0.99
75%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
42%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
60%
1017
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.34
75%
1021
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1017
Currency

61.525

Currency

53.1365

Currency

72.2548

Currency

34.6798

Currency

39.2142

Currency

65.369

Currency

7.41491

Currency

0.67708

Currency

0.36718

Currency

0.52465

Currency

1.35139

Currency

0.61873

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14965.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.61

Сребро

1167.75

Злато

109182.85

Бакар

9.69

Паладиум

33661.83

Платина

40385.41

Родиум

179240.41

Цинк

2.56