Новото детско игралиште во дворот на ООУ „Братство Единство“ кое Општина Охрид го опреми со донација на „Халк банка“ ќе придонесе за подобри услови за забава за најмладите ученици. Упатив благодарност до генералниот извршен директор на „Халк банка“ АД Скопје, Билал Суџубаши со надеж за идна заедничка соработка. Овој проект треба да биде поттик и пример за останатите општествено одговорни компании, да се вклучат и да дадат придонес во активности ...

Се средува затворениот дел од пазарот. Се санираат штетите по пожарот кој избувна во еден објект. Штетата е огромна, а во моментов се прави процека. Директорот на ЈП Градски пазар, Александар Попоски за Охрид 1 вели дека сите вработени од ЈП, но и сите ЈП веќе неколку дена помагаат во расчистување на просторот. „Имавме неколку средби со градоначалникот. Сите ЈП се ставени на располагање. Според нашите планови пазарот ќе биде ставен во функција ...

Денеска во просториите на општина Охрид се одржа работна средба меѓу представници од коалицијата “Сега“ која го раководи Младинскиот Центар-Охрид и представници од организациите: “Maison Pour Tous Leo Lagrange“ од Шербоург и Mussigue Ehperience од Дусе, Франција, кои заеднички го реализираат проектот “ For open minded youth workers“ Во рамки на овој проект во периодот од 8 до 14 март двете организации од Франција се во студиска посета на нашава ...

Овој голем духовник се роди во Рим од славни родители. Во младоста ги изучи сите светски науки, особено философијата и астрономијата. Потоа сиот се предаде на изучување на Светото Писмо. Посегајќи од доброто кон подоброто, и сакајќи сè поголем степен на совршенство, Касијан замина од Рим за Цариград за лично да го види и чуе светиот Јован Златоуст. Златоуст го поучи и го посвети за ѓакон. Откако многу се исползува со мудроста на Светиот ...

Неверојатен викенд за нашиот џудо клуб! 20 медали донесени во Струга Нашите млади џудисти заблескаа на Државното првенство за “Деца” и “Кадети”, освојувајќи вкупно 16 медали, и 4 медали на меѓународниот натпревар во Ниш Р. Србија. Во категорија “Деца” освоивме 4 златни , 5 сребрени и 3 бронзани покажувајќи го својот талент и одлучност. Во категоријата Кадети имајќи во предвид дека иако најголемиот дел од нашите џудисти кој настапија беа една ...

Македонската Традиционална Таеквон-до Федрација , на 16 март 2024 година органзира државно првенство Традиционално Таеквон-до (ИТФ) првенство на Македонија во форми и борби, во С.Р.Ц “Билјанини извори” , мала сала, со почеток во 11: 00 часот. Честа да организира му е доделена на најстариот клуб во Македонија, Таеквон-до клубот “МАСТЕР” од Охрид, кој го органзираше и минатогодишното првенство. Ова е официјално второ државно првенство на ...

Oд денес и официјално Телекабел стана сопственик на кабескиот оператор Инфел од Охрид. Инфел е меѓу првите кабелски оператори во државата и во изминатите 25 години успешно се развиваше на територијата на Охрид и околните населби. Среќни сме што со оваа купопродажба Телекабел ќе добие нови корисници, ќе ги задржи сите вработени на Инфел и заедно со нив во иднина ќе работиме на подобрување на услугите и побрзо поставување на оптички кабел до секој ...

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, кој отсекогаш бил и се’ уште е центар на духовноста и културен двигател за нашиот народ, повторно беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов “Сега е Свет и Велик Пост”. Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а ...

На 12.03.2024 година, членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид. ,,Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид. Во продолжение на истото се додава: ...

Годишнина од смртта на Михајло Пупин: Ја изгради камбанаријата во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид за која го донираше тогаш најголемото ѕвоно на Балканот. На денешен ден во 1935 година во Њујорк почина светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата. Според потомците на родот Пупин, семејството има ...

Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет маж, стана против Диоскор и за ова претрпе многу беди. Тогаш беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто монофизитската ерес ...

Осум години после навидум наивната идеја водена од мотото „Нема правда, нема мир“, Македонија ги живее најбизарните години затоа што правдата е селективна, а мирот го плаќаме премногу скапо, порача денеска Никола Кукунеш, член на Советот во Општина Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. – Олицетворение на правосудниот колапс е Рамис Мерко, човек чии судски предмети чудесно застареа или беа сторнирани. Сенката што останува да виси врз неговото име е ...

Охридското Езеро е вистинско чудо на природата. Крие повеќе од 200 ендемични видови растенија и животни како алги, зоопланктон, риби, полжави и црви, поради што некои го нарекуваат европски Галапагос. Експертите претпоставуваат дека езерото настанало пред четири милиони години (се проценува дека е старо од 4 до 10 милиони години) и дека во своите длабочини крие видови кои одамна исчезнале во другите делови на светот. Не е чудно што се смета за ...

– Ние како Сојуз на борци ќе ја следиме постапката и ќе бидеме во постојан контакт со Градоначлникот и одделението за култура во Општина Охрид, информираат во дописот. На спомен-плочата која се наоѓаше пред некогашната зграда на Синдикатот беше напишана следната содржина: Во оваа куќа на 26-ти и 27-ми ноември 1941 година, Прекиот воен суд на бугарскиот фашистички окупатор судеше група комунисти поради организирање оружено востание на ...

Неделен преглед на теренски активности (04.03 – 10.03.2024). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 4ти до 10ти Март, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. 🛠 Отстранети се дефекти на следните локации: – „Петрино“ – ,,7ми Ноември“ – „Спас Банџов“ – „Крум Точко“ – „Мирче Ацев“ – Нас. Рача – Нас.Елешец – ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21 годишно лице исто така од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал 39 годишната жена ...

Голем број активности на ,,Паркови и зеленило”🌱 🌱Пред пролетната вегетација на зелените површини, екипите на ,,Паркови и зеленило” со голем број активности ги подготвуваат дрворедите и хортикултурните катчиња 🌳Се кројат крошните од дрворедите на ул.Булевар Туристичка, дрворедот на пешачката патека од канал Студенчишта до Горица, како и тековно одржување на дрворедот по ул. Македонски Просветители 🌸Се шишаат декоративните садници и грмушки, ...

ДАЛИ ГИ ИМА СОЈУЗОТ НА БОРЦИТЕ ОД НОАВМ ДА РЕАГИРААТ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОМЕН ПЛОЧАТА ОД ПРЕД НЕКОГАШНИАТА ЗГРАДА НА СОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ СОЈУЗ И КПЗ ОХРИД. ГОДПОДА, ( очигледно не сте повеќе другари) ПОЧИТУВАЧИ НА НОАВМ, НЕ ДЕКЛАРАТИВНО, ТУКУ НАВИСТИНА БИДЕТЕ ПОЧИТУВАЧИ И ШТИТЕТЕ ГИ СПОМЕНИЦИТЕ ОД НОАВМ. АКО ТОА НЕ ГО ПРАВИ ВЛАСТА, КОЈА СЕ ДЕКЛАРИРА КАКО НАСЛЕДНИК НА НОБ, БАРЕМ ВИЕ РЕАГИРАЈТЕ, објави на својот ФБ профил Владо Чингоски. извор:ФБ ...

Фирмата ,,Нефи Ик”, тендер партнерот на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пред својата дивоградба во Охрид ја искрши и отстрани спомен – плочата на Охридскиот судски процес во кој на 26 и 27 ноември 1941година, беа осудени со казна затвор и смртна казна, група комунисти, поради организирање вооружено востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички ОКУПАТОР. За жал, никој од надлежните не реагира, се вели во соопштението од ...

Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше. Раката на ...

Неверојатно сум среќна и понина што можам да споделам дека станав еден од стипендистите на кралскиот театар во Дротнингхолм. Највисокото признание и достигнување на кое може да се надева еден оперски пејач. Ова лето ќе настапам за кралското семејство и ќе ми ја додели големата стипендија Drottningholmsteaterns Vänner од шведската кралица. Тешко е да се опишат чувствата што ме преплавуваат. Многу сум благодарен што ми се даде таква неверојатна ...

Голем број верници денеска беа дел од осветувањето на црквата Св.Недела која се наоѓа крај самиот брег од Охридското езеро во селото Радожда, струшко. Дворот од црквата беше претесен да ги собере сите верници кои беа дел од настанот, а за кој организаторот имаше обезбедено јадење и пиење. Административно, црквата е дел на Третата струшка парохија приСтрушкото архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија на МПЦ – ОА. Црковниот ...

На овој ден вршиме спомен на неизбежното второ доаѓање Христово, и тоа го уредија божествените отци да го правиме во неделата по параболата за блудниот син, за никој што научил за љубовта на Бога кон човештвото да не се предаде на мрзливост, велејќи си „Господ ги сака луѓето, па и јас, иако сум одделен од Него заради гревот, сè е подготвено за моето исправање“. Овој страшен ден на судот е одредено да се слави сега за оние коишто живеат во ...

Арии од италијанскиот оперски Шекспир, Џузепе Верди, вчеравечер одекнаа под сводовите на катедралната црква „Света Софија“ во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера кој настапи во пијано придружба на Антонио Кампоногара. Концертот го организира Националната установа „Охридско лето“ по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, како дел од замислата на фестивалскиот менаџмент, културата да се негува, не само во стандардниот фестивалски ...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го посети армискиот Центар за обука на вода во Охрид, каде следната недела продолжува реконструкцијата на старата и дотраена дрвена платформа, во делот кој се користи за паркирање на воени и цивилни пловни објекти и изградбата на потпорниот ѕид. Министерката истакна дека по увидот на состојбата направен минатата година, констатирано е дека Сидриштето се наоѓа во многу лоша состојба и дека ...

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено ...

Хуманитарна продажна изложба ќе се одржи во недела на 10 март со почеток во 14ч во локалот „Дуќан“ на ул. Гоце Делчев 32, Струга. Настанот кој ќе би отворен за посета и за заинтересираните хумани луѓе и наредните денови има за цел преку изложбена уметничка поставка и продажба на понудените дела за потоа со собраните средства да му се помогне на Бојан Крстески да го продолжи своето лекување во Рим. Во „Дуќан“ ќе бидат изложени дела и рачни ...

Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се 32 и 21 годишни Охриѓани. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно ...

Долгогодишна потреба на жителите од Рача беше изградба на тротоар на коловозот кон Охрид. Локалната самоуправа им излезе во пресрет на потребите и во тек се градежните активности. Жителите од Рача упатуваат јавна благодарност до градоначалникот и Локалната самоуправа што им решава долгогодишен проблем. Согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Вредноста на зафатот е 2 300 000 денари, а ...

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски го проследи музичкиот рецитал и изложбата на фотографии што по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената се одржаа вчера вечер во ООМУ “Методи Патчев“. Во своето обраќање пред присутните Божиноски рече: – Верувајте ова е една од поубавите годишни средби кои по традиција се организираат по повод Меѓународниот ден на жената-8-ми Март. Убавина, сила, истрајност и љубов е она на што ме асоцира ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1020
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1021
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
0.51
43%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
30%
1022
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
2.28
24%
1020
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
1.03
59%
1021
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
8.49
23%
1016
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
20%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
26%
1018
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
5.66
31%
1022
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 32ᴼ
3.6
34%
1021
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 28ᴼ
8.23
100%
1019
Currency

61.535

Currency

52.8334

Currency

70.9783

Currency

34.4801

Currency

38.4093

Currency

65.4574

Currency

7.35687

Currency

0.66043

Currency

0.35742

Currency

0.52596

Currency

1.29872

Currency

0.60369

Алуминиум

2.61

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14885.00

Рутениум

26299.31

Калај

34.06

Сребро

1233.32

Злато

109245.92

Бакар

9.01

Паладиум

35944.53

Платина

42845.44

Родиум

227466.53

Цинк

2.81