
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Обезбедивме 2.5 милиони евра за капитални инвестици во Општина Охрид со ребалансот на Буџетот за 2024 година, а денес и нов закон за непречно да градиме катна гаража, нови училишта, градинки и болници, информира пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сашо Донев. Истакнува дека денес во Собранието заврши комисиската расправа за Законот за урбанистичко планирање, чиј предлагач е Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Со ...
Управата за јавни приходи (УЈП) почна со доставување опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година. УЈП информира дека со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 физички лица должат 52.997.721 денар. Посочуваат дека во изминатиот период преку персонализирани пораки ги потсетиле ...
По повод празникот „Пренос на моштите на Св. Стефан“ утре, 14 август, во манастирот „Св. Стефан“- Охрид ќе биде отслужена вечерна богослужбa со почеток во 19 часот. Во четврток ќе биде отслужена утрена богослужба со света божествена литургија со почеток во 7:30 часот. Ги покануваме сите верници да дојдат на заедничка молитва, велат од манастирот. За моштите на свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во ...
Обезбедивме 2.5 милиони евра за капитални инвестици во Општина Охрид со ребалансот на Буџетот за 2024 година, а денес и нов закон за непречно да градиме катна гаража, нови училишта, градинки и болници, информира пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сашо Донев. Истакнува дека денес во Собранието заврши комисиската расправа за Законот за урбанистичко планирање, чиј предлагач е Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Со ...
Со почетокот на Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” од 20ти август, стартува продажбата на сезонскиот билет за ракометната сезона 2024/2025. Сезонскиот билет важи за сите домашни натпревари во Супер лигата и плеј-оф натпреварувањето, како и Куп елиминациските натпревари. Сезонскиот билет ќе се продава исклучиво на билетарата на СРЦ Билјанини Извори, информираат од ГРК Охрид. Цената на сезонскиот билет со официјалниот дрес од ...
Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119 751 туристи, од кои 23.0 % биле домашни туристи, а 77.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245 249, од кои 27.6 % се од домашните туристи, а 72.4 % од странските. Најбројни се туристите од Турција, по нив следат од Србија, Германија и Грција. Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната ...
На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ. Популарниот „Грк“ работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Како дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација има освоено светски шампионат во 1970 година. Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во ...
Во атарот на манастирот „Св Петка“ во Велгошти со почеток во 20 часот денес ќе се одржи културната манифестација со која се чествува творештвото на писателот Живко Чинго. Програмата почнува со полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што следи обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ, како и кратко обраќање на годинешниот добитник на наградата Дијана ...
Тинејџер, 18-годишен, со шлем на главата, маска на лицето, елек, секира на појасот и нож в раце, влегол во чајџилница во турскиот град Ескишехир и повредил пет лица. Напаѓачот бил фатен и приведен, по пријава на полицаец кој го видел инцидентот. Момчето, според наводите, го извршил нападот „под влијание на компјутерски воени игри што тој ги играл“ во играчниците во својот град. Осомничениот е приведен, а петтемина повредени од неговиот напад ...
Со натпреварите од 1 коло по групи, синоќа започна 26 издание на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино. Резултати 12.08. Сатеска – Том гор 7:2 Рики Мебел – Кафе бар 9 0:5 Брумел – Кико Рент а кар 1:6 Гостилница Кај Мече – Ристе ви бој 1:5 Турнирот продолжува денеска со четири натпревари. Распоред вторник, 13 август 19:30 На-На фруит Ресен – Дента Лаб 20:30 Рес.Станица и викса пром – Блу Фиш 21:30 Дарко пиле – Виена комерц 22:30 ...
Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски присуствуваше на конференцијата „Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје. Во рамки на настанот Божиновски ја прими престижната награда „Општина пријател на младите“ што Општина Охрид ја доби како признание за исклучителните иницијативи и ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вчеравечер се обрати на младинската дискусија „Nextgen перспективи: Младинска (Ре)акција!“, што по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, се одржа во Вила Билјана во Охрид. Темата на настанот, во коорганизација на Националниот младински совет на Македонија и Кабинетот на претседателот, а со поддршка на Британската амбасада во Скопје, беа младинските перспективи и визиите на младите за лидер и ...
Со одделни настани на власта и на албанската опозиција денеска во Скопје ќе бидат одбележани 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Претходно, во 10 часот во Клубот на пратениците во Скопје, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде одржана Панел дискусија на тема „23 години од Рамковниот договор, ...
Вкупно 37 пожари на отворен простор низ државава се регистрирани во текот на вчерашниот ден. Од нив, 10 се активни, шест се под контрола, а 21 е изгаснат, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според соопштеното, активен е пожарот во општина Македонски Брод, каде гори борова шума. Во општина Пехчево, на територија на село Негрево, гори мешана шума. Во општина Новаци гори ниска вегетација. Нискостеблеста вегетација е опожарена ...
На програмата на „Охридско лето“ денеска е завршниот концерт на учесниците на Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан. Инаку, Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика постои од 2009 година. Првите три години се одржува во Истра, Р. Хрватска, за од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на Р. Северна Македонија и на градот Охрид, да ...
Македонскиот пливач Томи Стефановски утре ќе плива маратон на Охридското Езеро, со цел подигнување на свеста и за креирање подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование. Станува збор за хуманитарен настан насловен „Пливање за инклузија“, со што воедно ќе го одбележи и јубилејот 15 години од неговото препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат е во должина од 15 ...
Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде особено топло и дневната температура наместа ќе надминува 40 степени. Во Скопје максималната температира ќе достигне 41 степен. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Картите за големото финале на 6. „Summer comedy marathon“, што ќе се случи на 13 август на Долни сарај, каде ќе биде изведено шоуто „2Мothers Brothers“ на Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, целосно се распродадени, информираат организаторите. На шоуто ќе биде изведен нов материјал, ексклузивно подготвен за 10 годишниот јубилеј на „2Мothers Brothers“. Ветуваме 75 минутна одлична забава, дружење и смеење до солзи. Ние не сме политичари, ние ...
Пожарот на планинскиот врв Магаро на Галичица се спушта во насока на населбата Стење и истиот е поделен во два крака. Едниот се движи во насока на Стење, односно шумата која се наоѓа над населбата Стење, додека вториот крак се движи во насока на еден од Планинарските домови, вели првиот човек на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Доброволците од Планинската спасителна служба од Охрид се обидуваат да воспостават контрола, но се ...
Заврши и овогодинешниот турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден 2024“ во организација на стрелачки клуб „Охрид“ од Охрид, кој и оваа година беше под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација. На Турнирот учество зедоа речиси сите клубови од државата и три стрелачки клубови од Бугарија: „Санел“ од Сандански, „Пирин“ од Благоевград и „Тракиа“ од Пловдив со околу 60-ттина стрелци од сите возрасни категории, ...
По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерва ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски. Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на ...
Од раните утрински часови во периметарот на пожарот регистрирани се над 40 разгорувања, истакна портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информирајќи за пожарот во североисточниот дел на областа Атика, а поради брзото ширење на огнените јазици со нови пораки од бројот 112, испратени во период од еден час, беше побарана евакуација на шест населби во северниот дел на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот е ...
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднел Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за грабнување и убиство на Панче Жежовски во Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Како што соопштија од Јавното обвинителство лицето се товари за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и ...
Со натпреварите од 1 коло вечерва во Волино почнува 26. традиционелен турнир во мал фудбал “Богородица куп”, на кој годинава учествуваат 32 екипи распределени во 8 групи. А група 1. Кафе бар 9 2. Гост. кај мече 3. Рики мебел 4. Ристе ви бој B група 1. Брумел 2. Дента Лаб 3. Нана фруит ресен 4. Кико рент а кар C група 1. Рес.станица и викса пром 2. Таш маруништа 3. Блу Фиш 4. Дипсакус Вевчани D група 1. Др. Баткоски 2. Беневенто 3. Виена комерц ...
Државниот правобранител на Република Северна Македонија Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка поради лични причини. Од Владата бара да ја прифати оставката на наредната владина седница и согласно Законот за државно правобранителство најдоцна во рок од седум дена од престанокот на вршење на функцијата, да биде именуван за државен правобранител со седиште за подрачјето на Охрид, од каде бил именуван пред стапување на функцијата. Речи со одлука ...
На 12.08.2024 во 01.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга, кај Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, патничко возило „опел астра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40 годишно лице од Струга, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во болницата „Св.Еразмо“, информираат од МВР. Увид извршила екипа од СВР Охрид. На 11.08.2024 околу 15.20 часот ...
Нивото на Охридско Езеро измерено утринава е на кота од 693.36 м.н.в што е за десет сантиметри под просекот за август (693.46 м.н.в) покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). Според податоците од УХМР нивото на езерото е 26 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 19 сантиметар над минималната кота утврдена со Билатералниот договор со Албанија (693.17 м.н.в) Неделната анализа ...
Кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ вчеравечер одржаа концерт во рамките на музичкиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“. Во црквата „Света Софија“ одекна прекрасниот глас на Жанг во пијано придружба на нејзиниот колега Синадиновиќ кој остварува настапи во престижни концертни сали. Навистина поминавме прекрасна вечер. Јас ги сакам Македонците и Македонија затоа што целото детство го поминав во Скопје. Тоа ...
Министерот за здравство Арбен Таравари се надева дека до крајот на годината барем половина од околу две илјади и нешто вработени со договор на дело во јавното здравство да добијат решенија. Одговарајќи на новинарски прашања, дали ќе се чека месец декември за новиот буџет за вработувања на лицата ангажирани со договор на дело или обезбедени се средства со ребалансот, Таравари рече дека ќе се обидат одреден број доктори да бидат вработени уште ...