
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил објави дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во јули инкасирало над 470 милиони денари од патарини што е за околу 16 милиони денари повеќе од истиот период лани, пари, кои според него постоеле и минатата година, но сега се влеале во државната каса. Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава ...
За време на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз, олимпиското знаме синоќа беше предадено на следниот град кој ќе биде домаќин на Игрите во 2028 година. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, му се придружија на претседателот на МОК, Томас Бах на сцената за да направат примопредавање знамето. Летните олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес од 14 до 30 јули. ...
Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз. Најмногу медали во 16. натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава. Македонија не освои медал на Игрите во Париз на кои настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо. Топ 5 најуспешни нации на Игрите во Париз: Злато ...
Во текот на вчерашниот ден во земјава имало вкупно 45 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 3 се под контрола и 32 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот на Галичица кој се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, а зафатена е нискостеблеста вегетација. Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина, Плаќенска Планина, каде ...
Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на официјалното свечено затворање на овогодишните Олимписки игри во Париз синоќа. Глумецот, со своите 62 години, се спушти со јажиња на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, што предизвика воодушевување на сметка на земјата со најмногу медали – вкупно 126, од коишто 40 златни. Том Круз потоа го зеде знамето и ...
Москва и Киев вчера меѓусебно се обвинија дека предизвикале пожар во областа на нуклеарната централа Запорожје, која беше окупирана од Русите. Украина ги повика жителите да останат смирени и известија дека нема знаци на зголемена радијација, а пожарот во меѓувреме е изгаснат. Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), која има присуство во огромниот објект со шест реактори, соопшти дека нејзините експерти виделе ...
Собранието денеска ќе ја започне 12. седница на која на дневен ред се 34 точки, меѓу кои, и ребалансот на Буџетот и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Пратениците од Левица најавија дека ќе бараат измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, да биде повлечен и за него да се организира јавна расправа. Реакција за законот изминатиов ...
Еден од најдобрите комичари на Европската сцена доаѓа на гости на Summer Comedy Marathon 2024. На 12 август на сцената на Куба Либре, Џимис Цапас и Никола Тодороски ќе внесат интернационален квалитет на ова стендап шоу. Стендап шоу на англиски за сите оние кои сакаат малку поинаква забавна вечер. Не пропуштајте ја полуфиналната вечер на Summer Comedy Marathon 2024, информираат организаторите. Влезот е бесплатен, потребна е само резервација на ...
Клубот на млади на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид по повод Меѓународниот ден на младите под мотото „Од млади за млади“ денеска организира Отворен ден на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“. На настанот предвиден да почне од 19 часот младите волонтери на Црвен крст – Охрид ќе презентираат бројни активности во рамки на здравствено-превентивната дејност, првата помош, спасувањето на вода и планина, а најавена е и забава. ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 степени во Охрид до 40 степени во југоисточните делови од земјата. УВ индексот ќе биде 9, известуваат од УХМР. Синоптичарите информираат дека под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на седмицата времето ќе биде претежно ...
Со натпреварите од 1 коло вечерва во Волино почнува 26. традиционелен турнир во мал фудбал “Богородица куп”, на кој годинава учествуваат 32 екипи распределени во 8 групи. Распоред на натпревари понеделник, 12 август 19 : 30 Сатеска – Том гор 20 : 30 Мавмудоски Октиси – Кафе бар 9 21 : 30 Брумел – Кико рент а кар 22 : 30 Гостилница Кај Мече- Ристе ви бој Наградниот фонд на турнирот изнесува 250 000 денари, а првопласираната екипа ќе инкасира ...
ЈП Водовод Охрид известува дека поради енормно зголемената потрошувачка на вода и исполнетоста на градот со туристи, во текот на денешниот ден има неколку испади на водоснабдителниот систем, кои резултираа со намалување на притисокот во високата зона во градот и приградските населби. Заради тоа, ЈП Водовод апелира на разумно и рационално користење на водата, наменски и за лична употреба, а не за наводнување на паркови, земјоделски насади, ...
Владата на денешната 111-та седница донесе одлука за дополнителни мерки за превенција од топлотниот бран. Како што беше најавено, Владата ја разреши Афрона Верзиволи, која беше иманувана за вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. На нејзино место е именуван Aрбен Рамадани, а за вршител на должноста заменик на главниот ревизор е именуван Иван Игњатов. Како што се наведува во ...
Со натпреварите од воведното коло попладнево ќе биде означен почетокот на 33. сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Бранителот на титулата Струга Трим Љум на домашен терен го пречекува освојувачот на националнио Куп, Тиквеш, додека најтрофејниот македонски клуб Вардар во воведното голо на гостински терен ќе игра против Академија Пандев Брера. Преостанатите двојки од воведното коло се Беса – Шкендија, Пелистер – Гостивар, Шкупи ...
Инцидентот се случил вчера во 16,35 часот. Во СВР Охрид било пријавено дека, во куќа сопственост на лице од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија. Притоа 58-годишен жител на Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти СВР Охрид. По насоки на Јавен обвинител увид на ...
Вчера во 18.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Ресен, во атарот на селото Свињишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од 48-годишно лице од Ресен и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистраски ознаки, управувано од 49-годишен жител Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. Во Охрид до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време, особено во ...
Во организација на „USCCO“ (Урбан Стрит Кар Клуб Охрид), со поддршка од Општина Охрид, вечерва во Касарна Охрид, се одржа ноќен собир на автомобили (Night Car Show #2). На шоуто учествуваа голем број спортски модифицирани автомобили, уникатни автомобили, како и олдтајмери. Настанот го збогатија големиот број посетители кои им се воодушевуваа на одлично средените автомобили, а имаа можност и да ги следат бројните забавни игри подготвени од ...
Заврши рокот за пријавување екипи за учество на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” што ќе се игра во Волино од 12 до 28 август. На турнирот оваа година ќе учествуваат максимален број екипи – 32. Извлекувањето на групите ќе биде во недела, 11 август, а натпреварите почнуваат следниот ден. Наградниот фонд на турнирот изнесува 250 000 денари, а првопласираната екипа ќе инкасира 140 000 денари. Предвидени се парични награди и за ...
Во организација на „USCCO“ (Урбан Стрит Кар Клуб Охрид), со поддршка од Општина Охрид, вечерва во Касарна Охрид, ќе се оддржи ноќен собир на автомобили (Night Car Show #2). На шоуто што оваа година ќе се одржи по втор пат, се очекуваат бројни гости од земјава и соседството. Ќе бидат изложени голем број спортски модифицирани и уникатни автомобили. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер, но пред се ќе биде забавен, со настап на диџеи и ...
Триесетата вечер од годинешната програма на Фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за камерното трио од Швајцарија, со уметниците Алексеј Ботвинов на пијано, Себастиан Борен на виолина и Патрик Деменга на виолончело. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. Ботвинов, истовремено е и ...
Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност. Во текот на денот на терен имало 4 вработени од ЈП НШ „Бигла“ Демир Хисар, кои во 18.00 часот се повлекле, како и 3 вработени од ЈП НШ „Галичица“ Охрид. Исто така на охридската страна, направени се заштитни појаси со машина од ЈП НШ, информира Центарот за ...
Времето ќе биде сончево и топло, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Охрид до 32 степени. UV=8. Утре ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено во ...
Северозападната страна од пожарот на планината Галичица на македонска територија, е под контрола. Критично останува на југоисточната страна, на албанска територија, од каде пожарот напредува кон македонска територија. Побарано е вклучување на летала за воздушна поддршка со цел да се спречи проширување на пожарот на македонска територија. Пожарот на Галичица кој гори петти ден на тешко пристапен терен на над 2000 метри надморска височина, има ...
По Струмица и Куманово, интерактивната „Скопско Гајба“ се сели во Охрид. Овој викенд, на 9ти и 10ти август на градскиот плоштад во Охрид со почеток од 19 часот, стартува големата забава по повод 100-тиот роденден на „Скопско“ за која ќе се погрижат Ѓоко Танески, Фолтин, Дани Димитровска, DJ Face и DJ Gec. Освен уживањето во добра македонска музика, граѓаните и посетителите на Охрид ќе имаат можност и подобро да се запознаат со историјатот на ...
Црква „Света Софија“ Од 09.08.2024 - 21:00 до 09.08.2024 - 23:00 Во организација на фестивалот „Охридско лето“ вечерва ќе се одржи концерт посветен на Томислав Зографски и Стојче Тошевски. Во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе настапат пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтиари и виолинистот Васил Богоевски. Анастасија Грговска е родена во Куманово каде го започнува своето музичко образование во класата на проф. Драган Грговски, а ...
Нема крај на проблемите со пожарите во охридскиот регион. Од пладне во пламен е и депонијата Буково од каде се издига густ чад. Во телефонски разговор директорот на ЈП “Охридски Комуналец” Саше Најдески посочи дека пожарот е подметнат. Вработен во јавното претпријатие ангажиран за истурање земја забележал непознат човек како се оддалечува од местото каде избувнал пожарот во правец на блиската шума, рече Најдески. Случајот е пријавен во ...
Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално го распишува Општина Охрид во чест на големиот охридски и македонски писател. Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе ...
На првиот ден од традиционалната крводарителска акција „Плаошник 24“, вчера, за само 5 часа, од 19 до 00 ч. беа собрани 38 единици крв, информира Црвен крст Охрид.. Им благодариме на крводарителите кои ја искажаа својата хуманост дарувајќи крв. Продолжуваме со крводарителската акција и денес и ги покануваме нашите хуманите сограѓани и гости да си го освежат денот, дарувајќи крв од 9 до 13 ч. во ОOУ „Св.Климент Охридски“-спортска сала, велат од ...
Манифестацијата “Културно лето Пештани“ ќе биде отворена утре вечер, 10 август, со свеченост што ќе се одржи на брегот во Пештани во 20:30 часот. Сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза, велат организаторите. Од 11. до 13.август со почеток во 17.00 часот ќе има сликање и цртање на зајдисонце како и изложба на ракотворби од ...