Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави: „Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што нудат ...

На 24.06.2025 околу 19.00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од (22) годишно лице од Охрид и велосипед управуван од (60) годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид. ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(22) од Прилеп, со престој во Охрид и К.М.(19) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. – На 19-ти јуни 2025 година, второпријавениот му овозможил на првопријавениот да го управува неговото патничко возило „Голф“ без да поседува возачка дозвола и притоа со возилото удрил двајца пешаци, ...

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден ...

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, вклучувајќи и преприклучување на постоечките објекти со целосно нови приклучоци во должина од 218 метри и тоа: – Профил ф225 мм во должина од 140 метри – Профил ф63 мм во должина од 78 метри – Профил ф25 мм во должина од 112 метри Средствата во вредност од 3.081.378,00 денари за реализација на проектот се ...

Станува збор за рентакар возила кои многу трошат многу бензин, а бидејќи дистанцата на пример од Швајцарија до Струга финансиски е долга да се извози, повеќе луѓе кои рентаат вакви возила, за да си поминат поевтино си организираат превоз со камион до Струга за потоа да возат со нив низ струшките улици каде дистанците се многу кратки, па иако возилото троши многу гориво, ќе поминат поевтино додека вртат кругови по улиците. Фото : Фејсбук ...

Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот ...

Викендов 21 јуни 2025 во С.Р.Ц. “Билјанини Извори ” Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација и Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ”Лескоец-Охрид го организираа меѓународниот Таеквон-до ИТФ натпревар “ ОХРИД ОПЕН 2025” на кој зедоја учество над 270 натпреварувачи од 30 клуб од 8 земји од регинот , од Италија, Хрватска, Бих, Србија, Бугарија ,Грција, Албанија и Македонија. „Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат ...

По пауза од две години на културната понуда во Охрид повторно се враќа Првиот професионален Охридски детски хор „Бамбино“ во склоп на проектот „Културата расте со децата“ поддржан од Општина Охрид. Талентирани деца на возраст од 6 до 14 години во просториите на Младинскиот центар во Охрид секоја среда, почнувајќи од 2 јули во периодот од 19:00 до 21:00 часот ќе имаат можност да бидат дел од Охридскиот детски хор „Бамбино“, под уметничко ...

Како советник во Општина Охрид, со гордост го одбележувам денот на мојот народ – ден на истрајност, достоинство и отпор. Овој ден не е само симбол. Тој е порака – дека Балканските Египќани заслужуваат видливост, еднакви можности и глас што се слуша. Нашата борба не е за милост, туку за правда. Затоа, мојата заложба е институционална, конкретна и непоколеблива. На мојот народ му порачувам: Не молчи. Не се откажувај. Не дозволувај да те претворат ...

Во периодот од 21 до 24 јуни 2025 година, полициските службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ Охрид, согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура а во врска со кривичното дело „Незаконит риболов“, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро. Притоа, на околу 1500 метри над „Еврохотел“, пронајдени и одземени се 4 висечки рибарски мрежи во должина од 100 ...

На 23.06.2025 година во 20.30 часот на улицата „Богомилска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода (31) и (29) годишни лица, двајцата од Охрид. Тие беа затекнати во момент кога едното лице на ддугото му предал две пакувања со марихуана, кои ги исфрлил откако ги забележал полициските службеници, а кои подоцна беа пронајдени. По целосно документирање на настанот ќе бидат ...

Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Нека овој празник биде потсетник дека различностите не прават посилни и побогати. Вашата традиција и култура се важен дел од духот на Охрид и се вградени цврсто во мултикултурниот мозаик на македонското општество. И во иднина, како и до сега, да продолжиме да го негуваме нашето пријателство и ...

Премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод една година од работата на Владата вечерва нагласи дека економијата и битката за подобар живот беа главниот фокус и дека е задоволен од реализираниот пораст на БДП во првиот квартал, но оти постои можност за уште поголем прогрес. Тој истакна дека е остварен највисок процент на градење патишта од независноста до сега и најави дека отсечката Врбјани-Охрид во должина од 40 километри од ...

Еден од дванаесетте големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил, по сè изгледа, се две имиња за едно лице; името му е Натанаил, а Вартоломеј е според татковото име, односно значи „Син на Толомеј“. Заедно со светиот апостол Филип и сестрата на Филип, девицата Маријам – а некое време и со свети Јован Богослов – го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја ...

Денес сме овде токму на местото каде што, според предизборната програма на актуелниот градоначалник Кирил Пецаков, требаше да биде изградена велосипедска патека – еден од носечките проекти со кои ги освојуваше гласовите на охриѓани. Четири години подоцна, што имаме? Ниту патека, ниту проект, ниту барем обид да се започне нешто. На местото каде требаше да се движат велосипеди, денес расте трева, жбунови и летна прашина. Тука има само молк, ...

На завршна свеченост која на 19 јуни 2025, се одржа пред „ЅИДОТ НА ХУМАНОСТА“ во седиштето на Црвен крст Охрид, на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, им беа доделени интернационалните сертификати за успешно завршено соодветно ниво од БОБ програмата. Настанот беше можност и за меѓусебно дружење, на децата, но и на родителите. Во оваа пригода, горди што секојдневно, ...

Компанијата ДМЦ БАЛКАНС започна со имплементација на нов систем за резервации на целокупната понуда во туризмот на глобално ниво кој ќе работи со помош на Вештачка интелигенција и ќе нуди интегрирана понуда од целокупната понуда која постои на интернет глобално, притоа давајќи ви можност за кратко време, системот да пребара се за вас и да ви даде предлог сместување, билет за авион, воз, брод или изнајмување возило според вашето барање. Сисетмот ...

Со богата програма и низа активности од едукативен, спортски и културен карактер денеска во Охрид беше одбележан Денот на Охридското Езеро. Програмата беше реализирана со цел да се истакне важноста на заштитата на овој природен бисер и да се подигне јавната свест за потребата од негово одржливо користење. Во организација на Регионален зелен центар, на брод во водите на Охридското Езеро се одржа панел-дискусијата на тема „Дали навистина ги ...

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 16ти до 22ри Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Даме Груев“ бр.58 – „Славеј Планина” бр.67 – „Кеј Македонија” – „Питу Гули” бр.212 – „Крали Марко” – „Абас Емин“ – “Шар Планина” бр.31 – “Сатеска” – С.Лескоец (3 дефекти) ...

Остварив работна средба со Амбасадорката на Литванија во Република Македонија, Н. Е. Вилма Дамбраускиене. На средбата стана збор за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен ...

ℹ️Мапирани дури 16 мини-депонии, подигнати 36м3 кабаст и зелен отпадℹ️ ‼️Со вонреден ангажман на дежурните служби и ангажирање на специјална механизација расчистени дури 16 мини-депонии на различни локации во градот каде се подигнати се 36м3 кабаст и зелен отпад ‼️Овие слики кои не можеме да ги избегнеме, ги фрлаат во вода сите наши напори и организирани акции за чист град и урбана средина која сите ја посакуваме и заслужуваме ...

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски кој дискутираше за патната инфраструктура во Македонија, и ангажманот од страна на Владата за изградба на патишта и автопати. Трајановски на самиот почеток истакна дека со неговото назначување како директор и со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ се прават големи напори и интензивно се работи автопатот Охрид-Кичево да биде ...

Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски денеска изјави дека до 11 или 12 јули ќе биде пуштена во употреба делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, каде како, што појасни има големи косини, кои треба да се санираат, со што, како што претходно најави и премиерот Христијан Мицкоски првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени во употреба следниот месец. Граѓаните, туристите, сите оние ...

Вчера напладне во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од кеј „Македонија“ и плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, (35) годишно лице од Охрид, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. ...

На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, од слобода го лишија албанскиот државјанин К.С.(47). Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „Краткотраен притвор“. При вршење патролни контролни активности ...

По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и ...

Парадоксална одлука е донесена од страна на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола, за неработен период на затворениот базен во Струга. Имено според одлуката базенот нема временски да работи во периодот од 20,06 до 11.10. Во образложението стои дека базенот се затвора поради намален број на корисници. Лавина од реакции на ваквата одлука има и од страна на родителите кои ги праќаат своите деца да ги ...

Охридското Езеро е нашето најголемо природно богатство, вистински бисер впишан на светската мапа на природно и културно наследство. Охридското Езеро е извор на живот, убавина и инспирација, дом на ретки и уникатни видови што ги нема на друго место во светот. Неговите бранови раскажуваат приказни за историјата, а неговите длабочини кријат скапоцени тајни. Уживањето во неговите уникатни убавини, носи и голема обврска, да го чуваме и штитиме ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.68
92%
1016
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1019
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
49%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.8
53%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
95%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
55%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
47%
1013
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
68%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
77%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
83%
1012
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71