
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Рокот за пријавување екипи за учество на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2024“ истекува на 11 август. До овој момент пријавени се 23 екипи, што ветува интересен и возбудлив турнир. Заинтересираните екипи своето учество може да го пријават на: 075 811 845 – Даниел и 075 977 961 – Никола. Наградниот фонд на турнирот изнесува 250 000 денари, а првопласираната екипа ќе инкасира 140 000 денари. Предвидени се парични награди и ...
Младински центар Охрид - Комплекс Касарна Од 12.08.2024 - 20:40 до 12.08.2024 - 21:40 По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерта на 12 август, понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски. Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив ...
Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми. Автобусот удрил во колона под мостот околу 5:00 часот по локално време, во правец кон Ескишехир. На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи. Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал бидејќи нема ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7. Во Охрид ќе биде сончево и топло со мала до умерена ...
Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, од спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на МВР, прво на спасителите, а потоа, по давањето на прва помош, транспорт и на повредената до најблиско место за давање соодветна ...
Сите три концерти на мегаѕвездата Тејлор Свифт што требаше да се одржат во Виена се откажани, откако полицијата уапси две лица осомничени за планирање напади. Едното лице, 19-годишник, како што објавуваат австриските медиуми е со потекло од Северна Македонија. Се трага по уште три лица. Генералниот директор за јавна безбедност при австриското МВР, Франц Руф, го опиша 19-годишниот уапсен во Терниц како „непосреден главен сторител“, додека ...
Вљубеници во уметноста, почитувачи на културните вредности, бројни охриѓани, синоќа присуствуваа на отворањето на ликовната изложба „Ех, моја Македонија“ организирана во знак на сеќавање на истакнатиот охридски уметник, прерано починатиот Драган Спасески Охридски. Во негова чест беа изложени дела на Мајкл Клос (Канада), Демир Демироски – Мак (Германија) и на македонските уметници Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски. Охрид е град галерија. ...
Вљубеници во уметноста, почитувачи на културните вредности, бројни охриѓани, синоќа присуствуваа на отворањето на ликовната изложба „Ех, моја Македонија“ организирана во знак на сеќавање на истакнатиот охридски уметник, прерано починатиот Драган Спасески Охридски. Во негова чест беа изложени дела на Мајкл Клос (Канада), Демир Демироски – Мак (Германија) и на македонските уметници Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски. Охрид е град галерија. ...
Голема победа за македонската таеквондистка Мила Рељиќ над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс. Конечниот резултат од денешната борба е 7:6 за Рељиќ. Македонката се пласира во четвртфиналето категорија до 57 килограми. Претходно, македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимпијадата во Париз. Тој загуби убедливи од Амар Шерават (Индија) со 0:10 категорија минус 57 кг слободен стил. Хајлајтс од првата борба на ...
Пожарот на планината Галичица, што избувна во близина на граничниот камен Ф 10, се уште е активен. Како што информираат надлежните од Националниот парк, гори ниска вегетација, на двете страни од границата. Пред малку кон местото на пожарот со хеликоптер се упатија 12 пожарникари, вработени во Националниот парк и членови на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид. Тие ќе дејствуваат околу жариштето, а леталото се очекува да ...
„Отекс Фолк“ од Охрид ќе го претставува македонскиот фолклор на реномираниот фестивал „Folk Azores“, кој ќе се одржи на островот Терцеира, дел од Азорските Острови, од 11-ти до 18-ти август. Азорските Острови, кои се автономен регион на Португалија, се наоѓаат на приближно 4,300 километри од Охрид, што го прави патувањето и учеството на ансамблот посебно значајно, велат од ансамблот. Овој меѓународен фестивал, кој е под покровителство на ЦИОФ ...
По повод 15 годишнината од препливувањето на каналот Ла Манш, македонскиот пливачки маратонец Томи Стефаноски на 14ти Август 2024 година организира хуманитарен настан на кој ќе се обиде да преплива 15 километри по Охридското Езеро од месноста Пештани до Црквата Канео во Охрид, па назад до Охридското пристаниште. Мојот јубилеј би сакал да го посветам кон хумани цели, поточно да ја подигнам свеста и да креирам подобри услови за лицата со атипичен ...
Под слоганот „Бесконечна слобода“, денеска во Струга почнува осмото издание на Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“. Фестивалот ќе трае до 11 август. Како што е најавено, фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на Иван Бакрач. ...
Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Охрид до 32 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во петок на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и ...
Музичката програма на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со настап на македонски уметници, со целовечерен концерт на Климент Тодороски на виолина и Марија Вршкова на пијано. Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во Тулуз,Франција во класата на професор Благоја Димчевски сѐ до 2002 година. ...
Екипата на Кафе бар 9 триумфираше на 19 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти. Во финалето што се одигра вечерва пред полни трибини, Кафе бар 9 ја совлада екипата на Бел Мерцедес со 6:0, полувреме 2:0. Резултатот го отвори Лука Богданоски во 13 минута, а Филип Вранишкоски во 20 минута зголеми на 2:0. Во вториот дел Кафе бар 9 продолжи фуриозно. Во 29 минута веќе беше 3:0, а стрелец на голот беше Лука Богданоски. Во 34 ...
Синоќа во 22.43 часот во ОВР Струга е пријавено дека на Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. По ...
Сцена „Летница“ Од 08.08.2024 - 20:30 до 08.08.2024 - 23:00 На 8 август, четврток, свој настап ќе има ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија. Овој концерт ќе се одржи на сцената „Летница“ во Охрид, со почеток во 20:30 ч. Ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци. Настанот е организиран од страна на Амбасадата на Унгарија во Република Македонија, Почесниот конзулат на Унгарија во ...
Ппжарот што избувна на голема височина на планината Галичица, на границата со Албанија, е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи – ЦУК, соопшти дека вкупно 41 пожар на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од тој број, шест се активни, девет се под контрола, 26 се изгаснати. Од активните, првиот е во општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница и кај „Јасен“. Вториот е на територија на ...
Во финалето на 19 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал во Велгошти, што ќе се одигра вечерва, ќе се сретнат екипите на Кафе бар 9 и Бел Мерцедес. Финалето почнува во 22 часот. Во борбата за третото место, пак, од 21 часот ќе играат екипите на АСП ПАК и Дооел Ноче. Освојувачот на турнирот ќе добие 130.000 денари, второпласираната екипа 55.000 денари, третата 30.000 денари, а четвртата 5.000 денари. Ќе бидат доделени и пехари за ...
Во Лапидаримот во центарот на Охрид, вечерва, 7 август, ќе се оджи ликовна изложба „Ех, моја Македонија“ во сеќавање на истакнатиот охридски уметник, прерано починатиот Драган Спасески Охридски. На изложбата ќе бидат претставени дела на Мајкл Клос (Канада), Демир Демироски – Мак (Германија) и на македонските уметници Наташа Попоска Карче и Ѓоко Симјаноски. Настанот музички ќе го збогати маестро Џевад Рамаданоски. Отворањето на изложбата е во ...
Соединетите Американски Држави водат во поредокот за медали на Олимпијадата во Париз. Американците на пет дена до крајот на Игрите имаат 24 златни медали , два повеќе од кинеските спортисти. Пласман на најдобрите десет освојувачи на медали (злато – сребро – бронза – вкупно): 1. САД – 24-31-31 (86) 2. Кина – 22-21-16 (59) 3. Австралија – 14-12-9 (35) 4. Франција – 13-16-19 (48) 5. Велика Британија– 12-15-19 (46) 6. Јужна Кореја – 11-8-7 (26) ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Охрид до 32 степени. UV=8. Во четврток и петок ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе дува умерен, повремено засилен ...
Синоќа околу 23 часот на улицата „Железничка“ во Охрид, патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен охриѓанец, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката (34) од Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информира ...
Пожарот во Националниот парк Галичица кај граничниот камен Ф10 кој почна на албанскиот дел од планината, по мирната ноќ денеска повторно се разгоре и на македонска страна. Гори приземна вегетација и грмушки од смрека, што го отежнува гаснењето кое се одвива од земја и воздух. На терен се екипи на Националниот парк Галичица и на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид кои прават надчовечки напори да го спречат ширењето на пожарот и да ...
Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св.Климент Охридски“ во спортската сала. Акцијата, како што информира Црвен крст Охрид ќе се одвива во два дена, 8 август, четврток, во периодот од 19-24 ч. и на 9 август, петок, во периодот од 9-13 ч. Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за ...
Пожарите во охридскиот регион се под контрола информира утрово Центарот за управување со кризи-ЦУК. Шест (6) пожари на отворен простор се под контрола, во: 1. Општина Пробиштип: с.Зелениград – с.Јамиште; 2. Општина Македонски Брод: с.Слатина; 3. Општина Охрид 1: Планина Галичица; 4. Општина Охрид 2: Косел – Расино – Опеница – Вапила; 5. Општина Пласница: с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (активен) 6. Општина Делчево: Депонија Делчево. ЦУК ЦУК: ...
Од водите на Охридското Езеро кај Трпејца, на околу три метри од брегот, извадени се искршени азбестни плочи. Кој ги фрлил тука не се знае, но зошто никој не реагирал е прашање кое повеќе ги загрижува Лилјана и Катица кои сами ги извадиле од вода азбестните плочи. Апелирам до Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид да интервенира. Апелирам до локалните еко организации, до Охридски Комуналец овој отпад да биде отстранет бргу и прописно. ...
По долги и тешки здравствени компликации, почина новинарот Саше Димовски, почина на 47 годишна возраст, објави телевизијата Канал 5. Беше претседател на Совет на чест на ЗНМ, а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Работниот век го помина во Канал 5, Сител, Алфа ТВ, основач е на svedok.mk, а беше соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството. Автор на голем број публикации ...
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски. Љупчо Јолевски е новинар кој професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“, безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети ...