„Трамп и неговите луѓе им пристапија на владините институции со идејата на Силиконската долина, ‘движете се брзо и скршете сè’. И тие кршат сè по ред. Прво пукаат, а потоа нишанат“. Вака изјави поранешниот американскит претседател, 82-годишниот Џо Бајден, во неговиот прв јавен говор откако ја напушти Белата куќа. Пред присутните во Чикаго тој рече дека администацијата на Трамп го уништува системот на социјалната помош од кој зависат милиони ...

Можеби на прв поглед изгледа страшно, но во реалноста тоа е сосема природна и фасцинантна појава. Социјалните мрежи деновиве се преплавени со необични снимки од приморските градови во југоисточна Шпанија – вклучувајќи ги Кулера, Торевиеја и Ареналес дел Сол. Гледајќи ги синкавите маси што ги покриваа тамошните плажи, многумина се запрашаа дали се работи за медуза, ѓубре или можеби дури и оптичка илузија, објавија шпанските медиуми. Но, одговорот ...

Берлинскиот лекар за палијативна медицина е обвинет за намерно убиство на петнаесет пациенти, објави во средата берлинското државно правобранителство. „Во меѓувреме, претпоставуваме дека осомничениот убил најмалку 15 пациенти во периодот од 2021 до 2024 година“, соопшти берлинското државно правобранителство. Инспекторите не исклучуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми во текот на истрагата. Осомничениот лекар е во истражен ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги предупреди американските претставници, кои учествуваат во разговорите со Русија за ставање крај на војната во Украина, да не прават неприфатливи отстапки во однос на окупираните украински територии, јави ДПА. – Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со својата национална територија. За нас е црвена линија да не признаеме ниедна ...

Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со големата трагедија во дискотеката „Пулс“? Вчера МВР, по налог на Основното јавно обвинителство, спроведе акција за апсење на 7 полициски службеници, кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби. Паралелно додека траела акцијата на Бирото за јавна безбедност при МВР, шефот ...

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Берово до 10 во Скопје и во Гевгелија, а максималните дневни од 18 во Маврово и 23 Целзиусови степени во ...

Љупчо Палевски Палчо денеска ќе продолжи со своите беседи во Кривичниот суд, во процесот во кој е првообвинет за грабнувањата и за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје и на Панче Жежовски (74) од Велес. По повеќемесечното судење што почна во септември, на ред е неговиот исказ, кој се очекува да се одолговлече на неколку рочишта, затоа што Палевски ја користи приликата да раскажува на долго и на широко за своите политички ...

Жител на Косово пробал да подмити граничар стравајќи банкнота од 10 евра во својот пасош при контрола на преминот Долно Блаце, јави Министерството за внатрешни работи. Против Ш.Б.(51) ќе биде поднесена пријава за кривично дело давање поткуп, се вели во полициското соопштение. Од МВР денеска соопштија дека при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал и во ...

Периодов низ Македонија е активен стомачен вирус којшто ги мачи граѓаните со нагли симптоми – од покачена температура до дијареа, повраќање, мачнина и грчеви. Иако симптомите кај дел од пациентите се повлекуваат за еден до два дена, кај некои се враќаат, особено ако не се внимава на исхраната. Contents – Нагло ми се качи температура на 38.5, а потоа следуваше дијареа и лошење. Едвај станував од кревет, но по 2-3 дена, одеднаш ми се подобрија ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, потпиша два меморандуми разбирање во име на македонската влада. Се работи за меморандум за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи. „На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и конструктивната ...

Поради лошите временски услови, прекинати се бројните линии на катамаран и бродови. Поради лошите временски услови, линиите на катамаран Убли – Вела Лука – Хвар – Сплит, Вис – Хвар – Сплит, Јелса – Бол – Сплит, Сплит – Стари Град – Сплит, Ист – Запунтел – Бргуље – Молат – Задар, Брбињ – Божава – Зверинац – Риванис – Сеструњ Риека, Новаља – Раб – Риека, Задар – Сали – Заглав – Задар, Милна – Рогач – Сплит, Убли – Корчула – Дубровник, Собра (Мљет) ...

Луѓето со висок крвен притисок треба да јадат повеќе храна богата со калиум како бананите, според тимот на научници со седиште во Канада. „Нашето истражување сугерира дека додавањето на повеќе храна богата со калиум во исхраната, како што се бананите или брокулата, може да има поголем позитивен ефект врз крвниот притисок отколку едноставното намалување на солта“, вели Анита Лејтон од Универзитетот во Ватерло. Вообичаено рангирани заедно со ...

Голема меѓународна полициска акција против организираниот нарко-криминал резултираше со апсење на 234 лица, од кои 225 во Турција и уште девет во четири европски држави – Холандија, Германија, Шпанија и Белгија. Ова го објави турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, кој нагласи дека цел на акцијата биле високорангирани членови на картели вклучени во трговија со кокаин, хероин и синтетички дроги како „екстази“. Во операцијата, што се ...

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да затвори речиси 30 амбасади и конзулати во странство како дел од значајната промена во дипломатското присуство на Америка во странство, според внатрешен документ на Стејт департментот, објави Си-Ен-Ен. Во документот се препорачува затворање на 10 амбасади и 17 конзулати. Списокот ги вклучува амбасадите во Луксембург, Лесото, Република Конго, Централноафриканската Република и ...

Министерството за внатрешни работи постапува на терен за приведување на уште седум полициски службеници, а во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Во рамки на предистражна постапка МВР постапува на терен во врска со обезбедување на полициски службеници, до ОЈО ГОКК е доставена кривична пријава“, информираат од ОЈО ГОКК и од МВР. И од Обвинителството и од МВР повеќе информации се најавуваат во текот на утрешниот ден. Државниот јавен ...

Тимот на јавни обвинители којшто ја води истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги прибавил сите издадени лиценци за работа на објектот од 2012 година сѐ до денот на кривично-правниот настан и според увидот во предметите немало ниту една со целосна документација, посочи вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Како што истакна Коцевски во интервју за Телма телевизија, Министерството за економија, кое што е надлежно за ...

Военото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, соопшти дека изгубило контакт со тимот што го чувал американско-израелскиот војник Едан Александар во Појасот Газа по „директното израелско бомбардирање“ на нивната локација, пренесува Ал Џезира. „Се чини дека окупаторската војска намерно се обидува да го убие и на тој начин да го ослободи притисокот предизвикан од двојното државјанство на заробениците, за да можат да го продолжат својот геноцид врз ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус минатата година рече дека Германците мора да се подготват за војна до 2029 година. Германската влада ги зголемува трошоците за одбрана, а производителите на автомобили размислуваат да ги пренаменат фабриките за производство на воена опрема бидејќи земјата се соочува со можност Европа наскоро да биде вовлечена во конфликт од целосен обем. Една компанија идентификуваше нова пазарна идеја: брокерска ...

Полска и Хрватска нема да испратат војска во никаква мисија во Украина, изјави денеска во Загреб хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда. – Полска рече дека нема да испрати војска во ниту една хипотетичка мисија во Украина која може многу лесно и многу брзо да се претвори во борбена мисија. Полска очигледно не сака да учествува во тоа, ниту пак Хрватска. Тоа е тема за која секогаш може да се ...

Во чест на 61 жртва од трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, познат како „Шутка“, беше создаден спомен-простор со симболично значење, соопшти Управата за извршување санкции. Директорот на затворот, Бобан Утковски, заедно со својот тим и со особен придонес од страна на штитениците, поставил уметнички обележје во дворот на установата – срце со мотив од македонското знаме, опкружено со ...

Фудбалските клубови Вардар и Црвена звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар в среда, 16 април, од 20.00 часот во Скопје во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани, а на гореспоменатиот натпревар ќе присуствуваат и ветерани на Црвена звезда. На хуманитарниот натпревар во Скопје ќе настапат и легендарните фудбалери на Црвена звезда, како Станислав Караши, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко ...

Во чест на големата 10-годишнина од најавата за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид, градските власти организираа специјална комеморација. Присутните минута молчење ја поминаа гледајќи во монументалната дупка што требаше да биде базен, додека панел системот уметнички се распаѓаше како инсталација во духот на модерната деконструкција. 5 милиони евра подоцна, единствената вода што можеше да се види беше од солзите на даночните ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе го памети првиот прием на спортисти во Белата куќа откако стана десна рака на претседателот Доналд Трамп. Единствениот проблем за Венс е што споменот нема да биде пријатен. На видеото објавено од „CBS News“ се гледа како Трамп и Венс се домаќини на шампионскиот тим на Државниот универзитет во Охајо во американски фудбал на тревникот пред претседателската резиденција. За време на претставување на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во денешниот телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, оценил дека создавањето на палестинска држава ќе претставува „огромна награда за тероризмот“ и ќе доведе до постоење на ентитет под управа на екстремисти, на само неколку километри оддалеченост од израелските градови. Макрон изјави дека за време на разговорите повикал на нов прекин на огнот, ослободување на ...

Централниот и јужниот дел на Ирак ги зафати песочна бура, поради што во болница се примени повеќе од 3.700 лица кои имале проблеми со дишењето, соопшти денеска ирачкото Министерство за здравство. Аеродромите во јужните провинции Наџаф и Басра беа затворени поради слаба видливост. Во меѓувреме, ситуацијата малку се смири. Песочната бура ги погоди особено провинциите во средишниот и јужниот дел на земјата. Најпогодена е провинцијата Басра, каде ...

Потенцијалниот нов германски канцелар Фридрих Мерц планира да ја посети Украина на покана на нејзиниот претседател Володимир Зеленски за да учествува на самитот на 9 мај на таканаречената „коалиција на подготвени“ да испрати мировни сили на украинска територија по завршувањето на војната, објавија украинските медиуми. Мерц, кој најверојатно веќе ќе биде избран за канцелар дотогаш, се очекува да присуствува на настанот заедно со другите европски ...

Австриската полиција објави нови фотографии од Србинката Маријана, која е осомничена дека измамила повеќемина за милиони евра, накит и други вредни предмети. Маријана на жртвите им се претставила како Амела, а при претреси на куќи низ Виена биле запленети стотина парчиња накит, пари и други предмети. Полицијата соопшти дека бројот на „жртвите“ на Маријана е зголемен на 23, од кои 16 живеат во Австрија, а седум во Германија. Како што се зголемува ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека евентуалниот прием на Украина во ЕУ, на кој инсистираат Брисел и опозициската партија Тиса, ќе го загрози развојот на Унгарија. – Нашата земја се соочува со сериозна закана: влез на Украина во ЕУ. Оваа опасност ни е над глава. Вчера во Брисел беше претставен пакет за забрзување на пристапувањето на Украина во ЕУ. Ако тоа се случи, сите пари на Унгарците ќе треба да се потрошат за нашиот источен ...

Зголемена е минималната плата на вработените во Пошта на Северна Македонија на 24.400 денари. Под раководство на директорот Орхан Куртиши е потпишан договор со синдикалните претставници за зголемување на минималната плата на 24.400 денари, односно за зголемување за 1.800 денари, согласно одлуката на Владата. „Ова е само почеток на серијата одлуки насочени кон радикална трансформација на јавниот сектор и животниот стандард на сите граѓани. ...

Директорот и еден социјален работни од Меѓуопштински центар за социјални работи во Македонски Брод и покрај тоа што биле известени по телефон, молчеле и не презеле ништо за силување на дете, кое било во згрижувачко семејство. Како што информира МВР, пријавени се Р.С. (38), директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, и К.В. (44), социјален работник во истата институција. На 7 март годинава тие добиле телефонска ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
29%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1022
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.57
39%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
35%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.88
29%
1023
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
8.23
40%
1020
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
47%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
39%
1024
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
38%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
44%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941