По долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски, почина на 47 годишна возраст, објави телевизијата Канал 5. Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации ...

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски. Љупчо Јолевски е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети ...

Екипите на Бел Мерцедес и Кафе Бар 9 ќе играат во финалето на 19. турнир во мал фудбал во Велгошти. Во полуфиналето одиграно синоќа, Бел Мерцедес ја совлада екипата на Дооел Ноче со 4:0, додека Кафе бар 9 го елиминира минатогодишниот победник АСП ПАК со 2:0. Финалниот меч на турнирот во Велгошти помеѓу екипите на Бел Мерцедес и Кафе бар 9, ќе се одигра на 7 август, среда, во 22 часот. Еден час претходно во битка за третото место ќе се ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Охрид до 31 степен. УВ-индексот ќе има вредност 8. УХМР за наредните денови прогнозира сончево и топло време со појава на попладневна облачност и со слаб до умерен северен ...

Вчера во 17.40 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со охридски регистарски ознаки и мотоцикл марка „кавасаки“, исто така со охридски регистарски ознаки. Притоа, мотоциклистот (36) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид. ...

Нема крај на проблемите со пожарите во охридскиот регион. И додека состојбата со пожарот кај Косел со голем напор се става под контрола претпладнево избувна пожар на планината Галичица на границата со Албанија. Информацијата за Охридњуз ја потврдија планинари, но и извори од надлежни институции, вклучително и Националниот парк Галичица, а веќе се алармирани сите надлежни служби. Се работи за тешко пристапен терен кон кој се упатени ...

Концертот на познатиот естраден уметник од Србија и миленик на публиката ширум регионот, Саша Ковачевиќ, закажан за вечерва, 5 август, на Античкиот театар во Охрид, е откажан. Концертот на Саша Ковачевиќ под отворено небо во уникатниот амбиент на стариот град, е откажан соопшти организаторот. Саша Ковачевиќ се огласи на неговиот официјален профил на социјалните мрежи посочувајќи дека неговиот настап е откажан од организациски причини, ...

„Да се отстранат кајчињата од Сараиште“, „Граѓаните имаат рок до петок да ги отстранат кајчињата од Сараиште“, „Апел да се отстранат кајчињата од Сараиште“… Ова се само дел од медиумските текстови кои се повторуваат деценија и кусур, а епилогот е ист. Кајчињата од плажата Сарашите, единствена колку толку слободна во овој дел од градот, ниту се острануваат ниту некој презема нешто да се отстранат. Очигледно апелите на надлежните не вродуваат ...

Состојбата со пожарот во Охридско денеска е добра благодарение на преземените интензивни активности за гаснење од земја и воздух, кои продолжуваат, оцени градоначалникот Пецаков. Тој смета дека дека пожарот денеска би можело да биде елиминиран. Треба денес да завршиме или целосно да го ставиме под контрола, истакна Пецаков. Пожарникарите заедно со вработени во национални шуми, НП Галичица, јавните претпријатија, локално население, доброволци ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Охрид до 31 степен УВ индексот ќе изнесува 8. Според најавите од Управата ...

Утрово хеликоптери на македонското МВР и на Република Србија продолжија да дејствуваат од воздух на пожарот помеѓу охридските села Косел и Опеница кој беснее петти ден. Во текот на вчерашниот ден само хеликоптерот на МВР исфрлил 43 тони вода врз пожарот, а во гаснењето покрај уште еден хеликоптер дејствуваа и специјалните авиони “ер трактор”. На терен неуморно со огнот се борат десеттици припадници на Противпожарната единица Охрид, Национални ...

При претрес на лице од Велес, синоќа полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронашле и одзеле марихуана. Ноќеска во 02.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен бил 25-годишен жител од струшко. При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај ...

Деновиве Охрид е епицентарот на забавата на Балканот. Во понудата е речиси се и тоа што му прилега, а богами и тоа што не му прилега на градот на културата. Но тоа е тема за подлабока анализа. Во целото музичко шаренило синоќа отсконкна настапот на Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл во „Деспина ланџ бар“. Харизматичниот Четкар зрачеше со позитивна енергија со што ја одушеви публиката која брзо се препушти на одличната атмосфера ...

Пожарот во Охрид, над селото Косел, повторно се распламнува изјавидиректорот на Центарот за управување со кризи – ЦУК, Стојанче Ангелов. Пожарот над Косел, Охридско, повторно се распалува. Од време на време локалните власти со поддршка на хеликоптери на МВР и на Република Србија успеваат да воспостават контрола, но за жал истиот се уште не е изгаснат, изјави Ангелов. На пожарот кај Косел денеска дејствуваа хеликоптерот Бел 412 од Одделот за ...

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион! Во големото финале во Париз, српскиот тенисер го совлада Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Ова беа петти Олимписки игри во кариерата на Новак Ѓоковиќ. Први во кои играше финале. И оние каде што го оствари сонот за златен медал. Како најстар финалист во историјата на олимпискиот турнир, денеска го победи најмладиот финалист – Карлос Алкараз, во борбата за најголемото спортско одличје. Ѓоковиќ сега му се ...

Датумот 4 август и денот кога беше одржан концертот на Ана Липша Тофовиќ што се слави како роденден на Фестивалот „Охридско лето“, по традиција секоја година нуди доживувања малку поинакви од вообичаените содржини карактеристични за фестивал на класична, камерна музика како што е „Охридско лето“. За овој 64-ти роденден публиката ќе има можност да ужива во звуците на Латинска Америка што во Охрид ќе ги донесат членовите на „Меркадонегро“ ...

Светски познатата рок ѕвезда Лени Кравиц, вечерва ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Долго очекуваниот настан ќе биде кулминација на забавните настани ова лето во Охрид. Концертот во Охрид е дел од Европската турнеја на Лени Кравиц насловена „Blue Electric Light” која е и промоција на истоимениот албум. Настапот е дел од фестивалот „Охрид колинг“ што петта година по ред го организира Авалон продукција. Пред Лени Кравиц ...

Пожарот на Илинска планина којшто трае неколку дена, и исклучително е тежок за гаснење затоа што зафаќа голема површина и создава црн и темен чад што ја отежнува работата на воздухопловите, а сериозна е состојбата и со пожарот кај селото Косел, охридско, изјави попладнево првиот човек на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.. Третиот пожар којшто за жал е активен во овој момент е пожарот што започна кај охридското село Косел што се ...

Денешната акција за гасење на пожарите се одвива согласно претходно договореното. Сите екипи се на терен и од рано утринава активно се гаси. На помош денеска дејствуваат и два хеликоптери на МВР и АРМ, како и три авиони за гасење пожар, информира градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. Тој посочи дека се преземенби мерки со цел да се спречи ширењето на пожарот кон населените места и апелираше да не се шират дезинформации. Во текот на ...

До крајот на денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Во западните и југозападните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за изолирано краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови наместа повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ=8. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за локална ...

Рано утрово два хеликоптери се вклучија во гаснењето на пожарот што четврти ден беснее во шумите над селата Опеница, Косел, Вапила, Куратица и Расино. Хеликоптерите црпат вода од Охридското Езеро и ја испиштаат на критичните места зафатени од пожарот кои се во тешко пристапни предели. Дополнително се дејствува и од земја и механизација кои прават земјени појаси си цел да спречат ширење на огнот. Чадот од пожарите ноќеска силно се ...

Пожарите што беснеат четврти ден во околината на Охрид го загадуваат воздухот. Силен мирис на чад се чувствува и вечерва во Охрид, а мерната станица за амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање, единствена релевантна, покажува загадување повеќе од двојно од дозволеното. Во 23 часот загадувањето со ПМ 10 честички во воздухот во Охрид изнесувало 101,606 микрограми на метар кубен, а дозволеното ниво е 50 ...

Екипите на Дооел Ноче и Бел Мерцедес се пласираа во полуфиналето на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Во четвртфиналето вечерва, Дооел Ноче со 2:1 ја совлада екипата на Вила Мина, додека Бел Мерцедес по изведувањето пенали беше поуспешен од екипата на Др.Баткоски со 5:3. Во регуларниот дел мечот заврши 1:1. Пласман во полуфиналето претходно обезбедија екипите на АСП ПАК и Кафе бар 9. Полуфиналните средби на програмата се на 5 август, а ...

Десеттици пожарникари, вработени во шумските и јавните претпријатија и доброволци ја продолжуваат битката со пожарот што веќе трет ден беснее кај селото Опеница и се прошири во шумите над селата Косел, Вапила, Куратица и Расино. Во телефонски разговор, Зоран Карадакоски, координатор на Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид, ни изјави дека пожарот е под контрола, но се уште е активен. Со механизација направивме земјен појас над селата ...

Во Струга викендов се одржа третото издание на спортскиот фестивал „Илинден“, што го организира спортско-рекреативниот клуб „Соларис“. На фестивалот, кој покрај забавен има и натпреварувачки карактер, учесниците се натпреваруваа во пливање, кајак, суп и такла. Годинава првпат беше воведена и дисциплината такла, односно стил на скокање од височина во водите на реката Црн Дрим, што предизвика огромен интерес. Во ревијалниот дел, се одржа ...

Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, информира Центарот за управување со кризи – ЦУК. Поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивирал, соопшти ЦУК. На терен се екипи на противпожарната единица од Охрид, Национални шуми, јавни претпријатија и доброволци. Воздухопловите кои вчера активно беа вклучени во гаснењето се повлечени на ...

Фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер одбележа 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски. На авторскиот концерт насловен како „Вечерен ѕвон“ настапија пијанистките Марија Вршкова и Марија Ѓошевска, виолинистот Владимир Костов, сопранот Гонца Богоромова – сопран, флејтистот Страшо Темков. Дел од вечерта беше гудачки квартет составен од виолинистките Ева Богоевска и Ивана Здравкова, виолистката Леона Кондратенко, како и ...

Охрид го живее шпицот на сезоната. Во градот се бара кревет повеќе, а на плажите нема каде игла да падне. Чаршијата и шеталиштата се полни со луѓе, кејот исто така каде освен шетачи голем е и бројот на капачи. Кон и од плажите можат да се забележат колони возила, особено во попладневните часови. Бројните концерти и културни настани во продолжениот празничен викенд ќе кулминираат со настапот на светски познатата музичка ѕвезда Лени Кравиц кој ...

Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл вечерва ќе одржи концерт во „Despina Lounge“ во Охрид. На концертот ќе бидат изведени авторски песни на светски познатиот музичар Владимир Четкар кој периодов интензивно работи на новиот албум. „Despina Lounge“ се наоѓа на крајбрежјето на Охридското Езеро со оддалеченост од само десетина минути одење пешки од каналот Студенчишта. Карта за кончерот на Владимир Четкар Џез-Соул-Фанк Ансамбл чини 800 денари. ...

Пламените јазици над селата Опеница и Косел, охридско, синоќа може да се забележат од голема далечина. Сликата е стравична, а состојбата загрижувачка, дотолку повеќе што во близина активен е и уште еден голем пожар на Илинска планина. Чадот од пожарите утрово силно се чувствуваше и во Охрид. Во зависност од правецот на ветрот тој се шири наоколу предизвикувајќи загриженост кај населението. На терен се екипи на противпожарната единица од ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
39%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
0.51
59%
1019
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.75
40%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
1.03
69%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
46%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
42%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
33%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
56%
1014
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
50%
1017
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
64%
1014
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75