Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намалува за 2 денари, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,5 денар за литар согласно Одлуката донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на (РКЕ). Според истата ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 86,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС–98 за 88,00 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 денари, додека ...
Преку велосипедизам кој поврза три града и две држави, детска смеа и музика, мали бизниси, креативни работилници, улични изведувачи и акробати, Струга овој викенд беше домаќин на завршната активност од програмата за Денот на Европа 2026. Настанот ја заокружи серијата настани што во текот на мај и почетокот на јуни се одржаа во повеќе градови низ земјата, под мотото „Наша Европа“ и Посилни заедно“, со порака до граѓаните да ја почувствуваат ...
Некои дојдоа по резултат. Некои по личен рекорд. Некои за првпат облекоа стартен број. Но, сите си заминаа со иста слика во мислите, Охрид е град што трча со полно срце. Јубилејното 10-то издание на „Охрид трчаТ“ уште еднаш покажа дека ова не е само спортски настан. Тоа е викенд во кој Охрид живее поинаку. Во кој кејот се претвора во стартна линија на илјадници лични приказни, а улиците низ градот стануваат сцена на упорност, емоции и ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,73 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е осум сантиметри над просекот за јуни утврден на 693,65 метри надморска височина или 63 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Неделната анализа покажува благо зголемување на нивото од измерените 693,71 м.н.в. првиот ден до денешните 693,73 м.н.в. Температура на ...
Денес е планирано да се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот денес до 06 часот утре, информираат од Општина Охрид. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита ...
Уживам да трчам во Охрид и да се натпреварувам на „Охрид трчаТ“, без оглед на конкуренцијата. Охрид е посебен, си го сакам и со задоволство доаѓам тука, изјави за Охридњуз победникот на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, Дарио Ивановски. Дарио Ивановски: Прекрасно е чувството да се трча во Охрид Г.М. Видео/фото: Анамарија Момироска Уживам да трчам во Охрид и да се натпреварувам на „Охрид ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновскји од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52ч. Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на полумаратонот на 10-то јубилејнио издание на „Охрид трчаТ“ што се одржа денеска низ улиците на Охрид. Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди. Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновскји од Македонија со време 1:19:22 часа, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52ч. Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза ...
Охрид викендов е во знакот на трчањето и спортот. Јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ привлече повеќе од 2.700 учесници од над 30 држави. Организаторите оценуваат дека станува збор за најмасовното издание досега на една од најпрепознатливите спортско-туристички манифестации во земјата. Во 8:15 часот ќе стартуваат полумаратонот на 21 километар и штафетниот полумаратон, додека трката на 5 километри е закажана за 9:00 ...
Денеска ќе се одржи јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација, утрово во делови од Охрид на сила ќе биде посебен сообраќаен режим во траење од неполни 4 часа. За време на манифестацијата, во периодот од 07:45 до 11:15 часот ќе биде затворен сообраќајот на улиците: Кеј Македонија, ул. Македонски Просветители, ул. Партизанска, ул. Јане Сандански, ул. Димитар ...
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходниот месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените во угостителството во мај 2026 година, во однос април 2026 година, во следниве групи се зголемени за: 0.1 % кај Алколхолни пијалаци 1.4 % кај Безалкохолни пијалаци Во групите Храна и Ноќевања не се забележани промени на цените. ...
Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходниот месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените во угостителството во мај 2026 година, во однос април 2026 година, во следниве групи се зголемени за: 0.1 % кај Алколхолни пијалаци 1.4 % кај Безалкохолни пијалаци Во групите Храна и Ноќевања не се забележани промени на цените. ...
На симболичен начин вчеравечер беше означен стартот на 10-то јубилејно издание на „Ohrid running weekend“ со ноќната трка каде учество земаа вљубеници во спотот, рекреативци, луѓе исполнети со позитивна енергија располoжени за спорт и забава. Трката годинава беше посветена на компанијата „Костал Македонија“ по повод заедничкиот јубилеј и десет години соработка. Учесниците на стартот од Куба Либре ја изминаа патеката во должина од 2км во ...
Тридневниот атлетски викенд започнува со ноќна трка, а кулминацијата е во недела со полумаратонот и трката на 5 километри. Охрид од денес до 7 јуни е домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, најмасовната спортска манифестација во градот, која годинава обединува над 2.700 учесници од повеќе од 30 држави. На денешната прес-конференција организаторите порачаа дека „Охрид трчаТ“ одамна ја надминал рамката на ...
Ноќната трка која ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот ќе го означи стартот на 10-то јубилејно издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, која има богата програма утре и во недела кога ќе се одржат трките од 5 и 21 километар. Стартот на ноќната трка е од плажата „Куба Либре“, а финишот во 21:15 часот на „кеј Македонија“, пред хотел Палас. Учеството е бесплатно, а сите учесници на ноќната трка ќе добијат светлечки фосфорни прстени ...
На 05.06.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на брегот на Охридското Езеро приведоа 75-годишно лице од охридското село Пештани. При акциска контрола, тој е затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“ и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична ...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето. Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Организаторите ветуваат добра енергија, дружење и спортски содржини: полумаратон, штафетен полумаратон, трка на 5км, експо зона, ноќна трка, паста забава, панел дискусија, Warm Up со Имлек протеин, музика, забава и уште многу други ...
Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето. Над 2400 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Организаторите ветуваат добра енергија, дружење и спортски содржини: полумаратон, штафетен полумаратон, трка на 5км, експо зона, ноќна трка, паста забава, панел дискусија, Warm Up со Имлек протеин, музика, забава и уште многу други ...
ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп, а еден од најзаслужните за трофејот секако е јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира. Тој има краткорочен договор со ГРК Охрид кој истекува по завршување на сезоната, а охриѓани покренаа онлајн иницијатива за негово останување, но и да му се додели македонско државјанство. Оваа иницијатива е наш начин да му се заблагодариме на Јасухира за сето она што го направи за клубот и за градот во ...
Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Утрово се поделени и преостанатите количини од предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе. Годинава со акцијата беа опфатени жителите од улиците „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Радојца Новичиќ“ и „Кленоец“. Акцијата Општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни. OhridNews Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. ...
Викендов во Охрид ќе се одржи јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација, во недела, 7 јуни, во делови од Охрид на сила ќе биде посебен сообраќаен режим во траење од неполни 4 часа. За време на манифестацијата, во периодот од 07:45 до 11:15 часот ќе биде затворен сообраќајот на улиците: Кеј Македонија, ул. Македонски Просветители, ул. Партизанска, ул. Јане ...
Денес со почеток во 12 часот во Младински центар Охрид ќе се одржи јавна трибина за ментално здравје во рамките на проектот „Здрави врски – основа за ментално здравје“. Проектот се реализира во соработка со З.Г. „ДОВЕРБА“ Куманово и Екуменска иницијатива жена. Ова е одлична можност заедно да разговараме отворено, да градиме разбирање и да ја зајакнеме меѓусебната поддршка за подобро ментално здравје, велат организаторите. На трибината ќе ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 24 степени. Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...
Во понеделник, 8 јуни, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник, информираат од Општина Охрид. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат ...
На 06-ти јуни (сабота), по повод Денот на Европа, ќе се одржи меѓународна велосипедска тура со над 80 учесници и дипломатски претставници во организација на Европска куќа од Струга. Колоната, како што информираат организаторите, ќе се движи со полициска придружба на следните улици: СТРУГА (10:30 – 11:30 ч.): Старт од Општина Струга, по ул. „Владо Малески“ и ул. „Маршал Тито“ кон ГП Ќафасан. ОХРИД (15:15 – 16:30 ч.): Влез по бул. „Св. Наум ...
На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишно лице од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид. Посочуваат дека извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. OhridNews На 03.06.2026 ...
Поради градежни активности од денес ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „Железничка“. Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна површина, велат од Општина Охрид. OhridNews Поради градежни активности од денес ќе биде ...
Еден од најстарите и најреномирани турнири во мал фудбал во регионот, „Петровден“ во Мешеишта, годинава ќе се одржи по 51-ви пат, продолжувајќи ја традицијата која повеќе од пет децении обединува генерации спортисти, рекреативци и љубители на фудбалот. Организаторот го отвори пријавувањето за учество на годинешното издание, кое ќе трае до 14 јуни. Котизацијата за настап изнесува 5.000 денари по екипа, додека ждрепката за групната фаза и ...
Кога историјата се случува пред објективот, потребни се знаење, чувство и вистински момент за таа да остане запаметена. Токму тоа го направи младата охридска фотографка Анамарија Момироска, чии фотографии од европскиот триумф на ГРК Охрид деновиве ја обиколуваат Европа. Во преполната сала „Билјанини извори“, во вечер која засекогаш ќе остане запишана во спортската историја на градот, ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп, а зад ...
Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик за настап во репрезентацијата на Македонија до 14 години за претстојниот пријателски натпревар против соодветната селекција на Србија. Контролниот меч ќе се одигра на 4 јуни во Скопје, на теренот на ФК Аеродром, а повикот за Грданоски претставува признание за неговите настапи и континуираниот напредок во младинските категории на охридскиот клуб. Од ГФК Охрид Лихнидос ...