Струга, градот во кој живее и твори младата занаетчика Сара Матовска, стружанка која со љубов и традиција го продолжува семејниот занает. Родена и одгледана во Струга, Сара наследила дарбата и љубовта кон занаетчиството од својот дедо, угледен кувенџија и саатчија. Неговата работилница била нејзин втор дом, место каде што таа ги изградила основите на своето занаетчиско умеење. Сара во својата работа ги спојува традиционалните методи со современи ...

Кога првиот царски советник, Тарасиј, од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на свети Тарасиј ...

Почина жената која беше турната од трет кат на зграда. Настанот се случи на 8 ми март а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21 годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 08.03.2024 околу ...

ШТО Е АКАТИСТ И КАКВА СЕ` ПОЛЗА ИМАМЕ ОД АКАТИСТОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА? Како црковни луѓе сите сме чуле дека постои Акатист, но не знаеме доволно зошто се чита, и каква полза имаме од него. Како поетско дело, им се припишува на свети Јован Дамаскин (икосите) и свети Јосиф Химнограф (тропарите). Акатистот есоставен од 12 кондаци и 12 икоси, наредени според редоследот на алфавитот (грчката азбука) после кои народот пее „радувајсе невесто ...

Се подигнува расфрлан отпад во с. Љубаништа, покрај патот до кампот и крајбрежниот појас меѓу кампот и река Черава ✔️Се одржува јавната чистота во селата Лескоец, Косел, Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Велгошти, со посебен акцент на просторот околу основното училиште во Велгошти кое го одбележува својот патронат ✔️Во соработка со училишта, еколошки друштва и невладини организации, секој петок се организира еколошка акција за ...

Владеењето на СДС и нивната коалиција во Охрид е синоним за криминал и корупција. Во текот на вчерашниот ден од страна на ЈП Градски Гробишта против блискиот оперативец на Зечевиќ и Крлеска-Деспотоска и соработник на СДС, советник во Советот на општина Охрид и претседател на ВМРО НП, Ванчо Костоски како претходен директор на ЈП „Градски гробишта, врз основа на ЗКП на РМ поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано ...

Народниот имот вреден 500.000 евра е ставен на продажба заради ненавремено сервисирање на долговите на претпријатието, се вели во соопштението од Левица – Охрид. Во продолжение истото го пренесуваме во целост: На 27.03.2024 година закажана е продажба во 10 часот во просториите на Извршителот Гордана Џутеска од Охрид, преку усно јавно наддавање на недвижен имот на недвижности означени во лист В од имотен лист 88117 за КО Охрид 3 како: КП бр.14766 ...

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга, на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел ...

Сите овие беа епископи во Херсон во разни времиња и сите пострадаа (само Етериј умре мирно) од неверниците, било од Евреите било од Грците или од Скитите. Овие епископи одеа во тие диви краишта како мисионери за да ја пренесат евангелската светлина. Сите беа намачени и пострадаа за својот Господ. Василиј го воскресна синот на еден кнез во Херсон, што ги огорчи Евреите, па го обвинија. Го врзаа за нозете и го влечеа по херсонските улици дури не ...

Два дена од како ВМРО ДПМНЕ започна на прес конференции да објавува имиња и презимиња од сопружници членови и активисти на СДСМ кои се поставувани на директорски функции, како и од цели фамилии за кои ВМРО ДПМНЕ тврди дека се вработувани фамилијарно во државни институции, од СДСМ нема никаков одговор и никаква реакција во јавноста. Едноставно партијата повторно „тихна“ , а претседателката Кристина Крлеска Деспотоска која партијата ја рангира на ...

Македонската Традицонална Теквондо Федрација од страна на Агенцијата за Млади и Спорт,минатиов викенд на 16.03 2024 година , во С.Р.Ц Билјанини извори (мала сала ) се одржа официјално второто државно Таеквондо ИТФ првенство на Македонија во органзиција на Таеквон-до клубот “МАСТЕР”Охрид, како најстар клуб, од страна на МТТФ ја доби честа да го организира државното првенство во Традицонално Таеквон-до (ИТФ). Учество зедоја 78 натпреварувачи кои ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20 годишен Скопјанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор ...

Почитувани, продолжувам со мрежата на СДС за корупција, непотизам, протекционизам, кронизам, во Охрид, каде Миле Зечевиќ генералниот секретар на СДС, ја поставува Кристина Крлеска Деспотоска за главна во ОО. Роднинските врски и биле единствен критериум за ова место. Зечевиќ можеби верува само во тесни роднински врски, па да почнам, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост: ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Судија на претходна постапка на лицето му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор ...

На 18.03.2024 во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа лице на (46)г од Охрид кој, однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот, лицето пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што ...

Ја информираме пошироката јавност дека и денес продолжува протестот на вработените во Подружница 6000 Охрид од 08.00 до 10.00 часот заради тоа што до овој момент сеуште не е исплатена Февруарската плата и сеуште нема одговор од страна на ген.директор кога ќе има исплата на платата.Протестите ќе продолжат се додека не се исплати платата. Се очекува во секој момент да се одржи состанок на претседателството на Синдикатот на Македонска Пошта на кој ...

Апел за помош на малата Светлана за чија операција, која е закажана за среда, 20-ти март 2024 година, се потребни 1.000 евра. Драги сограѓани и хуман народ на Македонија, потребни се 1.000 евра за Светлана, за операција на вратната кичма во болницата „Систина“. Да му помогнеме на ова девојче да има детство како сите други деца! Сите кои можат да помогнат можат да донираат на трансакциската сметка на Марија Синикоска, булевар „Туристичка“ бр. ...

На Ламбе Цепенкоски од Охрид кој има 90 години,Фондот за пензиско и инвалидско осигурување одбива да му исплати пензија за период од 1992-ра до 2004-та година.Својот работен век како воено лице,тој го поминал во Мостар,а по разгорувањето на војната во поранешна Југославија, во 1992-ра се вратил во Македонија. Од тогаш почнува неговата голгота. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не му ја дава пензијата која му следува,и за да го прехрани ...

Сите беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа градот, заробија многумина христијани, меѓу кои и овие војводи. Останатите христијани или ги убија или ги продадоа во ропство, а војводите ги фрлија во затвор, каде одлежаа седум години. Повеќепати доаѓаа муслиманските првенци и ги советуваа да ја примат мухамеданската вера, но војводите не сакаа ни да чујат. ...

Охриѓанецот Стојмир приреди несекојдневно ноќно запросување за својата сакана Ангела. Имено синоќа се беше подготвено за изненадувачкиот чин кој Ангела ќе го памети целиот свој живот. На островото пред поранешниот хотел „Палас“ со црвени факли во рака неговите најблиски другари од двете страни ја обоија патеката сред езеро со црвен пламен а на крајот од патеката Стојмир со прстен во раката , клекнат ја пречека Ангела. Дополнително амбиентот ...

Стигнаа новите ракометни голови, со највисок сертификат, одобрен од страна на Интернационалната ракометна федерација, како дел од нашиот континуиран процес за модернизирање и подобрување на условите во спортската сала “Билјанини Извори”. 👍👍👍 Чекор по чекор им овозможуваме одлични услови за тренинг и натпревари на сите ракометни екипи, како национални така и интернационални, кои имаат желба да ја користат нашата сала за подготовки, натпревари ...

Англискиот јазик како универзален јазик во светот е јазик на сегашноста и иднината. 🏆Повторно #ПРЛИЧЕВЦИ го докажуваат тоа и се дел од најдобрите на Општински натпревар за основни училишта по англиски јазик, што се одржа на 16.3.2024г. Еве ги резултатите👏: 5️⃣ одделение: 🥈Мартин Николовски (втора награда) 🥉Стефан Петкоски (трета награда) 👩🏫ментор: Билјана Николовска 6️⃣ одделение: 🥇Делфина Трајкоска (прва награда) 🥈Ања Наумоска (втора ...

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Локалниот совет на млади (ЛСМ) при општина Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соаботка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Игор Јосифоски, претседател на ЛСМ, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу двете страни потписнички и воспоставување на системска меѓусебна соработка за едукација на теми од областа ...

Неделен преглед на теренски активности (11.03 – 17.03.2024). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 11ти до 17ти Март, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. 🛠 Отстранети се дефекти на следните локации: – „28ми Април“ бр.48 – ,,Партизанска“ (2 дефекти) – „Кленоец“ – „Бистрица“ – „15ти Корпус“ – „Бул.Туристичка“ – ...

Прес-конференција на советникот на Левица во советот на Општина Охрид Виолета Аврамоска: Поминаа десетина дена откако во Охрид e oтстранeта спомен плочата од НОБ пред градбата на Димитар Влахов, чиј изведувач е Нефи ИК, истакна на денешната прес конференција советникот од Левица, Виолета Аврамоска. Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост: Спомен плоча која сведочи дека во таа куќа на 26 и 27 ноември 1941 година биле осудени ...

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше на отворањето на Студентската конференција – Охрид 2024 што ја организира Универзитетското студентско собрание при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а со поддршка на Општина Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните, Божиноски истакна: – Огромно е задоволството да се биде домаќин на дводневната студентска конференција на кој што главната улога ја имаат ...

Wizz Air за 1,4 милиони лица ќе го намали бројот на превезени патници на пазарот во поранешна Југославија, откако авиокомпанијата која нуди евтини летови приземји 20% од својата флота. Истото дојде по спроведената инспекција која утврдила ретка аномалија пронајдена во металниот прав што се користи во производството на специфична компонента на моторот, пишува порталот Ex-Yu Aviation News. Авиокомпанијата го намали бројот на летови во регионот во ...

Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во периодот од 08:00 до 10:00 часот и бараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во поштенското претпријатие. Протест утрово се одржа и пред Дирекцијата на охридската подружница, каде преставникот на Синдикатот на Македонска пошта Тони Матески, за Супер радио и OhridPress истакна дека станува збор за револт затоа што каснат платите. – Надминат е законскиот рок за ...

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух! Стоејќи на прагот на Светиот и Велики Пост, духовно осветлени и умудрени од претходните три подготвителни недели, денеска, во оваа четврта недела, сме призвани да размислиме за подвижничката суштина на нашиот аскетски пат. Во Божествената мудрост на денешното евангелско четиво изговорено од устата на нашиот Спасител Господ Исус Христос, се открива правилниот стремеж за вистинското богатство. Луѓето ...

Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“. За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш кон улицата „Андон Дуков“ биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари. Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина. Освен настанатата материјална штета ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1020
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1021
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
0.51
43%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
30%
1022
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.28
24%
1020
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
1.03
59%
1021
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
8.49
23%
1016
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
20%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1018
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
5.66
31%
1022
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
3.6
34%
1021
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 28ᴼ
8.23
100%
1019
Currency

61.535

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369

Алуминиум

2.61

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14885.00

Рутениум

26299.31

Калај

34.06

Сребро

1233.32

Злато

109245.92

Бакар

9.01

Паладиум

35944.53

Платина

42845.44

Родиум

227466.53

Цинк

2.81