Единаесетти ден гори планината Галичица. Пожарот го гасат стотина лица, вработени во НП Галичица, пожарникари, волонтери од Планинската спаситена служба и доброволци, со воздушна поддршка од хеликоптери и авиони. На исток пожарот се движи во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа. Гори нискостеблеста вегетација и букова шума. Во одредени делови ...

Компанијата „Костал Македонија“ денеска донираше поголема количина вода за пиење на Територијалната противпожарна единица Охрид, која заедно со вработените во НП Галичица, Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и волонтери, се борат против огнената стихија на планината Галичица. Во овој момент ни е потребна поддршка од вода, храна, ракавици, маски и заштитна опрема за волонтерите, изјави Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ Охрид. ...

Сеуште е активен пожарот на Галичица и потребна е да се продолжи со дејствување на воздухопловите исто како и денес велат надлежните. Посочуваат дека сите доброволци кои се на терен даваат максимум од себе, но се ќе е залудно ако не се продолжи со воздушна поддршка. Воедно апелираат да не се шират погрешни информации и паника кај народот ни во Љубаништа, ни во Трпејца дека пожарот може да ги зафати населените места бидејќи истиот е доста далеку ...

Со пумпи преку алтернативни начини се полнат базените за вода со цел непрекинато водоснабдување на Струга и околината со квалитетна вода за пиење, вели директорот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Дашмир Насуфи. Посочува дека пресушиле изворите во Горна Белица од кои се полнат резервоарите, па преку потопни пумпи од алтернативни извори ги полнат базените. Поради таквата состојба, додава, принудени се да прават и рестрикции во ...

На 14.08.2024 околу 15.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Подмоље, патничко возило „цитроен“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 26 годишно лице од с.Велешта, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата, жената која го управувало возилото се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. ...

Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ денеска ги промовираше плакатот и промотивното видео во пресрет на 63. издание на поетската манифестација што ќе се одржи од 22 до 26 август во Струга. Графичкиот дизајн на плакатот, според соопштението на СВП, е на графичкиот уметник и дизајнер од Струга, Енкел Дика, видео продукцијата е на ЗООТРОП студио, а музиката е фрагмет од концертот на Аранхуез. Плакатот и промотивното видео го ...

По победата на Реал Мадрид од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА, играчот од средниот ред Лука Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на мадридскиот клуб. За Хрватот овој трофеј е 27-ми во дресот на „Кралскиот клуб“. Втори на оваа листа се Даниел Карвахал и Начо, кои имаат по 26 трофеи со Реал Мадрид. Карим Бензема и Марсело ја заокружуваат првата тројка со 25. Синоќа во Варшава, Реал Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА по шести пат, ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите. Одлуката, како што информира денеска претседателкиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата. Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на ...

Традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“вчеравечер под сводовите на црквата „Света Софија“ донесе концерт за четирирачно пијано со уметниците Ана Миерник и Јоана Сохачка. На репертоарот беа внимателно одбрани композиции од Роберт Шуман, Петар Илич Чајковски, Игор Стравински, Сергеј Рахмањинов и од полскиот композитор Јан Падеревски, а прекрасната вечер беше заокружена со познатата композиција „Либертанго“ од Астор Пјацола. ...

Со осум нови лекови ќе биде проширена Позитивната листа, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече и дека очекува во иднина уште повеќе да се проширува. За Позитивната листа на лекови што Фондот за здравствено осигурување ја објавува, можам да кажам со задоволство дека бев информиран од страна на директорот, таа ќе биде проширена со осум нови лекови, што досега не беа на пазарот и со што ќе им се заштеди на осигурениците до два милиона ...

Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга, информира директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Дашмир Насуфи. Тој вели дека најголем проблем со кој се соочуваат екипите на претпријатието е несовесноста на граѓаните, кои намерно фрлале отпад во канализацијата. Пример за тоа, нагласи, се наполнети шахти со камења, а од канализациската ...

На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 и 46 годишни лица, двајцата од Охрид. Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис. Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во ...

На Галичица денес се интревнира со шест воздухоплови и 120 лица од НП Галичица, Планинарскиот клуб „Патагонија“, Резерватот „Езерани“, Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид и Свети Николе, ТППЕ Охрид и ТППЕ Ресен, информираат од Центарот за управување со кризи Охрид. На сите фронтови кои се активни се интервенира и во исто време имаме поддршка од шест воздухоплови, три хеликоптери и три ер трактори. Плановите за дејствување се целосно ...

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. ...

36. Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од утре до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Со поетски портрет годинава ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, и тоа: Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија. Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени. Имено, наместо преку беседа, творештвото не поетот во ...

Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. Надлежните служби се на терен и утрово. Конкретно како ќе се дејствува денес се очекуваат информации подоцна. Ќе има поддршка и од воздухоплови. Планирано е над шумскиот пат над Љубаништа да се прави пречекување на оган за да не слегува надолу. Пожарот беше ...

Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, утре, 16 август, со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца. Во рамки на настанот ќе има претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца, информираат од Општина Охрид. Во рамки на настанот предвидена е и ...

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде 8, соопштуваат од УХМР. Во Охрид сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер. Попладне со услови за ...

Четири натпревари се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино кои донесоа ефикасен фудбал. Резултати среда, 14 август Др.Баткоски – Беневенто 2:2 Асп Пак – Глобал линк шпед 3:0 Сатеска – Волино мк 5:2 Аце Најдески – Дооел Ноче 2:0 Турнирот продолжува вечерва со нови четири средби од фазата по групи. Распоред на натпревари четврток, 15 август 20:00 Гоце Македонија – Малче Саунд 21:00 Кафе бар 9 – Ристе ви бој 22:00 ...

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски денес препилива 15 километри во Охридско Езеро за поддршка на децата со атипичен развој. Хуманиот подвиг „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш, Стефановски го започна во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, пливајќи до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште каде пристигна нешто по 14.30 часот. Целта беше ...

Министерството за образование и наука денеска објави Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават. Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како ...

Девет пожари на територијата на државата се активни, изгаснати се 24, додека под контрола се 5 пожари информира првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Активен и во текот на ноќта и утрово е и пожарот на Галичица. Гори од двете страни на Галичица и од охридската и преспанската страна. Пожарот предизвикува силна вознемиреност помеѓу граѓаните. Пожарот од страната на Преспа се движи во насока на селата Лекосец и Стење. Зборуваме за ресенското село ...

Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блок два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објавија утринава јапонските медиуми, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“. Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување. Се наведува дека робот ќе се користи за подетален преглед. Нуклеарната катастрофа во ...

Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“. Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш. На вториот ракометен ден, Струга ќе се соочи со грчки Паок, по што ќе ...

Собранието на вчерашната седница разгледа закони од областа на животната средина во прво читање со кои три природни локалитети во земјава добиваат посебен заштитен статус. Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за Споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на Парк на природата. Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета ...

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец. Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“. Во името на Општина Охрид свoј говор пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник. Вечерва сме повторно тука, во ...

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат за препливување во Охридското Езеро е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, ќе плива до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште. Стефановски ги повикува сите ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе биде 8. Во Охрид сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. ...

На турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино вечерва се одиграа три средби на кои беа видени 21 гол. Резултати вторник, 13 август Рес.Станица и Викса пром – Блу Фиш 6:1 Дарко пиле – Виена комерц 2:9 Дипсакус – Авто сервис Василески 0:3 Натпреварите на турнирот продолжуваат во среда со четири средби. Распоред среда, 14 август 19:30 Др. Баткоски – Беневенто 20:30 Асп Пак – Глобал линк шпед 21:30 ПН Метал – Оровник 22:30 Аце Најдески – ...

Пожарот на Галичица, кој што трае неколку дена, откако беше ставен под контрола, пак се разбуди, изјави попладнево првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Овој пожар во главно се простира од двете страни на Галичица. Еден крак од охридската, а од другата од преспанската страна. Во моментот на охридска страна во гаснењето учествуваат над 25 вработени во националниот парк Галичица, но и доброволци од спасителната служба од Охрид, вработени во ДЗС, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
61%
1017
weather icon

Загреб

25ᴼ / 20ᴼ
0.0
63%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1019
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.33
58%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
85%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
34%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.03
60%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.06
59%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
64%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75