
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Кинотеката на Македонија од 13 септември ја започнува новата Филмска училница – едукативна програма наменета за ученици од основното образование (11 до 14 години) кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. „Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со ...
На 4 септември, во 20 часот, во обновената кино-сала во Валандово ќе се одржи промоција на винил изданието на ансамблот„Распеани Валандовчани“. Промоцијата е во организација на Општина Валандово и во соработка со ансамблот. Влезот на настанот е отворен и организаторите ги покануваат сите заинтересирани граѓани да дојдат на промоцијата. Во рамки на промоцијата, ансамблот ќе настапи во живо со дел од нивниот репертоар кој ќе вклучи и песни ...
Независниот театар „Штрих“ го организира „Under 600“ – фестивал што ќе ги обедини независните театри од Западен Балкан, од 25 до 28 септември на различни локации во Скопје, каде ќе се одиграат репрезентативни претстави од независната сцена од регионот. „Преку овој ревијален фестивал, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар, како и предизвиците со кои тој се соочува“, ...
Бранко Тричковски му раскажувал виц на Бранко Героски: ‒ Никола Груевски дал оглас дека продава трактор. „Зашто го продаваш тракторот?!“, зачудено го прашале пастирот неговите верни соработници. „Ја продадов земјата и трактор веќе не ми треба“, искрено одговорил Груевски. Додека Тричковски гласно си се смеел на сопствениот виц, Героски сериозно возвратил: ‒ Не ми се свиѓаат вакви вицови, со предавници и патриоти. Сè си има свое, сè си има време ...
Политичкиот систем на Соединетите Држави одамна се темелен на владеењето на привилегираната елита и капиталот, но од враќањето на Доналд Трамп многу нешта укажуваат на трансформација насочена кон воспоставување покласичен авторитарен режим. Минатата недела Трамп најави дека ќе ја распореди Националната гарда на улиците на Чикаго, Њујорк и други градови – воена формација која веќе ја испрати на улиците на Лос Анџелес и Вашингтон. Формалната ...
Синоќа заврши 16-тото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржа од 21 до 28 август во Куршумли ан, плато пред Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје со мото „Кому му е гајле за реалноста?“. Традиционално на „МакеДокс“ се доделуваат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваа 15 интернационални ...
Земјите на НАТО за воени потреби планираат да трошат 2,3 илјади милијарди долари секоја година! Последните денови на сите империи во умирање се сцена во која доминираат идиоти. Вака отприлика, под наслов безмалку како горниот, пулицеровецот Хеџис пишува за одумирањето на американската империја, споредувајќи ја со римската, мајанската, хабзбуршката, француската, руската, османлиската и советската империја, кои сите без исклучок на крајот беа ...
Во месец септември претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија и публиката ќе има можност да ги погледне следните претстави: „Фетишист“, на 9 септември ќе гостува на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12 септември ќе биде прикажана претставата „Ричард III“. „Снежана и седумте џуџиња“ на 13 септември ќе биде изведена на Театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“во Штип, а ...
Фразата „нов капитализам“ ја употребив во мојата книга „Capitalism, Alone“ од 2019-тата година. Што е тука ново? Во класичниот капитализам од 19-тиот век европските економисти го делат општеството на две класи: една која поседува капитал (или со марксистичка терминологија „средства за производство“) и друга која не поседува капитал и за да преживее ја продава својата работна сила на капиталистите. Тоа беше груб, но точен приказ на светот на ...
Демократијата не може да постои без жени, бидејќи нивното исклучување од политиката значи нејзино уништување од самите темели, порача синоќа Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир и еден од лидерите на Вреди од собирот на Форумот на жени на коалицијата. Сепак, Вреди на претстојните локални избори, закажани за 19 октомври, не номинира ниту една кандидатка за градоначалничка во 16 општини каде претендира да раководи со локалната власт. А ...
Мила моја, добра и несреќна ж, Еве ме среде Мароко (среде најмрачната мароканска внатрешност, како што би рекле Сервијанците), а времето лудо лета, ова ми е веќе сто дваесет и третиот ден од робувањето во централната армиска печатница. Еве ме, каде што кулучам (fornarbeit, тлака) или аргатувам (diurno, diurnista), зависи како ќе земеш, дали робувам или надничарам за мазда, а освен тоа, прости ми што се расфрлам со турцизмиве, ама како што веќе ...
Неодамна заврши големиот меѓудржавен состанок на Обединетите нации во Женева, на кој учествуваа вкупно 184 држави, со цел конечно усвојување на првиот обврзувачки меѓународен документ што требаше да го ограничи загадувањето со пластика на глобално ниво. Меѓутоа, по десет дена преговори, состанокот во Женева заврши со неуспех. Не беше усвоен никаков документ, а камоли обврзувачки, пред сè поради отпорот на таканаречените петрохемиски држави. ...
Изминативе осум години работев како хонорарен соработник за новинската агенција Ројтерс. Моите фотографии што ги покриваат приказните од прериските провинции беа објавени во „Њујорк тајмс“, „Ал Џезира“ и други медиуми низ Северна Америка, Азија, Европа и на други места. Во моментов, за мене е невозможно да ја одржувам врската со Ројтерс имајќи ја предвид нејзината улога во оправдувањето и овозможувањето на систематското ликвидирање на 245 ...
Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинска и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите библиотеки, ...
Влијанието на социјалните мрежи на широк спектар општества стана толку силно што некои земји се одлучуваат за забрани на одредени платформи или ги ограничуваат до ниво што не ги загрозува. Најчесто станува збор за политички влијанија и ригидни политички системи. Брзината на ширење информации и активирањето на граѓаните околу поединечни теми е тоа што им дава сила на социјалните мрежи. Од таа сила извираат и основните болести: силна поларизација, ...
Триесет и третото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 13 остварувања од земјава, Бугарија, Србија и Сардинија, Италија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски, информираше директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков. И годинава единствената награда на највисоо актерско остварување „Ристо Шишков“, се состои од златен ...
Ја користам приликата на отворање на пандорината кутија по изјавата на др. Кедев дека во приватните болници се оперира и кога не е потребно заради профит. Има многу муабети меѓу народот на таа тема врзана за непотребни интеревенции во приватните болници. Дел се веројатно предизвикани од незадоволство од исходот на пациентите, но дел можеби и вистина. Ако лекар добива провизија или бонус според број на извршени интервенции, зависи исклучиво од ...
Во 1842-рата година, поразената и скршена Кина го испрати својот највисок претставник, Кеинг, во Нанџјинг за да се сретне со Хенри Потингер, немилосрдниот британски колонијален гувернер, за овој да му ги издиктира условите за кинеското предавање. Со договорот потпишан во Нанџјинг, Кина се откажа од сè, а за возврат не доби ништо, освен понижување. Договорот, кој во печатот беше опишан како трговски, беше повод за големо славје кај трговците во ...
Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот „AERO Street Food Festival“, настан кој ќе ги обедини уличните гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. „Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од ...
Дејв Коверли, роден 1964 г. во Плејнвел, Мичиген, е најпознат како автор на серијалот карикатури Speed Bump, кој се објавува на меѓународно ниво во стотици весници и веб-страници, вклучувајќи ги The Washington Post, Los Angeles Times, The Globe & Mail (Торонто) и Detroit Free Press. Карикатурите на Коверли се појавувале и во The New Yorker, USA Today, The New York Times, Newsweek, Esquire, Ranger Rick, Jr., а редовно се ...
За една деценија во Македонија е регистриран пад на новородени деца од околу 30 проценти. Во исто време за 17 проценти е намален бројот на новосклучени бракови. Негативниот прираст ги празни градинките и училиштата, а таквиот тренд од година во година се засилува со иселувањето на населението кое во целата држава оди по нагорна линија. Белата чума незапирливо го зема својот данок. Не само во Македонија, туку ја тресе цела Европа. Во Албанија во ...
На Алјаска бевме сведоци на хибридна верзија на американско-руското реално шоу со Трамп во улога на режисер и Путин во главната улога. Како што беше лесно да се претпостави, Путин целосно ја преврте играта бидејќи како Зоран Радмиловиќ во „Радован III“ на Душан Ковачевиќ, со својата способност, го стави во сенка режисерот и се наметна како своевиден „deux ex machina“. Доналд Трамп, насмеан, аплаудираше додека во пресрет му идеше Владимир Путин. ...
Од социјалистичките стамбени блокови кои ја одразуваат идејата за колективно домување, преку транзициските трансформации и индивидуализација на просторот, до новите урбани центри и трговски комплекси – Скопје ја носи приказната за својата модернизација и архитектонски развој низ секој свој кварт . Од колективната логика на социјализмот, до фрагментираните и често хаотични интервенции на постсоцијалистичкиот период, урбаниот пејзаж на Скопје ...
Седумдесет поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и од странство ќе учествуваат на 64. издание на „Струшки вечери на поезијата“ (21–25 август). Покрај лауреатот, словачкиот поет Иван Штрпка, и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик, во програмата се вклучени еминентни автори од Македонија, Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, Литванија и од соседните земји. Фестивалскиот фокус ...
Доналд Трамп сака крај на војната во Украина. Володимир Зеленски сака крај на војната во Украина. Крај на војната сакаат и многу други претседатели и премиери. Владимир Путин не е еден од нив. Војната во Украина стана политички, психолошки и економски центар на режимот на Путин. Секој обид за мировни преговори е осуден на пропаст поради оваа фундаментална разлика. Затоа и немаше значајни мировни преговори три и пол години од почетокот на руската ...
Струшките вечери на поезијата не се локална организација ниту локален настан, туку ги надминуваат границите на државата и се широко етаблирани и познати во светот. Нашата задача е да бидеме афирматори и промотори на македонската и светската поезија. Токму заради тоа постои овој фестивал и затоа е најголемиот и најзначајниот културен бренд кој го има Македонија во светот. Тоа го заклучи раководството на Струшките вечери на поезијата на денешната ...
Читам и слушам како се множат критичари на претседателот Трамп, кои дури неговата политика ја нарекуваат „револуција“, и не можам да ѝ се начудам на човечката плитка памет и шуплива меморија. И што е најстрашно, таа скудоумност доаѓа практично од севкупната и превладувачка „демократска и критичка мисла“ од развиениот Запад. А да се запрашаме што е тоа суштинско што Трамп го сменил во структурата на власта, во начинот на владеењето, или во ...
Не го бранам Бранко Тричковски. Па ич од Бранко Героски. И обратно да е, сеедно. Си умеат тоа тие самите. Не, ниту повод ниту причина имам за тоа. Ниту па имам намера да се впуштам во некои нивни вербални пресметки. Нека си кршат глава самите. Возрасни се и не им требаат тутори. И токму затоа и ги чкрткам овие два, три реда. За туторството на Героски врз македонските литературни бардови. За обидот на Героски, преку негова заштита и одбрана на ...
Пренесено од: Дојче Веле Како автор не сакам да се навраќам на текстови што сум ги напишал порано, во некои други ситуации, во некој друг сплет на околности. Затоа што секој текст е приказна за себе и за моментот во кој е пишуван. Но некогаш може да се скокне од линијата во редот. Подолу, ќе го прочитате текстот насловен „Слобода во резерватот“, објавен на 31 март 2016 година во „Утрински весник“. Во времето кога весникот уште постоеше, пред ...
Читајќи низ законите за земјоделско земјиште, за градежно земјиште, за јавно приватно партнерство и за енергетика, дознаваме дека за да додели Владата земјиште за ветерен парк, мора да објави јавен повик, тендер и да има електронско наддавање. Единствен исклучок, преку склучување договор со непосредна спогодба, е дозволен ако станува збор за голема инвестиција од повеќе од 100 милиони евра. Во таков случај мора да се примени Законот за стратешки ...