Нова учебна година, нов почеток и обновен дом на знаењето. Оваа година, на 1 септември, Гимназијата ќе ги пречека своите ученици во значително подобрени и обновени простории, како резултат на големата реконструкција на училиштето. Во изминатиот период се реализираа низа значајни активности насочени кон создавање посовремени, побезбедни и поквалитетни услови за учење и работа. Уредени се училишниот двор и партерот, поставена е нова ограда, а ...

Општина Охрид претставува позитивен пример во однос на организација, функционирање и финансирање на системот за зштита и спасување – ова е наведено во конечниот извештај на Државниот Завод за Ревизија на тема: “Градење на систем за управување со кризи, заштита и спасување преку инвестиции во опрема и ресурси, одржување на средствата со цел да се зголеми оперативноста, ефикасноста и ефективноста“. Во извештајот на ДЗР се наведува и дека во ...

Денес им оддаваме длабока почит и изразуваме благодарност на сите војници, старешини и припадници на Армијата кои со чест, одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија во служба на татковината, граѓаните и мирот. Сакам да упатувам искрена благодарност до сите активни припадници, но и до ветераните кои низ годините вложија дел од себе во градењето на силна, современа и професионална Армија на Република Македонија. Нека е честит ...

По повод празникот посветен на ,,Преображение Господово”, во храмот-“Св.Никола”- долна влашка маала на ден 18.08.2026 (Вторник) ќе биде отслужена Вечерна Богослужба со почеток во 17:00 часот, а на ден 19.08.2026 (Среда) ќе биде отслужена Утрена Богослужба во 07:30 и Света Литургија со почеток во 08:30часот. НА МНОГАЈА ЛЕТА По повод празникот посветен на ,,Преображение Господово”, во храмот-“Св.Никола”- долна влашка маала на ден ...

Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“. Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која ...

Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По ...

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот Константин Велики и кај неговите синови. Присуствуваше на мачењето на светиот маченик Василиск (22 мај) кога виде мноштво Ангели и Самиот Господ Исус како од ангелите ја прима душата на овој Свет маченик. Војуваше за царот Константин и го виде крстот што му се јави на царот. Откако отслужи во војска цели шеесет години, за време на царувањето на Константиновите синови се повлече од воената служба и ...

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средба со Никол Варнс, вршител на должноста – амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. На средбата се разговараше за приоритетните проекти на актуелната локална власт, за спроведување на препораките кои УНЕСКО ги бара од Охрид како и проектите кои се однесуваат на младите луѓе во градов. Варнс го изрази своето задоволство од финансиските политики на актуелната локална власт која ...

На 16.08.2026 во 23:20 часот во СВР Охрид, лице на (21) од Охрид, вработен во агенција за обезбедување, пријави дека на 15.08.2026 околу 06:10 часот пред влезот на фабриката на ул.„Петрино“ во Охрид, каде што бил ангажиран, бил физички нападнат од едно лице , вработен во фабриката. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 16.08.2026 во 23:20 часот во СВР Охрид, лице на (21) од Охрид, вработен во агенција за ...

Денеска во Вевчани свечено ќе биде отворен 16-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење“ во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на големата сцена во спортското двориште во центарот на Вевчани. Фестивалската програма, започна уште вчера со програмската содржина: ,,Охрид и Струга – етнографски бисери на балканот” од авторот Љупчо Милошевски кој приредни прекрасна ревија на ...

Поради компликации настанати при санацијата на дефектот на улицата „Питу Гули“, (предизвикан од приватна фирма односно скината е главната цевка при изведување на градежни работи), најавениот прекин во водоснабдувањето ќе се пролонгира. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата Поради компликации настанати при санацијата на дефектот на улицата „Питу Гули“, (предизвикан од приватна фирма односно скината е ...

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: ,,Питу Гули’’, дел од „7ми Ноември‘’, дел од ,, Ристо Чадо‘’, населбата Црногорци и селата Горно Лакочереј, Лескоец и Велгошти. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување на санацијата. Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на ...

На ден 15.08.2026 на патеката покрај кејот во водите на Охридското езеро а во склоп на Ohrid Water Festival поддржано од општина Охрид во организација на КК „Стрмец“ како домаќин успешно се одржа ICF 26та Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води. На регатата учествуваа над 60 спортисти и спортски работници од кајакарските клубови од странство Energetuk од Република Полска, KK Motonauti;ki klub од Р. Србија, KK Karpati од Р. Србија и ...

Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност да проследат повеќе атрактивни натпревари, меѓу кои Меѓународната кајак регата, Red Bull Педалинка, Меѓународниот ватерполо турнир како и „Меѓународната едриличарска регата Охрид 2026“ која трае четири дена и завршува денеска. Исто така се одржа и „Меѓународниот едриличарски тренинг камп Охрид 2026“, тридневен настан кој претставува дополнителна можност за ...

Четирите џез вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Честа да ја затвори џез програмата синоќа на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и Лу Роудс. Нивната музика го отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Музиката без граници ја одбележа уште ...

Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз ...

Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси христијанскиот род. Беа синови на најугледните ефески старешини, а имињата им беа: Максимилијан Јамвлих, Мартинијан, Јован, Дионисиј, ...

Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и ...

Од 27 до 30 август, Охрид ќе биде место каде што различни музички изрази ќе се сретнат во ритамот на џезот. „Ехо од Македонија“. Настап на учениците и професорите од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид Сашко Костов и Орхидеја Дукова – дуо Дамјан Пејчиноски – гитара Зоран Јагоридовски – перкусии Дејан Милосавлевиќ – тапани Гордан Спасовски – пијано Горан Гешовски – бас гитара Branko Sterpin Quartet со специјален гостин Tim Lassy (Финска). ...

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 од 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-9420/7 од 12.07.2022 година, Одлуката за изменување и дополнување ...

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (12 јуни). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест. Но, кога во него се разбуди духот, тој презре се светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг. Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на ...

На 14.08.2026 на различни локации во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица, С.Ј.(23) од Р. Србија и Т.Г.(25) ОД Скопје, затоа што кај едното лице е пронајдена бела прашкаста материја додека другото лице е затекнато додека конзумира марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 14.08.2026 на различни локации во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две ...

“Заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски имавме работен состанок на терен за автопатот Охрид- Кичево” -објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. “Се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана ...

Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне, во 18:08 часот, во Охридско-Ресенскиот регион. Според автоматските податоци од сеизмолошките апликации, епицентарот на земјотресот бил во близина на селото Куратица (североисточно од Охрид и Лескоец), на длабочина од 15 километри. Земјотреси со ваква јачина спаѓаат во категоријата на многу слаби потреси и најчесто се почувствувани само од ...

Прекрасна музичка вечер исполнета со раскошен звук, енергија и препознатливиот македонски музички сензибилитет донесе настапот на Националниот џез оркестар во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. На сцената Долни Сарај, оркестарот ги претстави новите аранжмани на македонски народни песни, како и оригинални авторски композиции инспирирани од македонската фолклорна традиција. Концертот „Македонски сновиденија“, под ...

Кога злите Евреи го убија со камења свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но, Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател ...

Синоќа во с.Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Пред љубителите на пишуваниот збор, пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. – Добредојдовте на традиционалнaта „Вечер на Живко Чинго“- манифестација која не е само потсетник на еден од најголемите мајстори на македонскиот расказ, туку и живо место каде што зборот продолжува да пулсира и пресоздава. Живко ...

Денеска на градското пристаниште го пречекавме македонскиот маратонец Томи Стефановски кому му врачив плакета за подвигот со кој ја исплива релацијата Градиште – Пристаниште под мотото „Со спорт до инклузија – кога еден пливач плива за сите“ како поддршка на децата со атипичен развој. Томи не пливаше само кон целта, пливаше за една поинклузивна заедница. Хуманиот спортски предизвик е токму на 14 август кога се навршуваат 17 години од ...

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, го посетија Хидробиолошкиот завод во Охрид, каде одблиску се запознаа со процесот на вештачко размножување на охридската пастрмка и подготовките за порибување на езерото со подмладок. Со пловниот објект на Министерството, тие патуваа од Струга кон Охрид, а за време на ...

Успенскиот пост е единствениот, посветен на Пресвета Богородица: започнува две седмици пред празникот Успение на Пресвета Богородица. Богоридчниот пост е речиси исто така строг, како Великиот пост: од понеделник до петок е строг пост(на вода) во саботите и неделите е дозволено и масло, додека риба се дозволува само на празникот Преображение Господово(19 август). Постот започнува на 14 август и завршува со 27 август, навечерието на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87