
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Беше рано изутрина кога паднав под влијание на шолја кафе. Кафето беше под влијание на зрнцата шеќер со кои се сретнало миг порано, а кофеинот и шеќерот ги обединиле силите за да извршат влијание врз отчукувањата на моето срце, да тропа и прескокнува малку побрзо. Тогаш забележав како сончевата светлина веднаш пред кујнскиот прозорец најверојатно влијае врз црешовото стебло процветано со бели мирисни цветови, кои влијаеле врз еротичното зуење на ...
За одбележувањето на Меѓународниот ден посветен на лица со попреченост, Националната галерија, својата општествена одговорност во насока на подигнување на личната и колективната свест за поддршка на ранливите категории, традиционално ја реализира со инклузивна програма. Оваа година се одржа работилница во техника – мозаик, под наслов „Парче од себе“. Завршните работи од работилницата ќе бидат прикажани на изложба што ќе биде отворена денеска, во ...
На 16 декември, сабота, во 20 часот, во КСП Центар -Јадро ќе се одржи интерактивната stand-up претстава „Svi ćemo umrijeti” со Миранда Лончар. Настапот и работилницата на Миранда Лончар се дел од Програмската размена, дел од проектот Регионална лабораторија: Нови културни простори и мрежи како двигатели на иновативен, одржлив и “bottom up” развој за регионална соработка / РЕГ.лаб”, помеѓу Јадро - Асоцијација на независната култура сцена, Скопје ...
Од 137 лица кои станале милијардери во периодот од април 2022 до април годинава, 53 од нив наследиле богатство во вредност од вкупно 150,8 милијарди долари (119 милијарди фунти) од своите семејства, покажа извештајот на УБС (United Bank of Switzerland). Овој износ ги надминува 140,7 милијарди долари кои ги добиле останатите 84 „самосоздадени“ милијардери кои своето богатство го стекнале со претприемништво. Според УБС, ова е првпат во ...
На 16 декември, во 20 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје ќе биде отворена изложбата „Diversus” („Различност“) на младите уметници Ана В’чкова и Вања Кашавелска. „Diversus” e воспевање на женската поетика, еден уметнички експеримент за она што навистина претставува – да се биде жена. Делата на сликарките Ана В’чкова и Вања Кашавелска претставуваат своевиден интерпретативен коментар на темата за женското тело и женската сексуалност. ...
Mckenzie Wark Секој од нас непрекинато е изложен на лаги. Секоја комуникација е лажна. Таа секогаш на одреден начин е различна од она на што се однесува. Неретко е врзана дури и за нешто што воопшто не постои. Таа фундаментална, неукинлива природа на комуникацијата е стварното концептуално јадро на искуството на параноја. Паранојата е делумно согледување на вистинитоста на лагата. Делумно и поради својата осуденост на статусот според кој ...
Во издание на издавачката куќа „Флип Бук Букс” излезе од печат двојазичното, македонско – англиско издание „Скопско хаику” од Александар Прокопиев и Маја Стефановска. Препевот на хаику поезијата на Прокопиев на англиски јазик е на британската поетеса, книжевна критичарка и есеистка Фиона Сампсон, а објавувањето на книгата е поддржано од Град Скопје. „Збирката „Скопско хаику” е осмислена во духот на книжевно-графичките изданија. Тристишјата на ...
На 16 декември, во 19 часот, на Академска сцена на Факултет за Драмски Уметности (ФДУ) – Скопје, како дел од програмата на АКТО 18, ќе се одржи перформансот „Веснa и Власта, кон достоинството (на стареењето)” на уметничките Власта Делимар и Весна Стилиновиќ. Весна Стилиновиќ и Власта Делимар замислија заедничка претстава во која низ елементарен ерос ги поврзуваат нивните сличности, но и разлики. Но, тие преку ова пријателство не сакаат да бидат ...
Од кога заладе точакот го заменив со ногобус и имам повеќе време да гледам по излози и дуќани. Наместо да видам накитен град и излози со дедо мраз, елени, лампиони, црвени кутии со панделки и елки, сконтав дека - ај што нема нова година - нема веќе ни маалски дуќани, онакви дуќанчинња за шрафови, кинески глупости, гифт шопови повторно пуни кинески глупости, бутикчиња со шверц роба од турска и трета смена од штипските конфекции.... На нивно место ...
Танцува таа бавно покрај Месечевата река со самурајот кој своето минато треба да го спаси. Етерот паѓа во благословен делириум, штом таа ќе ја изведе својата пируета која ја вежбала уште додека била во матката на нејзината родилка. Ја вметнува со леснотија совршената тишина помеѓу двата ѕида од врева. Татне театарската сала од нејзиниот траорен монолог за толчникот од цвет зимзелен, кој никогаш ниту една пчела безобразно не ќе го вознемири. ...
На шестиот конкурс за стрип Лифт пристигнаа петнаесет стрипови од четрнаесет автор(к)и (по седум жени и мажи). Само два стрипа беа работени во тандем: At Death's Door и Старицата... Сите други стрипови се дело на еден автор. Седум од нив се составени од една табла, а еден стрип има две табли. Најдолгиот стрип, Патник, има 12 табли. Еве го списокот на автор(к)ите и насловите на стриповите: Ѓорѓе Јовановиќ - Наскоро градот ќе падне (6 стр.) Иван ...
Извонредната ретроспектива на чудесните парчиња облека на Ирис ван Херпен во Музејот на применети уметности во Париз, насловена „Обликувајќи ги сетилата” (Sculpting the Senses) е прослава на револуционерниот придонес на холандската модна дизајнерка, со акцент на нејзиниот специфичен сензибилитет со кој во модниот дизајн ги вметнува уметноста и науката. Ван Херпен го основаше својот истоимен бренд во 2007 година и оттогаш создаде огромен опус ...
На 16-ти декември, сабота, со почеток во 20 часот, во кафе книжарница „Буква”, ќе се одржи разговор за најновите книги на Владимир Мартиновски. Краток разговор со авторот Владимир Мартиновски ќе се одржи по повод неговите најнови книги– книжевно-есеистичката книга „Песнапат“ и најновиот избор од 111 песни од Мартиновски „Паркот те помни“, двете во издание на издавачката куќа „Бегемот”. Разговорот со авторот Владимир Мартиновски ќе го води Филип ...
На 14-ти декемви, четврток, во 21 часот, културниот центар „Бруталиск” ќе го одбележи својот прв роденден со диџеј сет на Дарко Јорданов. За една година „Бруталиск” организираше преку триста настани – изложби, промоции, работилници, музички и стенд-ап настапи, а на крајот на годинава ги продуцираше и првите подкасти. Создадено е место за целото семејство, ќоше во Скопје каде може да се дојде на кафе, да се набави сувенир или парче облека ...
На 16-ти декември, сабота, во 13 часот, во Музеј на Македонија, ќе биде отворена самостојна изложба на Тома Димовски, насловена „Кодирање”. Денес секој може било за која слика да направи код, а и самата вештачка интелигенција може сама да прави слики по кодови. Но што се случува со магијата која ја има гледањето на уметничките дела во живо? Дали дигитализацијата ја банализира уметноста или овозможува да биде подостапна? Дали дигитализацијата го ...
Благодарение на посветената работа на реставраторите на Лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, заврши реставрацијата на три икони од авторот Дичо Зограф: „Свети Атанас” (1855), „Свети Харалампиј” (1855) и „Свети Никола” (1859), коишто се дел од иконостасот во црквата Св. Никола во околината на Елбасан и кои од 1999 година се во фондот на Националниот историски музеј, напиша на социјалните мрежи министерката ...
Во нападот на Хамас од 7 октомври не страдаа само еврејските граѓани, меѓу жртвите имаше и членови на бедуинската, черкеската и друската заедница. Освен тоа, нивните припадници веќе два месеци се борат во редовите на израелската војска на фронтот во Газа. Некои пратеници почувствуваа должност да направат нешто за Друзите заради нивниот придонес во одбраната на земјата и од тоа произлезе предлогот да се поправи контроверзниот закон за ...
Во фоајето во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во сабота ќе биде отворена изложбата на фотографии „90 Години веслачки клуб Црн Дрим – Струга“. Изложбата ја приготвил и уредил Коста Хиохи, долгогодишен член на клубот, кој за големиот јубилеј ја напишал и монографијата „Веслачки клуб Црн Дрим“. Пред публиката, како што информира Хиохи, ќе бидат претставени околу 300 фотографии од сите периоди на постоењето на клубот, некои важни ...
По Europe House Bitola, автентична изложба на графички симболи, која брои дури 460 дела во мал формат доаѓа и во Скопје. На 14 декември, во 20 часот, во Младинскиот културен центар, во горната галерија ќе биде отворена изложбата yugo.logo. Проектот yugo.logo е дело на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и ...
Годинава жирито на наградата „Новите!” (состав: Елена Митреска, Катерина Шекутковска и Наташа Атанасова ) како кандидати кои влегуваат во потесниот круг за најдобар дебитантски прозен ракопис ги издвои следниве три автор(к)и: Игор Раиден, Сања Трпковска и Томе Липовски. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 27 декември, во 12 часот, во Бруталиск, во рамки на Малиот новогодишен саем на книга. Ексклузивен покровител на наградата „Новите!” е ...
Во последниве години, подемот на радикалните десничарски движења во политиката беше проследен со загрижувачки пораст на насилните акции ширум светот. Овој тренд поттикна дебати и покрена прашања за основните фактори кои ги поврзуваат радикалните десничарски идеологии, но и самата десница со акти на насилство. Оваа анализа навлегува во причините за честото поврзување на десницата со насилството, користејќи примери од различни делови на светот. ...
Уредниците на книгата You Are Being Lied To (2001), на истакнати американски активисти, медиумски аналитичари, научници, филозофи, авангардни уметници, икони на контракултурата и теоретичари на заговорот, им го поставија прашањето Дали нè лажат, зошто, и кој тоа го прави? Одговорите беа различни, од општествено-политичка критика до лична рефлексија. Пренесуваме некои од нив. Charles T. Tart Се разбира дека нè лажат! Слушањето туѓи лаги е ...
Забележавте што рече холандскиот амбасадор во интервјуто за „360 степени“? И кога, на упорното инсистирање на новинарот да ни даде решение за нашите неволи, публиката очекуваше да каже дека само избори и промена на власта се решение, тој кажа дека треба многу повеќе: да го промениме нашиот менталитет. Со години пишувам за тој наш ориентален менталитет и колку е погубен за едно демократско општество на слободни луѓе со кои владеат закони, а не ...
Шест згради од девет до 14 ката и две кули со 25 и 35 ката ќе „никнат“ на просторот на некогашна „Алумина“, како инвестиција на „Пуцко Петрол“. Според 3Д презентацијата објавена на општинската веб-страница, зданијата се претставени со зеленило на терасите и со мини-паркови меѓу зградите. Алармот е вклучен и бројни се реакциите и од архитекти, еколози, биолози… Независни за Карпош за вечерва закажаа средба со граѓаните во Кинотека на Македонија. ...
Вечерва, 11 декември, во 20 часот, во Културно информативниот центар, империјал I, ќе биде отворена шестата меѓународна Ex Libris изложба. Првото издание на оваа изложба е реализирано пред повеќе од 10 години поточно во 2012 година со биенален карактер и до денес се` уште е единствена од овој тип во нашата земја. Ретроспективно гледано од почетокот до сега колекцијата на „Меѓународна Ex Libris изложба Скопје” / “International Ex Libris ...
Утре, на 12 декември, во 19 часот, во Планетариумот на Младинскиот културен центар, ќе се одржи првото пилот издание на музичкиот фестивал Skopje Space Jam. Програмата на првото take off издание е: 19.00 - 19.45 - Ема Ананиевска 20.00 - 20.45 - Алембик 21.00 - 21.45 - Ата Во рамки на настанот ќе бидат изложени астрофотографии на Ѕвездица Алексоска. Влезниците ќе бидат во продажба во билетарницата на МКЦ. Проектот Skopje Space Jam е поддржан од ...
Вечерва, 11 декември, во 20 часот, во Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложбата на скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски со наслов „Зодијак”. Изложбата „Зодијак" е прва самостојна изложба на Митко Дамјановски. Таа е резултат на истражување во апстрактно творештво низ комбинации на различни матерјали. Целината од дванаесетте дела кои ги претставуваат хороскопските знаци од зодијакот се претставени во апстрактна форма. Во ...
Пионерскиот дом Карпош е изграден во 1908 година од турската фамилија Драга, трговци со дрво од Бејрут, Египет, Истанбул, цел Балкан и пола Европа. Семејството Драга претходно имале имот на местото Кермес и Езерце во јазот на „Орце Николов“. Ферат Беј,сопственикот на куќата бил син на Шабан паша, лидер на партијата Џемиет. Куќата имала одделна машка и женска бања, на долниот спрат биле канцелариите од трговската фирма, а горе живеела фамилијата ...
Мицкоски со својата изјава дека поседува информации за делото, а не постапува како одговорен граѓанин и лидер на политичка партија, не само што прекршува закон со прикривање информации, туку и манипулира со јавноста, ги злоупотребува пред сѐ жртвите и нивните семејства и ги прекршува сите морални и етички вредности што треба да ги поседува еден човек. Не престануваат реакциите на јавноста и на стручните личности за изјавата на лидерот на ...
На осумнаесеттиот конкурс „Новите!”, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик распишан од издавачката куќа „Темплум”, годинава учествуваа 15 ракописи: Андон Карлос Поп Чотров - Македонски снајперист Богомолка 666 - Тесно Валентина Петровска - Второто доаѓање на Џ. Димитар Арнаудов - Варијации на просторно временската закривеност Димитра Десановска - Сенка Даница Ивановска Лепојевиќ - Една ноќ друга Игор Раиден - Омнивалентност: ...