ОВР Струга поднесен кривична пријава против лице на (52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На ул.„Моша Пијаде“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на возило, во кое тој се превезувал, при што бил пронајден и одземен кокаин. ОВР Струга поднесен кривична пријава против лице на (52) од Струга ...

На 28.07.2026 во 05:25 часот на ул.„Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (38) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а подоцна агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...

Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст. Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина крв беше пролеана во градот Иконија во изобилство. Јулита го зеде ...

Ансамблот „Алтус“ познат по изведбата, афирмирањето и зачувувањето на класичното и современото македонско музичко творештво, вчеравечер беше вистинско освежување за публиката на фестивалот „Охридско лето“. Концертот на членовите на овој состав кои се истакнати изведувачи со домашно и меѓународно реноме, се одржа во црквата „Света Софија“. Под диригентската палка на Ана Спасовска настапија сопранот Гонца Богоромова Краповски, флејтистката ...

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ) „Саша Николовски-Ѓумар“ вечерва ќе настапи во рамки на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Годинава Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија одбележува четири децении од постоењето. Основан е како прв сегмент на Летниот ...

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, од 23 до 26 јули 2026 година во Струга успешно се одржа Третиот меѓународен православен христијански црковен детски камп. Кампот е идеја и иницијатива на ерејот Ристе Наумоски, парох на Вранишката парохија при МПЦ-ОА и раководител на кампот. Учество зедоа младите од Вранишката парохија „Православна младина“ и младите од соборниот храм „Воскресение ...

На 26.07.2026 во 06.30 часот прд казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (28) од Словенија, постапувајќи по претходна пријава дека, во станот во кој престојувале во Охрид, агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка. Од Основен суд Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид ...

На 26.07.2026 во 19:30 часот во селото Пискуптштина, струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (64) од с.Пискупштина. Тој се сомничи дека околу 17:00 часот во селото со остар предмет се заканувал на соселанецот лице на (58). Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 26.07.2026 во 19:30 часот во селото Пискуптштина, струшко, ...

На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (30), на (32) и на (33), сите од Прилеп. На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници го лишија од слобода едно лице затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес ...

Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“. Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна ...

Еден од седумдесетте апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена му Прискила. Кога царот Клавдиј нареди да се протераат Евреите од Рим и од Италија, тогаш Акила се пресели во Коринт, каде што првпат го запозна апостолот Павле, кој остана во неговиот дом една и пол година и го крсти него и жена му. Горејќи од ревност за верата Христова Акила и Прискила го придружуваа Павле во Ефес и му помагаа во апостолското дело. Од Ефес ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово, преку својот фејсбук профил, соопшти дека се финализираат галериите – најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево – Охрид. -Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија, напиша Николоски, кој сподели и видео од изведувањето на градежните активности. ...

Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“ од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“. Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе. -Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во ...

Британската вечер на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“ што се одржува со поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во земјава, денеска во црквата „Света Софија“ од 21 часот ќе донесе концерт на пијанистката Исата Кане-Мејсон. Пијанистката Исата Кане-Мејсон е препознатлива по нејзините еклектични и стимулативни рецитални програми кои нудат интересен спој на делата на Хајдн и Моцарт, Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и Брамс, ...

Овој заеднички спомен на првите шест Собори се врши во недела, меѓу 13 и 19 јули. Епохата на Шесте вселенски собори, која траеше повеќе од триста години, беше време на христолошки спорови за Светата Троица, па затоа споменот на Светите отци на Шесте вселенски собори се празнува одделно, како обележје на тоа дека преку светителите на Црквата беа формулирани и утврдени догматите на христијанското учење, односно беше определена богословската ...

Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод јавувањето на овој Архангел во една ќелија близу до Кареја, каде што со прст на камен ја испиша песната кон ...

Здружението „ХЕПАР Центар“ – Битола и Здружението „Ретко е да си редок“ – Охрид, во партнерство со Клиниката за гастроентерохепатологија – Скопје и со поддршка од Здружението на лекари – Охрид, ја информираат јавноста дека планираната мобилна превентивна акција по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот привремено се одложува. Како организатори и партнери, во целост ги почитуваме сите протоколи, стручни препораки и важечки прописи ...

БДЕНИЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ ЕМИЛИЈАН ДОРОСТОЛСКИ Почеток: 30.07.2025 четврток 22:00 часот во Храм Св. Троица – Охрид. Возљубени во Христа воскреснатиот, на ова наше заедничарење во љубовта, која безмерно ни се дава и благодатта која ни доаѓа, преку кивотот со моштите на светиите, во знак на бескрајна љубов, ве покануваме да земете учество на ова бдение та заедно да вознесеме песни на светиот маченик Емилијан а заедно со него, похвала и слава на ...

🛣 Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение. Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на ...

Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава. Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и ...

Вечерашниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“ е резервиран за Шпанската вечер на „Охридско лето“ на која ќе настапи триото „Вибрарт“. Ова трио го сочинуваат пијанистот Хуан Перез Флористан, виолинистот Мигуел Колом Куеста и виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез. Триото „Вибрарт“ е основано во 2015 година во Берлин и е резултат на спојот на тројца исклучителни музичари кои решително, со искрен и автентичен пристап му ...

Оваа света и чудотворна икона на Пресвета Богородица најпрвин му припаѓаше на свети Јован Дамаскин, кој живееше во VIII век по Христа. Во тоа време, Дамаск беше дел од исламската држава – Омејадскиот калифат, а Јован беше службеник кај калифот. Кога во соседното христијанско Источно римско царство се појави ереста на иконоборството, тогаш светиот Јован Дамаскин се покажа ревносен заштитник на светите икони. Заради тоа, безбожниот иконоборен ...

Јакни, ќебиња и греење наместо клима – синоќешните 10 степени ги изненадија и туристите и охриѓани. По силното невреме што вчера ја зафати земјата и снегот кој среде јули падна на Шар Планина и Пелистер, Охрид изминатата ноќ се разбуди со невообичаено ниска температура од само 10 Целзиусови степени, што претставува вистински температурен шок за овој период од годината. Наместо во лесна летна облека, синоќа низ охридските улици можеа да се ...

Заложбите, посветеноста и заедничката работа на локалната и централната власт, институциите и сите чинители вродија со плод. Искрено се радувам на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион не е впишан на Листата на светско наследство во опасност и е даден дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за реализација на препораките. Чест ми е да упатам благодарност за оваа одлука, која претставува значајна ...

Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец, Преспа ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава, која ќе се одржи на 29 и 30 јули 2026 година Црковниот одбор на манастирот “Света Марена“ во село Туминец ги поканува сите православни верници да присуствуваат на традиционалната манастирска слава посветена на светата великомаченичка Марена (Марина), која ќе се одржи на 29 и 30 јули ...

Навремената дијагностика спасува животи: Бесплатни прегледи и тестирања за хепатитис на Градскиот плоштад во Охрид  По повод Светскиот ден за борба против хепатитис, граѓаните на Охрид и посетителите ќе имаат можност за бесплатен преглед со FibroScan и брзо тестирање за хепатитис Б, Ц и ХИВ.  Според СЗО, вирусниот хепатитис е причина за над 1,3 милиони смртни случаи годишно во светот, а најголемиот дел од заболените не се свесни за својата ...

На 23.07.2026 во 10:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на автопатот во изградба Кичево-Охрид, помеѓу кичевските села Извор и Попоец, (25) од Индија, кој работел на изградба на автопатот, управувајќи товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел со возилото. Тој со медицинско возило е пренесен во Општа болница во Кичево, а увид на местото на настанот извршија полициски екипи. ОВР Кичево во соработка ...

На 24.07.2026 во 00:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул„Прва македонска ударна бригада“ во Охрид, 15-годишен малолетник од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата 17-годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. На ...

На 23.07.2026 во 21:57 часот на регионалниот пат Охрид – Струга, во близина на струшкото село Мислешево, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (38) од струшкото село Драслајца. При контрола во патниот ссообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Мицубиши“ со струшки регистарски ознако, кое го правувал и притоа кај него констатирале 1,92 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по ...

Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да не го впише Охридскиот Регион веднаш на Листата на светско наследство во опасност, туку да ѝ даде дополнителен рок на Македонија за исполнување на препораките, претставува резултат на повеќемесечно лобирање, институционална и локална активност. Истовремено, одлуката не значи дека опасноста е надмината – напротив, УНЕСКО јасно констатира дека условите за впишување на регионот на Листата ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.09
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
60%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
32%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.05
35%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.74
41%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.01
72%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
1.79
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.19
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
43%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
2.24
28%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.33
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Злато

136962.18