Со шест натпревари од групите Ј, К и Л, денеска ќе биде комплетирана групната фаза на Светското првенство во фудбал. Од 23 часот играат Панама – Англија и Хрватска – Гана. По полноќ, од 01:30 часот, на програмата се дуелите Колумбија – Португалија и ДР Конго – Узбекистан, додека од 04:00 часот ќе се сретнат Јордан – Аргентина и Алжир – Австрија. Синоќа и ноќеска Франција ја совлада Норвешка со 4:1, Сенегал беше убедлив против Ирак со 5:0, ...

Младата пијанистка Ана Кузманоска од Охрид, ученичка во ООМУ „Методи Патче“ во класата на професорката Ана Ѓорѓиоска, доби големо признание од еден од најзначајните македонски композитори и музички педагози, професорот Димитрије Бужаровски, откако нејзината интерпретација на неговото дело (Дали паметиш Милице) беше професионално снимена и вклучена во неговата официјална музичка архива. Станува збор за видео-снимка реализирана во домот на ...

Со меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот денеска продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата. На прес-конференција ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ ...

По дводневната пауза, синоќа продолжија натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, каде на програмата беа три средби од групите Е и Ф. Во рамки на групата Е, екипата на Гостилница Кај Мече одигра два натпревари со половичен успех. Во првиот загуби од Гранит Х2:5, а во втората беше подобра од Студио 13 Ресен со 2:1. Во единствениот натпревар од групата Ф, Сатеска и Златара Бени Ерол одиграа нерешено 1:1. ...

На денот кога се празнува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“, во с. Годивје, Дебрца, охридско, беше отслужена света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Покрај многубројниот верен народ, на светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебрца, г. Златко Сиљаноски. По завршувањето на ...

Бројот на загинатите во разорните земјотреси што во вторникот ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 235, додека повеќе од 1.500 лица се повредени, а околу 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, според најновите информации што ги објавија венецуелските власти и меѓународните медиуми, пренесуваат светските агенции. Imágenes aéreas de La Guaira. Terremoto en #Venezuela. No para de sorprender tanta tragedia. 🚨🆘‼️ ...

Светското првенство во фудбал влегува во завршницата од групната фаза, а по синоќешните натпревари се познати нови селекции што обезбедија пласман во шеснаесетфиналето, додека во неколку групи останува неизвесност околу конечниот расплет. Во групата Д, Турција ја совлада селекцијата на САД со 3:2, но и покрај поразот, домаќинот го задржа првото место со шест бода. Австралија со ремито без голови против Парагвај (0:0) го освои второто место ...

Денеска ќе преовласува сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени. За време на викендот не очекува сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови ...

Екипата на “Бел Мерцедес” која според официјалниот распоред вечерва требаше да одигра три натпревари на турнирот во мал фудбал “Петровден” – Мешеишта, не се појави на теренот. Организаторите согласно пропозициите на турнирот ја суспендираа екипата, а неодиграните натпревари се регистрирани со службен резултат. Традиција долга 51 година не се гради со отстапки, туку со принципи. Овој турнир претставува вистинска спортска институција токму ...

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ...

По ден пауза, вечерва продолжуваат возбудувањата на 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. На програмата се три натпревари од групата Г, а во центарот на вниманието ќе биде екипата на Бел Мерцедес, која ја очекува вистински фудбалски маратон со три натпревари во низа. Вечерната програма започнува во 20:30 часот со дуелот меѓу Дебрца Експрес и Бел Мерцедес. Само еден час подоцна, од 21:30 часот, ...

Мексико, Швајцарија и Бразил како првопласирани обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство, по комплетирањето на групите А, Б и Ц. Мексико ја совлада Чешка со 3:0, а Јужна Африка со 1:0 беше подобра од Јужна Кореја и заврши втора во групата А. Во групата Б, Швајцарија ја победи Канада со 2:1, додека БиХ славеше над Катар со 3:1. Бразил со 3:0 ја совлада Шкотска, а Мароко со 4:2 беше подобар од Хаити, со што двете селекции ...

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР. Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени. Во петок слично време, сончево и топло, ...

На 27 јуни свечено ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, која годинава ќе се одржува до 6 јули и ќе собере уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина. Свеченото отворање е закажано за 20 часот во ресторанот „Виа Игнација“, а ќе биде збогатено со концерт на македонската група „Љубојна“, како и настап на музичкото дуо Мицевски и Пејчиноски. Колонијата, која се одржува од 2009 година, прерасна ...

На 4 издание на Ohrid Water Festival се најавени 21 спортско-рекреативни настани. Фестивалот ќе се одржи од 12-30 август, а истиот започнува со „Меѓународен тренинг камп во едрење“, во организација на Акватика Јахтинг, а завршува со „Меѓународна Веслачка регата Охрид 2026“ во организација на ВК „Горица Ремо“. Во програмата и оваа година се вклучени бројни спортски клубови, организации и ентузијасти кои со својата посветеност придонесуваат ...

Во петок, 26 јуни си почеток во 20 часот, во Култ Културен Центар во Охрид ќе биде отворена втората изложба од серијата резиденции на странски уметници. Голема чест ни е што овојпат тоа е Милица Мацановиќ, добитничка на повеќе престижни награди за фотографија, меѓу кои и неодамнешниот златен медал на fotoslovo.art, информираат од Култ Културен Центар. Изложбата се отвора во 20 часот. Г.М. Во петок, 26 јуни си почеток во 20 часот, во Култ ...

Еден од фаворитите на 51-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, поради непланирани обврски го откажа учеството. Тоа значи дека нема да ги одигра предвидените три натпревари вечерва, а организаторот одлучи екипите да добијат слободен ден. Соопштението на организацискиот одбор на турнирот го пренесуваме во целост: Драги екипи, редовни гости на 51-от турнир во мал фудбал „Петровден“ – Мешеишта! Сакаме накратко да ве ...

Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжи Светското првенство во фудбал 2026, а најубедливата победа ја забележа Португалија која со 5:0 го декласираше Узбекистан и направи голем чекор кон осминафиналето. Во групата К, Португалците доминираа од почетокот до крајот и со пет гола ја совладаа селекцијата на Узбекистан. Во вториот натпревар од групата, Колумбија со минимални 1:0 беше подобра од ДР Конго и се израмни со ...

Екипите на АСП ПАК и Кафе Бар Слобода Кичево забележаа убедливи победи на петтиот натпреварувачки ден од 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. Актуелниот освојувач на трофејот АСП ПАК продолжи со одличните настапи и со убедливи 7:0 ја совлада екипата на Пејачката Софче Македонија во натпревар од групата А, потврдувајќи дека и годинава ќе биде меѓу главните фаворити за највисок пласман. Во истата група, Кафе ...

Под мотото „Каде што живее поeзијата“ од 24 до 29 јуни ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Традиционално, манифестацијата ќе започне со садење дрво и поетско читање во чест на добитничката на највисокото фестивалско признание „Златен венец“, Анеке Брасинга од Холандија во Паркот на поезијата (10:00 часот), а во 12:30 часот ќе се одржи прес-конференција со лауреатот. ...

Денеска ќе преовладува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени. Во четврток не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе ...

Охрид повторно беше центар на традиционалното ИТФ таеквон-до. Деновиве во спортската сала „Билјанини Извори“ успешно се одржа меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“, на кој настапија 317 натпреварувачи од девет европски држави. Турнирот, што се одржа на 20 јуни во организација на Македонската Традиционална Таеквон-До Федерација и Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец – Охрид, собра спортисти од Македонија, Молдавија, Грција, ...

Искусниот голман Градимир Чаневски кој две сезони беше дел од ГРК Охрид, е старо-нов играч на Бутел. Тој ќе му се стави на располагање на Стојанче Стоилов кој го предводи новиот проект на Ракометниот клуб Бутел. Нова средибна има и пивотменот Владимир Бојаниќ кому исто така му заврши договорот со ГРК Охрид. Тој ќе биде дел од новиот суперлигаш Младост Богданци кој го предводи охриѓанецот Горан Андоновски. Бојаниќ во Богданци ќе му се ...

Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжија возбудувањата на Светското првенство во фудбал 2026, а селекциите на Аргентина и Франција со нови победи обезбедија пласман во нокаут фазата. Во групата Ј, актуелниот светски шампион Аргентина ја совлада Австрија со 2:0 со головите на Меси и со максимални шест бода го потврди местото во шеснаесетинафиналето. Во вториот натпревар од групата, Алжир со 2:1 беше подобар од Јордан и ги ...

Екипата на Др. Баткоски забележа убедлива победа од 7:1 над Етно ресторан Дедо Димо и го одбележа четвртиот натпреварувачки ден на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. Во натпревар од групата Х, тимот на Др. Баткоски уште од самиот почеток го наметна своето темпо на игра и со убедлив настап стигна до висока победа, со што направи значаен чекор кон пласман во следната фаза. Интересно беше и во групата Ф, каде ...

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата денеска, 23 јуни, од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна. Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата. Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите, информира УЈП. Г.М. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне 30 степени. Во среда не очекува значително потопло, но нестабилно време. Под влијание на циклонска активност ...

Светското првенство во фудбал во САД, Канада и Мексико продолжи со натпреварите од второто коло во групите Г и Х, по кои Шпанија направи голем чекор кон пласман во нокаут фазата, додека Египет ја забележа првата победа на светските првенства. What a night for Egypt! Their first-ever FIFA World Cup victory 🏆 pic.twitter.com/wFcffOKmL8 — FIFA (@FIFAcom) June 22, 2026 Во групата Х, Шпанија убедливо ја совлада Саудиска Арабија со 4:0 и се ...

Екипата на Клиника Др. Баткоски – Италија („Clinica Dr. Batkoski Italia“) го освои првото место на престижниот меѓународен турнир во мал фудбал што од 19 до 21 јуни се одржа во италијанскиот град Аоста, во регионот Вале д’Аоста. Станува збор за традиционален турнир со 15-годишна историја, кој се игра на импровизирани терени поставени на централниот градски плоштад „Piazza Émile Chanoux“, еден од најпознатите јавни простори во Аоста. ...

Познат е распоредот за сезоната 2026/2027 во македонската ракометна Супер лига, а ГРК Охрид новото првенство ќе го отвори со дерби натпревар против Еурофарм Пелистер на домашен терен. Првото коло е закажано за 6 и 7 септември, кога охриѓани ќе ја започнат новата суперлигашка кампања по историската сезона во која го освоија трофејот во ЕХФ Европскиот куп и првпат донесоа европска клупска титула во градот. Пред стартот на првенството, ГРК ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.18
47%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 26ᴼ
2.36
61%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
58%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.62
76%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.26
56%
1021
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.67
78%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
45%
1016
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.44
56%
1018
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.47
54%
1019
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
35%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.08
100%
1020
Currency

61.635

Currency

54.1365

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1902.84

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Бакар

12.33

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09

Рутениум

49029.89

Родиум

249168.29